Ееее така, тоа е проблемот. Тоа што родителите си ги разгалуваат децата. Ма немој, ако не му се спиело да одам да го земам.
Се имам веќе изјаснето во темава,ама ќе пишам пак. Спојлер потполно се согласувам со kathy-style и cherry-on-top И јас спаѓам во денешнава младина.. Кафичи ? Па уште од сега на штикли за во дискотеки ? па и да сакам ( а неќам) ко прво моите од дома нема да ми дозволат, 5 тона шминка на нив,кармини,креони.. мене мајка ми одвај ме пушта само маскара да си ставам понекогаш, а не пак креони,кармини .. Сите мои врснички до сега имале дечковци.. кога ќе им кажам дека се немам мувано досега..фацата може да им ја замислите..ауу види ја заостанатана сериозно ? Срам им е да кажат дека 5ка добиле.. се фалат со кецовите..ги сликаат ,ставаат на фб, па не дај боже да кажеш колку книги си прочитал.. ненормален ќе те направат Не дека сум јас сјајна.. ама во споредба со таквите... горда сум на себе што се немам мувано уште сега , немам одено во дискотеки и такви ствари.. Толку.
Да продолжиш да си ги слушаш твоите дома. И мој совет, немој да бегаш од тие кои грешат, верно следи ги и учи од нивните грешки. п.с Се во свое време
Денешнава младина - Какви родители имаат тие деца, на кои им е дозволено да искачаат до сабајле на 12 - 13 години? Дали таквите се запрашале какво влијание има тоа на нивните деца? Моите, фала Богу, ме воспитале како што треба. Никогаш не ми дозволувале да искочам навечер до доцна, иако сите мои другарки и другари од школо шетаа секој викенд. Можеби им бев чудна малце, затоа што не пушев (ни сега не пушам), не пиев алкохол воопшто, не искачав со било кој, ама затоа сега ми е јасно како треба правилно да се воспитуваат децата и на какви вредности да се учат. Ужасно е кога се повеќе гледам педерастични момчиња на улица. Тука дури се држат за рака „другарски“! Па тие девојчишта на 10 години со штикла на некоја веселба! Јас штикли прват носев во 3-4та средно. Па не е здраво за ногата, поготово бидејќи кај помалдите се уште не им е оформена до крај! Децата не се виновни за тоа што се такви. Виновни се нивните родители со тие празни глави што ги носат на себе! Виновни се бидејќи му дозволиле на детето да мисли дека може се, без ограничувања. Како може нормално дете од 3 години во супермаркет да земе и да се фрли на под, да плаче бидејќи одбиле да му купат нешто? Демек детето само по себе е такво, родителите тука ништо не погрешиле? Од лично искуство знам еден куп такви примери каде од премногу попуштање, слобода без граници, децата стануваат неподносливи, не само за луѓето околу нив, туку и за сопствените родители, па потоа истите тие родители што прво им дозволувале се, сега ги трескаат од ѕид, им викаат, ги казнуваат, но веќе ништо не помага. Епа драги родители, не им дозволувајте на своите деца преголема слобода, а доколку нивните баби и дедовци против ваша согласност ги разгалуваат до бескрај, тогаш превзимајте мерки, бидејќи од таквите деца косата на глава ќе ви се крева секој ден! Карактерот на детето во раната возраст е како пластелин, како ќе го оформиш таков ќе биде. Се извинувам ако навредив некого, немав таква намера. Ви посакувам успех во воспитувањето на своите ангелчиња!
Мене врвот ми беше кога пред некоја недела одам во 54 и гледам 11-12 годишни деца слават роденден и се кршат на Северина.
И јас спаѓам во денешната младина но сум далеко од она што го гледам секој ден. Искрено не секому треба да му биде дозволено да биде родител. Без навреда но луге со коефициент на интелигенција што изнесува помалку од просечната собна температура(во целзјусови) не треба да им биде дадено право да бидат родители. Кога ќе отидам во некоја дискотека и ќе видам осмодделенки ќор пијани, како се утепуваат од играње на Аца Лукас или кој ти знае кој турбофолкери(ги избегавам таквите локали но сум сведочил). На какви вредности се учат денес децата е нешто неверојатно. Начинот на кој тие го ценат материјализмот повеке од било која вистинска вредност е грешка на родителите, не нивна. Деца што исмеваат други деца поради нивната интелигенција или знаење, изглед, карактер или материјална состојба, едноставно ме иритира многу, тоа е само одраз на тоа какви се нивните родители. Не е се во родителите, и околината и општеството ја играат својата улога но родителисте го имаат најголемиот удел.
Незнам за вас,ама според ова што го читам ... сите сто и нешто страници испишани сите сте фини дечки, културни,не слушате турбофолк(бидеќи тоа секако е многу страхотно да го правиш), не спаѓате во ниту 1% од денешната младина но сепак припаѓате на денешната младина.. Со кој и да разговарам сите истиот изговор го имаат,и во ред можда е така според нив јас не уверавам ништо ... Само ... Каде е целата таа денешна испустена младина што цело време за неа се зборува а никој никаде не може да ја најде во зборови?! Дај ви се молам,мене овдека не ми штима нешто... Што мислите вие (повозрасните феминки,молам) :geek:
За денешнава младина немам некое полошо мислење одколку мојата генерација , кога јас бев млада. Сега имам две деца кои го поминаа пубертетот и можам да кажам дека ги пребродивме сите досегашни искушенија. И во мое време имаше од друштвото што сакаа да се напраат мангупи па пијеа и пушеа, а имаше и такви кои беа примерни. Незначи дека овие првиве станаа алкохоличари или лоши луѓе , напротив многу од нив се денес успешни во животот , семејни луѓе сега родители на деца кои можеби се однесуваат како тие кога биле млади. Затоа кога ќе се каже " Ние сме го поминале тоа" , ние тоа навистина го мислиме. Најважно за нас родителите е да сме блиски со децата , да знаеме со кои деца се дружат , и колку може повеке да им посветуваме внимание. Ако сме со нив блиски како другари , мислам дека неможе да тргнат по погрешен пат , а ние за тоа да не приметиме. Нема да се плашат и да напраат некоја глупост да ни кажат. За оваа тема има навистина многу да се пишува и дискутира , ама сепак се се сведува на тоа дека во секое време имало и ке има секаква младина , а најголема одговорност за тоа какви луѓе тие ке станат во иднина сепак имаат родителите. И моите деца во свое време излегуваа на забави за средношколци па ги знаеа сите турбо-фолк песни , а еве сега веќе им помина таа фаза од животот , па сега и самите тие согледале која музика е поквалитетна . Секако и јас сум им укажувала дека турбо-фолкот е кич , а до друга страна дома или кога сме патувале заедно во кола, секогаш сме слушале добра музика од типот QUEEN , DIRE STRAITS , STING, Леб и Сол , Азра и др. Па така мислам дека ако родителите секојдневно се во тек со своите деца и со нив се како другари еден ден се ке биде во ред. :up:
Денешната младина ццц немам зборови..Само едно имам да кажам,а тоа е дека родителите се за се криви.Како тие ќе се постават спрема детето и како ќе го воспитаат такво и ќе стане.Многу родители не обрнуваат внимание што им допуштаат а своите деца притоа не размислувајќи какви ќе бидат последиците од тоа и во какви личности ќе израснат.Најдобар пример-братучетка ми.Има само 9 години и луже незнаете како се однесува-како возрасна. Се шминка за на училиште,се слика се во некои пози испонашминкана со тоа устата за на фејсбук и после сме се чуделе што ги напаѓале манијаци.Па уште и заљубена била малата сакала дечко Море иди таму играј си со куклите,проживеј си го детството,а не девојка да изиграваш. А општо сум видела многу случаеви во град глеаш девојки испонапраени се мислиш 20 години имаат,а тоа да ти имале 13,седмооделенки,испијанети едвај одат да не се чудат ако ги собере некоја кола.Но,тие не се криви,нивните родители премногу им допуштаат и тука треба да се бара вината ,кај родителите.Еве и ја сум дел од ова младина,сеуште сум малолетна ,но си знам бре до каде ми е границата а и што е нормално а ова немам коментар
http://www.youtube.com/watch?v=7jE_ivIWN1I Се запрепастив од ова што го гледав. Не знам што да кажам.
Не знаат да напишат домашна, не знаат да се спремат за писмена па дури и овде на форумот додеваат на темите и ти пишуваат лп за помосс плиз за утре ми е - со еден збор полуписмени се, молат нивни врсници да им ја завршат задачата, се китат со туѓи перја... секако постојат и исклучоци, како јас на пример, ха.
Можеби немам доволно години за да кажувам каква е денешната младина,јас самата на некој начин спаѓам во неа,но има голема разлика од децата во 90тите да речеме до децата од последниве години...Познавам деца кои пијат без престан,ни вода толку не пијат,пушат по 5 цигари за 5 минути,се дрогираат,не учат,едноставно се излишни...Познавам и деца кои на 12години имаат дечковци и стојат со ајфоните в раце наместо со книга...Јас кога имав 12 години уште играв со кукли заедно со другарка ми,игравме криенка,одбојка и по цели денови бевме надвор,а за време на школската година постојано учевме,редовно пишувавме домашна...Е,денешниве 12годишници,се буквално збеснати-зошто ајфонот бил црн,а не бел...За мене и моторолата со антена од 1 метар беше научна фантастика,имав телефон од тие пластичните со барбики што беа и пак ништо не ми фалеше,среќна бев...Денешниве од толку што имаат,од толку што се разгалени не знаат да ценат ни детство,ни пари,ни родители.
Не, реално, далеку помалку се исклучоците, на некои 50 воопшто и ги нема. И тоа што се неуки не е страшното, неписмени имало секогаш и мора да ги има... страшното е што со тоа нивно присвојување заслуги си туркаат понатаму и утре такви какви што се ќе завршат и факултети.
И јас спаѓам во денешната младина,но сепак ке си го пишам мислењето.Добро објаснете ми е едно нешто?Нели децата се огледало на родителите?Епа што толкава збрка..грешката е до позрелата генерација. Се е до родителите ...Родителите се нашите примери ..ние од нив гледаме и учиме.Затоа соочете се со реалноста и сватете дека можеби грешката е точно во вас.А ако зборувам за денешнава младина (нас) ..се е лудница .Уште од 10 години дечковци,алкохол,цигари,драми...УЖАС незнам до каде ке не оденесе денешницава. ~Толку од мене~
не потполно се согласувам со тебе! децата се огледало на родителите, но има деца што така вешто глумат пред родителите, шти тие всушност стекнуваат доверба во нив и им допуштаат секакви работи :geek: сто да се каже ваљда такво е времето а и околината влиае + и се се одразува на новите генерации постепено се полоши и полоши... биди ми поздравена и се нај нај!
Денешната младина... е многу поразлична од младината кога јас бев млада - осумдесетите години од минатиот век. Ние немавме компјутери и facebook за цел ден да седиме пред нив па затоа скоро сите бевме зачленети во библиотека и читавме книги, ние немавме мобилни телефони за да си се допишуваме на часови па затоа ги слушавме предавањата на професорите и лекциите 90% ги учевме на час, вечерните излегувања и журки завршуваа во 23 часот и сите одевме дома да спиеме, а денес младите седат по цела ноќ а следниот ден на училиште дремат!!! Овакви споредбени примери има многу... За нас некогашните млади многу однесувања и постапки на денешните млади луѓе се несфатливи и неприфатливи. Но, треба да сватиме дека секое време си има свои одлики и карактеристики на живеење кои наметнуваат некои нови начини на однесување. Затоа јас секогаш се трудам да ја сватам и прифатам денешната младина таква каква што е, со сите нејзини позитивни и негативни карактеристики.
Јас и баш не можам да кажам мислење на оваа тема бидејќи имам 16 години и ќе кажете што знае ова, ништо не е проживеала. Ама јас кога бев 10 години, си играв со барбики и цело маало се собиравме и игравме криенка, ластик итн и тоа се до некаде 13/14 години. А сега „пост фејсбук ерата“ е поразлично, уште од мали имаат фејсбук, таблети, мобилни итн. Јас кога бев на тие години го молев татко ми да ми купе телефон и знаете што добив, погодувате веќе? Спојлер Детството ми беше убаво, до 7 одделение не знаев што е тоа да имаш симпатија, не знаев што е тоа мување, секс и тие такви работи. Сега гледам од братучед ми кој е 10 години, знае се за такви работи. Дури има и весник плејбој, ама го средив тоа јас. Туку зборот ми е дека денешната младина е така поради тоа што постои технологија, да немаше фејсбук, твитер и тие работи верувајте децата до 13 години ќе си играа по улиците.
За денешната младина може да се дискутира со денови. За мојата генерација, или како што не нарекуваат генерација Y или генерација милениа, се вели дека сме нај мрзливата, нај разгалената, нај едуцираната и нај катастрофалната генерација во историјата. Ама јас не се сложувам премногу со овие мислења. Се вели дека премногу бараме, и сме израснати со погрешна филозофија (follow your passion) па и многу денешни општествени кризи се префрлуваат на наша вина. Во врска со денешните деца јас сеуште си стојам на моето мислење дека родителите се тие што се одоворни за тоа како ќе израсне детето и тоа дали ќе дреме 24/7 на интернет, дали ќе игра 24/7 видео игри, и ќе порасне без да знае што е тоа детство. Некои велат такво е времето, дека технологијата си го прави своето, и дека родителите неможат против тоа. Ама јас имам толку примери во поблискиот круг на познаници, каде што децата сеуште играат на улица во маало, жмурки, со топки и слично, спортуваат, си играат со кукли и така натаму. Прв пример е на дечко ми сестрата, седи на интерет, не е отсечена од технологија ама дома ја имаат воспитано како треба. Ќе седне на компјутер, ама не она да неможе човек да ја одлепи од компјутерот. Ако во меѓу време ја викнат другарчињата за надвор, остава и компјутер и интернет за да искочи надвор. Кога одам кај дечко ми на гости, нонстоп има џагор од деца кај него пред куќа. И сметам дека дечко ми е еден од одговорните за тоа што сестра му ќе порасне со детство. Не е работата дека ја контролираат, туку ја учат како треба, и кога доаѓа време за разговор дека не треба толку време да се седи на компјутер, на интернет или пред тв, ја третираат како возрасна додека разговараат со неа, а не мала си ти не е тоа за тебе. И имам уште куп примери како неа. А познавам и од другиот тип. Деца чии родители се нонстоп на работа, што не поминуваат квалитетно фамилијарно време со децата. Децата се препуштени сами да си одбираат како ќе го трошат слободното време, бидејки тогаш нивните родители се на работните места и неможат да ги исконтролираат. Ако уште додека се мали на децата им се насочува внимението кон активности кои се здрави, креативни и потребни за нивниот развој, нема да го има овој проблем. Не сметам дека треба да им се забрани технологија, напротив треба да се учат уште од мали што представува технологијата, интернетот, како да се користат за продуктивно, да се едуцираат уште пред прв пат да седнат пред компјутер. А не купи му компјутер, поврзи го со интернет и остави ги сами на себе. Ова е мое мислење, иако сум дебатирала со многу пријатели на оваа тема и повеќето не се согласуваат со мене, јас сепак си останувам на мојот став.