Добро мислење имаш.и јас имам 14 години. и тоа што се случува кај вас не е ништо поразлично од кај нас. мило ми е за тебе што не си како другите и што ти дошол паметот навреме пред да те завлечат некои вакви лудачки. И верувај ми тоа и продолжи да го правиш бидејќи тебе многу ќе ти помогне. ќе станеш човек. а не како твоите врснички пропалитети.
Денешната младина...непресушна тема... Бев повикана на роденден кај помала братучетка-средношколка дома и`. Мајка и` ме замоли да и` помогнам околу спремањето, служењето, а во меѓувреме седевме во другата просторија. Можам само да потврдам дека тоа што го видов и слушнав е: Ниту трунка култура. Ниту трошка почитување. Не знаат како рака да ти пружат за да се поздрават. Облечени - како да излегле од бордел. Речник - како да се снима најновиот филм на Џена Џејмисон. Јадат и пијат како да се во свињарник. Спојлер (Последново е бидејќи не пазат каде ги оставаат чашите, па некој го истурил сокот, расфрални трошки по цел тепих, се гаѓале со кикирики, остатоци од торта на каучите...итн.) Таа младина денес е нашата иднина, ама тогаш ќе биде наша сегашност. А, каква ли иднина не` чека со оваа младина??? Не ги гледаат ли родителите своите деца на што личат? Или какви родители-такви деца. Па што прашувам и јас! Спојлер Со секоја чест на исклучоците, кои за жал се преретки.
Денешната младина е copy - paste. Сите се такви како што викате затоа што општеството налага така. Мора да си ист како другите, ако сите го прават тоа мораш и ти, не може да се двоиш, неможе само ти против сите ,не може да си 8мо а ниеднаш да не си избегал од час, како тоа си 15 години а не си се мувала, како тоа не си пробала цигара, како може да не ти се искача по кафичи кога сите искачаат, зошто не носиш штикли сите носат итн. Ете тоа "сите прават" и тоа "па веќе си средно/веќе си големаќвеќе сме 21 век" мора да правиш тоа и тоа, се најголем проблем кај денешната младина. Општеството налага дека ти на 15 години си лузер ако немаш дечко па ајде со сите ќе одам за да не сум поразлична. Налага дека ако во 1ва не носиш штикли си бебе и несозреана, па ајде морам и јас. Ако не им се дереш на родителите, ако ги слушаш и учиш, ти си исто бебе и бубалица. Ако не правиш тоа што го прават другите си изрод во општеството. Не е лошо ни да искочиш, ни да имаш дечко, ни да носиш штикли, но многу е лошо тоа да го правиш зошто сите го прават, барем според мене. Во денешно време е кул да си таков и затоа сите тоа го прават, иако не се во суштина такви. Никој нема свое мислење, никој нема свој личен став. Сите се променливи и се однесуваат како што другите сакаат. Од друга страна пак, кул е да се правиш поразличен. Да се правиш дека имаш некој различен стил, дека слушаш различна музика, дека си поинаков од сите, дека си фрик, форевер алоун.......Искрено не ги сваќам.....Кул е да си ист како сите, а да се правиш различен.......Немам за ова коментар
Брат ми има 15 години и ќе го опишам него. Толку е интелигентен, паметен, зрел, разумен па тоа не е можно. Па плус и презгоден е Фала му на Бога и да биде здрав и жив. Ептен паметно дете, немам зборови. Воопшто не излегол на татко ми Кутрото од на школа дома, од дома на школа и само на фудбал. Нит знае за цигара нит за алкохол, нит пцуе. Воопшто не е безобразен и многу е културен. А вака од врсниците негови, сите се многу поразлични од него. Уште на овие години нон стоп се по кладилници, па алкохол, цигари, тепачки, враќање дома многу доцна. Јас на 15 само цигари почнав да пушам и тогаш пробав алкохол за прв пат и тоа татко ми ми подметна во сокот А денешниве деца многу многу се поразлични и поинакви. Сепак мислам дека се е до родителите и домашното воспитување. Еве на пример татко ми од сите работи е, коцка, алкохол, цигари и што уште не а брат ми многу строго го држи. А за мене јас си знам, за се лошо што и да направам татко ми ме расипа.
Денешнава младина не ја бива за ништо.Најбитно од се им е во 7мо да имаат "сериозна врска" да се вратат дома начукани и да седат на фејс. Секако дека во секоја генерација има исклучоци така и нашава ама ние барем бевме малце прибрани..денешниве дека немаат манири..од дома ги пуштаат да прават што сакаат излегле еднаш и мислат се што лета се јаде. каде е нивното детство? пола од денешниве млади незнаат за плочка и ластик..ама затоа списокот на коктели што ги испиле и дечки со кои биле е преголем..тоа ги води во пропаст..и ништо подобро..за жал.
Незнам нешто зборите дека младите деца не се запознаени со сексот незнам што, а на повеќето од пола мајките на 16 години ги родиле или тогаш се омажиле Тие да не знаеле нешто ко демек тогаш? Затоа и после се разведувале (жив пример е мајка ми)
Незнам зашто ова секоја постара генерација го збори Ау денешнава младина вака така онака . Тоа го зборела генерацијата на бабами за генерацијта на мајками , генерацијата на мајками за мојата а јас богами се трудам да не зборам . Секоја генерација на млади е и лоша и добра. Јас сметам дека деншните деца се послободни , поинформирани , можда малце посебични , повеке знаат што сакаат , како да дојдат до тоа , не премолчуват на постари што јас сметам дека е во ред. Незнам зашто толку оваа тема деак се невоспитани , дека се дрски , дека се од интерес е страшна такво е времето. Денешната младина се многу посвесни од мојата и така треба да биде . Секој треба да има став и да го брани , а денешнава младина е таква а мене тоа не само што не ми пречи туку и ми се допаѓа . Се разбира од ова ги исклучувам младите кои се однесуваат деликвентно и се склони кон пороци. Бунтовноста и непослушноста се одлика на младите луѓе и тоа е позитивна работа а не лоша.
Да, отсекогаш на постарите им било чудно и неприфатливо на однесувањето на помладите, но ако размислиш поубаво ова денес не е баш исто. Кога има и се повеќе ДЕЦА кои се свесни и кои се жалат на однесувањето на нивните врсници, значи сепак има некоја причина зошто постои и темава. Нормално дека не се сите исти, од секое правило постојат и исклучоци. Еднаш веќе искоментирав на темава. Не можеш секого да процениш врз основа на тоа на која генерациска група и припаѓа. И не можеш да си заемно обусловен со некого само заради годината на раѓање. Да си информиран не значи и дека си свесен и добро запознаен со нештата. Зависи какви информации добиваш и од каде. : D Од ситуацијата зависи дали е во ред или не. Не можеш да оценуваш дека цела една генерација била свесна, а некоја претходно не била. Кај секоја индивидуа е различен степенот на свесност. Како што не е иста кај секого ни способноста да оцени што сака и да дојде до тоа. Интересно е тоа што степенот на деликвентност и порочност сега засега се уште е во пораст кај младата популација
Секако дека има причина дека постои темава. Меѓутоа и во мое време се жалевне едни од други си стававне етикети кои нема врска со реалноста. И ние конзумиравне алхохол па сега не сме ни затвореници ни алхохличари ни наркомани. Самиот факт што многу млади зборат дека не им е толку добра генерацијата од една страна може да збори дека сепак се свесни или љубоморни немора све да е така црно бело. За времето во кое живеат супер се младите. Што е тоа професори педофили , мито што барат ( наместо цвеке за осми март по 100 и тоа да барат ) , пијани одат на работа , незнат реченица да спојата , пушат пред ученици, тепат ученици прави педагози нигде , младите немат проблемите каде да ги кажат, родители кои нејкат да се видат едни со други , комши кои фрлата губре од треаса а се замараат со тоа кога некој се вратил дома, алхохоличари кои коментират дека некој од 16 години пуши.За све се криви маладите не ги бива најлесно е така , а постарата генерација малце себе да се погледне. Еве јас како средна да ти кажам како стојата работите 80 посто од мајките немат нерви да ги сослушат децта и ги плеската , котекот сметатат дека е оправдан , се инататат без причина со децата немат нерви да објаснат , ја оговарат комшката другаракта или свекрвата , на работа голема работа е ако го користат телефонот за приватни потреби, ниту едно мало дете не е научено да си легне на време и што децата се криви , не криви се возрасните.Сега проблемот бил младите невоспитани е богами и јас ке го учам детето ако некој го врега или тепа да му врати и да се брани со сета сила.Башка по се изгледа дека секогаш девојчињата се виновни како се облакаат и шминкаат непресушна тема според мене тоа е само алапачирање од страна на постари љубоморни теткици , носеле штикли па што ние носевне свлечкани фармеки и искинати и тоа не чинеше еден период и ние на 16 носевне миничи и штикли највисоки за наше време па сите к---и станавне а машките се секогаш добри овие муабети стално се вртат и ситуацијата не е ни полоша ни подобра.А за деликвентното однесување секогаш велат дека расте , по таа логика до сеа сите млади треба да станат деликвенти. А тоа што само се збори ( оговара и жали ) и ништо не се превзима е дрга прказна. Пак ке кажам јас мислам дека младите денес генерално се добри и не се нешто полоши од претходните генерации.
Каде отиде младинава...Јас не сум една од нив но во моето маало не излегуваат помалите како нас на улица да играат детски игри...Ние едвај чекавме да дојде утро и право на улица,дома само за јадење а сега?!
Само да ви кажам денешната младина е уппропастена! Деца без иднина,деца без детство Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=SplcmbcWDzQ само изгледајте го видеото најновиот скандал Имам братучеда 11 и пол год е и само шо дознав дека имала дечко тоес се мувале а видела мојата другарка пред нејзината зграда имало таму и повеке деца ко детска градинка насобрани сега нез што да правам..или да се правам како нш да не се видило ниш да не се случило..Порано на 11-12 год уште со барбики си играевме А за родителите многу знаат што му праваат децата: Иззрази ке одам ки другарка или ки дечкоми,ке испадне дома облечено спортски и може ки другарка и ке се пресоблече
^ Абе ќути, јас на 17 си го фатив првиот дечко, овие до 17 се живо ќе проживеат... цццц до каде отиде младинава стварно
За мене темава не е баш интересна зашто и не се занимавам со нешта кои не влијаат директно на мене, ама кога веќе се фатив на орото, не ќе е лошо да ти одговорам. Нешто слично веќе реков, секогаш имало секакви, не смеат да се ставаат сите во ист кош.. Само како што поминува времето процентот на таквите кои пројавуваат девијантно однесување надвор од границите на нормалата расте. Бтв мислам дека одамна се учи разликата помеѓу љубомора и револт како и дека добро се препознаваат. Добро, убаво вака што се потруди да ми кажеш, јас на Марс живеам и си немам поим како е кај вас на Земјата. -.- Нормално дека не е младината причинител на сите проблеми, но е еден проблематичен сегмент за кој овде се дискутира. За други проблеми имаш соодветни теми на форумот. А не дека по цело време само за тоа се зборува. Иначе додека има проблем ќе има и дебата. Не, не се машките добри, далеку од тоа.. Од она што го гледам голем дел од машките деца од младите генерации веќе пројавуваат или педерско понашање или пак понашање својствено за шимпанзо со пречки во развојот штотуку ослободено од кафез. И? Koлку деликвенти, алкохоличари и т.н имало пред 20-30 години а колку има денес? И што мислиш колку ќе има за 30 години ако работите продолжат вака да се одвиваат? Тоа е сосема нормално, само гледај да го научиш и да не се тепа без причина со некој што не го предизвикал. Зашто од ова што го пишуваш очигледно не знаеш каква е состојбата низ многу училишта денес. Значи се сведе на моето, од такви родители и воспитувачи излегуваат бетер деца. Ама ти велиш дека младината за ништо не е виновна, а јас тврдам дека не е така. Знаеш како размислува едно нормално и интелигентно дете? 'Како можам јас да се повикувам само на сопствениот ум и разум (макар и немала поддршка од родителите, зашто има и такви случаи) и да не практикувам помодарство, да не се мотам пијана по улици, да не се драпам со секој кој ќе ми излезе на пат, да не оговарам и да не демонстрирам сила над послабите врсници иако сум во можност.. 'тогаш зошто би го разбрала и би се трудела да го оправдам таквото однесување? И точно е дека никој ништо не презема, сите се полни со разбирање, ете како тебе . пс. Во иднина ќе те замолам да се потрудиш да пишуваш попрегледно и да се изразуваш политературно, во спротивно болдот би останал тешка иронија.
Ако мене ме прашувате,родителите отидоа по ѓаволите што незнаат да си ги воспитаат децата па тие учат од улица.Срамота.И јас спаѓам во денешнава младина ама можам да кажам дека сум добро воспитана скоро се ми е дозволено а јас самата си ги одредувам границите,зошто знам до каде треба да одам.
Искрено мака ми е што живеам во ова општество. Па колку беше убаво до пред некое време, затекови јас малку колку толку од тоа време барем имам на што да се сеќавам. Абе си игравме дома не се прибиравме па што беше интеренсо кореографии си мислевме а кога пораснаа поголемите си останавме два тројца односто мојата најдобра другарка и едно момче. И кој што сака нека каже ние уште си играме надвор и и забавно ни е. Си играме криенка , фудбал и слично. И иако сме поголеми зиме се лизгаме на снегот а оние помалите пред ПЦ дома седат. И сакам да си го изживеам детството и кој што сака нека каже, тоа е едно и не се враќа па и заостаната да ме викаат. ПОдобро вака одколку како некои мои врснички или една две години постари од мене на штикли да се опенѕарам! И ака да си знаете не се срамам од тоа и другите што сакаат нека зборат има време и за шминки и за дечковци. Е секако се разбира мора малце и од современото да доживееме ама не како некои , само онака како и сите што правеле ќе излезеш и ќе се прошеташ за викенд и ќе си поминеш убаво но без пијанчење излегување во дискотеки и ќе си дојдеш рано и нека како една моја другарка бивша што викала дека сум заостаната бидејќи не сум излагала до 12 наполноќ. Е она ако е напредна и ја ако сум заостаната неможам со неа муабет да си права и на улица со топче ќе си играм :Д
Денешната младина .. или денешните родители? Не постојат непослушни деца .. постојат само неуспешни родители. Повекето , неуспешноста како родител се трудат да ја прекријат со купување на скапи подароци за своето дете. Лап топ и фејс бук уште од 5-6 години, молам? , мобилен на истата возраст, искачање по кафичи до никое време. итн.... Денешните деца не знаат што се тоа џамлии, народна, делфин, жмурка, плочка, ластик, штркот бара боја и ред други забавни игри со кои сме тепале време... чуството кога мајка ни и/или баба ни не викаше Сиинеееее !!! дојди си дома да јадеме. или кога ке дојдеа нашите блиски и кога ни носеа рибанче со ајвар и сиренце - најубавите години сега ги поминуваат пред компјутер, пред фејс бук но не да се образуваат туку безделничат на фејзбук, со играње на насилни игри и слично. Едвај дочекувавме да падне првиот снег, се собиравме цело маало и правевме снешко, се радувавме, се санкавме, плачевме кога ке се кренеше снегот. А денешната младина? - Ахам чекај - помирно ми е детето пред компјутер, ке му пуштам игри и фејс бук и дома е исто ко да нема мало дете, нити ке чистам по него, нити ке ме тера да му раскажам некоја сказна, ке си трачарам со комшиката. Ова, ова го имам слушнато баш од родители, и се запрепастив. останав ваква Не е е виновна денешната младина, виновни се родителите. Наставниците креваат раце од децата, не смеат нити да ги искараат нити ништо. Да не збориме ако ги удрат. И сето тоа е во ред, ниту еден родител не сака неговото дете да биде натепано од исфрустриран од професор ама и истото не значи дека истиот тој родител треба да бега и од сопствените обврски. Од самиот родител зависи какво дете ќе испрати на училипте, со каков став. 1. се знае како се оде (облечен) на училиште. 2. се знае што значи зборот Образовна институција 3. се знае дека сопствениот идентитет е нешто на што треба да се посвети најмногу внимание идентитет во смисла на сопствено мислење и размислување, право на сопствени грешки и несовршеност и право да се извлече поука од истите тие грешки. 4. се знае дека се си има свое време и се треба да се случува во своето време Но има превише искомплексирани родители, го „брзаат“ нивното дете да порасни. 14 годишна девојка во дискотека можам да ја помешам со 25 годишна, шминка, високи потпетици, фриз, алкохол , секс , се откриваат прерано. Искачање на 12 години до 5 сабајле, мобилен Ip pad, Ip hone , си доаѓа мртво пијано на 12 години?? - родителите земале му се тресат, леле лошо му е на детето, леле поврати, леле душиче мило љубовта, симпатиите, сексот, не се табу теми но и не се предвреме пренагласени. Не треба да се дозволи околината да влијае негативно на своето дете. Често слушам дека алкохолот претставува проблем за младите, и останатите пророци, но според мене не е така. Многу битно е како ќе се пристапи кон воспитувањето на детето пред да дојде време да се начука мртво пијано, пред да проба некоја дрога, комап и слично. Многу малолетници пијат за да добијат некој поен плус кај друштвото и околината. - ова за мене е проблем и сега се сведува на едно: каде се родителите на овие деца? доколку сум оф топик и/или не ја разбрав темата се извинувам .
децата незнаат да се заиграт со играчки не се креативни само сакаат да си зимаат играчки едни со други а креативни за комјутер можат да бидат а? не ги интересира подавање со топка ,жмурка ,брканица сакаат повеќе да киснат на you tube да гледаат телевизија до доцните часови јас сум приметила многу деца немаат стекнато навика кога да си легнат јас незнам некои родители го заборавиле ова правило 2, 3 годишно дете да седи до 2 ,3 часот наутро многу сум против ова
А да ми го местиш? Да не бидам офф топик, да се искажам на темава. И јас сум дел од младинава, ама поинаков дел. А од вакви деца, преку глава. Одвратни ми се. Брзаат да пораснат - тоа е факт! Алоо, не ви бегаат ни штиклите, ни шминката, ни миничите, ни фејсбукот! Времето ви бега. Сепак, и не се замарам до толку, тие ќе си ги сносат последиците, а не јас! Мамо, тато, фала што ме воспитавте и не дозволивте да станам една од оние на кои им се подсмева пола град.