Не сме ние виновни што сме се родиле во мраков, на погрешно место и време. Транзицијата почна да си ги зема долговите, а тука спаѓаат и младите кои се жртви на динамиката на животот. Ќе се ставам овде и себе, и ќе ги споменам идеалите или целите кои сакав да ги достигнам во животот! Со своите 20 години, не чувствувам дека направив нешто значајно за помрднување на општеството од мртвата точка. А како вчера да беше кога имав 14, и имав толку планови, си замислував како овој мој празен бел лист наречен живот ќе го обојам во прекрасни колоритни бои. Читај: Аха, ќе биде си немаш гајле. Имав надеж дека мојата креативност изразена кон прозата, позијата и музиката некогаш ќе вроди со плод. Но, секако се излажав! Затоа еве ме сега приземјена, соочена со реалноста и деструктивизмот. Очи во очи со лошата финансиска ситуација која е во константно опаѓање и ги вжарува домашните конфликти. Со 10001 пријател, а ниту еден од нив разбирање и поддршка. Сама на себе препуштена во периодите кога е најтешко, кога дури и своите ти го вртат грбот без пардон! Гневна сум бидејќи не сум единствена. Денешната младина до некаде има право да се однесува онака како што се однесува! Осудени сме на пасивен регрес, и патент на муцките. Славиме туѓи победи кои не сме мрднале со прст за да ги издејствуваме. Едуцирани, насочувани, градени во сосема.. сосема погрешна насока. Страшно!
Провокативно облечените одат во соодветни локали кои поддржуваат таков дрес код ,со соодветна намера. Битолчанки биле и ќе бидат според мене најтрендсетерки во Македонијава, и ваквата изјава не е поттикната од локал патриотизам. Не сите од нив се облекуваат така, веќе објаснав кои се и кај одат таквите. Штета е за девојчето, голема штета. Мене ваквите случки ме тераат себеси да се ставам во улога на родител во ваква ситуација, и искрено не доаѓам до конкретно решение. Незнам како би постапила. Децата не се способни самостојно да пресудат за последиците кои би ги оставиле перманентно етикетирани во општеството како неморални. Ваквото однесување е многу популарно деновиве за жал. Незнам дали на девојчево и е жал, веројатно и е. И мене ми е за неа, за нејзините родители, префрлувањата и погледите со кои неизбежно ќе се среќава. Не ја жалам дотична Јасмина ( и мува не ме лази јавно да експонирам која е) и мислам дека е крајно време социјална служба да интeрвенира кај нејзините родители. Девојчево се слика топлес и во неколку незгодни пози од нудистичка природа на околу ( нагодувам ) 13-14 години, а потоа своеволно ( сеуште малолетна ) сними провокоативна фотосесија со еротична долна облека, уште малолетна. Еј, дозволено е со закон такво нешто ?? Снимањето беше прикажано на локалната Тера Телевизија со која дозвола незнам. Незнам како ни дали нејзините родители дозволиле вакво однесување. Не би понатаму да навлегувам во промискуитетни детали од нејзиното секојдневие. Девојчево тргнало во сосема погрешна насока и мисли дека тоа е во ред, се додека оди во прилог на нејзината популарност , без разлика што станува збор за лош "публицитет" кој активно го следат сите генерации, вклучувајќи ги нејзините 40 годишни дечковци со кои јавно се појавува во ноќни локали, доцна после полноќ. Неодамна наидов на страница на фб на која се објавуваат фотографии со експлицитна содржина и лични податоци на малолетни девојки кои се етикетирани како неморални. Запрепастена сум некои фотографиите, едноставно останав без текст . Голите фотографии се "новото селфи" во Македонија. Како почна овој тренд и кога ќе заврши ?!
Драга Валерин, луѓето со љубов кон прозата, поезијата и музиката не бараат признание од општеството, освен ако не се занимаваат со лоши стихови за музиката на Карлеуша која таа сака да ја нарекува поезија. Знаеш ли колку неостварени писатели, поети и музичари има во „големиот“ запад каде „сè“ е успешно? Милиони. Работат како новинари, фотографи, улични музичари, што сè не... за да извадат обично парче леб. Не ја обвинуваат сиромаштијата или транзицијата, туку капитализмот, конкуренцијата. На крајот на краиштата, Достоевски умрел без скршена рубља и непризнаен. Селинџер пишуваше до својата смрт за душа, без никој да прочита што има напишано. Затоа бирај во транзицијава, сакаш да си уметник или старлета?
Не ми беше мене поентата да кажам дека сакам да заработувам од ова. Туку го сместив во темава кога пишував за младината и себе како дел од неа, во однос на шансите кои ги имаме за успех. За себе лично кажав дека сум неостварена во креативниот домен, во смисол дека сакам некој да ги прочита моите творби, за кои имам амбиција да ги сместам во книга. Но, за книга е потребна добра промоција и соодветна издавачка куќа. Работи за кои треба финансиска потпора која јас не можам да си ја приуштам. Инаку, ако некој тврди дека нема поголема сатисфакција од туѓиот восхит и пофалба за твојот личен труд, тоа сум јас. Будејќи ни едни пари на светот не го заменуваат тоа врвно задоволство.
Видов нешто на фб и морам да го прокоментирам Едно девојче, другарка на моја втора братучетка, не е ни битно тоа, 14 години, останав ваква на профилната слика Ама не затоа што беше нашминкана, спремајте се! Шминка, ама тие smookey eyes, како што би се нашминкала деверуша со cup cake фустан, па адидас тренерки (розови ) и плав лак. Не бе Ама важно се нашминкала, ааа и раката на половина ја ставила, ма тоа е битното бе, што има да и биде гајле дали и одговара. Важно имаше 550 лајкови Ме заинтересира девојчето па и ги гледав сликите и налетав на една кога била 13 години. Во краток фустан (розов), високи штикли, коса направена, шминка и голем рачен часовник и блеска на раката Прекрасно Како 18 да е, мајка му стара Ма ќути, трај, што не земала и горен дел адидас тренерка со неа Толку имам да кажам
90% се такви. Ете и повозрасните не се поарни. Спореди им ги сликите од матура со сликите од апсолвентска,на тие од апсолвентска изгледаат 10 години помлади отколку на таа од матура.
И јас спаѓам во денешната младина имам 17 години. Можам да кажам дека сум поразлична од сите, на свој начин. Никогаш немам запалено цигара, се немам опиено, најмногу алкохол што сум испила во една ноќ се две чаши вино ништо повеќе. Излевам викендот секако и се облекувам пристојно за мои години а најкасно сум дома до 1:30. Не ги сфаќам останатите на мои години кои облекуваат премногу кусо за наши години па и за секогаш. Јас никогаш ме би облекла такво, не би се чуствувала пријатно во своја кожа. Не дојдов овде да се правам некоја добра и да се фалам видете ме различна сум туку дојдов да прекоментирам каква е ситуацијата со денешната младина, и секако дека има исклучоци. Еве мене секогаш ме гледаат чудно бидејќи не пијам не се правам дрво пијана да не можам да си одам дома. Не ми е пристојно мене како прво да се доведам до таква ситуација а моите родители не би можела да ги погледнам во очи. Луѓе срамота е вашите родители да ве трезнат, или утредента да дознаваат за вас како сте повраќале и сте се отрезнувале на улица. Треба да се има осет и граница. Мене секојдневно навистина ми е тешко ме гледаат со друг поглед поради тоа што не пијам не ми е целта да испаднам и да се направам дрво пијана, кога излевам излевам со една цел а тоа е да си поминам најубаво и да се сеќавам утре а се а не други да ми прераскажуваат. Ме гледаат чудно кога кажувам дека два пати во неделата сум во билбиотека и си зимам слободни книги за читање. Да јас сакам да читам тоа ми е најубаво нешто и не се срамам од тоа вие треба да се срамете што не читате книги. Секогаш си штедам пари не за цигари туку за книги. И секојдневно трпам погледи во смисла на коментарот што и е на оваа, па еднаш се живее, еднаш имаш 17 години и еднаш си тинејџер ако сега не се забавуваш кога?! ЈАс сакам моето тинејџерство да го памтам вака. Баш вака се чуствувам најубаво и сум тоа што сум. Не глумам не се дигам до небо, се облекувам пристојно не носам штикли секој викенд, доволно сум висока и може понекогаш и на балетанки, и ако носам штикли не се највисоките, туку оние кој ми се најудобни а не да си виткам нозе. Читам книги. И најубаво ми е а другите што сакаат нека зборуваат. Јас си го памтам детството до околу 11/13 години бев на улица и си играв криенка(жмурка) летото со пиштоли на вода се прскавме со моите другарки од маалото и секогаш си играв во калта и си правев куќи од песок. Игравме карти,монопол, не лути се човече, ластика... и многу други работи. И уште едно нешто да прекоментирам за денешната младина во која спаѓам и јас. Со кој памет си фаќаат дечковци на 13 години. Јас тогаш имав само симпатија и ми беше срам да го погледнам или пак да си разменем погледи а не па да се залапм со него или нешто друго. Невиност губат на 15 години. Претерано е и тоа многу. И родителите се криви тука. Моите родители никогаш ме немаат воспитувано со ќотек секогаш на добар начин ми објаснувале што е најдобро за мене. Тие се благодарни на тоа што сум денес и што ќе бидам понатаму. ЈАс прв пат си фатив дечно еден месец пред да наполнам 17 години. Пред тоа бев многу заљубена во едно дете но никогаш се немав соматно си никој. Прв пат беше тогаш и сеуште сум во врска. Не ни размислувам да имам сексулани односи бидејќи животот е пред мене и не се брзам за ништо, а ниту пак се чуствувам подготвена за тоа. Имам 17 години и имам време за се. Најбитно ми е да завршам средно, еве сега сум матуранка и подоцна ќе продолжам на факултет па ќе видеме каква ќе ми биде сраќата и дали ќе имам среќа веднаш да си најдам работа. Тоа ми е планот за во иднина
Има неколку работи шо ме вадат од такт 1.Во кафич оди цело друштво и си ги вадат телефоните.Наместо муабет да си направат сите штракат.Кога ќе дојде келнерот наместо да нарачат му викат како е пасвордот на вифито.Едни пак седнати сите на иста маса и наместо да си прават муабет на телефоните си пишуват меѓусебно 2.Девојче од 14 ќе напише некој статус на фб долг 5 страни за како само она вистински го сакала,па како ја повредил,па му вика дека никој така нема да го сака и дека за неа немало да има друг,па дека немала да плаче за маскара и бла бла бла 3.После става слика и со неа порака на англиски дека срцето на жената било полно со тајни.Ма молим те,од тие таквите до жена има колку од тука до Сиднеј и назад. 4.Некои машки па со цигарите в уста и на профилна си ги стават сликите.Сите родители нивни имат фб,Дали жити се глеат шо прават децата,како дозволуват? 5.Афторитет незнаат шо е,полни се со дрскост. И јас спаѓам во денешната младина и не велам дека сум китка за мирисање.Се имам раздерено дома ама после ми идело да пропаднам во земја.
денешниве млади само ги интересира телефонот и компјутерот ... потоа познавам девојчиња кои на своите неполни 12 г. фаќаат дечковци на 13г. почнуваат да пушат и на 14г. излегуваат со миничи и штикли во град само незнам до кога вакаа........ многу има дигнати и мислат дека цел свет се врти околуу нив
Нас чудно ни е од страна да ги гледаме напернатите со миничи, дигнати цициња до уста, и смоки ајс ефекти, тоа е огледало на домашната култура, по тоа се гледа колку внимание им посветиле нивните родители. Толку ли тие родители немаат две чисти во главата, што тие нафта ли пијат. Нели осеќаат во каква пијана состојба им се враќа детото од излегуање, толку ли не го осеќаат мирисот на цигари. Колку и да се дискутира на оваа тема, џабе е. Денеска мерило на популарноста се лајковите. А не сваќаат дека познати ќе бидат кога потписот ќе им стане автограм.
Еднаш кога за цигарите правев муабет со мајка ми и кога ја прашав како некои пушат скришно од нивните родители и како родителите не забележуваат дека нивните деца смрдат на цигари, мајка ми ми рече дека тоа е така, бидејќи нивните родители се пушачи и не можат да забележат дека и нивните деца пушат. Бидејќи родителите се навикнати на миризот на цигарите.
Јас спаѓам во денешната младина со моите 16 години.Сакам да возам велосипед да излевам со другарките да се дружам со нив да одам на одмор на излет.Да имам симпатија.Да имам вистински пријатели.Имам врснички што се дома цело време.Ги гледам секаде се муват со кој ќе стигнат.Дома често и избиваат караници затоа што носат кратко пијат пушат доаѓаат дома касно.Јас себе си неможам да се замислам во тоа светло.Мислам дека не е нормално девојче 13-14 години да има момче (па и повозрасни).Некои на моја возраст имаат и односи.Сакам да имам детство достојно за мојата возраст.Сакам да имам детство полно со спомени,а не да пораснам премногу бргу.ДЕВОЈКИ ЖИВЕЈТЕ ГО ЖИВОТОТ МАКСИМУМ БИДЕЈЌИ ВО ЖИВОТОТ СИ САМО ЕДНАШ ДЕТЕ. П.С.Не се глупирајте не се разголувајте за лајкови.
Денешната младина...не може да се нарече младина,не знае до кај и се границите,нема што повеќе да се каже.
Јас ги викам дечурлана. Ајде и ние бевме дечурлана ама ние бевме друго време и ние имавме ДЕТСТВО. Случкава ми ја раскажуваше братучедка ми случајно во муабет зборевме за денешната младина. И таа ми кажуваше некоја нејзина пријателка од 30 години излезена во клуб ( не мажена) почнал да и се пушта дечко од 17-18 години. Кога ми кажа ми се стемни. Ја частел пијачки таа отпрвин одбила, но тие се трупале на масата само една по друга. И девојкава му ставила до знаење дека е незаинтересирана а пијачките си стоеле на масата. И ајде другарките рекле демек ќе ги испиеме ние што ни е гајле, ама дечкото тоа го протумачил како знак за заинтересираност, што немало баеги везе. И добро, и земал се доближил почнал да и се лигави и оваа земала му рекла јас сум 30 годишна девојка можам мајка да ти бидам како не ти е срам. И дечково се изнервирал и рекол к*рва се продаде за пијачки. И она со другарките го напуштиле клубот. Типот дефинитивно се направил фраер, и другиот ден ( пошто живее во мало градче секој со секого се знае) го видела истиот тип во кафуле ама овој си наведнал глава кога ја видел неа. Сакам да кажам денешната младина немаат основна култура, немаат ред ама ни стандарди. За женските да не зборам се пикаат во секој кафич и си пијат пиво или коктели. Облечени во штикли, миничи. Имаше случај каде имам видено дека во кафичот во вецето се пресоблакаат во секси фустани. Нивните родители дома немаат баеги везе. Како глумат - како вистински глумици. Од кило пудра неможеш да ги познаеш дека имаат по 15,16 години. Секаде се бутаат, пикаат они се јаки, они се пичици, они можат се. Се додека мама и тато дава парички нив цел свет им е на дланка. А тек допрва ќе искусат што е вистински живот. За машките да не зборам, јаки коли, возачка на 16 години. Омилена тема им е тепачка по клубови. Борба за сепаре. На сепарето обавезно виски, шток, џин итн.
А ми дојде мисла да споменам,некои од дома искачаат како најскромните деца,а под тие нормални алишта што се крие... Па од дома ако искачаат личејки на себе,а после се пресоблакаат,се шминкаат,почнуваат да личат на 30 годишни жени Не знам за друго,ама дека го претрчуваат животот е многу јасно! Како да е одредено ќе живеат до 2018 па трчи сеа ти да не не ги стигнеш тие години Спојлер Брзоо....јен два јен два
Се' е отидено во неповрат денеска. Јас разбирам дека им се излегува, им се шета, сакаат дечко/девојка, им врие крвта итн, ама се' треба да си има граница, а таа граница треба родителот да ја постави. И јас кога бев тинејџерка излегувавме, и јас одев по дискотеки, и јас се дотерував, носев штикли, ама ова денеска е бре претеризам. Ние колку и да се правевме постари пак изгледавме дека сме деца, се знаеше каде може, а каде не може да се оди, во колку саат треба да се биде дома, која облека е за нас, во која дискотека одат постари и тоа не е место за нас... А денеска девојче на 15 години изгледа постара од мене. Мене побрзо ќе ми побараат лк некаде отколку на неа, најсериозно. Кај што треба и кај што не треба влегуваат. Сепак ќе речам дека родителите се криви за се'. Не може никој да ми го докаже спротивното. И јас излегував, и јас одев по дискотеки, ама татко ми кога ќе ми речел да бидам дома во еден, сум била дома дури пред еден. Се знаело ред. Ми воделе контрола. Се знаело што е пристојно облекување и како може да се премине прагот од влезната врата. Денеска што се знае? Девојчиња од 15 години во пет сабајле ќе ги видиш како се влечат по улици. Излегла со кратко фустанче и стиснати гради извадени надвор, шминка како за на свадба. Епа кај се тука родителиве? Кој и' ја купил таа облека? Кој и ги купил тие високи штикли кои воопшто не се за нејзина возраст? Таа шминка јас ли и' ја дадов? Тоа мора некој да го купи па за да таа го носи. Знам дека има примери кога девојчиња излегуваат во една облека од дома, а после се пресоблекуваат кај другарки или по вециња. Ама ајде еднаш ќе го направи тоа, два пати, три пати епа толку ако родителот води сметка за неговото дете и малку од малку води контрола ќе сфати што прави девојчево. Не може тоа вечно да го прави. Исто и за алкохол и цигари. Ако сака некој да забележи ќе забележи. Алкохол се познава од километар, дрога па ич да не зборам. Цигари исто. А и момчињава на 15, 16 години не се ништо подобри, односно не се нешто подобри нивните родители. Уште на 15 години му даваат кола да вози. Епа кој му ја даде таа кола? Што знае дете од 15 години за сообраќај? И да ја краде, ќе ја украде еднаш, два пати повеќе не може, ќе го фатат ако сакаат да го фатат. Кој им дава пари за флаши по сепариња? Една флаша е над 50 евра. Пак родителите им даваат толку пари. Па после и дрога доаѓа на ред. Нормално со толку пари во џеб, дете може само глупост да направи. Родителите се криви. Еве да тргнеме сите од себе. Сите ние постариве имаме излегувано, шетано, и колку - толку сите имаме некакво искуство. Зарем не би забележале кога детето би ви дошло дома пијано? Ајде искрени да бидеме сите. Не би забележале ако нешто не е во ред? Не може едно дете од 14 години да ме прелаже мене за такви работи кога и јас истото сум го поминала. Ако треба по него ќе одам цело време, ако треба секој ден ќе одам во школо и ќе го контролирам, ќе го чекам после излегување да видам во каква состојба се враќа. Епа не верувам дека ако некој води таква контрола дека детето до толку ќе му стане пропалица. Плус, денеска сите фб имаат, родителиве си ги имаат и децата на фб за пријатели, па може да види што и како става детево, што коментира, какви слики става, какви луѓе има за пријатели. Така што, ако се сака, може да се дознае. Ама се некако мислам дека родителиве како втор пубертет заедно со децава да доживуваат. Посебно што имам гледано на фб да му се смачи на човек од животот. И родителиве се сликаат по кафичи, па ставаат слики, па нешто јаки сме многу. А не па децава. Тоа мора да се види од некого. Под тие слики каде што воопшто не се за во јавност мајкиве им коментираат. "Најубава на мама". А ќерка и' со градите надвор, напрчен задник и напрчена уста. Наместо да ја седне и да и' објасни некои работи. И кој е забеган во муабетов? Имав другарка која заедно со татко и' си пиеја алкохол. По литро пиеше со него пред излегување. И нормално дека ќе биде таква - каква што е моментално.
сакам да кажам многу работи ама веќе се кажани во темава еве едно видео за децата порано и децата сега http://www.youtube.com/watch?v=OyMMWT15jgc