Ааааа, Ариела, те молам, не ми го рчкај Холивуд. Тоа што си го напишала, е вистина, те подржувам и тоа многу, али однесувањето на денешната младина не е Холивуд тоа е фолирање, дигање и глупирање. Каква тумороуланд, тие само се дигаат, во стил: Ние си го живееме животот, young and wild and free. Тие се далеку од Холивуд. Тие не расмислуваат за иднината, си го живеат животот бе, доволно се големи за да си го живеат животот. Холивуд е за талентирани, а не за денешнава младина. А, сум анти денешнава младина. Значи, не се фолирам,дигам,фалам и не ја објавувам факинг секоја слика на фб. Не носам минич(никогаш не сум облекла, бидејќи ми личи ептен кур*ински). Добро и јас знам да се дотерам, ама кога ќе се дотерам тоа е, дискретно и личи на нешто. Додека овие се китат. Не ме занима многу, многу фб, не си ја акам главата во ѕид ако немам дечко... Лесно почнувам комуникација и од тие со кои комуницирам сакам да бидат нешто слични на мене. Да имаме исти разбирања, убав поглед кон иднината... Ииии, не пушам често. Спојлер Така од време на време, но никогаш не сум се сликала со цигара. И така, ве љубам.
https://fbcdn-sphotos-d-a.akamaihd.net/ ... 4298_n.jpg Еве форумџики да се посмееме малце за стилот на деца јанг вајлд фри
^ Трагично е ова. Колку сами млади животи се уништиле поради олабавување на „синџирите“ од страна на родителите. Колку новопечени возачи не го почитуваат правилото според кое не смеат да возат од 23 до 5 часот; згора на тоа возат под дејство на алкохол. Колку татини синови и ќерки беснеат по градските улици (оваа фаза обично и трае и во дваесетите на таквите) зашто штотуку положиле и мораат да се испувкаат пред друштвото со колата на тато. Има и такви што не им се чека, па и без возачка возат (сум била сведок; дури не сум сигурна дали и сега дечково има возачка, а редовно ја позајмува колата од татко му). Тука родителите се криви, не децата. Тие се само деца кои сосила се тераат да пораснат и да созреат. Девојчињата... некоја нова мода ова.
Ете и јас сум дел од таа денешна младина, и јас знам да кажам нешто што не треба, да им се развикам дома на моите зашто сум се скарала со лицемерни другарки, иако они воопшто не се криви, и за најмала ситница да се затворам во соба и цела вечер кога ќе ми речат нешто да им се развикам.Имам пиено алкохол,да,моите дома секако ништо не знаат, ама никогаш не сум отишла до тој степен да незнам да се контролирам и да правам глупости, да ги срамотам моите дома.Тоа не ме прави расипана. За разлика од врсничките мои, што за забави(ептен јаки, ќе се соберат 5-6 души и одма на фб следи парти хард статус) ќе се опнат на штикли и миничи, јас немам ни минич у плакар, ни штикли сум купила.Повеќето од другарките имаат излез до покасно, јас до 11 , 11 15 најкасно морам да бидам дома,инаку можам да си се збогувам со излегување следните неколку дена.Од дискотека ни д не сум видела, тоа од средно (а и тогаш дали ќе ме пуштат ). Од моево школ, девојче што е 4то одд пишала статус "зошто да се шминкам кога машките ќе ме гледаат у гз?" Мајкатааааа, многу паметна бе ти. Да не ги заборавам и шестооделенките, сликани со на мама штиклите у сред кујна напрчила нога на стол мислиш у студио е. Родителните и не се толку криви, не знаат што правиме.Навечер ќе искочиме и одма на "тајно место", цигари да пушат.Мноогу пати ме понудиле, не сум пробала, може еднаш и да пробам чисто од љубопитност, ама секоја вечер на 13-14 год цигари да пушиш? Едни се кријат, другите викаат аа па мене мама ми дава.. I don't wanna live on this planet anymore.Не сум и јас дете за пример, ама никогаш не сум дозволила моите да приметат ако имам некој проблем, ако можам сама ќе си решам, ако не јебига.Имав и ноќи кога ќе се затворам у соба и ќе се сечам со жилети, ама никогаш не сум пишала статус на фб од типот "сакаам да умраааам " и "мене никој не ме сакаа".Низ тоа фала богу си поминав сама, со помош од другарка.Ама не заборавајте дека нашата генерација сте ја одгледале ВИЕ, ПОСТАРИТЕ и прекрасни деца.
Навистина се сложувам целосно со тебе млада дамо,и баш сакав да те пофалам затоа што си една од ретките. Но ме предомисли болдираново твое. Сепак мислам дека родителите не се до толку криви колку што ги обвинуваме. Криво е времето. Крив е интернетот најпрво и едноставно подобрената сегашност. Порано имало дисциплина, сега нема. Родителите наши да не не се обидуваат најмногу што можат? Сега, секако дека има грешка во родителот, не викам не, но сепак не е се до нив.
Неможам да се изначудам на денешнава младина...ужас. Ако 13 годишно девојче нема штикли плаче по дома бидејки се смета за заостанато. Добро ајде нека облечат штикли, ама пониско нека е. А не на 16ка и плус тенки. Што се вика само што се научила да оди и се качила на штикли, така му доаѓа некако. Па што незнаат на одат на штиклите тоа е друго, плус облекле минич задникот им се гледа што се вика... За мувачи и дечковци да не зборувам, рушат рекорди. Па што е најтрагично и вени сечат, се утепуваа плачејки ако се скарат со дечкото или мувачот и сето тоа е објавено на фејсбук сите да видат.
Денешнава младина,реално- катастрофа!! Се сложувам тоа со напредокот на технологијата се менуваат и децата,не е во ред да им ускратиш било што , мислам 21 век сме но сепак во голема мера влијае родителот. Денешните родители му купиле на детето се што е потребно и што? Ќе се затвори во соба цел ден да игра игри,виси на фб,гледа порничи наместо да се дружи со неговите врсници. Недостиг на комуникација,родителска љубов мислам ова е најважното. Проблемот е што не се комуницира со децата,не се искористуваат сите благодети кои ги носи мајчинството,да се ужива во миговите поминати со нивното дете. Само едно хармонично семејство може да изгради стабилна личност која и ќе научи да ги цени вистинските вредности и ќе има доволно самосвест да не тргне по лош пат. Ова го пишувам револтирана од начинот на кој денешните родители ги одгледуваат своите деца. Кај мене на улица хаос,викања по децата со погрни зборови од родители,недоволна кумуникација,преголема слобода и резултатот е видлив. Убаво викаше мојата мила професорка сите можат да имааат дете но само мал дел од нив можат да бидат родители,процентот е загрижувачки на тие кои успеале детето да го изнесат на прав пат,родителите се учители на децата,што уште еднаш потврдува дека тие се клучниот фактор за здрава и стабилна личност!!
денешнава младина....некои знаат шо сакат некои незнаат.. порано у времето на социјализмот младите немале услови,ниту сити молови ко денес ни компјутери ни други модерни сваштари,а сепак биле исполнети и нивната дружба била поинаква.Сепак можам да кажам и поискрена додека сега секој гледа интерес да извлече и злоба на другарчето да му напраи.....
Денешната младина е производ на некогашната и не се однесува ништо полошо од вторава. Единствено околностите се различни. Помалце серење, а повеќе дејствување и работење на проблемите.
Еве и јас сум дел од младината. Да ќе си признаам не сум најдобра имам потфрлувано неколку пати, но во спореба со некои големи моми јас сум дете за пример хаха Инаку мислам дека не е вината во родителите добро точно тие го позајмуваат автомобилот и им купуваат на мали деца глупости, но ниеден родител не сака детето да му го викаат заостанато нели? Еве на пример мене секогаш ме воспитувале да бидам мирна, да не правам глупости, да не навредувам никој, да не пијам, да не пушам... Но јас си терав по мое, на 14 години ја пробав првата цигара и тоа по моја желба продолжив да пушам се додека мајка ми не ми ги најде цигаритее потоа не пушев и сеа палам само по едно- две во неделата, почнав да се дружам со расипани деца но моите другарки ми ги отворија очите, имам пробано алкохол и да пијам кога се собираме со друштвото (но никогаш не се опивам, само еднаш) и да се карам со родителите а најчесто со мајка ми. Има денови кога не им прозборувам ни збор на никој од дома а кога излегувам одиме со друштвото на места на кои никој не не гледа и се глупираме и зборам како навиена. Повеќето од она што го правам надвор од дома родителите не знаат бидејќи има работи кои не ми ги дозволиле а јас сум ги направила Но, во училиштето учам и сум примерна бидејќи сакам да ги остварам моите цели добро де често се карав со наставниците но сепак бев одлична... Поентата ми беше да кажам дека родителите воопшто не ни знаат за некои работи кои ги прават нивните деца и не се виновни за тоа Позз
Ги читам мислењава,и си велам аман бре,сите ние многу убаво знаеме `Денешната младина-катастрофа`,`Денешните родители-лоши`,`Интернетот и технологијата се виновни` итн.Па зошто не се обидете да сменете нешто? Мислите дека неможете? Аве луѓе,се се може ако се има добра воља и цврст став.Зошто не направите тема,да се организирате да направите некое здружение,па изнесувајте си креативни идеи,правете проекти,за да ја развиете свеста малку од малку. И јас имам дома мал брат,кој чинам цел живот ќе си остане глуп,неписмен и мета на `попаметниите` што ќе го зафркаваат,ама за тоа освен општеството се виновни и моите родители.Се трудам јас да му помогнам да созрее,ама ако родителите постојано велат `нека,мал е`,што можам? Треба една масовност,да им ја поттикнеме свеста на другите родители...
Цело ова ти е добра идеја но да бидеме реални,ова е Македонија и ние сме Македонци. Ретки се оние кои ќе се нафатат на исполнување на оваа идеја. Не е ова како на филмовите мјузикли што пеат се трудат невини се и на крај сите ги поддржуваат и се е во ред. Ова е Македонија.
Скопје е мал град,еден слушнал друг не дослушнал и 80%од девојките во Скопје за некој се курви,мажите се депилираат ,се чупааат.Незнам како и да ја наречам младинава да и јас сум тука имам 18 Години .Живеам во населба каде што нема некој што нема пробано марихуана,каде што нема девојка која се нема лапано со 3-4 него со повеќе.Не се родителите криви едноставно они не можат да го контролираат детето надвор,ако некоја сака да се е*е ,да се дрогира и да пие,ке го направи тоа и они нема никогаш да дознаат.Ако они не се свесни за последиците,и ред други работи никој неможе да ги спречи..Имам добра другарка која што на 17 години абортираше ,имам другки кој се доргираат секој викенд.Ако некоја не сака да пие и ако не сака да се дрогрра никој нема да ја натера со сила.Многу девојки во Скопјево се Спонзоруши за тоа што дома мајка и и набила комплекси дека она мора да земе богат маж.и дека он мора да има кола работа и стан.Живееме во град каде што многу ддеца се прават богаташи,а дома се тепаат за 100 ден ,таквите можам да ги жалам.Сега ке бидам 4та средно да секогаш сум нашминкана и елегантно облечена во споредба со мој соученички кој морааат да носат хеланки и танга и 5 кг пудра.Не сакам да искачам по дискотеки од тој тип на малолетнички од по 13 години на прв поглет мислиш дека имаат 23 а незнаат два реда муабет да напраат..Да се согласувам еднаш живееме ама тоа не дава право дека треба да се ебеме со 10мажи во годината...КАКО ШТО ИДАТ ГЕНЕРАЦИИВЕ СВЕ Е ПОЛОШО
лично јас сум многу разочарана од малдинава никој незнае што прави кај оди со кого оди се им е испомешано само гледаат на некој да му превземат нешто злобни алчни барем ја така ги гледам ови што ги познвам што ми се во близина вчера имаше една случка бевме излзени ја со другрките и другрка ми сестра и ја имаше земно со уште две другарки а ти имаат 17 години леле што правеа пијанчење играње кршење како на шипка па ги тегнеа некои машки им играа нив се глупираа едната што беше пијана падана после ичрајчи главта ја удри на пултото ги падна пијачките катастрофа исто и вград кога излгаме појше помали од нас има истото и тие го прават!значи младинва очајна за чутек е!
Па најискрено не ме нервира толку што се забегани и напредни,туку дека во исто време самите се*ат каква е младината,оваа ку*ва овој педер,па ставаат статуси „е во наше време не беше така“ а тоа детето нема ни 13-14 години...кое твое време бе Аристотел? Нели е смешно? Нема сега да кажувам како било подобро во времето на баба ми кога сите биле на улица наместо на фб,пошто оптеството иде напред,се иде напред па и ние мораме да се прилагодуваме,ако толку сакаат да се врати тоа време што не се шетаат по долги суќни и со шамии,што не деактивираат фб,што не отидат ластик да играат бре? Ајде баш да видам. Факт е дека мора да се прилагодуваме на тоа што е сега. Ама проблемот е што некои не знаат како... да се прилагодиш душо, не значи да се рокаш со 10 дневно и да глумиш лудило. Па се се прави со мерка Само што,некои луѓе не знаат... Ама отсекогаш било така,и пред двеста години имало ку*вичиња,можда пиеле чај од шафран и во носии се облекувале ама сеедно им влагал. И што,ако не носеле миничи не се курви? А денеска ако носат миничи,ку*ви се? Јака логика,ујј... Начинот на облекување и шминката на девојчињата скроз ги оправдувам,па и јас самата така правам...зошто? Па како прво,зошто подобро ќе те прифатат така. И пред да ме изгњави некоја калуѓерка со тоа дека „секогаш треба да те сакаат онаков каков што си“ нека се сети колку пати тоа го имала напишано на статус,па искочила и му се смеела на дете со безимени патики од пазар. И да,после таа е супер,чесна. Ќе пишат некоја поука на статус па ќе отидат да се дупат за кредит да им ставаат и супер се бе. А некоја цицки на една слика што извадила и што не пишува бисери на мудроста ку*ва. Кур*ва е девојка што се рока со кој стигне па глуми поштење,проститутка е девојка која се рока за пари. И каде тука спаѓа девојче со поголеми гради или со многу машки пријатели? Тоа највеќе нервира,што тие што глумат најпоштени се всушност најлоши... Друго што ме нервира е што сите мислат со ист мозок,и тоа туѓ. Чив е,не знам ама алал му вера што за*ба толку генерации. Во мода се америка купачи,јеј ајде сите америка купачи,во мода е your boyfriend's t-shirt јеј,ајде сите тоа да го купиме...па и едни најселски бркови носеа на прстени и на ланчиња и на не знам што. Да даде господ да им се отпараат ресите на купачите,ама на сите.