Кај мене ги има такви колку ти душа сака, јас не излагам секоја вечер кога излагам се шетам низ маало или одам кај другарка да гледаме некој филм, па одам со другарки на игралиште играме фудбал,одбојка со помали од нас ( на игралиштето нема наши врснички сите се прават многу ''големи '' и ни се смеат игралиштето било за деца така ни викаат ) па седиме во двор кај некоја другарка... јас во 23 00 дома мора да сум , а некои помали 2-3 години од мене тогаш излагаат и ништо не ми фали убаво ми е, не ги сваќам, зошто сакаат толку брзо да пораснат ?? зоштоо ??
Родителите се криви за се'..зошто? Нели секој родител му посакува најдобро на детето,а за родителите во последно време НАЈДОБРО е да им се задоволуваат сите потреби и желби на нивните деца без разлика какви се последиците од тоа.Индиректно се расипуваат умните и воспитани деца,со цел да се вклопат во средината и тие се "принудени" да тргнат по лош пат (со исклучоци нормално) Гледам низ градовите шетаат навечер полицајци со родителите,демек да ги заштитат и следат децата. Ти пушти ја ќерка ти до 4 сабајле каков може да и биде ноќниот живот? Па тоа е дете бре,секако поради друштво ќе почне да пие,да пуши и што ли уште не,поради љубопитност.
Jас сум многу љубопитна,сум била и ќе бидам.Но,таа моја љубопитност си има некои граници.Неможам да бидам љубопитна за тоа како дејствува дрогата врз човекот,и од од таа причина да почнам да конзумирам дрога Пушам,и пијам кога ќе искочам,но со граници.Но,тоа не ме прави расипана.Си ја знам границата.Јас сум излегувала и кога сум била основно,но со осет.Моите со изговор дека сум девојче,ми забранувале многу работи.Тогаш се лутев,и не ми беше убаво кога сите останати остануваат плус пола саат од мене,а јас морав дома.Ако сум сакала да се вклопам во друштвото јас немаше да одам дома на време,и ќе се бунтував како секој неподнослив тинејџер.Ако сум сакала тогашните другари и другарки да ме тапкаат по рамо и да ми викаат ќе одев по казина,ќе пушев џоинти и незнам ти што таму. Спојлер Не дека имав такво друштво,но се наоѓаше некогаш некој издуван Во една претходна тема,кажав дека родителите имаат многу важна улога за тоа како нивното дете ќе се однесува со нив.Не е толку битно како они ќе не воспитаат,туку како ние ќе знаеме да го возвратиме тоа.Дали ќе бидеме искрени,или не?Дали ќе ги известуваме за се што правиме,или сепак не? Дали ќе ни значи нивната подршка,или сами сме си доволни? Тоа е она што има смисла,самото дете да се отвори и без страв да каже дека има проблем со било што. Родителите прават грешка со она нивното :aко те видам со цигара од јазик ќе ти ја изгорам,само ако те видам со пивото... Подобро седни го со убаво,кажи му дали тоа што мисли дека е модерно,е во исто време корисно за него.Какви последици ќе имаат цигарите,алкохолот,дрогата,крадењето,проституцијата.. Сепак,во денешно време се' повеќе млади се навлечени на цигари,пиење,разни видови дроги,секс(повеќето не ни знаат што е).Колку и да има едукација,они си го праат своето. Кога еден ден ќе бидам родител,ќе најдам начин да го воспитам моето дете за да има доверба во мене,без страв и предрасуди.Во исто време,на таков начин,ќе успее да заслужи да му се исполнат сите желби.
Ајде и јас да кажам некој збор.Нашата младина е катастрофа.Значи јас кога бев 7 одделение,ретко излегував,но секако најкасно до 10 или 11 часот,а овие што сега ќе бидат 7 одд излегуваат до 1 ,до 2 и тоа во барови,а пак да ги видиш на улица,нема сигурно да знаеш колку години имаат .И јас можам да кажам дека сум редок случај,да можеби излегувам јас ,но одам во парк со друштвото,си седиме си муабетиме,се шегуваме,тоа е.Што ќе правиш мори ти кога ќе имаш 20 години?? .Излези на улица,ќе ја видиш неа,со фустан,сета нашлакана,па дури и штикли од 10 cm,а таа нема појма како да оди боса,а не пак со штикли!Но, не е само тоа ,има девојчиња,па ајде и момчиња се расипуваат уште од мали,пушат цигари на 15 години,пијат алкохол,и што сега јаки сте?Јас воопшто не ја разбирам младинава,кога мајка ми ќе почне да ми раскажува како таа се забавувала кога била на мои години,значи и се дивам! Па каде отидоа оние времиња кога на никој не му беше гајле ,само игри играевме,ех времиња...!А сега,каде и да се оди,дали во бар или ресторан одма да се тагнат они,каде билее,лелеле каде била онаа,браво ма ,едноставно ме нервираат такви,уште малку фали да се тагне и кога оде по веце.Свашта !!! А мојава генерација,аауу да не зборувам. Ќе се сретнеме некаде со другарките,и две веднаш почнуваат: Едната: леле вчера чаршав се направив,толко бев пијана,што на ништо не се сеќавам Другата:ств?И што се случи? И ќе почне да и раскажува што правела додека била" пијана" хахаха,мене не ми стои дека ти си била пијана.Ама тие се гордеат со тоаа,епа многу јако! Погоре прочитав,некој напишал дека и родителите се криви.Да можеби се криви,но тие понекогаш и не знаат што прават нивните деца,ги лажат,се кријат од нив..........
Најмногу во темава што прочитав и што ме изритира како сите вие (на таа возраст што сте) само за другите пишувате,никој за себе не напишал ни збор.Сите други се катастрофа или не знам што уште.Браво за вас. Еве јас ке кажам за мене.Без срам ке кажам.И јас сум дел од таа денешна младина и јас малку поткривнувам.Лошо е знам.Ама барем си признавам.
Јас имам 13 години,ама воопшто несум како некои тринаестогодишни девојчиња...Вистина и јас умеам да кажам нешто не соодветно за моите години,оти нели во тој период сум...но да се шминкам,ова она..па слики на фб со тие пози..не тоа едноставно не е мој стил...
Пред 20 години http://www.youtube.com/watch?v=_x3_srC31l0 Денес http://www.youtube.com/watch?v=jF_Xj0vfTPI И така...
imelda малце ке те корегирам добронамерно пред 20 год (кога бев дете ) ... http://www.youtube.com/watch?v=ps8TNYbZLlg http://www.youtube.com/watch?v=X2hsF6wDMMA и сега http://www.youtube.com/watch?v=EeFZB5VmO6I
Немам коментар за 13-14-15-16 години. Катастрофа жива. Но морам да ја критикувам и мојата генерација па и постари. Холивуд филм со туш до веѓите,трепки долги до носот,портокалови во лицето со линија на крајот на цртите на лицето кај брадата, црвен кармин оплескан и над усните за нели устата поголема да биде,погодна за орално задовоство. Минич до пич или евентуално хеланки напикани во г'зот надополнети со штикла 125ка со некои циркони на неа. Деколте до папукот,фризура за на свадба (торти на глава закачиле). А најврв се нивните фејсбук фотографии. Часовникот од којзнае кој пазар со клучевите од БМВто на татко им,кафе од кафематот и цигар од оние текните Слимс демек дама е а се гуши на секој дим.Сликани нозете прекрстени со некое кафе во раката и за нив е животот. Идемо до "мажите". Само што положил за кола и ајде на татко му количето го фура низ град којзнае кој цар е. Адидас патичиња,фармерки од Спорт М, блузиче од којзнае кој дел на Њујорк и фризурата петел,фраер на годината. Ќе дојде пијачка ќе сака да те части и целта е постигната,за гз ќе те фане вечерта (или барем во неговите приказни после тоа). Нивните слики на фејсбук се уште подобри. Сликано во најдобриот ресторан во градот или кафич,кафињата,клучеви од кола,ајфон универзум (поголем од масата),цигари во пепелникот и малку подвиткана ногата под масата за да се гледаат трите линии на адидасот или чекираниот најк. Добро,конечно се истурив некаде за ова. Претераа со гледање филмови,Холивуд живот. Збеснаа по тумороуленд и мали и големи. Зошто беее? Виде на фејсбук сите објавиле па ајде и ти да скренуеш по журката таму. Убаво е таму да, ама не да се потресуам апчиња да пијам и да ги следам шо прават таму,немам попаметна работа. Одвај 13 имаат се трескаат од земја за на Ријана пафкањето и за на тумороуленд журката. Се занесов пак. Ајде чао.
Ма денес се е фешн шоу. На 13-14 години се замараат како ке се облечат за на школо, за шетање, за во кафичи, какви штикли ке стават како ке се нашминкаат.И нормално мора да се сликаат за на фејсбук. Облеката и изгледот почнаа да одлучуваат какви луѓе сме. Се шири глупавоста, неморалот но битно убаво да сме облечени и секој викенд по дискотеки и кафичи да сме. Од моја (тинејџерска) гледна точка најголеми виновници се технологијата, интернетот и социјалните мрежи...
Немора да значи дека сите 13,14,15,16 годишни девојки се вакви какви што ги опишувате. Не викам дека нема такви, ама не се сите исти. Јас со тие што се дружам никогаш не ни помислеле да облечат воопшто штикли, а не па на овие години. За шминкањето признавам дека некои девојчиња стварно немаат потреба од толку шминка на нивното лице и изгледаат поубаво природно. На фејсбук не ни ставам слики од мене, не ни имам потреба да ме гледаат луѓето на фејсбук, си ги имам за пријатели само тие што ги знам и со тие што си комуницирам нон-стоп. За облека, на 13години почнуваат да се замараат бидејќи ги фаќа пубертетот, и многу е нормално тоа, затоа што искрено и сите ние сме сакале нова облека во почетокот на пубертетот, нов стил. А за тоа по кафичи и дискотеки искачање, искрено мене ми е глупост. Ќе се качиш на штикли, ќе те меркаат машки ко да си некоја дроља, се извинувам за изразов, и на крај ќе се смувате со некој и ќе си отидете дома и ќе објаснувате на сите колку луууудо сте си поминале. Смешки. Најубаво ќе си поминеш со тие што ти се добри другари и другарки, со друштво, во парк, во населба, да си се подружите, да играте карти во двор, да си поминете убаво, а не да се начукувате секоја втора вечер. Исто така, колку се повеќе глупи луѓе запознавам ми доаѓа да се убијам. Многу ми се смешни и дечињава што живеат во стил јанг вајлд енд фри хахаха. Демек се им е опуштено, прават што сакаат, најбољи сте бравоо. А за нивниот тип на музика,Ники Минаж,Ријана,Лејди Гага, немам коментар, али сепак секој си има право да слуша што сака. Не сакам да навлегувам. Убаво ми дојде што се испразнив,затоа што преку глава ми е од сите исфолирани типки и типци.
Точно е тоа дека не се сите исти. Јас погоре се изјаснив многу убаво за моја генерација луѓе. Но повеќето се такви и секоја чест на тие што се двојат.
За генерацијата наша сосем си во право само заборави да го пишеш и објавувањето слики од местото на настанот-она во живо знаеш,одма да пише под сликата дека е од мобилен објавено И да наочарите за сонце они се застапени и кај машки и кај женски, само кај овие вториве се носат и на дожд
Еј да, сум заборавила тоа да го пишам, ама верувај многу работи сум заборавила, не си свесна колку бев нервозна кога го пишував тоа. Се испукав на таа тема некаде и сега сум мирна глава
Mожете вие многу повеќе од она што ние постарите го гледаме. Потребно е човек да верува во вас, да ви се приближи, да ве натера да си го отворите срцето. Дури тогаш ќе свати дека и вие имате свои желби , соништа, кои не се за потценување. Само за едно можам да ви замерам.ТРЕБА ДА БИДЕТЕ ПОВЕЌЕ УПОРНИ ЗА ДА СТИГНЕТЕ ДО ЦЕЛТА Најмалата пречка не е причина да се откажете или да скршнете од патот.Едноставно е . Одстранете ја и продолжете.Не веднете ја главата затоа што сте сиромашни.Не носите скапа облека. Немате кола.Не го шетате светот.Тоа не значи дека не вредите, баш напротив.Кога човек сам ќе се избори за својата среќа, сам ќе се пробие низ животот ќе дознае колку всушност вреди.
Добро ај и јас да се опишам Цело лето сум со дечко ми, знам да излезам со другарка на едно кафе. Имам само 2 другарки затоа што само тие сум ги осетила како вистински,од мали сме заедно. Шминка немам ставено освен ако не сум на некоја прослава (ако шминкање е маскара сјај и мааалку туш, без пудро или кармин). Косата ми е обично врзана во немирно пунџиче пошто ми е мноогу долга и густа па затоа неможам да ја носам пуштена на горештиниве. Од накит носам само тоа што ми го купија на матурската, обетки бело злато, ланче бело злато и 2 прстенчиња едното златно а другото бело злато. Богата сум, имам пари но го мразам тој факт затоа што каде и да се појавам јас сум таа со парите и тоа што имам пари лесен ми е животот, да како не На пример да би бирала дали би била богата или не, јас би одбрала не,ама за жал никој не ме прашал Штикли исто така само носам за некои прослави и свечености но никогаш превисоки штикли освен оние што ги носев за матурската и ги соблеков после сликањето. Го немам изневерено дечко ми а ни тој мене, имам прекрасна врска и ја почитувам. Срамежлива сум, но кога ќе ме запознаеш подобро ќе видиш дека сум многу зборлива,брза на уста и без влакна на јазикот. Слушам хип хоп најмногу и таков ми е стилот и се гордеам со тоа Ми фали само едно капче од Шанел и ќе бидам најсреќна. Знам да се облекувам и модерно но никогаш не сум нападна,најмногу од се сакам да изгледам како мало слатко девојче