Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    Денешната младина во мое опкружување е КАТАСТРОФАЛНА..Додека јас во 5-то одделение слушав "My heart will go on" од Селин Дион или ''Моја библија'' од Андријана Јаневска,сега се слуша во 4-то Слаткото безобразно искомплексирано човече заедно со Зен медитација-е тие се учители,многу паметни работи може да се чујат,абе од слатки,послатки текстови..а и се добива "збогатен речник" и "техники" за оние неискусните...едноставно,МЕЛЕМ за душа..
    Се изгубија вредностите кои ги стекнувавме додека растевме,се претворивме во робови на денешницата,без трошка срам мижиме и стискаме заби да не проговориме,да не вреснеме од тагата и празнината,од немоќта да не чувствуваме и да бидеме само СЕКС МАШИНИ,РАЗВРАТНИ РОБОВИ И ВУЛГАРНИ СВИЊИ..
    МИ СЕ ГАДИ во што се претвори општеството,не се знае кој е маж,кој жена,кој животно,кој предмет...
    Се заборави почитта некаде по пат,накај транзицијата ќе да е,се заборави ЉУБОВТА,ПОЖРТВУВАНОСТА за другар или сакан...се заборави се што вредеше,ШТО НЕ ДЕЛЕШЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВАМЕ ОД ЖИВОТНИТЕ...
    ГОЛЕМ ДЕЛ СЕГА БИ ГО ПРОПРАТИЛЕ ОВА МИСЛЕЊЕ СО СВИРЕЖИ И ПО НЕКОЈА ЛИЗГАВА БАНАНА КОЈА ЛЕТА КОН МЕНЕ,НО ТОА Е ПУСТА ВИСТИНА..
    АНАЛЕН,ОРАЛЕН,ФЕТИШИ,ПОЗИ....ЗАРЕМ НЕ ВИ Е СРАМ ДА ЈА СПОДЕЛУВАТЕ ВАШАТА ИНТИМА СО ДРУГИ??
    ЗАРЕМ НЕ ВИ ЗНАЧИ НИШТО ЗБОРОТ ИНТИМА???....НО ЕДНАШ СЕ ЖИВЕЕ,НЕЛИ ??
    ЗГРАПЧИ ГО ДЕНОТ..ЖИВЕЈ ЗА МОМЕНТОТ..МУДРОСТА ДОАЃА СО ГОДИНИТЕ.. ТАКА ДА ЈАВАЈТЕ ГО ВРЕМЕТО ДОДЕКА МОЖЕТЕ,БЛЕСКАЈТЕ НА ЗАЈДИСОНЦЕТО..
     
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Леле некое вакво мислење кога ќе прочитам. |(
    Не генерализирајте, аман!
    Може 80 % е расипана младинава, ама 20 % се поштени деца. :!:
     
    На sweet-star, Shpagetta, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.129
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто се напаѓа толку „денешнава младина“ а не се напаѓаат родителите на „денешнава младина“. Младите учат од опкружувањето, ако родителите им се турбо генерација и дома ги растеле со пинк ТВ нормално е да им влезе во уво таа музика, чиј „апгрејд“ е Тони или оној пцујачот. Не верувам дека баш сите се припадници на „генерација без иднина“. Што знае дете или „младинец“ што е алтернатива, што се морални вредности, што е квалитетна музика, филм, на крајот што е сексуално образование или морални вредности ако некој не му ги постави темелите. Се е сведено на лелекање од родителиве, на „разбирање дека се во пубертет и дека ќе му помине“... Е ПА НЕ ПОМИНУВА БЕЗ РАЗГОВОР!!!! Не може 16 годишно дете да излезе со друштво, да се врати дома и да куца на скајп оти кога шетале немале муабет, а на скајп било топ. Верувам во „денешната младина“ како што дедо ми веруваше во „мојата младина“ во времето кога рокерите и металците беа отпишани од општеството, кога пиење пиво и пушење цигара не било „дамски манир“ или „манир на некоја која што сака да создаде семејство“. Тоа е. нашите очи не гледат исто што и нивните. Со време ќе сфатат каде згрешиле и ќе се смеат на случките од младоста и ќе ги прераскажуваат на идната младина.

    „Денешната младина“ мора да почне да разговара, за се! Нема глушпаво прашање, има само глупав одговор....
     
    На Sara123, DeMelo и kravce им се допаѓа ова.
  4. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Немам зборови бе воопшто за денешнава младина...На 11-12 години имаат дечко,пијат(пиво,вино и остали алхохоли),пушат цигари,некои и трева.. :@ А на 14-15 веќе имаат секс со него.... :fubar: Срамота..Ама не се они криви,ниту времето(демек некои зборат тогаш било друго време)криви се родителите некои работат по цел ден воопшто не се грижат за нив уште од мали(на 5-6)годинки чуваат баби и дедовци,а ако немаат баби и дедовци сами...Воопшто не ни имаат контакт со нив(чест на исклучоците),тие си прават што сакаат они не ги контролираат и ОП ете ти беља!!!За мене тоа е чудно бидејќи мене мајка ми ме чувала до 5 години и после морала да почне на работа,па тргнав и јас една година во градинка...После 3-4 години ја напушти работата( се жртвуваше за мене и многу ми е криво)и пак ме чуваше...Нонстоп кога ќе дојдев дома(ќе ме земеше таа)ме чекаше чиста облека за дома,топло јадење,топли прегратки и разговор...Ми фали тоа време ;( ...После кога потпркнав пак се вработи...За среќа татко ми се занимаше со приватен бизнис и беше дома со мене,првпат дома останав дома на 13 и пол години..Знам дека на некои ќе им биде ,ама така беше...И мислам дека денешните деца го немаат тоа поради обврските на родителите и тешкиот живот...Жалосно...Е затоа се гордеам со моите родители :hug: :hug:
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    ... O, за постапките на децата се виновни и родителите. :!:
    На 11-12 години се во врска и си доаѓаат во 1-2 часот дома, а што ќе биде со нив по неколку години!?
    А пак да не зборуваме за оние што земаат друга и пушат цигари на 14-15 години, оние што на 13 години носат 15 цм штикла, со деколте откопчено и миничи. :|
    Тие се сеуште деца, и се под надзор на родителите што е многу јасно дека родителите одговараат за нивните постапки.
    Да се направи кривично дело без да си полнолетен, родителот ќе биде одговорен за тоа, така да и за однесувањето на децата се криви родителите, а да не зборуваме колку влијание имаат социјалните мрежи, (фесбук, твитер) итн.
    Но и спротивно, постојат деца кои што се обратни од овие, и си ја знаат границата. Така да не верувам дека нема иднина за денешната младина!
    Пред се родителите се тие што ќе превземат одредени мерки, а тинајџерите повеќе да се едуцираат и да не влегуваат во ризици, што може да ги кошта живот!
    Има многу фактори што влијаат тука зошто детето почнало да пуши, да се дрогира, да пие алкохол, да брка дечковци на 11 години :o , и што ти не. Како прво запустени сме од интернетот, ајде да се користи како што треба, многу е важен амбиентот во куќата. Ако има кавги, расправии, тепачки детето ќе бара во нешто спас што може да биде опасно за него, некои родители се пред развод па детето не може да го поднесе тоа, можеби има поголем/а сестра/брат па копира од него.
    Родители спасете ја денешната младина, имате одговорност повеќе да се посветите на нив.
    „Невкусното“ облекување привлекува многу педофили и манијаци, можеби тинајџерите не се свесни, но имаат родител/старател и интернетот за да се едуцираат, а не да гледаат како да се потсоблечат.
    Исто така, има деца кои што се многу мирни па збираат се по себе, родителите да не спијат да разговараат со нив.
    Иако е жално, но некогаш децата се самоубиваат поради секакви причини, кавги, немир, проблеми.. треба да се внимава, особено со тинајџерите.
    Треба да се сфати дека тие се во најопасните години и треба максимално да се заштитат.
    Не кажувам дека родителите се криви за тоа, но не колку постапките на децата, можеби свесно или несвесно го прават тоа, ама треба секогаш да се има некој на кого можат да му се доверат.
    Многу деца ги копираат своите родители, било на позитивен или негативен начин - затоа бидете добар другар на детето, а пред се родител.
    Некои деца се препуштени сами на себе и не одговара никој за нивните постапки.
    Денешната младина ЌЕ БИДЕ МЛАДИНА СО ИДНИНА, само со повеќе посветување ВНИМАНИЕ И ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ!!
     
    На pamelche, Madonna, Anna-Banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Е аман бе луѓе, ајде и јас ќе се вбројам во младинава. Зарем ние од шкафот дома ги извадивме глупостите. Сто тоа го научивме од повозрасните, дете ко дете љубопитно е и се сака да проба ама треба и од дома воспитни мерки да се превземат. И да кога би рекле па тие неможат ли сами да размислат како да постапуваат, не неможат и тоа се учи и не е роден секој паметен. Најлесно е да се обвинуваме без да ја побараме вистинската причина на проблемов.
     
  7. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    15 години имам и она,не ми се верува какви ми се врснициве :lol:
    комедии бре!
    сите ко божем се фураат со алкохол,а уствари уште од капаче пијат,еј. :rofl:
    уште почнува да ги чеша тоа доле,седмо одделение,машкиве почнуваат да се самозадоволуваат од четврто,па по фејсбук изиграваат некои мафијаши,па без срам разно разни вулгарни работи,непристојни прашања,па на она аск.фм,го направив и кога видов само такви глупости,одма го избришав |(
    уште не им е развиено телото,одма по такви работи,трчаат пред време.
    и не дека толку го сакаат тоа,туку да се направат фраеришта.
    вистина е дека и родителите се одговорни за тоа,но мојот татко почина кога имав 10 години,а мајка ми е фокусирана на работата и си ја сака,директорка е на фирма и нема многу време,често излегува со пријателки,што ја разбирам.
    но со неа сум многу блиска кога е дома :D
    и ете,сепак донекаде сум свесна и имам малку самопочит.
    а не овие,почнуваат да пушат,да се дрогираат....жално,не сваќаат дека само си го уништуваат животот.
    Па нормално,ќе излезам во кафич,во дискотека,низ град...ама не одам да се пијанчам или да губам невиност ( :lol: ) ,одам колку да се прошетам,да се посмееме,муабети,тие стварчиња :)
    Тоа е за машките,за девојчињава друга работа...
    Сите се шмикаат значи толку,што фацата им сјае ко на каспер добриот дух.Која е поентата на тоа? Јас ќе си ставам креонче,маскара...а не се кријам под 20 кила пудра на 15 години.
    Една ќе купи нешто,ќе го купат сите.Што желба имаа да се копираат така?
    Јас го купувам тоа што мене ми се свиѓа,па побогу,имам свој став и свое мислење.
    Најтрагично е што веќе не се '' уу ми се скрши ноктот'' .Сега вештачки имаат ''девојките'' бре ]:)
    Се муваат со се што ќе им дојде при рака и при нога а не им се паѓа род.
    На 11 клинка,на 12 шминка,на 13 дама,на 14 мама,на 15 секој ја е*е,на 16 и петото бебе,на 17 со секого менува гени,на 18 сече вени.
    жално,многу жално :puke:
     
    На Madonna и Emche-kremche им се допаѓа ова.
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Искрено немам коментар за денешната младина.А посебно за оние што се во пред тинејџерска фаза девојчињата од 11-13 години.
    Ги гледам по улица и им се чудам.Навечер излегуваат(зборувам за излегување во кафиќ) во 23 часот,и дома се прибираат во 2-3 по полноќ.Фураат алхолхол ненормално.Бркаат и фаќаат дечковци.
    Секое второ девојче од 11 години има дечко.Облечени се во мини сукњичиња,отворено деколте,и штикли 20ка.
    А што е најлошо и со запалена цигара.
    Јас искрено,без срам кажувам дека на нивни години играв со барбики,а тие.. :tmi:
    А да не зборувам за тие од 15 години што веќе имале односи со нивните дечковци,што фураат алхохол како сокче,и пушат цигари а некои и веќе имаат пробано и дрога.
    Навистина незнам повеќе што да речам,таков дојде светов напреден.
     
    На Sara123, MoonChild и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  9. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Монна, потполно се согласувам со тебе.

    Во ред, има деца што пушат, се пијанчат секој викенд, се дрогираат, на 15 години се имаат измувано со пола град. Всушност, повеќето се такви..Но има и малку понормални. Јас себеси се сметам во тие понормалните. Секако, не сум совршена. Цигари немам пробано, едноставно одвратни ми се. Дрога уште помалку. Алкохол да, пијам, но никогаш не сум се напила.

    Што е уште „почудно“ кај мене, јас обожавам да читам. Не сметам дека е голема трагедија ако немам 200 лајкови на facebook. Не се дружам со фаци што не ги поднесувам само за да сум „популарна“ и уште 10000 други работи што ги прават моите врсници.

    Јбг, ќе си бидам изрод у „денешнава младина“. 8)
     
    На Monna.Monna и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  10. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
  11. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Се согласувам со ДаркРосе... значи не се сите исти.. и јас се вбројувам во онаа младина од понормалните..имам 14 год, до сега од шминка сум ставила само маскара и тоа за Нова Година, алкохол немам пробано никогаш за разлика од некои мои врснички што не си ја знаат границата, немам пробано цигара ниту размислувам да пробам, никогаш не сум излегла со деколте или со здолниште до газот-минич. Одличен ученик сум, имам културно оснесување (барем јас така мислам) и сум немала до сега дечко. И се гордеам со себе си.
    Леле, незнаев дека сум толку самоуверена, ама што си е вистина, вистина е :)
     
    На sweet-star и cveke123 им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.323
    Пол:
    Женски
    Факт е дека интернетот ги помеша работите. Всушност интернетот не, туку фејсбукот. Уште не научиле да читаат и пишуваат, тие фејсбук отвориле. Е сега проблемот е што мора за таму да имаат секси слики, за да имаат повеќе лајкови, оти тоа е "поентата" на животот. Фејсбукот им ја скратува играта на децата.
    Е сега, јас во основно, немав дечковци, исклучиво симпатии. Едвај ќе дочекав да ѕвони ѕвончето па да одам во ходникот и да си го видам симпатијата :D . А имаше и такви што уште во тоа време фаќаа дечковци и се шминкаа и што ли не. Мајка ми го кажува истото и за во нејзино време. Точно е дека некои вредности се поместени, ама има млади деца што си се однесуваат коректно, и такви кои се ужасни. Мајка ми цел живот работи во основно училиште како психолог, и има можност да ги прати тие работи. Секогаш имало и ќе има воспитани, а и расипани деца. Јас сум тазе професорка во приватна шола за јазици, и работам со деца од сите возрасти. Не сум заприметила такви работи кај сите деца, само кај поединци. Како и да е, сепак родителите треба да си ги пазат децата.
    Кога зборувате за 16-17 годишни, заборавате дека тоа е период кога вријат хормоните, и тоа нема врска со денешно време или порано. 90% од пушачите се распушиле во тој период од животот, и уште толку станале алкохоличари почнувајќи со алкохол од таа возраст. Тоа не е факт на денешницата, била од секогаш. Вујна ми и вујко ми (возрасни луѓе) се распушиле како тинејџери. Мојата идна свекрва се распушила кога била 14, јас се распушив на 16 итн. Сите возрасни алкохоличари, рано забраздиле во алкохолот. Не дека ги оправдувам овие работи, ама тоа постоело од секогаш, и ќе постои. Девојките се шминкале (кога биле средно) уште во времето на мајка ми. И не заборавајте дека порано се мажеле на 16 години многу девојки.
    Е сега тоа што има ноќни клубови, каде се дозволува присуство на малолетници, и тоа што малолетници можат да купат алкохол и цигари во секоја продавница, тоа е грешка на државата. Родителите се виновни до некаде, ама интернетот, телевизијата и другите медиуми имаат исто така голема вина
     
    На Sara123 и pamelche им се допаѓа ова.
  13. BornToBeWild

    BornToBeWild Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    Еве и јас како дел од денешната младина ќе кажам дека не сме сите во ист кош ставени! Еве не дека се фалам ама сега ќе бидам прва год. а немам пробано цигаре(не не сакам!!) не пијам ,одличен ученик сум(барем до сега),дома си доаѓам во 11 ипол(не дека ми се родителите строги) дури го немам доживеано ни првиот бакнеж :D Мислам има време за се .. Малце спротивно од тоа имам другарка шо се прави светица..учи примерен ученик е ама колко дечковци испофаќа,колку има ги лажено родителите за тоа и накрај ја дознаа и сеа што ја изгуби довербата во нив. Сметам дека културно се однесувам за мои години и интелигентна сум (барем така ми имаат кажено :) ) повеќе ми оди муабетот со повозрасни штознам...
    леле ама се испофалив. :worried:hock:
     
  14. rak4estip

    rak4estip Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2012
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    228
    јас како дел од денешните малди ке казажам многу добар ученик со друштов отпуштена секогаш на доври журки први до 3 саатот па досега нити полиција нит обезбедување ме нема фатено дома мојте имат целосна доверба во емне не ја изневерувам на мајками и казувам се до детал а кога станува ззобр за дечковци само 1 па да ви кажам ништо не ми фали убаво ми е вака
     
  15. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Браво за тебе, навистина. :)
    Но, сакав само да те опоменам, да имаш одередени свои ставови и најстрого да се одржуваш до нив. Тоа е едниствениот начин за да не тргнеш по погрешен пат. Да знаеш да кажеш НЕ за сето она што ке биде дел од твоите ставови. Јас сум сега за втора година средно, не сум пробала ни еден дим од цигара иако ми било понудено повеке пати од колку што имам прси на рацете и нозете, не се дрогирам, устварни немам потрена ни да кажувам за тоа, се заколнав во себеси дека тоа нема да го внесам во мене, пијам само со друштво но, секако, знам каде ми е границата и кога е доста :!:
    Во средно кај мене од моја генерација немаа пробано цигара 60 % а редовни пушачи беа 30%. Но што се случи потоа? За рок од таа една школска година, школскиот двор стана препун од пушачи. И тие што не пушеа редовно и тие што никогаш нема пробано, сите можеше да се најдат во школски за време на одморите со цигара во рака. Да, да, се случуват гооолеми пресврти. Затоа сакав да те опоменам. Да се пазиш во какво друштво ке западнеш и да не дозволиш да потпаднеш под влијание. А тоа на многу им се случува во средно, посебно првата и втората година.
    Тоа е тоа. Ова ти го кажав и прими го како совет затоа што и јас го искористив и сеуште сум меѓу оние, малиот процен на деца непушачи, кои и покрај околината успеале да се држат до своите ставови. Само треба да си силна и упорна а и решително одпорна! ;) :*
    Ова важи за сите што се сега за прва година (а сеуште не пушат и не се дрогираат), примете го како совет мили, за ваше добро :)
     
    На BornToBeWild му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Абе, си има граница во сите работи, ако ти се пие - пиј, ама не се опивај, ако сакаш да пробаш цигара - пробај, облечи и минич, ама се тоа со усул прави го. :!:
    Кога ќе ги видам се распушиле на 13 години, со коњакот во рака а тие едвај стојат на нозе, па после дома повраќања, па и на токсикологија завршуваат, со 10 души најмалку се имаат смувано, абре не знам дал да плачам или да се смеам. :x
    Јас имам пробано алкохол, ама повеќе од една чаша не, и цигара пробав пред 2 месеци ама одвратно ми беше и завршив со тоа, излегувам понекогаш и по кафичи, по дискотеки не, единствено до сега дечко не сум имала, а не ни ми треба, сум пукнала јас да се замарам со дечко. :D
    Помаливе па 99/2000, е овие највеќе се ојдени, да не ви кажувам муабети што случајно сум слушнала од нив, па тоа една некултура што се ми седнале под прозор во 12 навечер и се разгракале ко нетачни |( , па добар ден, благодарам за нив се непознати зборови па пцуње од нив бре, па ни страв немаат, мене во 6то страв ми беше од тие во 8мо, а сега тие од 6то ги свиѓаат тие од 8мо. :fubar:
     
  17. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Скоро сите родени после 2000 година ми се многу размазени и лигави ,попалени уште на 10 години :^) и без никаква култура и почитување .Реков скоро сите , значи не генерализирам :lol:
    Секој втор муабет им е за ајподи ,таблет компјутер , мување , , јас носам само марка , јас ова не јадам , јас ова не пијам ,јас вака , јас онака ... |(
    Порано ние кога одевме на гости не наоѓавме маани на се туку што ќе ти принесат тоа а сеа не бре ни грам срам да се немало ....Луѓе има одвај преживуваат од 1 до 1 - ви а они ми се лигават и прават фаци не им се свиѓало јадњето ..Разбирам секој има некое јадење кое не му е омилено ама вакви разгалени деца јок бре нигде нема ...убаво викаат уште полоши генерации ќе доаѓаат ...Ааа Чернобил се поремети ...
     
    На Sara123, rak4estip и sanjalica им се допаѓа ова.
  18. Jelena-JK

    Jelena-JK Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    7
    Денешната младина е катастрофа(се разбира со исклучоци)предвреме сакаат да пораснат да испробаат се.Ги гледаш миничи,штикла 15ка и после машките се виновни(како да не),кога све е на распродажба :lol: :x Секоја чест на исклучоците кога ќе видиш девојка примерна па и облечена за годините како што и прилега.Абе ни родители си виновни ни ништо(имаат удел секако и тие)ама кога некој нема мозок бадијала е ќотек забрани...итн.

    Грешно разбрала младинава ние во нивно време со барбики игравме а тие си пронашле нова играчка од машките...ај да не велам :puke:
     
  19. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Мајка ми ми раскажуваше дека на мои години (а и помали) дека кога одела на гости несмеела да земе од маса ништо,ни колаче,ни сок се додека не праша и не и дозволат. :o :tmi: А денес не се прашува за мување и дечко,а не пак за колаче....... :tmi: |(
     
    На Rihhana.33 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    ^кратко и јасно на денешните деца премногу им е дозволено
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.