Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Незнам секогаш секоја младина ќе има своја добра и лоша стана како и да е не е до децата самиот живот ги прави добри и лоши,јас мислам дека не е ни до родителите која мајка би ги воспитувала да бидат лоши верувам НИКОЈА,но самиот дечко или девојка како ќе го сфати животот.Можеби децата од соседството се олоши но мора со некој да другарува,ако е паметен/а нема да биде како нив поточно не мора да ги следи нивните стапки
     
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Денешната младина е под влијание на поранешната младина на западот, а додека денешната младина на западот е катастрофата која ќе и се случи на нашата денешна младина утре.
    Јасна бев :^) Како и да е, под влијание сме-да. И ова е тек само почеток, селедуваат уште по хаотични епизоди!
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Порано девојките на 17 год. пееа: „Седамнаест ми је година још се нисам љубила“ !
    А денес девојчиња од 13/14 год. пеат: „Први пољубац давно заборављен“ !!
     
    На lovely-girl, Lilly8, Lux и 4 други им се допаѓа ова.
  4. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.029
    Допаѓања:
    4.536
    Пол:
    Женски
    Јас не би рекла дека имаме толку лоша младина со оглед на лошите услови во кои живее таа младина.

    Ке коментирам за младите луге од моето место, како и лугето со кои живеев во студентски дом.
    Добри страни
    -Повекето се запишуваат на факултет и се мачат да завршат
    -Оние кои не се запишале, се мачат да најдат работа. Во моето место на живеење, 90% од младите се бават со земјоделие (некои од нив плус студираат или одат на државна работа). Може им е тешко но знам дека имаат пари да си дозволат да имаат кола или да одат на одмор
    -Конзервативното сваќање за многу работи- и сакам да се оддржи ова свакање, посебно кога се во прашање хомосексуалците и транвесиситите
    -Убаво облекување
    -Дружење

    Негативни страни
    -Политички хендикепирани- не знам ни еден пример кога младите во Македонија едногласно и сложно се избориле за некој проблем. Погледнете ги студентските демострации низ светот, кај нас нема никакво движење
    -Неамбициозност-Само плачиме и кукаме не оди вака не оди така и чекаме да ни падне од небо. Видете колкав е бројот на оние кои дремат пред вратата на градоначалникот и бараат работа со БГ паспош , во споредба со оние кои се трудат да пробат да отворат некое свое претпријатие, или да одат во странство ама како експерти а не како чистачи. Студентските организации за размена и платена стручна пракса се празни, а оние агенции за црнчење во странство вријат од студенти.
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.710
    Допаѓања:
    6.652
    Деновиве баш размислував на оваа тема, и би сакала да споделам некои мои заклучоци..
    Имам 15 години и нормално сега сите почнуваме да градиме свој уникатен стил на облекување, ги гледаме нашите врсници кои патем црпат инспирација од 20 годишните девојки кои носат штикли, пликоа, тесни и кратки фустанчиња за излегување што за нив е нели, сосема нормално. И веднаш сакаме и ние.
    Имам другарка која буквално се однесува како многу повозрасна од тоа што е. Буквално се однесува како 20 годишна, но не баш во таков негативен аспект, еве ќе објаснам. За нејзините години емоционално е многу созреана, логички размислува, се однесува како дама, не дозволува никој да ја погази и слично.. Но, според мое мислење пресериозно се облекува. Во школо доаѓа со сако, големи висечки обетки. Да, секогаш е средена, скоцкана и е преубава но кога подобро ќе размислам иако тој зрел однос е добар, зашто толку да брза, зашто уште сега да се малтретира и да се облекува така зрело како за возрасна девојка, ајде за на училиште не, ама за вечерни излегувања носи штикла 15ка, кратки и тесни фустанчиња (не, не изгледа вулгарно, не ги открива градите или нешто слично ама сепак не и доликува).
    Но, ајде која сум јас да зборувам кога ете, и јас некогаш сум пошла со сако во школо, малку повеќе сум се дотерала? За вечерни излегувања до сега не сум облекла штикла, всушност и немам. Утре за роденден на другарка ми сакам да носам црно лаковано плико, што и припаѓало на мајка ми кога била помлада и знаете што ми рече?

    Јас не сакам ти да го носиш ова плико, знаеш зашто? Зашто јас сум го носела кога сум била веќе возрасна девојка, зашто да не се облечеш убаво, весело, детски, соодветно на твојата возраст, а не да се правиш голема уште сега и да облекуваш штикли, сакоа, да носиш плико на роденден на другарка? Живеј си го детството дур можеш, облекувај се со весели бои, не се затворај, носи маички со апликации, зашто после ќе дојде времето кога ќе треба вака да се облекуваш, ама тогаш веќе нема да можеш да го вратиш детството..

    И најискрено да, во право е. Ама глупаво е јас така да се облекувам, а околу мене сите да бидат со штикли 15ка и со тесни фустанчиња. Сватете не и нас, мерак ни прави, за момент се чувствуваме исполнето, повозрасно а со штиклите и повисоко :P ,ни изгледа како цел свет да е наш.
    Не дека ќе ни пораснат рогови ако облечеме штикли за во дискотека и земеме плико.

    Така што, сметам дека и тоа што вие го велите е правилно - ама мислам дека треба и нас да не сватите, млади сме, сакаме да експериментираме, интересно ни е откривањето на тој свет на возрасните. Но, сепак сметам дека се треба да биде со мера, немора одма штикла 12ка, може да се почне со сандалки на плута или пак штикла од 7-8 цм.
    И покрај се тоа треба да знаеме како да го задржиме ДОСТОИНСТВОТО. А под ова сигурно знаете на што мислам..

    Толку од мене. :hai:
     
  6. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Денешнава младина...пораснаа пилци пое*аа квачки :D
     
  7. milenna.torres

    milenna.torres Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    120
    зборувам за девојчето од темата што ја направив ,,како да ме приметуваат машките,, девојчето има 12 години,а веке се има мувано со многу момчиња,има ммогу врски,а незнам каде ли ми беше паметот кога ја отворив таа тема...верувам дека таа на 14 години ке биде скината 100 % сум сигурна,како мала беше многу слатка и добра,а сега ја фана лошата кривина и ми е многу жал...недека сум голема, само 3 години сум поголема од неа но сепак не јја разбирам :(
     
  8. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    Со сигурност можам да кажам дек аденешнава младина се движи напред со брзината на светлината, како и секогаш така и сега брзаат да пораснат а кога ќе пораснат ќе копнеат по детството самите си прават да изгледаат по возрасно... Се менува времето сите некаде брзаат ама денешната младина е заникаде барем според мене си ги упропастуваат животите и најубавите години а што е најлошо се упропастуваат самите себе а со тоа и својата иднина
     
  9. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Дефинитвно влијанието на социјалните мрежи и Западот ја расипа денешната младина.
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Нај трогателно е што дел од таа младина,вака по форуми сето ова го чита,и пишува како е тоа точно како ова она....и соли памет. А во приватниот живот ги прави сите грешки
     
  11. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    4.080
    Пол:
    Женски
    Денешнава младина е катастрофа ретко се наоѓаат така деца што би рекла дека се нормални за нивни години . Штикли уште на 13 години мувања од 5 одд и врски од тогаш исто така . Гледам почнале да се кинат и од 14 години добро бе мајка му стара до 14 години играв ластик џамија и што уште не они со секс започнуват . Не знам зошто гледат да пораснат побрзо кога тие години всушност им се најубави и немаат никакви проблеми ни секираци. 1ва година средно се сите пицнати дотерани машала си мислиш 4та се а не 1ва . Немам коментар искрено како што тргнале работиве наопаку нигде нема да стигнат и после неколку години ке се каат ама касно ќе биде .
     
    На lovely-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Понекогаш ми се гади од мојата генерација и од оние помалите од мене. Не сакам да зборам за тоа колку брзаат да пораснат, сакаат да бидат видени и познати, излегуваат по журки за возрасни и така се облекуваат, пробуваат да се однесуваат ко возрасни а половина од нив не знаат исправно да зборуваат, а за пишување да не ни зборувам. Имам комшика на моја возраст, неколку месеци помала од мене ама да не спореди некој, ќе си помисли дека она има дваесетина години, а јас толку колку што имам. Таа е секогаш со три тони шминка, обавезно цигара во рака, со два телефона (изиграва менаџер), со штикли, сатенски фустани, шљокици и слични работи кои воопшто не и долкуваат. Јас искрено понекогаш се срамам од неа и избегнувам да се гледам или поздравувам со неа, а порано најдобри другарки бевме.

    А да не зборам за тоа што пред некоја недела едно детиште на кое не му давам повеќе од 11 години, на сред центар ме фати убаво за газ и се изнасмеа. Од шок не знаев што да правам. И што ќе биде од детево кое нема никаква култура? Дебилизам.
     
  13. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Денешната младина е младина без иднина !!!!!
     
  14. Ivi05

    Ivi05 Активен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    29
    Не ги сфаќам јас денешниве деца
    до кај мисла да продолжа вака????
    само нешто дебилизам изигрува .. @Тенкаи и мене едно дете ме има фатено за газ а не го ни познавам ни ништо , само ОМГ си реков и продолжив .......
    Денеска од 11 години почнуваат да излегуваат во дискотеки ,да пијаат да пушат .. а 12 години девојките со штикли веќе одат в чаршија ...Незнам јас како родителите им го дозволуваат тоа ... На плажа ги пуштаат сами со машко друштво , мислам хелоу.
     
  15. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Денешнава младина а и постарите луге од пред 9-10 години се испрани од пропагандата на лажната политика и затоа се вакви.Незнаат да размислуваат и го прават тоа што мислат дека им е убаво, зборат само за вмро и сл. излагаат по кафани, немаат сопствено мислење и став и затоа е сето ова.Кога малку ќе размислат со своја глава ќе сватат дека не е убаво тоа што го прават.
    Целта им е да се облечат што е можно по кич и да викаат види кој сум и што имам, кај и со кого искачам..
    Жално, а освен тоа и многу други работи од горе напишаното се точни.
     
  16. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Кога ќе појдеш од тоа дека гледаат Тwilight и го слушаат Бибер ,мислам што очекуваш :^) |( :x |(
     
  17. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Ех... младината во мојот град... болна тема за мене. Сите се кич, copy - paste , некои девојчиња на 16 години веќе имаат бебиња, други се трудни, трети се муваат со кој стигнат, со 5-6 во една вечер, кога дечковците не им се во град тие лудуваат, си доаѓаат во 5 часот пијани , само озборуваат друго ништо, исмеваат. Ги мразам, буквално. Затоа и не можам да се вклопам во оваа зоолошка градина (се извинувам што ги навредувам животните, не заслужуваат.
     
    На Butterfly77 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661

    Што има врска Twilight со целава приказна, побогу?! Јас имам 20 години па и јас го гледав Тwilight, па што? Не е дека е некоја серија со порно сцени или такви работи, она што навистина не би требало да го гледаат.


    На темава. Денешната младина е младина отидена во ораите. Толку.
     
    На sweet-star и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  19. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    mysterious
     

    Прикачени фајлови:

    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Јас во основно не излегував по дискотеки или кафичи. Во основно излегував во маало каде си игравме жмурки, брканици, кошарка, фудбалче...детски ствари. Преубаво беше (онака со солзи ми иде да си кажам, дека многу сакам тоа време да се врати). Потоа посозреавме, па не се криевме по грмушки, туку се фативме да играме шах :^) (кога ќе ми текна, на улица, ставено столче и шахот, поклон од чичко ми :D ) Па оноа водење дневник или како се викаше, една тетратка испишана со прашања и секој се потпишува и одговара на прашањата. Закон бре.
    Почнав да излегувам летото кога завршив 1ва средно. Во парк. На трева, на седенка. По патики. Си се собиравме поголемо друштво, си седевме, се смеевме, зезавме, си игравме вистина или предизвик, такви ствари. Ќе купевме по едно пиво и сите ќе пиевме од истото и доста ни беше бре.
    Така некако ми помина пубертетот, првите штикли ги купив за матура.
    Имам роднини чии деца (12год.) имаат фејсбук профили преплавени со дак фејс фотки. Залепени на ѕид, натртени. Исцртани атрибути и статуси кои јас ни сеуште не ги пишувам. Низ град среќавам исто толкави дечиња со тесни кратки фустани и штикли на кои едвај одат. Јас повеќе неам ни коментар за таквите, само би им удрила една воспитна на родителите.
    Нејќам да чујам како -такво било времето сега, сите носат штикли на 15, нормално е денес тоа-. Било кој век да сме, не е нормално едно дете да го пропушти нормалниот тек на својот развој и пред време да стане жена. Не е нормално да се мисли колку го сака дечкото и дали да му даде. Не е нормално да одбројува на 5 раце колку мувачи имала до сега, не е нормално наместо да си легне во 11, таа тогаш да излегува. Не е нормално бре! И излегуваш во кафич и таму 15год. девојче, што изгледа постаро од тебе, му се пушта некој 26год. дечко, завршува вечерта со него, утре кривична на типов. Ај бре нека биде крив во ова искривено општество. И уште истата таа ќе ме измери од глава до пети, зашто сум излегла со стартки, а она со 20ка штикла (хедбенг).
    Измерете си ги приоритетите деца, да се биде посебен е благослов. Зошто мора да се следат сите, да се биде дел од сите. Неверојатна личност е онаа што се разликува. Па ако вие не го смените светот, сам ли ќе се смени? Да се биде дете е преубаво, уживајте бре во тоа. Во животот за се има време да стигнете, ама дете, штом еднаш пораснете, веќе никогаш нема да бидете. Не брзајте во растењето, не ги гледајте другите, гледајте се себе, бидете посамоуверени и ќе бидете поуспешни кога ќе пораснете.
    За останатото, наместо децата во ќош, родителите.
     
    На Hipster, Miss.Ricci, LGBT и 1 друга личност им се допаѓа ова.