Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. s.t.a.r.s.h.i.n.e

    s.t.a.r.s.h.i.n.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    28
    што ќе речете за 12 годишно девојче кое секоја вечер „искача“ со 3 кила туш и пудра?????
     
  2. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    5.896
    хах па тоа е секојдневно...а што ќе речете за губење невиност на 12?
    оххо јас на 12 години со кал си играв...
     
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Јас имам подобро прашање: што ќе речете за родителите на тоа девојче?
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Тоа што младите се облекуваат провокативно, на превисоки штикли, со кило пудра е прво вина од родителите.
    Родителите им ги купуваат тие работи.
    Мајката не знае в продавница да рече: ќерко, не мислиш дека штикливе се превисоки?
    Не ги гледаат децата кога им излегуваат од дома и кога се прибираат какви се ? :x

    А, за жал има се повеќе девојчиња кои легнуваат за пари, па потоа си купуваат алишта и останато. :fubar:

    Врти, сучи, крајот не можеш да им го фатиш. :^)
    Ама, ако кога ќе загледам какви родители има, си велам, добро што децава испаднале и вакви. :$
     
  5. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Јас имам едно прашање - Од кого учат младите, да се потсетиме?! Сите што сте околу 30-ка ко мене и нагоре, само завртете се околу и на пример на работа бидете искрени и кажете колку фуфици гледате од минимум 27-28 години па до кај 35, кои што се преплашени дека ќе останат немажени и се поооолни со шминка и недолична облека за на работа на пр. Провоцираат се што е машко, провоцираат се што е женско. И знаете што е најтрагично? Што мажите коментираат па оваа кој знае кој се и го пикнал, зарем мисли дека ми е привлечна за секс колку и да е згодна, а не па за нешто повеќе? А таа сиромашката откако изгубила невиност голо машко не видела, само заради односот на ефтина, лесна дроља.

    Или пак се мажени со мажи кои од Х причини не ги задоволуваат нивните правила и норми, па на секој можен и неможен начин се обидуваат да најдат замена на кутриот човек, макар и полош од тој дома, само да сменат нешто бидејќи не е ИН да бидеш моногамен, многу е 20 век нели...

    Или оние мажи кои само коментираат за жени и се облакаат како девојчиња со марами и деколтеа и фармерките во чизми, и дотичните 13 годишни кога ќе пропарадираат пред нив се драпаат и коментираат дека се пи*ки и пол. И тоа не им дава на девојчињата кураж дека треба да покажат се што наследиле од фамилијата, се да си извадат на мегдан и да бидат по некои норми пи*ки и пол? Што воопшто значи тој израз, страшно е навредлив.

    Пушти што сакаш на интернет или телевизија, сите "згодни" цури се по горенаведениот пример, сите музички спотови се голи. Прошетајте по актуелните бутици каде што купуваат девојчињата, се е крш. Тренерки што се закопчуваат до под гради. Зошто?! И тоа на физичко ќе го носи да се тресе таму пред мажите? Изгледа да, така е забавно.

    И ние бевме младина од по 12 години, ама немавме до овој степен лошо влијание како што имаат денес. Дали родителите добро го скриваа тоа од нас, дали телевизијата беше поинаква, интернетот беше луксуз и бевме некако заштитени. Мајките ни бираа гардероба до 8-мо одделение што се вика, а и да сакавме да купиме провокативна облека, немаше. Исклучоци беа како денешните девојчиња, а не нормална глетка на улица. Ние ги заебавме младите што не ги заштитивме како нашите што не штитеа нас. Моја гледна точка, и размислување е ова.
     
    На mimiiiii, vinozito1, Daydream и 3 други им се допаѓа ова.
  6. AmericanGirl

    AmericanGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    денес на 12 год. се искача во сити мол и во град.абе ајде,со мини сукњичка и искочила девојката.Да неќеш да излезеш некаде,ти не си кул,нема да те дружат и ќе те исмејуваат.
     
  7. dust.in.the.wind

    dust.in.the.wind Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    10
    Интернетот ни е*а мајката that's what happened..
     
  8. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со elena.mak и точно е дека родителите и интернетот имаат најголемо влијание на младите. Јас кога бев осмо одделение го немав тој луксуз и уште си играв надвор на улица. Не се криви ни младиве до негде, зашто можеби и ние да сме растеле во такво време ќе сме биле такви како нив. На тие години нормално дека сеуште не се изградени личност со решителност, се влијае на нив, ранливи се и стануваат огледало на тоа што е околу нив. Само не секогаш и родителите се криви. Еве еден пример што го имам напишано во друг пост, кажува дека не секогаш родителите знаат што се случува со нивните деца.

     
  9. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    И јас спаѓам во денешнава младина и тоа во најкритичните тинејџерски возрасти како што вие ги опишувате. Барем мене, чудно ми доаѓа што читам волку критики. Факт е дека таквата младина постои, ама работата не е до толку, мислам... Барем сите околу мене не се такви. Добро да, има девојчиња кои уште од осмо/прва имаат секс и такви работи, но тие секогаш ги имало и ќе ги има, но не може да се каже дека само во денешно време тоа е така. И верувајте, воопшто не е убаво да се генерализира дека сите сме расипани. Нормално дека ќе ставам шминка, каква што ми личи на годините, ќе излезам со друштво па и до покасно и се тоа. Но, сите со кои се дружам имаат осет и знаат што прават. Па добро, имаат и дечковци - што е многу нормално, но не претеруваат и знаат која е границата. Можеби моето опкружување е такво и не можам да го сфатам тој револт кој се искажува за денешната младина од страна на членовите на темава. Јас младинава (или поточно тинејџерите со кои се дружам) ги сфаќам како модерни деца, кои се во тек со времето и модернизирањето, но сепак не претеруваат и ги знаат границите. Не гледам ништо лошо ако некој на пример на 15 години не си игра со кукли и со барбики, туку става малку шминка, има дечко на таа возраст, излегува и се дружи.
    Ама ај, можеби јас не сум сфатила нешто... !?
     
    На Tiki-lolipop и Inna5 им се допаѓа ова.
  10. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    сите сте во право. :) фала богу има исклучоци како мене :$ ама 90% од младината се расипани.
    јас, на пример, не излегувам секоја вечер, додека тие МОРА да излезат секоја вечер, неможат тие дома да седат, срамота е. |(
    потоа, за да си шема во градов и сите да е дружат мораш да имаш по 100 лајка на слика. (на некои и тоа им е малце, и ги бришат сликите со толку малку лајка |( )
    потоа, тие што не излегуваат немаат место во ниедно друштво. Не дека јас не излегувам, но МОРА да излегувам секоја вечер. |(
    под број еден, јас не можам, не сакам и нема од дома да ме пуштат да излегувам секоја вечер во град.
    Исто така, тие се премногу разгалени :tmi: и е срамота да ги прашаш твоите дома дали можеш да искочиш вечер. СРАМОТА! :tmi: Па тие имаат по 15-16 години, срамота е да ги прашуваат родителите дали можат да искочат. :^)
    истите мора да имаат поголем број на дечковци. ако нема дечко, не излегува од дома, го деактивира фејсбукот, го исклучуваат мобилниот, пошто е СРАМОТА на 16 години да нема дечко. ЕЈЈЈЈЈ :fubar:
    и така, секоја чест на исклучоците, ве љубам. :*
     
    На Dog-lover, Someonespecial и Daydream им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    ^ Среќна сум кога ќе видам дека постојат уште вакви млади девојки со одлични размислувања. :) Браво HollyWoodGirl. :clap: Сигурно и твоите родители имаат голем удел во ова твое размислување ама и до личноста е. Ако сака некој да направи глупост, ќе ја направи па макар и 24/7 да одат по него.
    Само држи до ова размислување и свиркај си. Ќе видиш за некоја година кого повеќе ќе почитуваат тебе или нив. Од искуство ти кажувам.

    И јас бев таква како тебе, се двоев секогаш кога ќе дојдеше ред за неубави работи. И искрено понекогаш се чувствував како црната овца. Ама сега затоа сите ме почитуваат, затоа што одамна имам покажано цврст карактер, и знаат многу добро дека неможе секој да си игра со мене. А тие што и тогаш си беа како ветре развигорче и ден денес не се ништо подобри и кој како ќе им каже така прават.

    Се разбира дека не живееме за луѓето околу нас и дека не треба да не' интересираат комшиски муабети, ама да не се лажеме, на сите ни е убаво кога отсекаде слушаме позитивни мислења за нашиот карактер, култура и воспитување. ;)
     
    На HollyWoodGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    DayDream, благодарам,благодарам. :D
    па така е. фејсбукот ми е полн со такви.
    Расипани пуфлиња. :D Незнам веќе како да ги наречам.
    Да, и јас си имам искуство со дволични пуфлиња :D и благодарение на тие оговарачки пуфлиња
    сега моментално :!: сум на страна и ќе оставам на нив да се освестат што направиле. Иначе, на моја возраст се, али како да не се. :D Всушност, јас имам 16, а они 4-5 годинки. :D Господе боже, и додека бевме во добри односи, она беше таа со највеќе дечковци, а јас бев сама(не ми пречи и нема да ми пречи, но сакам некој така убав,разумен :$ ) и се акаше од земја, зошто нема дечко. А, јас стоев на страна и бев: WTF, што е со неа? АПСОЛУТНА ПУФЛА. Во ист кош ги ставам и нејзините другарки(со кои до пред 2 месеци не се поднесуваше,а сега и се НАЈДОБРИ ДРУГАРКИ. А, јас, таа што беше секогаш со неа, сега сум на страна. Но, ако, подобро сама, отколку со тие. Од септември, ново школо,ново друштво. :)
    Криво ми е бидејќи за неа имав поинакво мислење. Се разочарав. Но,тоа е тоа, сигурно ќе си најдам некоја другарка слична со моиве мислења, а не ПУФЛА.
    Им симнувам капа на исклучоците. :clap:
    DayDream, голем поздрав до тебе. :*
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Во исклучоците спаѓам и јас ;) Да и јас излегувам со другарки и слушаме музика (не Цеца де ) смееме се ама се е со границите на нормалата. Ама не се сите такви. Имам многу примери од мојот град што сигурно некој ви се познати.
    * 11-12 годишни девојчиња чекаат Нова година со штикли 12ка, фустани газо да им се гледа (некои и намерно ги скратуваат), прстулци облечеле, шминка, на фризери закажувања, ПИВО, дечковци :tmi:
    * Девојчињата од 12 години пушат, на 2 дена нови дечковци имаат, се муваат каде и со кого стигнат, се опиваат, на школо шминкани одат и со цицките надвор . А дома родителите ги лажат изгледаат како светици дома
    * Некој од машките - чупани, со шишки, пеглат се фенират се сликат се
    * 10 годишно дете става статус на фб - Барам женска за озбилно :fubar: Абе мајка ти уште газо ти го брише
    * Се опијануваат, си пушат поседнале на клупите и редат цигариња едно по друго, навечер одат како нездрави по улиците и се дерат
    * Едно девојче има 12-3 години и има дечко и мувач од 18-9 !!! Аааа да и мајка и знае и и дозволува кај него да преспие неколку вечери :tmi:
    * Има едно девојче 14 години беше скренала малку татко и е полицаец едно време од школо ја чекаше и забрани да се дружи а за се ги обвини нејзините другарки што немаат дечковци ни слични работи, па она па пушеше и се муваше со кој стигне џабе татко и се и забрани, а нејзиниот постар брат е дрогираш и крадец. Сега е во сериозна врска со момче од 3 година средно аа да и татко и знае :x
    * На 13 години ја прават операција од циста бидејќи била во односи со 4 различни а невиност изгубила на 12!!
    * До 5 саато сабајле се седе на фб после до 2-3 на пладне се спие |(
    Браво за исклучоците :clap: На што личе толку мали деца сеуште а не личат ни на тинејџери та тетки личат со по 2 кила пудра. Одат по миничи со цицки раголени па онака била, вака било. Сепак и родителите се криви па татко ми да имаше пиво немаше да ме пуште да чекам Нова година. А овие 12 години мувач па и да преспива кај него со дозвола од мајка и значиии :fubar: Не е нормално ова што се случува. И од 11 години машките се запиваат на 1ви Мај 11 годишно дете со пола литар пиво во раката да фане да го затепа татко му :o Бог да чува. Ама децата од мали ги разгалуваат и не се воспатини. Чист пример ми се соседите плачело за да си игра со украсот па даделе му го и скршил се, нејќеало да јаде оде по улица моле го. Еден пример, имам помала сестра и друже се со едни помали деца од маалото и сабајле ние не доручкувани ја по пиџами дојдеа, најтрагично и што така си влегоа не ни тропнаа и не прашаа дали може да влезат и полегнаа на креветот. Баба ми местеше ја масата за доручок и едното од нив си седна и рече - Јас ќе јадам. Добро бе каде и културата и воспитувањето. Се знае прво кога се иде на гости и как отреба да се однесуваш. А за „големите“ каде е воспитувањето како треба да се зборува по улиците, од колку години се фака дечко и се пие алхохол ? И на колку години се губи невиност деновите ? Каде отиде светот . Браво пак за исклучоците ;)
     
  14. lana.del-rey

    lana.del-rey Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2013
    Пораки:
    690
    Допаѓања:
    1.300

    Браво за мислењево! Се согласувам со тебе,само за една работа не се согласувам,што има 12 годишно девојче цицки да покаже? ПА ГИ НЕМА :rofl: Имам другарче од клас шо мајкаму работи на гинекологија и кажува македонки,девојчиња 11 и 12 години трудни доаѓаат да абортираат АЛООООО :fubar: тоа е ненормална работа,и тој 19 годишниот што може да види во 12 годишно девојче бе? Па таа уште не е ни развиена,таа дали добила уште :o Ама знаеш како,денешните девојчиња од 12 години првпат кога ке добијат викаат: уффф не сум трудна хахаха :rofl: Како и да е,јас имам 17 години,и имам пишувано мислења дека имам отидено 3 пати во дискотека и тоа без штикли и помали од мене со штикли ме гледале со понижење,и имам штикли 1 пар што го имам облечено 2 пати и едвај сум издржала :D и да,дома сум најкасно до 12 :) Си знам до каде ми е границата ;)
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Да се согласувам Лана-Дел-Реј, тоа со 11 и 12 годишни што идат да абортираат мнооооогу ме зачуди, на што си мислиле :fubar: А знам еден случај каде девојче на 9 години има добиено :o 11-12 год. девојчиња што немаат цицки си ги имаат потпунките во прстулците :rofl: А на тие што почнале да им раснат ќе ги извадат колку што можат и ќе ги подигнат за да ги покажат, а уште колковите не и се оформени |( , а за непристојното облекување да не зборувам. Треба да се знае границата :!:
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Не се само девојчињата виновни .Машките се многу повиновни.Повеќето несакаат сериозни врски и затоа мета и се малолетни девојчиња.Прво затоа што девојчињата брзаат да пораснат.Женската психа е таква , од малечки сакаме принцови, дечиња..Сите на таа возраст, сме живееле како во бајка .
    Факт е дека пуберитетот кај девојчињата е побрз од порано.Ама годините се тие.

    Да не испадне дека секогаш сум против машќите ама од некои нивни постапки го преминуваат секое нормално однесување.
    Место на 30 години да размислуваат за семејство тие флертуваат со 15 годишни девојчиња.Кај им е паметот на ваквите машќи?Возрасни си играат со деца.
    Мерило за привлечност, за сексипилност,за машкост не се малолетни девојчиња.Така само ја покажувате вашата развратност.Да се упропасти нечиј живот кој само што почнал да цвета е психичко пореметување манјак.Запрашајте се, дали би дозволиле такво однесување со вашите најмили од женскиот пол.
    И самите ќе бидете родител на малолетно девојче.Контролирајте ги вашите болни нагони.Животот е дар од Бога.Треба да си животно да му го упропастиш некому.

    Девојчиња имате време да бидете принцези.Не се облекувајте провокативно, за да ве споредуваат со проститутки.Не пагајте на машќиот шарм. Чувајте си ја невиноста.Оставете машките да воздивнуваат за да спиете мирно и да растете....
    Се извинувам ако е навредливо ,ама тие деца на деца се направени од машки.За 11 години такви трауми.Кој е виновен?
     
    На mimiiiii и Barbie20 им се допаѓа ова.
  17. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Како не, сите. Кој колку има во главата. И мислам дека со ова е се кажано на темава, нема што понатаму да се везе.
    Нема повеќе авторитети, поточно не се почитуваат или се игнорираат, па не се чудете што се случува, не само со младината, туку и со се околу нас.
     
  18. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    До некаде се сложувам со vinozito1.
    Машките ги користат наивноста и неискуството на девојчињата за да ги освојат и притоа да добијат нешто повеќе.
    Но зошто животот на едно девојче,кое верувало дека тој е нејзиниот принц,да биде уништен?
    Зошто почнуваат нешто со девојчето,ако воопшто не се озбилни и не планираат ништо повеќе со нив,освен да ги излажат и искористат?

    Иако,има и случаи кога и самите девојчиња се виновни.Облекле минич,штикли,пијат,пушат и ги провоцираат машките.
    И тие се оние кои први им приоѓаат на машките и ги канат да излезат.
    Познавам 15 годишно девојче,кое има дечко.Со него ја изгуби невиноста,а пред некоја вечер ја видов како се мува со уште тројца во една вечер (од кои едниот има девојка).
    Но,тука важна улога има и домашното воспитување.
    Девојчево,има поддршка од мајка и за се што прави.
    Значи тука има улога и семејството,а и карактерот на девојчето.
    Има и исклучоци.И секоја чест.И ним,а и на родителите.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Колку може да има во главата 11 годишно девојче тоа верувам секое машко го знае .
    А детските фантазии се производ на еден здрав детски ум.
    За машките веќе не коментирам.
     
    На Barbie20 и Daydream им се допаѓа ова.
  20. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37

    Има деца на 11 години што му ја знаат и на ѓаволот опашката, а не пак да се обидеш да ги измамиш, второ, има деца кои учат, се образуваат и не ги интересираат овие работи, и трето, има лепојки како тие за кои се дискутира на темава а кои ти ги нарекуваш 11 годишни деца со фантазија. Мислиш убаво е да ги ставаме сите во ист кош? Така има и 30 годишници кои успешно се реализирале или се реализираат себе си, а има и 30 годишни дибеци кои врска немаат од животот а зјапаат во малолетнички, т.е во се што носи сукња.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.