Денес со другарка ми го правевме муабетот зошто има толку педерастични деца. Таа има 18 години сега е четврта средно.Значи е помала од мене 2 години, а разликата од мојата до нејзината генерација е ОГРОМНА! Вели, во секој клас има по еден или двајца што се однесуваат буквално како женско, женски потези и претежно дружење со женски. Дојдовме до заклучок дека многу влијаат нивните идоли. И реков дека нејзината генерација вриеше од оние емовчињата, настрана мрсна шишка. Сите беа нешто во филм Токио Хотел. Повеќето од вас сигурно го имате видено пејачот на Токио Хотел каков е, и нормално тие деца земаат пример од нивниот идол, посебно во тоа време кога почнуваат средно хормоните им вријат. И реков, еве на пример, мене да ми беше идол Ристо Вртев во тие години, кога почнував средно ќе сум мислела дека е кул да се дрогирам затоа што и мојот идол тоа го прави. Така и тие деца. Многу погрешна слика, овие Лејди Гаги и Токио Хотели оставаат... Ах кога велам јас со закон да се забранат!
И јас сум за тоа со закон да се забранат,ама сите ми викаат демек демократија денес,кој што сака ќе си слуша.Е со таа демократија малдината ни е таква каква што е. И јас сум за демократија,ама пак мора д аима некакви граници
За овакви шутраци какви што постојат не е демократија! Само строг режим, на сите памет во глава да им дојде!
Море КОМУНИЗАМ само............му е мајката! Сите овие Лејди Гадовци, Холисрања........се е то резултат на капитализмот! Америка е заслужна, за сите овие работи што се случуваат, почнуваќи од филмови, селебритис, музика, порно, реално шоуа... Земја могучности, земја снова... Од филмот направија.....3Д...комик Од музиката како непроценета уметност, денес можат да се пофалат со порно видео спотови...а и тоа што се разголуваат, јас им се чудам што толку се мачат, па нека се слечат цели голи мајке му...а и тоа не бега кај и да е, на прав пат се!... Од овие реални шоа, се учат најдобрите работи... ...како да ти паднат гакичките...упс, мислев на моралот, како да се сексаш во јавност, како да немаш грам мозок, како да ги упропастиш родителите...ит. итн!.....И КОЈ Е КРИВ?????? Ако мислевте дека ке речам Америка, да така е, ама ако гледаме на работите подетално, ќе ја најдеме кривицата на друго место .....крив е Човекот! И ниедна политика и религија на светов, не може да го запре! Освен неколку метеори навака, натака!
Гледајќи по однесувањето на мојата генерација на еден начин се каам што не сум се родила бар едно пет - шест години порано. Дефинитивно на многу од моите врсници и врснички на почеток им фали домашно воспитување, а потоа се останато. Пребрзо растат, а мене тоа ми смета. Осмо одделение со минич и штикли 20ка, мене на свадба да отидам со ниска полна штикла едвај ме убедија, ми беше срам. Потоа мислам дека и виртуелниот свет на еден начин зема голема улога врз однесувањето, сите имаме барем по една пријателка сликана полу гола и пријател со напрчена муцка сликан пред огледало за да ги покаже „плочките“. Секој викенд се со нова девојка/момче. Од поодамна момчињата мислеле дека ако почнат да пушат помали се на еден начин „фраери“, но во последно време истото го прават и девојчиња. А за секојдневните физички пресметки да не спомнувам. Ништо не знаат да решат со збор, одвратно. Како во првобитна заедница да живееме. Мој дефинитивен заклчок е дека за тоа се најмногу виновни родителите. Ги пуштиле од контрола одамна или пак се премногу зафатени со нивните обврски, па немаат време за да видат што прават нивните деца. Сепак знам и родители кои сетоа тоа им го допуштаат на децата, а децата само одат по нивниот пример. Жално е што си го скратуваат детството на овој начин и брзаат да пораснат, се во свое време.
Точно, а ова никој го немаше спомнато! Не е само младината , туку и старите е толку безобразни и некултурни што дури некогаш се изненадувам. И од кој зимаат пример младите?!
Јас ќе кажам семо едно - нема невоспитани деца, има невоспитани родители! А нели децата се слика на родителите........ Таква е нашата младина............
Арно ама и ние спаѓаме во “младината“. На некој не му се допаѓа нашето однесување. А за другото што сте пишувале за шмизлање и фраерење од страна на поновите генерации-се слагам, што е така, така е.
за Скарлет! Ептен е така! Ферги на спот го покажува г’зето и убаво во танги, а ти буљиш во екран и си викаш „Ааа па ова е кул, и плус е веројатно во ред штом е на телевизија“; американски реалити шоу со милион дегенски проблемчиња на богатите дечки од Холивуд и слично - па што да не си кажеш дека сакаш и ти така; Тила Текила (мислам, која е цурава воопшто и од кај се појави?!) се мисли дали сака да биде лезбејка или да фати дечко и уште илјадници други бедни емисии од кои мене буквално ми се повраќа. Да не се повторувам, реков и погоре, родителите се криви, што се криви децата, ама медиумите какви „примери“ ни сервираат на тацна, чудо! Не сакам да звучам како некоја конзервативна бабетина која плука сега на цели генерации, ама мене ова време ми е сериозно така малце болно веќе. И да цитирам еден другар кој чат пат под мустаќ знае да си коментира „Ќе не стегне некој астероид и нас, ај ај!“ Од армагедон додуше имам уплав, ама гледам дека некако не ни бега Потребен ни е рестарт.
А ние демек сите светици на форумот што никогаш не сме облекле штикла,глупо било тоа на 16 години или пак никогаш не сме ставиле креон или маскара на школо...
Морам да ја искористам шансата да се изјаснам подетално! Еве на пример кај нас, на нашите телевизии, што се сервира, во ударно време! И деца што научивте за денес?????? (Ве предупредувам, гледајте до крај видеото ) (Ве чекам за коментари, темава ми е интересна ) http://www.youtube.com/watch?v=mXB5oDnCXZY
Се сеќавам на твојот пост Розич и се сеќавам дека ти ставив лајк И така е. Престарените ние за да пишуваме што прават младиве. Море уште муви треба да лапаме (значи не зборувам за сите, ама се знае на која возраст сме повеќето тука). Има лоши примери, ама не се сите. Се менуваат времињата и мора да го прифатиме тоа. Сега за нас постарите велат: Што е ова? Ние на ваше време во 11 часот бевме прибрани, вас до утро ве нема. Ама за нас се сменаа времињата, како што се менуваат и за наредните генерации. И пак ќе кажам: и ние сме младината. Сум ставала и пудра, и креон и маскара за на училиште ама со усул.-не гледам зошто да не.
Се сложувам со Ким. Ние сме критички настроени спрема младината, исто како што нашите баби биле кон нашите мајки, и како што нашите мајки се кон нас. Генерациите се менуваат и природно е да настанат промени. Тоа што било несфатливо пред 40 години, денес е сосема нормално.Меѓутоа кај нас веќе тоа почнува да излегува од границите, да станува неприродно и неприфатливо.
Јас сум некоја година постара од повеќето форумџики па ич несакам да правам споредба како беше кога јас бев средно а како е сега...разликата е со светлосни години . Не дека ние бевме идеална младина ама во споредба со сегашнава бевме ангелчиња...понекогаш мојата школска другарка знае да ми каже добро што праевме ние кога бевме средно (поттикната од изгледот и однесувањето на денешниве средношколки) а јас и викам учевме ете тоа правевме. Школото ни беше на прво место и го сваќавме сериозно а во школо одевме со патики, фармерки и маички, без деколтеа, штикли и 2 тона шминка. Како и да е, за друго почнав да го пишувам мислењево...пред пола година се возам во автобус и карши мене седат девојчиња и муабетат беа гласни па неможеш да не ги слушаш...еднава и вика на другата: види го будала бара невина у осмо, а другава одговара: па што не го прати кај тие што се трето таму нека бара невина И да преувеличуваа девојчињава работава по се изгледа е излезена од контрола и е застрашувачка! Само се плашам како ќе ги одгледам и воспитам сопствените деца во ваков систем на вредности и опкружување
Мене единствена работа што ми пречи и што ја забележав кај скоро сите ваши мислења е што веднаш штом ќе се спомне младина ве асоцира на девојка со креон,пудра и руж како оди на школо,или девојче со штикли на 15,16 години како излегува... Јас каде што учам никој никогаш не облекол штикла и деколте на школо,додека шминкањето во одредена мера тотално го оправдувам.Времињата се сменети,поголемите т.е повозрасните живееле во едно време ние денес живееме во друго.Не можете да очекувате дека штиклите се носат со старосна граница или пак да викате колку е срамотно да се стави малку шминка за школо.Сите веднаш на тоа се фаќате како слеп за стап.Има многу други работи што се негативни...Има и позитивност,не е се така црно,побогу!
Не асоцира на тоа, бидејќи мнозинството е такво, со чест на исклучоци. Сите си кажуваме од она што го гледаме.