1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    5.851
    Родителите треба да ги изведат на прав пат децата, но повеќе тоа го прават со: тепање, казни, не им дозволуваат многу работи и сл. Моите родители не немаат ниту мене, ниту брат ми, тепано или пак да ни се развикаат. Нас уште од мали не имаат учено што е добро, а што не. Имам гледано девојчиња моја возраст како се носат - штикли, пудра, креон, сенка, разголени маички, пијанство, заведување машки уште сега..Па на што личи тоа? Секако нивните го гледаат тоа и им го допуштаат. Другарка моја лани ни дојде во школо на мала штикличка. Исти такви чевли носи девојка од 20 години. Ставање пудра од шесто одд. и лицето до сега е ужас. Уште кога беше активен Hi5, слики по гакички, па газето ѕирка.
    Искрено имам штикли и шминка ставено за 1 април. Креон ставам некогаш за во град, а алкохол сум пробала само на Бадник - кога се става паричката во вино и треба да се напиеш од виното.
    Не секогаш мора родителите да ни кажуваат што треба, а што не треба да го правиме. Треба и самите да сме свесни за последиците.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  2. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    388
    Не сум многу престарена за да коментирам на оваа тема ама имам забележано огромни разлики од времето кога бев 8 одд и сега кога сум 4 год.
    До 8 одд јас во кафич не бев влезена, освен надвор со деца и слично, и мислам дека ми било многу поубаво. Во оние летни кавичи што се, каде што не бараат лична карта, сега е преполнето со деца од 5-6 одд облечени во штикли и со пудра 100 кила.
    Имам братучеда 7 одд плачеше оти дечкото и се преселил за средно образование во Ск :fubar: Која логика, од 6 одд дечко или пак пирс на веѓа :fubar: Ако ми е братучеда ич не ја оправдувам а родителите нејзини ги обвинувам. По работа нон-стоп и децата всушност се без контрола. :worried:
    Како и да е мислам дека денешнава младина оди кон полошо :(
     
  3. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    За се е крива Америка........ :swear:
     
  4. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    денешнава младина е лелеле не да сум кој знае колку стара имам само 20 години али пак јас коа имав 10 15 год моите у малоо шо сум праела ме нагледувале у школо 30 ден ке ми даеле за ужинка и доста ти се штиклии ма каки бре не долази у обзир у школо идеш или на свадба хаха а сеа една нормална девојка у денешно време девојче од 15 год станува од спиење телефонот прво да види да не ја барал некој пали цигара се шминка додека се шминка кафето се вари излага се качува у такси и у школооо ,они само у такси се возат афтобус неее тоа е за селјаците од селата хаха сваштаа морее децава се испорасипааа
    абе кај сум знаела јас на 14 15 год шо е дискотека леле еееј се нервирааам како и да еее се иде полошо и полошо... :devil: :devil:
     
  5. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    кога мајка ми ми кажува како излегувањето и било од 19. до 21 часот во денови кога само нејзините се расположени, и ако точно пред 21 не биде дома ќе ја чека мајка и со стап надвор... :rofl: па се газам од смеење нормално ! не сум личност што осудува веднаш само се си има граница. кога јас бев во средно ако те види директорот со тоа шо зборите штикли , шминки и сл. работи...ти отиде денот! :?: значи ние и да сакавме професорите не не оставаа. јас сум љубител на шминка и тоа многу, па и во средно си ставав ама класната моја мислеше оној што се шминка -не учи. и веднаш ме гледаше со негативни очи. :drunk: ама кога виде на полугодие сите петки.. :lol: малце и она се засрами. јас одамна го завршив школството но, пак ке речам дека некои работи што не одат не одат ни во средно, ни на факултет ни за цел живот ! дрогата, алкохолот, постојаното менување на сексуалните партнери..не се во ред во ниедна возраст и за никој!!! :!: а она мување, штиклите, шминките..се е бре луѓе толку минливо, да на тој период сега лично јас гледам со смеење :D колку само сме сакале да бидеме сериозни, да глумиме паметни...а сепак сме биле само деца и ништо повеќе.така да на младите им порачувам да си уживаат колку што можат максимално во животот но шо се вика се со една граница на нормала. :!: дрогата, алкохолот, и лепењето грди прехари нема да ве направат популарни во ничии очи ;) шминкајте се, облекувајте, менувајте стилови, заведувајте, лудувајте живејте си го животот....поздрав :*
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.050
    Допаѓања:
    66.686
    Пол:
    Женски
    Ни еден убав збор нема за младинава низ постовиве. Е нема ни да има. Таква каква што е не ни заслужила нешто пофално да се каже. Се сложувам со скоро сите постови и се прашувам до каде ќе стигнеме со ваква младина, е нели младината е иднината :^) Е богами тешка иднина не очекува.
     
    На girl96 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Да и јас се прашувам каква ли иднина ќе не очекува.Па денес младите воопшто со ништо не се замараат чекаат се на готово.Лесно е кога има кој да мисли за тебе,мама,тато,вујче....ќе ми завршат работа и со поправање оцени и со вработување.А каде е вистинското знаење,никаде,го нема.Се е гола вода.......
     
  8. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    :devil: :devil: :devil: уффф како сум нервозна.
    синоќа некој под тераса ни донел мачиња, штотуку родени, и цела ноќ ги слушав како мјаукаат. сабајле станав, ги видов како лежат и побрзав да им однесам млекце, и со мм видовме дека лежат, ама не спијат како што си мислевме, туку умреле ;( ;( ;( пошто мм мораше на работа, остана откако ќе се врати да ги тргне од тука. Пред малку гледам 3 деца на 6-7 годишна возраст ставаат камен врз нив и се смеат, едностано се иживуваат.

    Друг случај... пред некоја вечер 23 часот веќе беше, слушаам трескање надвор, од спротива кај нас градат куќа, и баш тој ден работеа на канализацијата, одвод и копаа дупки, кои ги покриле со неколку даски. Излегувам на тераса гледам 4 девојчиња (до 10 годишна возраст беа) се качиле на една од даските и скокаат, скокаат немаат гајле, и цинично се смеат. А едното од девојчињата го знам, им се развикав само што го спомнав нејзиното име, се разбегаа.

    Ете тоа е нашата младина, застранета уште на 6-7 годишна возраст, ама што да прават кутрите кога нема кој да ги прибере, цел ден се на улица.
     
  9. Extraordinary-girl

    Extraordinary-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Најпрво да кажам здраво до сите. Решив да напишам еден одговор, бидејќи имам 14 години и спаѓам на тој почеток на младината. Инаку јас не се однесувам вака како што опишувате. Имам излез додека останува моето друштво но тоа најчесто е во 11. Излегувам петок и сабота (зборам за преку школска година) и тоа низ населба најчесто. Летово со друштвото (август поточно) излеговме неколку пати во град. Излезот ми беше ист. А јас носев старки, суќничка и бело блузиче. Шминка ставам креон, римел и пудра за да ги покријам бубулиците |( :D Како и да е, она што сакав да го кажам е следното. Дека кој е виновникот за однесувањето на децата кое сите вие го опишувате незнам. Ама знам колкав притисок носиме ние, барем девојчињава од моето друштво.
    Денес јака женска е онаа што носи штикли, не е до толку за шминката, туку повеќе за штиклите. И онаа која има повеќе машки шо и се пуштаат ( не викам што ги мува, тоа е веќе орос*ија :D ) . И тука е проблемот, ниту јас ниту моите другарки не носиме штикли, и машките од моето друштво викаат дека женски како нас би требало да облечат штикла и така да искочат. Главните теми се однесуваат постојано само за тие две работи и веќе ми се преку глава. Јас од една страна си ги сакам патичињата, а од друга знам дека цел живот ќе носам штикли пошто сум заљуубена во нив :D :D али мислам дека за се ќе дојде момент и не треба да се брза. И сега оваа година сум полуматурантка. Деновиве се зборува само за тоа кој ќе носи штикли а кој не. Кога во друштво кажав дека јас не сум многу за тоа носење сите ме погледнаа на криво..а партнерот што ќе ми биде за полуматура се засрами цел. Ко срамота да е на 14 години да не носиш штикли... |(
    Во секој случај сакав да кажам. дека постојат и некои нормални деца (ко мене и другарките пример :D )
    a никој не го спомнува теретот што ние го носиме. Бидејќи сме најасални од цело школо и сите машки се дружат со нас. постои таков притисок за овие работи што мислам дека ќе пукнам еден ден. А да не зборам за тоа дека сите момчиња што ми се допаѓаат на мене ги бараат тие штикли, и секогаш се понижувам пред нив кога ќе излезам нормално облечена. Се чустувам како никој да не ме погледнува, бидејќи сите мои другарки имаат дечковци или муватори а само јас немам. Самодовербата ми е смалена на некакво под ниво и тоа ми е главна мисла веќе со месеци. Неможам да ја зголемам самодовербата а целиов овој притисок само ми одмага. Позрела сум во памет од другите (не дека се фалам :D), и знам како стојат работите и затоа сакам да си помогнам а незнам како. Пречи тоа, што го налага денешницава...и незнам како ќе се справувам со тоа. Знам дека ќе терам по мое колку што можам иако како што викаат: не е нормално да бидеш нормален денес.
    Поздрав до сите. :)
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Доста икрено си кажа.
    Јас ипак не го разбирам тој притисок што го вршат за тие штикли?! како прво јас кога бев полуматурантка(а и сите пред мене), сите бевме во балетанки и патичиња. Се смеевме за тие што беа облечени во штикла. Скоро видов полуматурантки што имаа штикли од 12 цм :o Ало, па кај е мајката на тоа девојче, да види дека изгледа како мала проститука?!
    А и машкиве не ми се јасни? Скоро читав дека машките и не прават разлика дали девојката е на високи потпетици или не?!
    Само ќе ти кажам да останеш своја, макар што ти сметаш дека тоа те прави различна. И не се брзај за мувач, што е твое ќе си дојде. Верувај дека машките не сакаат вештачка убавина. А за полуматура....ехеееј,имаш уште 9 месеци :)
     
  11. free-bird

    free-bird Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Здраво девојкии. Еве нова сум на форумов и баш поради ваква слична тема сакав и да се и регистрирам па кога ја видов оваа си реков што уште чекам :). Значи да, целосно сте во право кога кажувате дека младината како да отишла по ѓаволите. Добро може малку генерално ги сфаќате работите и сите не ставате во исти кош, но еве во наша одбрана не сме сите исти :D. Да, многу е ретко да видиш тинејџер што всушност се однесува така. Денес ако не пиеш, не пушиш, се интересираш за школо затоа што всушност сакаш да постигнеш нешто во животот сам без помош на мама, тато, бато... те гледаат како некој фрик (веројатно затоа така ме доживуваат другите). Од секогаш сум била онака поразлична, ако можам така да се изразам во смисла размислувањата ми се посериозни за разлика од оние на моите врсници (барем така ми викаат). Поради тоа често во школо ќе кажам нешто и сите ќе се изнасмеат како што зборува оваа? Порано многу сум се нервирала, ама сега баш ми е гајле си го бранам мојот став па кој што сака тоа нека каже. Сега да не забегувам многу и да се навратам на темата. Сакам да го свртам муабетот на тоа како изгледал тинејџерскиот, љубовен живот пред 6,7... години,а еве јас во кратки црти ќе пишам како е сега. На пример има роденден, журка било што и сите се онака "расположени", и му паднала некоја на некој во очи онака колку ради реда, ќе ја изведе надвор, ќе ја смува и тоа е тоа. Или ќе си пишуваат на facebook таму може и ѕвезди ќе и симнува, инаку во град не ја познава. После ќе дојде време некако ќе излезе да се сретнат и пак се се сведува на тоа ќе се смуваат и толку. Ако се развие нешто потоа арно ако не никому ништо. А да не правиме муабет за тоа има дечко/девојка, а се мува со друг/а. Мислам можеби сум олдфешн ама ова за мене е многу апсурдно. Се губи магијата на запознавањето, на дружењето... се прескокнуваат многу чекори, а тоа ужасно ме нервира. Не можам да замислам да имам нешто поинтимно со некој ако воопшто не го познавам, каде се емоциите, чувствата? Но ова на најголемиот број од нас им е секојдневие и ова е суровата вистина. Што е наслошо мислам дека тие ќе имаат милион пати подобар и лагоден живот но што е тука е. Да можам да се сменам не можам па затоа ќе терам по мое :D. Oк девојки, се надевам не ве изгњавив многу и од вас поголемите очекувам да пишете како тоа било во ваше време :)
    Поззз
     
    На akita му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Natasa999

    Natasa999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    6
    потолно си во право !!
     
  13. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.300
    Допаѓања:
    5.883
    Пол:
    Женски
    ... мора да ја кажам сликата моја од кај мене од школо.
    Прва година, седнале надвор се собрале окулу една клупа,окулу нив чури дим, мислиш турци пушат,
    се смеат гласно ,мислам дек цело школо ги слушаше, секои 5 минути се сликаат од тој апаратот, само блиц гледам.
    Се местат лево- десно, се кичмат...
    Греота. :tmi:
     
  14. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Малецкиве деца,3-4 одд. се по безобразни од нас.
    Си седиме со другарките во тоа нашето паркче и едно дете колку имаше 7-8 години ни вика
    Пи*киии!
    :o :o
    Боже,боже се изнасмеав тогаш :D :D
     
    На akita му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    За денешнава младина се е кажано погоре, во сите постови. Велат, светот на младите останува? На кои млади останува, во чии раце е иднината? Само ќе додадам, денешнава младина како што е тргната - никаде нема да стигне...не тера далеку
     
  16. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    А што ќе речете на девојче 6 одделение, што има врска со дечко веќе 8 месеци (8 или 9 нез.точно)??
    Се запрепастив!!!
    Уште повеќе се запрепастив кога се симнав пред зграда, а таму си играат малишана со клик-клак и на секоја девојка што ќе помине и свиркаат , трчаат по неа и ја маваат по задник?!
     
  17. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    можеби малку му претеруваш со изнесувањето на твоите ставови....не дека не си во право туку тие едноставно не ги научиле на вистинските вредности на животот кога требало, па сега кога веќе е зараснато местото(односно го наполниле мозокот со глупости и глупави навики ) ти неможеш така со два збора да им обајснеш дека тоа не е правилно(потребно е многу време и напор), едноставно тие имаат свои вредности, свои мислења, свои гледања на нештата, кои ги создавале целиот свој живот, па она што ти им го зборуваш не можат да го разберат, па затоа едноставно се потсмеваат. би ти препорачала да не се "делиш" од останатите(не мислам да се однесуваш и да ги правиш останатите глупости што тие ги прават, туку едноставно шегувајте се, смејте се, излегувај со нив во парк или било каде, до одредени граници) и нема да те сметаат така, ќе те сметаат едноставно за дел од нив, и јас ги имам твоите сфаќања, но го немам тој проблем, иако некогаш знаат да ми се налутат кога несвесно ќе ги превртам очите или иронично ќе му одговорам на нивните глупости, но брзо им минува, се навикнуваат :)


    старфиш братучед ми има 7-8години и уште од лани или претходно :?: има девојка, смешки се цели (оди од дома ја зема за на школо, и од школо кај тета дома одат, таму ручаат, после кај братучед ми в соба одат и учат демек и после тој ја носи дома) смешки пати сите се смеат со нив, не ги сфаќа никој сериозно, ама сакав да кажам дека границата е подолу од 6то за жал
     
  18. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    3.097

    Лелееее, ова стварно е??? :D :lol: :rofl: Смешно ми е ептен ...... Си замислувам дека буквите не ги знаат, ама важно си нашле животен сопатник, тоа е добро :rofl:
     
    На peggybllu и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.542
    Допаѓања:
    3.097
    Баш како што си кажа, има време за се. Немој мн да се замараш кој што сака ти да носиш и како да изгледаш, дали требало штикли или пудра да ставаш и што ти уште не...... Биди си своја, што ти сака душата тоа и носи си го, без да мислиш дали ќе му се допаѓа тоа на друг. Сфаќам дека мислиш дека машките сакаат само штикли и сметаш дека на тој начин ќе им бидеш поатрактивна, ама имаш време да муваш, да фатиш дечко и се останато .... Па имаш 14 години уживај си, не си го замарај мозочето со вакви работи ;)
     
  20. girl12

    girl12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    43
    Се согласувам со тоа дека денешава младина тргнува на “криви“ патишта ..
    Уште незнаат да си го бришат г*от а девојки/дечковци си факаат .. Се чудам и неможам да се изначудам :?: .. Се праат голе фраери а немаат ни ф од фраери :) .. Пред некој ден поминуав преку едно игралиште и несакајки едни деца од 7-8 години ме удриа со топка јас да земам да им ја подадам доага едно ми ја зема и рака и ми вика шо ми ја факаш топката бе пич**ти мајлина и продолжи натака и јас му кажаж нешто нез точно што и ми вика детово не ме замарај ма пучи к*р .. леле како ми идеше да му се вратам али реков ај мал е :puke: малку се знанесов извинете :$ .. но со ова сакав да кажам и дека денешницава нема никакво однесување ни култура .. Но не се они криви и нивните родители како така ги воспитуваат не ми е јасно :!: :^) ..