Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Контрадикторна си сама на себе и не ти се во ред сите ставови. Но, на некој начин признаваш дека повеќето не се чисти за да зборуваат, затоа подобро и ти да си премолчеше.
     
    На NikolinaaKirilovska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mil4ence

    mil4ence Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    173
    Кратка дефиниција за денешната младина:
    -Почнуваат да се муваат од 10, а најкасно 13 години. :x
     
  3. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.559
    Пол:
    Женски
    Јас имам нешто по бајааги да кажам на драгава неписмена младина ! ( секоја чест на исклучоци )

    Да почнам прво од вашите родители коишто немајќи време од тоа да ви го удоволуваат секој хир и сл ваши глупости , ве направиле деришта невоспитани до немај каде ! Заборавиле изгледа да ви објаснат за општа култура , а кои и патем изгледа ни самите не ја знаат па си дозволуваат да ве научат да исмејавате , јадете трици и сл . епа вака

    Реален пример 1 - Една жена натоварена пред мене со кеси триста чуда со неа , и се слошува и жената падна , а пред неа деришта со макс 15-16 год си се измочаа од смеење ! Никој со прст не мрдна да и помогне . Солидарност ? Тоа за вас не постои постои фраерското изнасмеј се помочај гаќи ако треба , а нема везе што пред тебе некој може и да умира ! Така треба нели ? Ама ако се се враќа се се плаќа , поарно и да не ги најде !

    Реален пример 2 - Во моја близина има средно школо па удоволените пилиштари што не чуле за градски превози и сл , си се возат со мотори . Се ќе беше во ред додека ги користат коловозните ленти за тоа , ама не за нив изгледа се специјално наменети тротоарите ! Да си знаете не се за пешаци , за мотори се , скраја да е да поодат тие малце , ќе им се скршат стаклените ноџиња . Едно такво неписмено пилиштарче згази една моја комшика , жена во доцна старост , неговото оправдание ? Не му се чекало на господинот старката се влечкала по улица , а него го чекале на кафе , и решил на кој било начин да ја претица ! Жената заврши во болница со скршена нога. Пази кафето да не му избега...

    Реален пример 3 - Во едно од нашите познати кафулиња , кадешто се прават и журки навечер ,не застанаа со другар на врата не не пуштаат да влеземе затоа што бил геј ! Епа молим лепо јебо те глупото општество ! Секој има право на свој избор и на јавно место може да влезе секој , ама на драгите организатори (по 20 и некоја год ) им засмета тоа што бил тој хомосексуалец , наводно на другите гости ќе им засметало и ќе го напуштеле локалот ! Епа ние двајца го напуштивме . А тој пустиот нит на некој нешо му прави ни му збори ! Како прво што има некој да суди за туѓиот живот ? А не се ни виделе самите какви се а ни својот живот не го средиле ! Никој на никого не треба да суди ! Барем јас колку што знам не сме во четрстурско па да е табу стилот на облекување и сексуалната ориентација , не викам не постарите генерации се растени во друго време , ама ние сме во 21 век !

    Со ваква младина не ни очекувам да иде нашево општество понапред ! Некои навики треба да се искоренат ! И очигледно треба да воведат предмет Култура во школиве колку толку да се научат дериштава на нешто !

    П.С. да родителите се криви што не обрнале внимание и не посветиле малку време да ги воспитаат дериштвава никој друг! Мислат ако дома им е дозволено се и свашта така може и надвор ! Епа не може !
     
    На Silver.E и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. peggybllu

    peggybllu Активен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    se slozuvam so tebe i sakav da dodadam imam bratucedi koi se 8 oddeleniei mi kazuvaa grdi raboti od koi na sred chas gledaat pronici i pcujat a da ne spomnuvam nepocituvanje na nastavnik i pogrdi zborovi sprema nego kako i pcuenje.. GOLEMITE zenski da gi narecam 7 odd neznaat uste gaz.t da si go zibrisat sakale vo grad da setaat i da se muvaat , seto ova mene mi e mn cudno a i strav me faka dete od 5 godini znae veke da sedi na pc nie ne sme znaele sto e toa kompjuter vo nase vreme se igrase lastik, zmurka pravevme jadenja od kal i trevki a sega?? glavna preokupacija im se momcite jas neznam kade brzaat i posle nema abortusi da pravat dzabe e i seksualno obrazovanie da vovedat oni poveke od nas znaat sea zalno no vistinito i da za se se krivi roditelite neredovna kontrola vo skolo i ne im se zamaraat mnogu so toa sto decata dobivaat pogolema sloboda , a i vospitanieto i kulturata im e na mnooogu nisko nivo sramota premnogu brzo se smeni mladinava koja ne ide napred tuku unazaduva
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Кога се чудам зошто младинава ни е катастрофална, се потсетувам на вакви случки:

    Бевме на гости и доаѓаат две деца, тинејџерка со помало братче, со родителите и бабата.
    Тинејџеркава облечена синкир за во дискотека, со градите стегнати напред, едно кратко, припиено
    (курвинско)
    фустанче, ставила толку пудра, ја мислиш некоја 27-28 годишна е. И секако, штикла 12ка.
    Јас покрај неа се осеќав како некое детенце.
    Како не им е срам на родителиве да ја земаат вака облечена? И како воопшто им купуваат вакви алишта?
    Целата препотентна, еден збор асален не знае да го каже, па уште пиво ќе пиела.
    А, детево кога стана, цела куќа ја опреврти, се дери, пишти, ја мава тупаници на баба му (таа му вика: немој бабе, усрамена целата). Абе како не станаа родителите да го опоменат, приберат на маса.
    Мажот се запил, жената со цигарето в рака дрн-дрн си оговара. Мува не ги лази.

    И после каква да е младинава? Какви да се овие деца кога до родителите, на гости се однесуваат вака. Надвор сигурно нема да се добри, ами сигурно многу полоши. :x :x :x
     
    На Anne.B, eliesaab и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. SwiFtiE-7330

    SwiFtiE-7330 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Денешнава младина покатастрофална не може да биде. Од 12 години се почнува со мување, со пушење цигари, со пиење...Да се опијанат и да се измуваат му е нешто најважно. И не е само тоа, култура никаква немаат. Почит кон постар, ич. :| И јас спаѓам во младинава, втора година сум средно и никои од овие работи ги немам направено. Се случило да се напијам алкохол 2-3 голтки само и тоа на некои посебни моменти (и то не којзнае што), но да се пијанам? - не иди во предвид. Цигари не ни планирам да пушам некогаш. Не дека се фалам сега, туку така сум воспитана. Познавам едно мало дете, околу 4 години, не знаете колку е невоспитано. Без срам ќе дојди и ќе те мавни, па згора на се пцуја дури повеќе и од возрасен човек. Секоја втора реченица му е пцуење. |( Не знам само дома неговите што му велат, она дете не е воопшто воспитувано. :?: Такво време дојде, што се нема да се направи само за да се покажеш пред другите...
     
    На Dream-Girl и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Виновни и тоа како се виновни!!! :!:

    Ќе речеш зошто?

    Па како тие како родители не водат доволна контрола врз детето како му дозволуваат да успее да сокрие нешто од нив.
    Па подобро детето да биде „црна овца“ - да седи дома и да не скита под 18 год. по цели вечери по дискотеки и разни други места кои не се соодветни за детето отколку да се изгради како лоша личност со пороци (цигари, алкохол), па потоа да биде доцна па и родителите да си ја чукаат главата.

    На што личи деца под 18 години во доцните часови да не се прибрани дома да скитаат,а родителите ни малку да ни си ја чукнат главата во ѕид. Не е за џабе детето под 18 години МАЛОЛЕТНО - тоа значи дека сеуште е детето мало за да прави што сака без дозвола од родителите.

    Јас имам 15 год. и ќе полнам уште малку 16, па никогаш не сум излегла навечер со друштво да скитам. Како прво не сум ни им рекла на моите родители да ме пуштат да излегувам (петок, сабота) навечер со друштво, знам и свесна сум дека не ми доликува такво нешто, со 15 год. јас ноќе да ги мерам улиците. На што ќе личам ако го направам тоа. :!:

    А бидејќи сум самата свесна дека не е нормално малолетни да скитаат ноќе со друштво, затоа просто им се чудам на нивните родители како можат да им го дозволуваат тоа.

    Па после каква ли младина да очекуваме, бе луѓе. :x
     
    На Someonespecial, LittlePinky, QueenElena и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Доколку сакаат малолетниве да шетаат, прво законот им кажува до колку им е дозволено.
    Ама, кај нас тоа никој не го почитува.

    Е, сега тука криви се самите деца што не знаат за граѓанска одговорност кон некој закон, родителите кои не им е гајле кај им се децата, и самите кафичи, дискотеки, на кои им одговара да си прават промет.

    Каде е тука инспекцијата? Демек не знаат каде има малолетни?

    Нека шетаат и тие, но да се знае точно до колку им е дозволено. А, не, ние од 25-30 години пред нив се прибираме дома, тие остануваат. Уствари, нивниот ноќен живот е една цела приказна, или тема да се отвори...но во еден збор: катастрофи...
     
  9. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Хаха, мене пак од дома ми велат, дај излези... дружи се. А јас пак, ќе си се сместам в кревет со плишано ќебе, книга во раце и слушалки в уши :angel: Вака го дефинирам рајот. Па уште чај кога ќе си сварам, мхм, мхм.
    Всушност да бидеш црна овца е многу потешко, особено со полни 16 години. Вака лежерно да се напише на форум.. не што не менува ништо, туку и не кажува ништо!
    Кога 99% (не, не претерувам) од генерацијата пуше, пие, излегува секој викенд, се ,мува со кој стигне и не се враќа дома до 3-4 сабајле, ние што не го правиме тоа сме - црни овци. И сите те гледаат чудно. И такви околности создаваш. И се' е поврзано!
    Немаш пријатели, дека не излегуваш.. уствари ти може да излезеш, ама ако не пиеш и пушиш си out of the club, ако ти е ограничено времето - те исмеваат, и тогаш не само што си out of the club туку и си out of the society. Сакаш да стекнеш пријатели, но сите некако станале лицемери и.... како да ги стекнеш кога немаш фејзбук. Денес да немаш фејзбук е исто како да не постоиш. Немаше да се согласам со тоа, се додека од курс почнаа да ми барат фејзбук со цел да ме контактираат за термини. И како на врв на се, сега и од школо бараат фејзбук! Демек keep in touch! Демек да сме имале група на класот (а групата замисли креирана од класната) :!: . Еден ден покана за пријателство од проф. по хемија. А зошто? За да ни ги праќа презентациите! Aха, да.
    Oдиш на гости, веднаш фејс ти бараат! Tи им велиш дека немаш и понатаму приказната ја знаете.... за нив веќе не постоиш и не си вреден да бидеш во роднинска врска со толку достоинствени луѓе, нели :) Oва сето го кажувам од лично искуство. Но.... мора да има некаков муабет, па следуваат прашања од типот - Каде излегуваш (не дали излегуваш, туку каде!), до колку ти е излезот, колку другари сте во друштво и дали имаш дечко. Тоа е основата, а може да се оди мач дипер со прашањата. Па ќе те советуваат, бош муабети.. колку сакаш. А ти лажеш, редеш зборови, глупост до глупост. Бидејќи ако ја кажеш вистината.... ќе бидеш најомразената личност во цела фамилија.
    На англиски курс, 5 минути од часот се издвојува за зборување за тоа каде ќе се излегува вечер, со кој, што-како. Не дај боже да имаме час пред празник или ете во конкретниот пример ќе зборувам за час пред нова година. Па какви штикли ќе носиш, од кај ти се..... Сфаќам дека професорката е млада, 24-26 год. а ние 15-16 год. И ти сега дека си црна овца, во целиот муабет се губиш. Те нема.

    Едноставно никој не те сака дека немаш great deal of friends, немаш фејзбук (па што е другарство, ако немаш слика со најдобриот пријател на фејс), не носиш штикли, не излегуваш до 3-4 сабајле, се немаш мувано..... Според денешните стандарди на опшеството (а што е опшеството ако не - ние луѓето) ти си црна овца. И во што се претворив? 16 годишно дете кое тоне во депресија од ден на ден, најдобриот пријател му е книгата и музиката затоа што тоа е единствениот излез од суровата реалност. Едвај чекам да си одам, бидејќи тука мојата слика за тоа како треба да живеам не се совпаѓа со сликата за живот на опшеството.. македонското опшество.

    А да не зборуваме за тоа колку младината е некултурна, неписмена(несакам, неможам се пишуваат строго споено, а сваќам секогаш се пишува со В), незрела.... го прифаќа тоа што и се нуди без да размислува дали е добро или не. Ајде сега дојдете и бидете црни овци! И гледајте ги сите тие сожалувачки погледи вперени кон тебе! Ќе прифатев да беа тоа погледи од недораснати тинејџери, ама тоа се погледи од роднини, родители, професори (на школо или курс)... средовечни луѓе! И кога ќе им кажеш дека немаш фејзбук..... ти велат дури, зошто си толку повлечена, социјализирај се малку. Патетика. Баналност. Глупост. Младината во Македонија е невидена катастрофа. Затоа што не знаат да прифатат нешто поразлично, сите минуваат како низ некој шаблон :)
     
    На Someonespecial, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, XstrongerX и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Не треба тоа што се муваат на 12 години да го гледате како нешто страшно. Ниту тоа што Фејсбук е основна алатка за запознавање, па не знаат да зборат и комуницираат. Едноставно, новото време си носи нови системи, вредности и нов начин на однесување на младите. :!:

    Помислете само како вашите родители на вас ви викале „во мое време се знаеше бе...“. Секоја претходна генерација мисли дека новата нечини. :x
     
    На Sara123, LittlePinky, Elena69221 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Браво за ова, сосема те поддржувам. :) но што да се прави овде во Мак. така се живее, такви се луѓето :x
     
    На Bescheiden и sofijanoka им се допаѓа ова.
  12. Baroness

    Baroness Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2013
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    47
    Денешната младина е бетер од катастрофа.Но какви да бидат младите кога старите се такви? Младите учат од старите.
    Да и јас спаѓам во таа младина.Имам дечко,да.Дури и секс ке имам со него.Заедно си правиме се и сешто и воопшто не ми е срам гола да ме види,ниту јас него ниту да зборуваме за тоа.Алкохол и тоа пијам.Црвено вино,нешто што проклето обожавам.Се шминкам да.Без римел,креон и пудра не излегувам од дома.
    Но,не се шминкам за во школо,не се облекувам разголено и не пијам претерано,ретко кога пијам и не се опијанувам.
    Па што ако имам дечко? Мала сум да,можеби пребрзо растам,но во школо си се однесувам како што треба,со сите се однесувам како што треба,секогаш сум културна,јас не го познавам јазикот на моите соученици,знам до кога смеам да излегувам и каде.Никогаш никој не понижувам и неисмејувам.Спрема постари имам голема почит иако тие повеќе се за ќотек од нас младите.Никогаш не се однесувам невоспитано,дигнато,некултурно,никогаш не се лигавам.Не се мувам де со еден,де со сруг,се знае врска си е врска,со дечко ми ке се бакнувам,а не со секој да се мувам.На часови секогаш ги слушам професорите,не се смеам,не правам глупости,се однесувам како бшто треба спрема професор.Никогаш,ама баш никогаш ништо на час не сум направила,туку слушам и молчам,а кога ке ме крене само тогаш зборувам.
    Јас сум таа што сум.Поинаква сум од сите мои врсници.Пребрзо пораснав но не се каам за ништо,бидејки тоа ме прави среќна.
     
  13. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    А сите вие што сте пишале како денешната младина е многу лоша сте(биле) совршени деца?
    До 18 години не сте имале дечко?Затоа што само неколку видов во темава што не напишале како се најпристојни и најмирни.
    Да,за некои работи сте во право,не викам не,ама тоа е,времињата се менуваат. :)
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. HollyWoodGirl

    HollyWoodGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    316
    Деца од 11-12 години знаеле да се бакнуваат. |(
    Бар така слушам по автобусиве, како што се гласни...
    90 % од децата на новиве генерации забегаа. Еднаш да слушнев деца кои прават муабет за нешто друго освен за муваторки, |( фејзбук, излегување... |(
    А, за дискутирањата погоре, и јас сум дете на новава генерација (не се фалам) и не сум како сите останати. Излегувам, трошам, сум пробала цигара... Но сето тоа го правам со усул бе луѓе.
    Има деца кои се со усул.
    Оправдано е да се излезе, да се прошета, да се потроши, да ти се допаѓа некој, да поминеш некои откачени моменти со другарки...
    Но има деца кои се враќаат дома во 4 сабајле, уште сега имаат активен сексуален живот, се пијанчат по улици и дискотеки...
    Има разлика. Голема разлика.
    И ако сака некој нека ми објасни некој што е тоа "Mуваторка" ?!?!
    Изгледа заостаната сум.
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Времињата се менуваат, ама затоа треба да се сменат и луѓето кон пропаст ?
    Зошто да правиш нешто, што ја деградира твојата личност ?

    Затоа што сега има мобилни и компјутери младите се попаметни?
    Не, туку порано, кога им работел мозокот (наместо овие направи) биле многу попаметни и поинтелигентни.
    Сега има само затупени, мутирани деца, кои не ни личат на деца, ни во фаца, ни во понашање.

    А, и порано имало секакви, и сега има. Се е до самиот човек.
     
    На Lovely93, Gocaa и kammam им се допаѓа ова.
  16. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Мене зборот ми беше дека времињата се менуваат,а со нив и човекот.И би требало да се прилагодиме на начинот на живеење,но да не бидам погрешно сфатена,под тоа мислам на модернизирање,но не во негативна смисла.Од тоа што ни го пружа денешницата да го извлечеме најдоброто.
    И пак ќе повторам,постојат многу работи што се навистина претерани и не ги оправдувам.
    А не е точно дека сите деца се затупени,да постојат,ама не се сите.

    За темава конкретно,прочитав мислења како било многу лошо што децата на 12-13 години почнувале со дечковци и што девојчињата сакале да се шминкаат.Тоа според мене не е некој проблем,затоа што тоа и порано постоело(добро,не пред 50 год. :D ).Според мене многу поголем проблем е што модерното општество и компјутерите не знаат баш најправилно да се искористат и така има многу неписмени.
     
  17. innamylove

    innamylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    231
    Е се повеќе агресивна,насилна и неправедна без чувство на последици и совест нажалост.
     
    На SwiFtiE-7330 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Е ваква е денешната младина, особено по фејзбук [​IMG]
     
  19. Lusiii

    Lusiii Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    7
    Се мислам само какви ли ќе бидат нашите деца?? :?:
     
  20. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.355
    Пол:
    Женски
    Денешната младина...(во која спаѓам и јас :D ) не слуша класика музика! :lol:
    Озбилно,кога ќе фати нервозата од многу учење ова мнооогу помага еве на пример ова не слушам некој да речи дека го слуша http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... YsjgTov4-k
    Слушам и други типови на музика,ама класиката сега почнав малку така....Иначе фејзбук ми станува досаден,де слики де статуси,а добро оти не читаат некој книга? :^)
    Пример:Убиство во Ориент експрес од Агата Кристи...не бре...Прашува професорката колку книги деца прочитавте?1-2 професорке...А јас кога станав да кажам овие се чудат кога стигна...па ако се зачиташ и заинтересираш ќе читаш повеќе од 1-2..инаку 10 книги за распустот си читкав 8)
    Шетаат по кафичи..јас мразам кафичи,мнооогу ретко излегувам да одам во кафич...
    Има некои шо одат в театар,ама не верувам да е голем процентот...или филм..добро да одиш на филм има повеќе посетеност :wasntme:
    А зошто не земаат да гледаат историски документарци на пример?Има шо гледаат документарци,ама во мал број...а се прашувам читаат енциклопедии нешто? :geek:
    Аааа...дечковци...уште од 14 години леле многу го сакааам,како ќе го заборавам...рано е за дечко бре...јаска 16 имам и немам мисла да фаќам дечко сега...приоритет ми е учењето,така да дечко-Нононо ;)
    Како си се изнакажав за категоријата во која и јас спаѓам.... :lol:
     
    На hermosa, cresa-jagoda, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.