Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    13.075
    Пол:
    Женски
    За жал сегаде е исто.Не дај боже да те видат како учиш, читаш некои книги, мирно повлечено девојче и веднаш за бубалица те сметаат.
    Во право си, малку треба и поинаку да се однесуваш, но не ја сфаќам денешната точка на кулминација... :?:

    :!: Се ужаснувам од самата помисла кога ќе видам само кои деца се сметаат за фаци, а ние како нормални сме исмевани? Кој сака нека се налути ама како напредува технологијата луѓето се се’ поглупави.... Искрено многу, ама многу жалам што сум дел од младинава.Подобро да сум живеела во времето на баба ми, може луѓето немале многу ама сепак се живеело 1000 пати поубаво

    За жал ова е време каде се величаат деца од типот ,,фраери/ки‘‘ |( , а мирните и повлечени деца се тромозат во училиштата... (секој ден сум сведок на вакви случки)

    Епа незнам како ќе изгледа младината за некои 2-3 години, ама не ќе да е на арно :emo:
     
    На cresa-jagoda и Dog-lover им се допаѓа ова.
  2. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    повеќето се такви, точно. Но, јас еве си читам книги, си пишувам моја книга и сите знаат за тоа. Но, никој не ме прави бубалица или слично... Познавам и многу такви кои ги интересира нешто, но дојдени сме во ера каде што опстануваме од друштво и гаџети. По интернет кружат секакви глупости, па децата си дозволуваат да ѕирнат секаде. А и дома родителите не ги интересира за нив. Некои родители дури и им дозволуваат да ги прават тие работи.
    На пример: едни соседи, гледале порно во присуство на нивниот седумгодишен син.
    Така сте ги воспитале, така и ќе се однеауваат. Некои родители ги убедуваат своите деца да одат на прав пат, но друштвото им е такво и тие не сакаат да ги остават другарите.
    Инаку и во училиште наставниците ни зборуваат за табу темиве. тие ни велат дека немало зошто онаа тема да ни биде забранета за зборување. значи не сме ние виновни во сите грешки кои ги правиме.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На mileystar, eliesaab, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  4. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Како што тргнала младината, нашите деца ќе twerkираат на Call me maybe, и песни од 2010тите |(
     
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Се пронаоѓам во сликава... навистина несакам вака да биде, но некој ден ќе ме разберат. :?:
     
    На LittlePinky, Ana122, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Се имам изјаснето на темава но ќе пишам уште нешто што го немам пишано претходно.
    Тоа е за пушењето на цигари. 8-мо сум односно 7-мо по старо и знам дека многу деца на моја возраст пушат.Истите тие имаат 13 години.Нели е премногу рано?Не знам за порано,можеби и тогаш имало некои кои пушеле на оваа возраст но сигурна сум дека биле поретки.
    Сфаќам дека можеби се љубопитни да запалат една цигара,две...мене ме чуди што на некој начин е тренд да се пуши!Зар не сфаќаат дека си го уништуваат здравје?Денес барем сме многу информирани.Истото важи и за пијанчењето.Имаат само 12-13 години. :x
     
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.219
    Допаѓања:
    13.075
    Пол:
    Женски
    Се зависи до нив самите.Колку пати ми рекле запали цигара, демек само јас делам од школото бла. бла..
    Ете и по толку молења ниту сум запалила цигара ниту пак ме интересира тоа.
    не знам зошто ама скоро сите на кои ќе им кажам ова го поврзуваат со поимот дека сум бубалица.сега може и ти така ќе мислиш,но нема врска тоа др.е учењето др. е оваа работа.едноставно не ме влечат ваквите работи. :wasntme:
    И во врска со пијањето алкохол се си има граница.
    Е сега ако некој си го сфаќа животот од типот: стани,пијанчи се и легни си нормално дека нема човек да биде.
     
    На LittlePinky, SparkyAngel, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. bieberfever69

    bieberfever69 Активен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    9
    Имам другарки што се шминкаат,дотеруваат,имаат дечковци,со секој втор се муваат и сл. но за разлика од нив имам домашно воспитување.Ако они одат така не мора да значи дека и ја треба така да правам.Имам другрки што одат во школо со штикли.. :tmi: и мене тоа не ми пречи тоа е нивно достоинство и го црнат образот на нивните родители.Не се срамам да кажам дека освен лабело немам ништо друго од шминки,немам еден пар штикли,не сум имала дечко,немам кратки фустанчња и др.Криво ми е што моите врсници ме гледаат чудно зашто за мене е многу нормално да излезам низ маало по тренерки и да играм фудбал и кошарка со некој помали деца..за мене е сосем нормално сепак се сметам за дете имам цел живот пред себе.Имам добиено коментари демек многу си детинеста,уште си малечка,ке пораснеш не се секирај од девојчиња помали година може и повеќе од мене :x
    За жал мислам дека јас и мојата најдобра друкарка сме последни кој се однесуваме вака..
     
    На Saricko, GirlLove, LittlePinky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. NineTailedFox

    NineTailedFox Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2014
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    157
    Во денешно време сите вредности се изгубени, се е од корист, младинава мисли дека ако пие и пуши и се дрогира е интересна. Па особено па кога ке ги видам по дискотекине 7-мо, 8-мо одделенки во миничи и штикли 15ка ми се повраќа. Сеа многу нормално дека има исклучоци, али овие кои што тргнуваат по лошиот пат се мислам дека во поголем број, или па дома се бубалчиња а надвор беснеат само колку да се покажат пред друштвото.
     
    На GirlLove, eliesaab и Insatiable13 им се допаѓа ова.
  10. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Не ми се верува дека во темава која се вика "Денешната младина" 90 % коментираат девојчиња од 14-15-16 години дека младината a.k.a тие што се помали од нив една година се пијанчеле и не знам што правеле...

    А битно коментаторот на ова истото го прави само е година постар.
     
    На bubamara12345, fifi16 и sweet-star им се допаѓа ова.
  11. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Си седам на фб и гледам едно 13 год. девојче објавила статуси од типот „Таа сакаше само да биде среќна, премногу ли бараше?“, „Не можам да бидам среќна без тебе“, „И паднал градникот, му здодеало да живее празен живот“, па коментари од типот заљубенкатааа, леле кој се заљубиил, немој така срце. Ок уште на вести да има дека си се заљубила!!
    Де беее? Ја, мајкатааа! Алоо? Смири живци бе!
    Добро признавам, тогаш се јавуваат првите симпатии, ок е да се има симпатија, ама не ја бомбандирај почетна со депресивни статуси и дека си се заљубила за поголема популарност. И од истата слики од типот, да се гледат градите, испрчена уста и Џастин Бибер во позадина.
    Што не се прави за популарност :x
     
    На cresa-jagoda, Saricko и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.024
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Децата се огледало на родителите.За жал,мал број од денишните деца се воспитани и културни,а мнозинството се препуштени сами на себе.Секако дека средината и средствата за комуникација кои се нашироко достапни имаат големо влијание во развојот на децата,но родителите се тие што треба да ги насочат,да им создадат навики и да учествуваат во процеот на социјализација.
     
    На cresa-jagoda, Papillon.Papi и Tikvice им се допаѓа ова.
  13. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Денешнава младина... Денешнава младина според мене нема никакви морални вредности. Како што вели првиот пост се повеќе и повеќе гледам машки што не се машки... Женски кои од 6то одделение одат со секој втор како да утре светот ќе завршува... Се пијанат како тоа да е најважната работа на светов. Да се поправам, не нема морални вредности...има ама толку се извртени што е жално. Не сум многу постар од "младинава" за која се зборува односно имам 21 година ама никогаш нема да разберам што толку гледаат во тоа да се испијанат или из*** со кој ќе стигнат. Па и кога ќе видам се мажат се женат... ме тера да мислам дека сум стар :) Комшивкиве мои сите до една се измажија...а јас најстар демек во маалово... брак бе...на 15 години... Некоја 13 години, вчера од пелени излегла да ми простите на муабетов оди во некој клуб облечена како проститука и воедно дрво пијана... Ама ова сето е производ на денешното време, не се и децата криви целосно...Се додека се прифатени овие работи се ќе биди полошо и полошо...
     
    На bubamara12345 и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  14. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Искрено јас заприметив,дека и основните училишта имаат голема улога во воспитувањето на децата.Секако во тоа спаѓаат и професорите.
    Еве чист вистинит пример со дете кое заедно учевме 6 год.
    Детето кое го знаев и она сега не е истото.Го смени училиштето и оп,одма однесувањето,почитта се се смена.Почна да пуши има и тргнато марихуана. :!: И се гордее со тоа.Вели -Ах шо убав ми е вака животот,како во рајот да сум. :x
    Ах бе што дете беше,што дете стана. :worried:
    :!: Во нивното училиште 96% се такви како него и полоши! Се муват со секој втор во гардот,однесување 0 итн.
    Е кај нас во школо е обратно :) ,добро има сега и такви како него,ама кај нас во генерацијата се само 3-4 деца.Така тие од дома заборавени се. :(
    Сакам да кажам дека и каква ќе биде младината зависи и од окружувањето,средината каде живее.Друштвото,касот. :?:
     
  15. mama2

    mama2 Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    11
    Денешната младина? Да не треба темава да се вика Се раѓаат и одма сакаат да се однесуваат како да се 25???? Која младост ја имаат денешните деца? И јас имам дете кое сега влегува во пубертет, ама разговараме за секој проблем или добра случка.И јас имам дете на возраст како некои деца што пишуваат овде, ама пишуваат и во тема како што е Домашни тестови за бременост?????????Немојте деца не си го расипувајте животот, еден ден кога ќе имате 25 ќе ви биде криво.
     
    На bubamara12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. bella96

    bella96 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    1.027
    e :x
    Иако припаѓам на оваа група ,ме фаќа срам од мислењата и постапките на моите врсници.
    Девојчињата од 10год. патат по невозвратена љубов.
    Момчињата се изразуваат вулгарно,девојчињата па бетер .Значи се е отидено.
    Лани ми се има случено ме прашува другар -имаш бесплатно на one и јас немам,на мобимак сум и кога почна да ми се смее и ми вика абе т-мобиле е хахахах .Викам оке е.
    Ако темата не ти е мување,алкохол,искачање викенд.те сметаат за ретардирана будала.
    Мерак ми е кога ќе искочиме на кафе со друштво ,но кога ќе го земаат телефнот во раце,се завршува.Ми се одмилува и кафето и муабетот. :tmi: Чекаш пола саат да се чекира,уште пола да види кој лајкнал(дека многу е битно) па да види што има ново на почетна.Мислам оке до некаде,но секое искачање чекин -претеризам.
    Ало на кафе сме а не на фејзбук. :call:
    Уште поинтересни ми се овие во врска што се ставаат на секоја недела,профилната што ја менуваат на една минута ставаат длабоко разочарани статуси -а плитки во размислувањата. незнам незнам...
    Многу ми фали детството,толку ми беше убаво.што да имам некоја сила сега би посакала да се вратам во раните ми години.Да се играме брканица штркот бара боја па ден-ноќ,ништооо
    СителБамбини кога го гледав на времето,К-15 комедии
    И завидувам на сестра ми (7год) колку само и е убаво,си игра си пишува домашна ,па мама кога ќе седне до неа да и објасни математика ,се сеќавам како мене ми објаснуваше.
    Како растат годините така и проблемите и предизвиците во животот и посакуваш да си дете...
    Молк за убавите времиња,детства ,каде технологијата не беше толку присутна,каде сите те сметаа за нормална личност. :)
     
    На cresa-jagoda, omg92 и SV1911 им се допаѓа ова.
  17. UltrasGirlMKD

    UltrasGirlMKD Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2014
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    28
    Од денешнава пладина М не гледам :^) Не дека сум некоја којзнае колку голема,али излегуваш на кафе и сите млади околу тебе со телефони/таблети во рака и дремат на фејсбук/твитер/инстаграм |( ќе се погледнат 2-3 пати и ке напрат 2-3 реда муабет и тоа случајно,се прашувам зошо излегле ко и дома можат да си седат и да си се чекираат? Уште 14 не наполнила/ил веќе има 2-3 мувачи и дечковци/девојки,разочарани од љубов (а не дека вистински ја осетиле љубовта :?: ) излегување,фурање,кратки сукнички,високи штикли :x Кога во град видам некоја 14годишна фатила дечко 10 години постар од неа и се облекла,се изнаќитила,шминка еден тон не личи ни на 18 туку на 28 (можда малце претерав) :doh: И ако пушат цигари,се дрогират,имат ајфони,оргинални патики тогаш се фраери,друѓите се заостанати и старомодни :emo: Стварно не сфаќам зошто не уживаат во животот дур се млади и мали,има време кога ќе носат високи штикли и минич суќнички,многу се форсираат за нивните години,а секако дека има и голем број исклучоци :)
     
  18. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Браво за ова. Баш е вака како шо опиша. Излегуваш на кафе и по 2 мин ете си тагнат/а на ФБ - "Со срцкитe на кафе таму и таму" .. Жално е...
     
  19. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Денешната младина или денешните родители...??? :^)

    Нема ден, а да не видам несовесни родители. Па, какви сакаме да бидат децата?
     
    На cresa-jagoda и mama2 им се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам SVE E IZDUVANO...немат никаква контрола никакви кочници на прсти се бројат тое што имат малку мозок,што е ова бе голи слечени сите,како некој проститутки облечени и нашминкани со миничите со деколтеата до папок пискат по улици пијат алкохол,пишат цигари се дерат,односи имат уште од 15 години жив страм :puke: катастрофа буквално...
     
    На mama2 му/ѝ се допаѓа ова.