Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. jerryy

    jerryy Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Што се случува со младите?

    Е да, лоша е денешницава, секој сака некого да повреди никој никому да му помогне...
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Што се случува со младите?

    Денешнава генрација е за никаде....
     
  3. jerryy

    jerryy Активен член

    Се зачлени на:
    19 мај 2013
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Што се случува со младите?

    во право си, се од лошо кон полошо е тргнато.
     
    На ocila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Што се случува со младите?

    А од кого учат младиве? така да младиве и не се толку криви како што ние мисли ме ,целата држава е хаос.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Што се случува со младите?

    Одлични си е младинава ,модерни и образовани.Само помалце турбо фолк :!: ,и сељачизам да шират :lol:
     
  6. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    272
    Хахаха.. Модерен во нашата држава тешко дека можиш да бидиш...образовани? Едни екстени им дадоа небо и земја споја да не ги прават.. А турбо фолкот нема никаква врска со човекот(како и сите други работи), кој што сака ке си слуша никој не можи да ти кажи ова слушај она не.
     
  7. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420

    Зошто тешко дека може да се биде модерен кај нас ? :wasntme: .Се додека се ограничени некои луѓе со сфаќањата дека светот не се врти околу балканот и "нашите" -проблеми (па и измислени понекогаш ) кои што неможеме да се помириме со фактот дека сите напредуваат со вложен труд (се чека се на готово мама меси- тато носи) ,само ке тапкаме во место и ке заглупавуваме .Музиката е одраз на нивото на култура-образование начин на живот ..но одредена-та маса на луѓе живеат сеуште во ју-го словенскиот живот и навики ... :fubar:
    :!:
    :puke: :puke: :puke:
    http://www.youtube.com/watch?v=EyL97Qt1G5Q



    :!: :clap:

    http://www.youtube.com/watch?v=yGgTbqbCizM
     
    На jerryy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Една слика илјада зборови.
     
  9. kala21

    kala21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2013
    Пораки:
    1.895
    Допаѓања:
    15.406
    Пол:
    Женски
    Кога ќе слушнам некој за греота на 15 години бремена душичка леле што да прави, ма ај у пм ги тера некој да се е*ат од 12 години :@
     
    На sweet-star и jerryy им се допаѓа ова.
  10. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Нема да кажам ништо ново ако речам дека денешнава младина е за никаде, не почитуваат никого и ништо. Пред некој ден ги гедам децана во афтобус како се пикаат рушат се пред себе негледајки дали пред нив е инвалид или стар човек трчаат да фатат место како да цел ден копале. А тоа што прерано се развиваат криви се американските батаци и останата храна која ги поттикнува хормоните. Јас и моите другарки пред да тргнема во средно бевме деца тек тогаш почнаме да добиваме менструација и затоа се игравме нормални игри а не како денешниве млади кои уште од 5 одделение се преокупираат со дечковци итн. А што се однесува до непочитувањето и некултурата тоа е заслуга на нивните родители кои воопшто не обрнуваат внимание на однесувањето на нивните деца.
     
  11. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Прочитав повеќе мислења и има наведено дека родителите се криви. Не, не се!
    Моите од дома ме учат да бидам примерна, културна девојка. Несмеам да имам дечко, да пушам цигари, да пијам алкохол, несмеам да се дружам со такви.
    По природа сум срамежлива, и секогаш се понашам културно спрема другите како што ме учеле, учам, на натпревари одам ама со друштво не сум таква.
    Имам пробано само еднаш цигара и не ме влече пак да запалам, и нема. Почнав со кратки фустани, штикли уште од 13, ама се дружам со девојки кои што се по 16-18години. Пијам во умерени количини, никогаш не сум се опијанила, ама онака почнав коктели и слични работи.
    Сум се мувала со неколку, сум имала дечко, од дома ми имат давано илјадници казни, несмеев да излегувам, да се дружам со одредени личности ама мене кога не ми доаѓа паметот, џабе е се! Си продолжив со иста песна и најмногу ми паѓа жал кога ќе речат дека е до родителите.
     
  12. Sardinija21

    Sardinija21 Нов член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    98
    Ма да ти го направеле газот модар едно 2-3 пати да видиш дали е сеедно дали зборат или не и дали ке си тераш ти по свое.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Се што не требаше прва мајка ми дознаваше и таа со добро и јас само ОК и ништо, ама пред една година татко ми кога дозна си го добив заслуженото. И пак ништо, тоа е :D
    Да напоменам, не сум распуштена со дечковци и слично иако сум ги имала, на почеток малце се опуштив ама сеа ми дојде паметот
     
  14. curious-doll

    curious-doll Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    804
  15. Gentleman..D

    Gentleman..D Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    44
    не се криви родителите воопшто секогаш ме учат да не пијам,да му кажувам се нив ако нешто ми се случи,дека сум мала за дечко. а мене ми се има случено да се опијанам ама родителите воопшто не се криви значи тоа ми е најтешко што викаат какви родители такви децаа ама нее е воопшто точно нее е ..тоа зависи и од друштвото ама родителите тука не играат никаква улогаа. :worried:
     
    На kosmodiks му/ѝ се допаѓа ова.
  16. chiquita

    chiquita Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Ќе бидам повулгарна, ама така е.. Денешнава младина е отидена у к****!! Не сакам да бидам погрешно сфатена дека на мои 26 год. размислувам ко теткиче некое, ама денешнава младина нашла па зашла. Не ги разбирам и родителите. Уште не прозбореле им купуваат Iphone, им допуштаат за се и сешто. На 12 год. со штиклите у град, мислиш завршиле средно или веќе се на факултет. Во 6то одд/ губат невиност, менуваат дечковци повеќе од долен веш, страшно -.- Штета што многу брзо сакаат да пораснат и да бидат во светот на возрасните.!
     
  17. beyonce22

    beyonce22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    38
    Колку безобразни и прости луѓе има во нашава земја.
    Бабата со бастун се движеше полека, можеби има некој физички проблем, а овој невоспитан типац ем со пиво ја птури ем и на тоа дрско се смее
    Како се изнервирав, кога го видов видеото, за ваквите ко него треба доживотен затвор
    И тоа ова ги има снимано, а од каде знаеме што други работи правел со постарите луѓе, можеби не дај боже имано паднато постар човек на земја, ако некој го има видено некаде по улица и го има препознаено неко го пријаво одма во полиција.Безобразен.
     
  18. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Веќе некое време се мислам да си пишам мислење во темава ама некако сум ни натака ни навака. :?:
    Е сега прво да расчистам јас под младина подразбирам тинејџери до кај 15 па и 16 години. Не дека на 18 се многу созреани ама овие првиве ми се некако нај зелени (без навреда).

    Дека е отидена во неповрат, отидена е, за тоа не треба ни да се дискутира. Сите сме биле сведоци на некои случки каде тинејџериве прават тоа што сите знаеме дека прават. Меѓутоа прашањето е зошто е тоа така како што е.

    Прво мислам дека децава не се криви што се родиле во едно време каде се е "современо". Едноставно некои работи им се буквално наметнати од средината каде што живеат, небитно дали е тоа од страна на друштвото, интернетот или па може и родителите. Ние кога бевме деца игравме надвор ама тогаш немаше компјутери, да сме имале комјутери и ние ќе сме дремеле цел ден на нив. Во наше време (како кажав божем 45 години имам :lol: ) имаше други "технологии". Имавме нинтендо на пример, имавме чипичан, игравме тетрис, па после имавме Hi5 (тоа и не е така одамна) значи и на нас ни биле некои работи наметнати. Само што истите тие "технологии" кај нас немале лошо влијание за разлика на денешнава младина.

    Второ, нема потреба да се дискутира и за тоа дека интернетов ги направи катастрофа. Ама па и тој интернет треба некој да им го плати, тоа што така се облекуваат уште на 15 години исто така треба некој да им го купи... Така што би рекла и дека родителите се до некаде криви значи не целосно ама до негде да.
    Пред околу две години со една другарка се качуваме во такси. И си муабетиме со човеков на темава. И кажува за две девојчиња (тинејџерки) што вечерта се качиле кај него во кола. Вика се качуваат облечени во фармерки, патики, обични блузи. И само ми викаат: Чичко ќе ти смета ако се пресоблечеме во кола? И човеков вика јас се зачудив и им рекол нема да ми смета пресоблечете се. Вика кога извадија сукњи, штикли, некои блузи со деколтиња и незнам уште што не. Кога ги прашал зашто така прават, му рекле дека од дома не ги пуштаат да излегуваат вака облечени па мораат да се пресоблекуваат по пат, а алиштата им биле од некоја другарка на која родителите и' дозволувале и и' купувале таква облека.
    Некогаш и родителите се немоќни. Ама па и они треба да се свесни дека со тинејџер треба малце повнимателно, треба поголема контрола, не е само така пушти го и готово.

    Ама па мене и други прашања ми се наметнуваат. Зошто мора дете од 6 години да има фб, епа родителите му го направиле сигурно јас не му го направив, зошто мора дете од 10 години да има телефон на touch, зошто на истото тоа дете му е дозволено да гледа турски серии од сабајле до вечер (братучед ми има 7 години и му беше дозволено да гледа Долина на волците, епа незнам што има поучно во тоа). Мислам дека некогаш родителите сами си ги прават работите ама не негирам па дека има и деца кои, да ми простите на изразов се "изроди". Родителите им се супер луѓе, образовани, културни, ги воспитуваат најдобро што можат ама кога имаат дома "шупелка" што да прават тоа е.

    Се изнапишував и неможам да најдам дефиниција, впрочем не ни има. Мое мислење е дека треба голема контрола во денешно време. Абе ако треба секој ден ќе му правам тестови за дрога, ако треба ќе одам по него да видам што прави (доколку се сомневам во нешто), секој ден ќе дремам во школо кај него, ќе разговарам со класниот итн да не должам. Епа незнам ако некој го прави ова, дали детето ќе биде до толку пропалица.
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Еве ја мојата приказна:
    Имам само 15 години.Од скоро 14 год. почнав да правам нешта кои што не ми доликуваат.Дури ми е срам и да кажам што.Почнав да излегувам со многу постари и да бидам блиска со нив.А како се запознав со нив е друга приказна.Со некои во ноќни клубови,со некои на фб,со некои на интернет страници за запознавање,со машките што работеа во кампот каде што бев на летување,на железничка...
    Кушив штикли 15 цм,облеков тесни фармерки и деколте и отидов во дискотека.Таму се запознав со многу.Но никогаш повеке не се осмелив да одам во дискотека со штикли толку високи,сега носам само до 5 цм,не одам во дискотеки до доцна и не пијам алкохол,не носам деколте.
    Имав многу голема желба да купам високи штикли и мајка ми ми дозволи.Татко ми беше многу против,но кога мама ке каже нешто,така и е.
    Почнав да се уклучувам на интернет страници,минатото лето,давав број,моја слика и 25+ многу ме бендисаа па се договорив и за многу средби.Одев кај нив дома.
    Се освестив дури кога ме уценуваа дека ке покажат некое видео,ми бараа пари,јас не знаев кај да бегам,што да правам и тогаш се освестив.
    Исто така некаде во септември бев кај еден дечко дома и таму преспав во ист кревет со него (тоа беше луда вечер),а мајка ми полудела барајки ме,јас следниот ден си дојдов како ништо да не било,не знам со кој памет,ама затоа си изедов добар ќотек од татко ми.
    А летово во јули месец бев во Охрид во еден камп.Таму се запознав со двајца,едниот имаше 27,другиот 25 год. и тоа беше прекрасна летна авантура,но исто така и мн болна.
    На крајот кога почнаа да ме следат,да ми се закануваат ми дојде паметот.
    Девојчиња не го правете ова,бидејки лошо ви се пишува.Јас? Јас имам грижа на совест бидејки и мајка ми ја разболев,но назад нема.Не правете го и вие ова! Внимавајте!
     
    На WarriorAngel и kosmodiks им се допаѓа ова.
  20. teedybeear

    teedybeear Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    28
    Добро ние сме такви.Ама старите какви се? А и возрасните?Нема да зборам против никој бидејки јас не сум чиста,ама ни вие не зборете...