Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. lalitas

    lalitas Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    10
    и јас спаѓам во денешната младина, јас сум 15 и еве признавам имам пробено и цигара, ама само еднаш и видов дека едноставно не ме влечи и ми се гади и толку не ни продолжив. одам и јас во кафич и на диско, пијам и алкохол понекогаш, стално се глупирам, ама се во граница на нормалата. секако дека читам и книги, обожавам да читам, не сум скрос одлична ама важно учам и добри ми се оцените, ми се има случено и да избегам од час, па што? што ќе биди? важно не правам како 100 изостаноцци како останативе.. додека оние што ги познавам т.е дел од моето друштво веќе имаат сериозна врска ( да де сериозна), голем дел, скоро сите имаат изгубено невиност со дечкото кој премногу го сакаат и не можат да живеат без него, и тоа со дечки кои имаат 20, 21..(ок ајде тие имаат само по 15,14 ама овие што се по 20 21, никако не ги сфаќам, не сакаат девојка која би имала 17 18 19?) ама ако јас не осудувам никој кој што сака нека си праи,нивен живот, и јас се дружам со овие што ги спомнав, ама имам и многу други другарки другари кои не се такви ама не се нешто многу различни, така да искрено не се замарам со никој, неам фатено ни дечко и баш ми е гајле, имам сакано, ама сега сфаќам дека не е толу голема љубов како шо мислев пред 1 година, не верувувам на никој, им кажувам, ама никогаш скрос на никој не верувам. нејќам да замарам никој за моиве проблеми.. баш ми е убаво вака, додека порано бев ептен различна, стално им угодував на другите, се им кажував, верував на сите и на крај бев само повредена од сите оние што ми беа најблиски, ама сега гледам како им се враќа ним..
     
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Денешното ако беше младина, јас бев папата.
     
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Cамо да искоментирам за сексот,пола и повеќе од мојата генерација на 14-15 имаа активен сексуален живот,ништо ново за денешниве некои слушам и на 10 веќе имаат секс.A за денешните времиња сите сме отупени со глупата технологија,со Aмерика оти што ни се сервира од таму како овци прифаќаме,дури и наивни сме .E тоа е дека светот оди во пропаст,и не само младината :swear:
     
    На Silver.E и Lovely93 им се допаѓа ова.
  4. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    4.190
    Пол:
    Женски
    И јас припаѓам во денешната младина ,ама можам да кажам дека тотално се разликувам од сите овие примери на денешна младина што ги набројавте тука.
    Прво незнам дали е до мене , ама не ми претставува никаква сатисфакција да искочам во популарниве дискотеки на 15ка штикла, минич, и 28 кила пудра на мене. Да се клатам и подбутнувам цела вечер, да се направам гз преку глава ( како што обожаваат да викаат ) и да барам некој да ме врати дома во 3 по полноќ затоа што нели сум крајно неспособна за тоа.
    Не,не и не ! Тоа е далеку од забава, барем за мене.
    Ми преставува ужасна глетка кога ќе видам девојчиња на 14-15 години буквално правејќи го сето тоа што го опишав погоре и се прашувам дали овие девојчиња имаат родители ?! Мислам како реагираат родителите кога малава ќе дојде дома и смрди на алкохол ? Нели ги мачи тоа малце?
    Имам пример во соседството каде девојчето затрудне во 8мо оделение, и нели нормално абортираше.
    Е браво, ти се восхитувам за постигнувањето :bow:
    За мене позабавно и интересно е да ја поминам вечерта дома, собрана со друштво и да се убиеме од играње карти и гледање филмови, отколку да ги имам оние мизерни вечери.
    Или пак,секако не се седи секој викенд дома, ама постојат и мирни кафулиња каде ќе се напиеш кафе, ќе се посмееш ,забавуваш и ќе си заминеш со ДОСТОИНСТВО.
    И утре нема да кружат муабети од типот : Лееј браааат онаа вчера у 69 тиква се напраии еј ! Гз преку глаа бе , лудница :rock:
    Ок, браво.

    И се согласувам со тоа дека имаат влијание родители и домашното воспитување. Имаат ОГРОМНО влијание.
    Па јас да се вратам пијана дома на овие години, ќе се молам следните 2 месеци за погледнам низ прозорчето :D
    Немој да добиете слика сега дека сум како во затвор, далеку од тоа, ама постојат одредени принципи и правила на однесување кои ми доликуваат на годините и ќе ги почитувам со задоволство. Не затоа што така ми е наредено, туку затоа што така сакам.
    Имам другарка чиј татко може да направи проблем за се. Ама буквално. За една немиена чаша, за малце прашина на бирото, за неизгасено светло во ходникот.
    Ама не прави проблем тоа што ќерка му е тотално непристојна за нејзини години, што се враќа во рани зори и незнае каде се наоѓа. Тоа го занемарува,и не ми е јасно дали тие луѓе намерно замижуваат на ваквото однесување на нивните деца или пак навистина ова не го приметуваат?
    Мене повеќе ми иде првото. Па неможеш бре да не приметиш кога ќерката ти е подуена во очите и смрди на вотка :puke:
    Дефинитивно денешната младина е непресушна тема за разговор.
    Јас сум и за дечко, и за дружење и забава ,затоа што нели ако сега не се забавуваме, епа на 40 години малце потешко ќе ми биде :D
    Ама сето тоа да биде во граници на нормалата, со доза на култура и самопочитување. :)
     
    На lovely-girl, Someonespecial и sanja.burgundy им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Кажувате: Неучтиви, размазени, лигуши..
    А, јас што сум? :^)
    Не се сите такви.. може да се каже дека само 60% се..
     
  6. unconditionally

    unconditionally Активен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2013
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    35
    Јас имам 14 години.Не дека сега сакам да кажам дека сум светица,но за разлика од половина од моите врсници ниту еднаш не сум се опијанила,ниту сум пробала цигара или пак нешто повеќе.Не сум одела и не одам по дискотеки,едноставно не сум таков тип.Подобро ќе одам да се прошетам во населба со другарките отколку до 4 сабајле да останувам по дискотеки и да се влечам по улица,па утре дента цело Скопје да ми се смее.
    Инаку кога сме кај тие јаките фаци во Скопјево,многу од нив ги имам како пријатели на Фејсбук,иако не ги знам лично,само ми се познаници.Срамота е тоа што го прават.На ништо не личат слики со минич,штикли 15ка и деколтето во главен кадар,а во description обавезно мораат да пишат нешто депресивно или текст од некоја српска шабанарија пр. ''Prebolela sam te,cao!''.Најстрашно е што и родителите нивни ќе остават коментар на истата слика. А другарките најчесто им коментираат:најубава,омилена или незаменлива.Пред да излезат во 69 или Check in мораат да пишат статус од типот се спремаме со срцките'.Истата вечер ќе се исполапаат со 100 души,а утре дента некој 50 годишен ќе ги врати дома.Можеби не е до децата,до родителите е кои сосема изгубиле контрола врз нив.

    Што друго да кажам,освен дека дефинитивно сум родена во погрешна генерација.
     
    На cresa-jagoda, sofijanoka, Dog-lover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Родителите пред се треба да вршат контрола на своите деца. Секогаш велев дека не сакам да бидат моите родители строги кон мене дека и јас сум сама свесна кога треба да се вратам од излегување и сл. Никогаш во животот не сум се опила, не сум пробала цигара... единствено ми се има случено да се вратам касно од излегување. Сега сфаќам дека моите родители сосема се во право иако не сум сега 14,15 или 16 години тие сеуште ме ограничуваат со некои нешта, почитувам некои нивни правила не затоа што на нив им правам кејф туку за мене. Моите родители секогаш биле и секогаш ќе бидат афторитет за мене.
     
  8. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.597
    Пол:
    Женски
    Страв да те фати од денешнава младина. Значи децана шо се вика уште носо не знат да си го избришат, па ги гледам навечер излезени спо кафичи со цигарата вуста алкохолот в раце... :| Што мислат дека прават? Ни самите не се свесни... Само се прашувам кога че му дојди умот? Или пак малку да размислат за тоа шо го прават. Она на ништо не личи! Јас не сум една од тие :). Имам забележано деца шо живеат кај мене на улица и имаат само по 14, 15 години си идат дома во 4, 5 саат на сабајле :o ... на шо личи она?!?! на ништо се прат нешто, а уствари ни самите не знат шо. Ама тоа е тоа си викам некогаш че размислат, не мора за се, барем за нешто поважно. :)
     
    На Nate.Shadows му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
  10. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Разгалени створенија без грам почит ( не се однесува тоа за сите ама добри 80% се такви ) , незнаат за морал, за однесување кон постар па и спрема нивните родители. Секојдневно гледам како младите дечки се бламираат на фејбуков, и се грозам . КОга јас бе 14,15 години со мојата најдобра другарка си игравме со кукли разговаравме за симпатии, и се замислувавме како едне дек бидеме многу богати и како ке имаме убави дечковви... а сега ... што е оваа на 14 години секск , а на 15 мајка .... мислам хелооооууу, имаат ли тие деца родители !?!??! Уште некоја година и светов отиде .
     
    На Silver.E му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Бев во маркет на каса, имаше гужва.
    Во редот чекаа две девојчиња, одвај имаа околу 15 години.
    Имаа во рацете ливченца (свиткани во топчиња како од тетратка) и го гаѓаа касиерот додека си работеше тој на касата.
    Во смеење ги прекори еднаш да престанат. Џабе.
    Ги прекори втор пат. Џабе.
    И третиот пат им се развика силно, а и сите останати на каса превртивме очи кон нив (затоа што неколку ливчиња завршија и по нашите глави) и почнаа да се пискаат од смеење како ненормални.
    Сите што чекаа во редот правеа фаци на гадење и нервирање, ама по навика кај нас, ретко некој да се вмеша да проговори.
    И немаше да ми биде толку чудно, да не беа помали девојчиња. Каде е културата на младиве ?

    Втора случка од поскоро време, одат по пат комчивката со ќерка и, ќеркава оди на школа, со ранецот на неа, облечена со кратка фармерска сукња и мрежасти чорапчиња до над колена, другиот дел :x од ногата беше гол. Направивме кратко муабет на пат.
    И потоа не се криви родителите?
    Па, има мајка и очи да ја види како е облечена ќерка и?
    А, нејзе не и е срам така пред професорите?
    Мене ми беше незгодно кога ја гледав. :$ Па, за во дискотека одат пооблечени.
     
  12. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    не знае да се забавува како поранешните генерации,се потпира премногу на алкохолот,ја интересира само технологија и интернет,ја мрази сопствената татковина,однесување под нула,сарказам,иронија и цинизам ги користи како добро утро.
    |(
     
  13. cherry-on-top

    cherry-on-top Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    45
    Немам што да кажам. Имам 15 години, ама не сум ни како половина од мојата генерација. Само ми е страв какви ќе бидат генерациите кога и ние ќе имаме деца. Понекогаш и помислувам какви мајки ќе станат тие на моја возраст. На што ќе ги учат нивните деца ? Да пијат на 13-14 години ? Да пушат ? Срамота е ептен и многу е жално.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Премногу сум разочарана од тоа во каква младина се наоѓам...И јас сум учесничка во таа младина и ми беше дури срам.Ама како што ги гледам мислењата низ темата има доста феминки што го делат моето мислење :rofl: и мило ми е за тоа.Значи сеуште не има такви што не трчат да пораснат и да созреат.Смешно ми е кога кажам дека не сум имала до сега сериозна врска и ме погледнуваат како....да сум убила човек.Баш такво им е лицето |( .Не ги разбирам ама мене ми е убаво да си уѓивам во годините и да не трчам да пораснам.
     
    На cherry-on-top му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Дали се сеќавате на жмурка,ластик,камај-камај,крадци-полицајци,граница...? Кога до 7 одделение ги игравме овие игри ? Кога до 10 ипол ќе не викнеа за дома за да се наспиеме за следниот ден за во училиште? Едвај ги чекавме петок,сабота и недела за да играме...Летниот распуст го поминувавме цел ден надвор играјки. Да преспиеме кај неко/ја другар/ка ? Тоа беше за големите батковци и дадички. Доаѓавме дома само за да јадеме и спиеме. Односно ни викаа : Ајде прибирај се, цел ден си надвор ! Јадевме се што ке ни зготват мајките и бабите. Никогаш не наоѓавме мана . Кога ќе не облечеа мислевме дека сме облечени од јаки брендови а ние всушност сме облечени од на постарите браќа, сестри алишта. Сите патики ги носевме додека не се искинат или излижат, па макар и да ни пропуштаат вода ќе ги ставевме под парно,печка или блиску до шпоретот за дрва за да ни се исушат за да можеме пак да ги носиме.Во училиште бевме одлични.Секогаш ги пишувавме домашните на време. Да добиевме четворка на тест ни беше срам да одиме дома и да ја покажиме. Со очи полни солзи ќе им кажевме и тие како поддржка ќе не гушнеа и ќе ни речеа не се грижи ќе ја поправиш, знам ,дека верувам во тебе. Кога ке ни кажеа така, ќе ни ги избришеа солзите и ќе појдеа со нас за да ни покажат кај сме згрешиле за да се поправиме.Со труд и мака ќе ја поправевме оценката и со трчање ке отидевме дома и ке им скокневме и со висок тон ке им соопштевте дека сте ја поправиле оценката. Но сега.... Кога ќе прашам некое десет годишно дете за некоја игра што сум ја играла , ме гледа и се чуди и си мисли што и е на оваа , за што ми зборува... Го гледам облечено од глава до пети со најк, адидас. Завршиле 7 одделение исто како да завршиле матура. Одат во дискотеки,во кафани,кафичи. Кога ке ти дојдат на гости ги прашуваш дали сакаат сок они ти викаат дека сакале кафе. Си викаш леле до каде дојде младинава. Првото кафе го пиев кога завршив прва година. Седнеш да разговараш со нив и ги прашуваш и како е во училиште има 5ки аа? Те гледаат и ти се смеат и викаат имам два кеца . Го прашуваш и како е има некоја симпатија. Го фаќа некоја поголема смеа и вика ја више одам година со девојка ми... Си викаш втф алоо ја првиот дечко го фатив у прва година а ти коа бе у 2 оделение ма дај не ме јеби . Али си кутиш и се насмевниваш. Почнуваат да пцујат по родителите. Ајде свакам еднинец си али респект брате малце... И се дере на мајка му зашто направила боранија, он тоа не го јадел ногу било гадно … Се кара со неа за некој ситници за кои таа не е ни малце крива... Си викаш некој плаче за мајка, а овој ја тепа, се кара со неа ,а она сирота кути ,што ке прави кутрата. Си вика ај ке се смени со тек на времето. Во денешно време да имаш кецови во школо е мода колку повеке неоправдани толку поголем фраер си. Се вракаш дома после полнок , после два-три саат и им викаш на другарите абе ја кога сакам можам дома да се вратам кој ги ферма мојте...Денес да одиш во школо со малце скинати патики одма те критикуваат. Еј види го овој нема пари патики да си купи. Не викаат греота е не го зафркавајте туку одат и му се смеат у фаца.
    Додека го читав текстов едноставно се наежив, бидејќи можеби премногу сурово, ама таква е реалноста со недешната наша младина. :!: :x
     
    На kathy-style, anna-tessa и SimonaTino им се допаѓа ова.
  16. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Денешната младина е со еден збор катастрофа.Секоја чест на исклучоците кои фала богу секогаш ги има.Да не се повторуваме се согласувам со скоро сите мислења.Па јас до 14 години на улица си играв,во прва година првпат се бакнав,воопшто не сакав да имам дечко не се осекав спремна.Се шминкав за излегување и тоа секогаш подискретно,не сакав на 15 години да изгледам на 30 годишна и да привлекувам како да кажам повозрасни момци на кои сите знаете која им е целта со тинејџерките.Не можам да го сфатам разголувањето исто така.Кога во кафич ке погледнам такви девојчиња освен тоа и со недолично однесување искрено ми е жал за нив ама тоа е.овие деца денес имаат ли родители?врвот на се беше кога во училиштето на внук ми видов осмооделенки со најкратки можни панталончиња и шминка и фризура како за на свадба што велиме.позз
     
  17. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Површни глупи идиоти кои мислат дека се многу „возрасни“ а всушност имаат мозок на дете од пет години кои сака да носи високи потпетици затоа што мајка му така прави. :(
    А за попаметни работи никаде ги нема. Една до пред некој месец не знаеше што е тоа брана или кое е значењето на зборот „гломазна“. :| А многу од нив пишуваат „Окрасено“ наместо „украсено“ и не знаат да кажат проста реченица на литературен македонски јазик.
    [/b]Вистински бебиња: не знаат уште убаво да зборуваат, но многу сакаат да се „големи“, па затоа одат по кафичи на 9 години, носат претесна облека. Мислат дека се здебелиле, а всушност сеуште растат. :)
    Со еден збор: идиоти.
     
  18. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Уау. 12 години имаш и мислиш дека 9 години се денешната младина а не си свесна дека ниту ти не си влезена во младината.

    Изненадена сум.
     
    На sweet-star, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Dennings и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. lovebrazil

    lovebrazil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    78
    На 9 години одат по кафичи?? :o :lol: Ооф леле! Приберетеее се децааа, јас на 12 години во 9 и пол ако не си бев прибрана дома, немаше излегвање 3 дена. Штикли? Ало! Вчера од пелени излеговте. :x
     
    На Dog-lover и natemila им се допаѓа ова.
  20. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    точно така, ова што се случува е страшно, ние пред некој ден бевме на родителска во градинка, замислете родителска во градинка која што порано се викаше ако имало приредба, сега се повикуваат родителите затоа што некој родители на своите деца им дале мобилни телофони ако не им се спиело да им се јават да дојдат да си ги земат, замислете на дете од 5 години, и после е криво детето што на 9 години одело со штикли, НЕ. Криви се родителите со некој постапки што ги прават драги мои :)
     
    На lovebrazil му/ѝ се допаѓа ова.