Денешната младина отидена е во неповрат, ни детство видоа ни игри ни ништо, директ од компјутер штиклите и во град, не знаат ништо друго.
Со интернетов западот им е се поблиску,гледаат примери од Америка а и што да се збори кога за идоли ги гледаат фаци како Џастин Бибер Еве денес го уапсија за возење под дејство на алкохол,повеќето од нив незнаат за што е кратена DUI,ама битно светски тренд на twitter е We will always support Justin.Мислам,шта речи...
Познавав личност која има(ше) доста строги родители.Строги родители мислам на тоа дека му треба дозвола од нив за да каже нешто,за да замези нешто кога е на гости и многу слични ситници.И тој ги слушаше,никогаш не им беше вратил да земе да се кара со нив,секогаш ги слушаше што и да е.НО кога тој не беше во нивна близина ќе земеше да пцуе,да вреѓа,да прави работи кои не беа нормални за 12-годишно дете.Значи всушност тој беше се што неговите родители несакаа да бидат,НО само кога тие не беа со него.Јас другарот го знаев уште од раѓање не се ни надевав дека ке се претвори во таков монструм од човек.Колку и пати да сум се обидела да кажам на неговите родители неможам,ке се шокираа пустите тие.Подоцна го прекинав контактот со него а и на некој начин и моите и неговите родители бидејќи беа пријатели и тие го прекинаа контактот.Бидејќи имам роднина доктор ми рече дека пред некој ден тој бил донесен во несвесна состојба бидејќи се напил.Било утврдено дека имал унесено мали количини на дрога.Се исплашив од самото што го слушннав.Се прашав како ли е сега на неговите родители што сакале нешто да биде од него а тој уште од прва година средно почнал да пие и да се дрогира.Не се надевав на оваа во никој случај.Ама ете поентата ми беше дека и он спаѓа во таа „луда“ денешна младина и не е се до родителите.Гледате како може да се изглуми ?Се што сакаат родителите од нас е да успееме а не да бидеме ку*ви и дрогираши уште од 12години,па и прва година средно не доволно зрело(јас спаѓам во тие и сум се изјаснила во некои теми дека досега не сум имала ништо со момците ) Освен познавам некои девојчиња што се 12-годишни а излегуваат до 12,уште сега плачат бидејќи биле сингл,уште од сега имаат „трагедичен љубовен живот“,уште сега допреле јазик со јазик со некого.Ма фуј бре,све ненормално !
[СДК] Сакам да кажам... Денес децата се преокупираат со сосем ирелевантни и тривијални работи кои најмалку ги засегаат, ниту дека детството им е детство во права смисла. Децата - новите генерации што треба да ја наследат Земјава и општествово му даваат преголемо значење на општествениот рејтинг во виртуелниот свет. Имам внуци и внуки од братучеди кои ми се пријатели на фб и искрено не ми се допаѓа кога ќе видам дека на секое ставаат слики од нив, облечени во мини здолништа и длабоки деколтеа (а нема ништо во нив, туку нејсе), сликани со лаптопи од 500+ евра и телефони и гаџети за кои мнозинството може да сонува. И бурно реагирам на ваквите нешта. Не дека ми е криво, скраја и подалеку. Не е убаво. А не е ниту безбедно. Кој знае колку педофили со извртен ум има по интернетов. Кој знае колку криминалци има што кога ќе видат дека имаш телефон/лаптоп/плазма, нема да размислуваат два пати за да те пречекаат некаде, или во најлош случај дома. А од друга страна, тука се и љубоморните и зајадливите кои ќе ја искористат секоја можност за да ти наштетат. Не ја сфаќам поентата-и што ако 600+ пријатели на фб видат дека ти имаш Ајфон или таблет? И што ако некој на форум ти пише дека си дете и дека не се сложува со тебе? Зар има нешто лошо во тоа? Јас секогаш ќе бидам дете. И кога ќе станам мајка, пак ќе бидам дете. За постарите од мене секогаш ќе бидам дете. Наместо да се замарате со тоа какво мислење имаат за тебе што не ставаш на секое слики и не се чекираш на секои 20 минути, излезете надвор. Надвор се вистинските луѓе, вистинските другари. Не викам дека и од тука не може да никне прекрасна булка од другарство. Надвор е сонцето. Надвор е животот. Надвор се насмевките и прегратките. Ништо на светот не може да го замени ова со реална, искрена и топла прегратка со мајка ти/брат ти/сестра ти/другарка ти. Имав сиромашно детство (не дека сега живеам во некој си луксуз). Ама сиромашно само од материјална гледна точка. Компјутер си купив тек на 22 години после едно лето во Германија. Точак никогаш не сум имала, за ролери да не прајме муабет. Не сум се облакала во брендирана облека. Сум се облекувала по вкусот и џебот на моите. Ама не ми било битно. Од друга страна, имав богато детство. Имав многу другарчиња и секоја вечер (кога беше убаво времето) игравме мижаница, златна џамија, јаже, ластик, тетки, наставнички и докторки и што ли уште не. Имав многу искрени прегратки, што сметам дека се клучни не само за развојот на едно дете, туку многу им значат и на возрасните, како најискрен метод за покажување внимание и грижа. И не ми фалеше ништо. (Добро, можеби еден точак ми фалеше). И не го пишувам ова за да навредам некого, ни најмалку. Сакам само да си кажам како јас гледам на овие работи и колку бесмислени ми се приоритетите на денешниве деца-тинејџери-адолесценти. Ви испраќам поздрав, отидов да правам палачинки Џоунс
Денешната младина е размазена, разгалена, отуѓена, исматеријализирана, емоционално оперирана, надвор од реалноста, без некоја визија во животот (да играат по цели денови игри на компјутер, да се напијат, џоинт да се надуваат и да се утрипаат ) итн. Секако не важи ова за сите ама за добар дел. Добро можеби и јас “остарев“ ама факт е секоја наредна генерација го губи човечкото во себе. Брзо и динамично време, време на технологија и никој со никого не се замара, а многу деца не би биле тоа што се да има кој да разговара со нив. Во мое детсво (90ти години) и тинејџерски години (почеток на новиот милениум) екстра беше. Играње надвор по цел ден, жмурки, крадење јаболки, праски, кајсии и друго овошје од комшиите (при што после следеше бркање од страна на комшиите кога ќе приметеа хаха), возење велосипед, играње фудбал и кошарка во маратонски сесии по 12 сата, гаѓање со фишеци и претварање на улицата во депонија и тон други работи кои секогаш ќе ми се во драга меморија. Секое време си носи свое бреме тоа е. Y2K децата (родени по 2000г.) се идните киборзи.
Денешнава младина не знае што значи мајка ти да те вика од балкон (или домафон) за да си појдеш за ручек, а ти несмееш да излезеш зошто се криеш на жмурка. Незнаат дека скокање на ластик, бркање, жмурење, играње серва, бегање од комшии на кои им имаш крадено нешто од дворот и сакате ли војна. Игравме и една игра џамија ја викавме,се делевме во две групи и едната група редеше 5 камчиња едно врз друго, па некој од спротивната група треба со топка као на куглање да ги бутне камчињата и да се растрчаат да бегаат, а овие на кои му ги битнале треба да ги фатат. Не трча само тој што ги бутнал зошто он треба да ги нареди пат 5те камчиња едно врз друго. Финтата беше кој е побрз тие што се бркаат, или овој што треба едвај некакви (биравме заоблени некои што паѓаат) камчиња да нареди. Интересно беше Да имам некој таков сега у маалово да се најде, одма се симнувам пред зграда да играм. Навачер обавезно барав 10 ден за сончоглед и стално си грицкавме на клупите. Немаше шанси да се приберам дома додека не се изгрицка целиот. И додека не се испланира кој со кој утре што ќе се игра. И пак мајка ми викаше од балкон дека касно било 23h да сум си одела дома Е денешнава младина не го знае тоа што ние во 90тите го игравме Не се они криви. Кој знае какви ќе се генерациите што следат.
Прекрасни времиња беа тоа,инаку генерациите што следат се се поужасни и поужасни.Па тие немаат едноставно срам од ништо,а за однесувањето да не зборувам.Се се измени,а којзнае што не чека понатаму.
Хаха, мислиш дека тоа е заборавено? Мајка ми и баба ми од домафон ЦЕЛО ВРЕМЕ МЕ ВИКААТ. Цело време си го заборавам телефонов зошто и не го сметам за важна работа во животот. Со другарките разговорите ни се кратки и јасни: "Пред зграда во 18!" и толку! Да бе, цели муабети по телефон. Ќе си се сретнеме ќе си муабетиме пред зграда.
Епа ајде не бидете такви кога не ни знаете се не сме ниту разгалени,нити распрдени. Кај денешнава младниа заборавено ова заборавено она. Епа ни нашето детство не беше цело време на компјутериве.И ние мајките ги молевме за уштемалку да поседиме на улица,и ние игравме цела вечер куку. Не судете за некои не сме сите исти јас сеуште си излегвам надвор(на лето сега сум попречена со учење). А и вие сигурно кога учевте немавте триста предмети,ние секој втори ден тест правиме.Секој ден испиуваат дури и музичко и ликовно тест правиме. Епа драги луѓе не ги обвинувајте децата,а и ничи живот не е совршен.Како што стануваат се „помодерни“ семејстват се случуваат многу работи и сето тоа децат го трпат.(Не зборувам за себе,туку за деца околу мене!) И ние игравме со ластик,царица,ку-ку,па и многу игри кои се играле во времето на мама пред 38 год. Taка да јас имам совршено детство и сеуште си го живеам,дека некој се дели тоа е друго и во ваше време имало такви,СЕКОГАШ ГИ ИМАЛО И СЕКОГАШ ЌЕ ГИ ИМА!
Затоа Цвете кажав дека никој не е крив. Кој знае да се дружи и игра ќе најде начин. Јас немав мобилен до можеби 2ра средно не ми требаше ич И дури и после тоа сама си го купив, па брат ми сам си купи, па моите на крај. Не ви судам ич на вас. Мене како родител утре би ми било страв да го пуштам детето надвор да си игра, не заради неговото однесување и галамење и играчки-гачки, туку заради околината (манијаци, наркомани, киднапери, секташи, свашташи... ). Но од друга страна пак и неможам да го растам под стаклено ѕвоно. Секое време е различно. Тоа сакав да кажам.
Не се криви компјутерите и интернетот за денешната младина, и за секоја младина се блуе дека била лоша и и недостасувало нешто во споредба со претходната. Интернетот како интернет, биг бенг во човештвото, со своите предности и маани како и секоја алатка за масовна комуникација и воопшто направена за општо добро е злоупотребена. Може ако се научат да се употребуваат правилно работите кои ни се пружани нема да се зборува само напразно. Денеска сите информации ги примаме во поразлична форма од порано. На времето ко немало компјутери.
Сигурно во твое време и не биле баш-баш актуелни како сега што се,па и јас немам кузнај каков телефон,обичен самсунг лизгач уште од петто одд.А предходно година и пол имав од оние Сименс првите,нов телефон дури втора.Па ни јас него користам телефонот,аларм смо и да комуницирам со мама и тато и ретко некогаш со другарки те. А за тоа со маниаците и јас понекогаш се палшам и не мора во стаклено ѕвоно да ти е детето .Кај нас сеуште не се дотолку многу како некаде на друго место во светот.
„Денешната младина сака луксуз. Некултурно се однесува, не почитува авториет, не ги почитуваат постарите, брборат наместо да учат. Повеќе не стануваат кога ќе влезе постара личност во просторијата, се караат со родителите и се прават важи пред друштвото“. И ова мислите е од возрасен во 21 век? Ноуп, луѓенце, ова го кажал Сократ. И мислете вие дали сте биле подобри ова она, барем едно од овие сте парвеле како мали, т.е во вашата тогашна „денешна младина“. Треба малку да сфатите дека и ние помалите знаеме нешто.
Денешната младина ... Бев кај братучедми пред некое време на Фб да му го простудирам Ѕидот ... да видам како се изразува и што како објавува ... ок не се разочарав многу од него .. солидно дете е .. во некој филм е, но во ред, пубертетлија, па до негде го сфаќам ... 2ра година средно е .. па видов женски цело време му коментираат пишуваат ... па и му ставале линкови, од гифови некои, лапање, драпање .. боже викам !! ај ок .. идам чисто онака од радозналост .. и досада.. кај некои од девојчињата .. значи се запрепастив ... на Cover слики од голи жени со силикони, па некои со цензурирани само интимните делови, кај една имаше чак пишано IF SHE'S NOT SKRIMING, YOU NOT DOING WELL , па коментари од типот .. мачко, не замеравај на човек без искуство ... ке научи ке се подобри ...па оваа даа ама нема да учи со мене, ја сакам мене да ме учат ... па после - затоа ти викав да не се замараш со генерации наши ... ја луѓе ваква останав , па го седнав братучедов, викам добро бе овие другаркиве твои .. се заебаваат, така ?? и ми вика не бе даде, сериозно такви се, па они само така нас ни скренуваат пажња ... па Иван знаеш со колку бил до сега ? .... ... - епа драги мои, Иван бил со 7 до сега .. тоа срамотното !! .. јас убаво го искарав братучед ми, да не прави срамотни работи, да не прави да се каат девојчињата кога ке почнат мозоците да им функционираат по нормално, од кога ке излезат од фазата Пубертет ... .. и искрено.. братучедками го сака Џастин Бибер ... ја ја закачкав цело време, дали има симпатија и да си најде симпатија.. но после тоа што дознав какви се генерацииве ... ја молам да продолжи Џастин да го сака... не и треба симпатија .. !! .. Искрено .. ме плаши фактот што чим сега ова им е НОРМАЛНО на децава ... што ли ке биде нормално да прават за 10 15 години ... или следните герации што доаѓаат ... се се по напредни ... ........................................................................................................................................................................................или јас сум заостаната ?
ме потсети и ме врати во едни прекрасни времиња денеснава младина за зал го нема тоа технологијата многу напредна и место да играат змурка ластик или слично тие се пред компјутери од најмала возраст ние кога бевме деца не знаевме ни за компјутер ни за мобилни
Денешнава младина пред се е без грам домашна култура. Детето од мало се учи. Како велат: теле се учи, вол не се учи. Како родителите ќе ги воспитаат децата кога воопшто не седнуваат да резговараат со нив. Ги праќаат по цели денови на некои си активности, буквално секој ден, доаѓаат дома, компјутер и на спиење. Какви се родителите кои за собирање и одземање до 20 го праќаат детето на часови, да не не знаат случајно, или заборавиле . Додека се малечки колку и да кршат и беснеат збор не му велат, па после крив бил комшијата, не... крив си ти што не си го воспитал детето... Секоја чест на исклучоците.
Тоа е до родителите. Сведок сум, имам видено многу културни деца/тинејџери со манири и се. Доколку родителот не го воспита детето за бон-тон, култура и почитување тие се криви. Добро вистина е дека детето може да западне во лошо друштво, но сепак доколку родителите превземале нешто тоа немало да е така. Целата кривница е на родителите. Може детето да биде културно, може да почитува, може да сака, се може да направи доколку е добро воспитано.
Едно ќе признам мислам дека компјутерите,таблетите и поновите телефони им го скаратуваат детсвото на децата.Многу време на нив минуваат и дека подзаборавија на игрите на улица. Кога бев 1-2 и помала на мама и тато му барав компјутер ама тие ми велеа немаме потреба и јас цело време надвор и така.Сега кога си сум дома не сум од компјутер станата.А кога ќе појдам кај баба ми цел Баир го шетам и кога ќе се вратам не се знај! Некни одам да ја викам другака ми да си се шетаме таа ми вели ела влези се пишиме со едни деца и ќе излезиме после по 2 и пол сати излеговме.. И уште нешто не е баш на високо ниво сексуалното (не)воспитание!Младинава многу е радознала и сака се да проба не си го знае редот и времето..До душа и Џони Деп и Анџелина Џоли не биле поарни од сегашата младина ама баш е глупо...
читам горе мислења,се што сте кажале е точно.има и деца со култура,ама затоа тие деца во школо се исмејувани.еве и јас бев така,ама мораш малце и да се качиш(симнеш) на нивно ниво,инаку не те сакаат другите во школо,само за тестови и испрашувања ти се местат,а за друго ти се смеат,ти си бубачицата,немаш друштво,само учиш,многу си смотан/а,заостаната си ти..еве јас бев од тие “бубалиците“ во 6то со пола одделение.и кога ги видовме осмите и седмите,нели кога влеговме во предметна настава,одма некои станавме фаците демек.океј јас после одма се спуштив хаха сфатив дека е глупост тоа(или сепак мислам дека сум сфатила).годинава,само едно едино дете се однесува како што порано биле на наши години.