Денешната младина за товар го има револтот на оние кои ги одгледале. Голема меѓуетничка нетолеранција. Читам и се чудам, во темата за средно медицинско. Се плашеле да имаат исти влезови со албанчињата, страв им било. Се прашуваат и се советуваат дека влезната врата е заедничка, а часовите се држат на различни страни. Се прашувам кој им го наметна таквиот став, на едните и на другите ? До кај стигнавме ? Предрасуди на модерното општество се ова ?
Да се навратам и јас на темава .. Вчеравечер бев згрозена од паметот на 8-моодделенка .. Нејзиниот дечко и золва ми се дружат ( секако има и други у друштвото ) . ,,ФРАЕРОВ ,, дува а оваа (девојче од 13 ипол години ) му вели дај дим .. Он секако и дава дим .. Па уште еден па уште еден .. Следува вториот џоинт и иста приказна се врти ... Золва ми вели ,, Ја ги гледам и им се чудим шо памет ќе имаа ,, ај она е веќе позната по тоа дека иде со шиптари ( од оние со крвните одмазди ) али и дечково како и дозволува .. Јас на мм на заебанција му реков не сум пробала сакам да пробам ( али не сериозно се зезав малце али ова уште коа ми беше дечко не сме планирале сериозно нешто него онака ) ми велеше ,,Ако пробаш ти тоа прв ќе бидем шо ќе те убие на лице место вели ја секако можем да најдем за 5 минути ама не сакам ти да навлезеш у тоа с*ање потполно се согласувам со него
Од кај до кај замина, имало таква класа граѓани кои се етикетирани како крвни одмазници ? Интересно, кај се собираат обично, маркирани се нешо, лесно се препознаваат ? Како јеховини сведоци само подискретно. Под дифолт се дилери или наведуваат на конзумација на опојни супстанци ? Од каде дечко и е виновник за нејзиното непромислено однесување ? Веројатно е на нејзина возраст. Сами сме одговорни за постапките, одлуките и последиците од истите без разлика на возраста. Пример, оди Queen Elena навлечи ја на џоинт, на нејзини 13 години има интелектуален капацитет на возрасен. Очи ми боди дозволата, дечкото и дозволил, маж ти ќе те убиел... Треба да се отвори тема "Менталитетот се движи во надолна линија", можеби. п.с. Поздрав до твојот мадафака маж кој е во постојан контакт со шиптари дилери кои работат на повик.
Јас ако за денешнава младина не лежам затвор, глава сечам... Абе излегувам и ги гледам сите пицнати, шо да ти расправам. И гледам една така и му викам на другар ми, интересно изгледа девојчево... И овај ми одговара...14 години има бе со брат ми учи... И ја останувам подзинат така и си викам...Добро бе ако оваа на 14 изгледа како 20, како да ги познаам ја кои се кои Знам нема никаква врска со темава ама ете си реков да споделам скорешно искуство...
Епа дојди во Тетово и увери се дека не постојат такви личности и да се собираат на ул.Цетинска ако таму кажеш нешто лошо ти отиде главата како на пиленце да точно сами сме одговорни за постапките ама можел и дотичниот да не и дозволи па и он сам да не зема сепак не си од Тетово и неможеш да ги знаеш нашите овде ! И према тоа неможеш да судиш за мојот менталитет плус ги опишав како такви бидејќи недај боже некоја бивша негова да си фати нов дечко одма следуваат закани тепачки ела ти живеј во ваков град каде има 90% албанско население а 10% македонско п.с. да и мажми дуваше порано додека идев со него али повеќе не дува и не се движи и не е во никаков контакт со таквите ако сака може да биде ама не сака !
Tи ова сериозно гордо го кажуваш дека ако сака може да биде во контакт со ,,таквите'' ? Многу не зрело од твоја страна, ти ги читам мислењата, мајка си не ти личи.
Океј, Тетово е друг свет, да речеме локалитет населен со "примитивно" население каде владее тотално без законие и се' се решава со физичка пресметка. Закани ? Тепачки ? Е па да, станува збор за осмоодделенци. Инаку, овде надвор од Тетово жената е еманципирана и независна, одамна доби право на глас и живее самостојно, носи одлуки за себе без ничија дозвола. Мислам, корисничкото име кажува повеќе од доволно. Oзбилно, мислам... КрејзиГрл15 ? Ми личи на тралалалалол.
Е баш барав некоја ваква тема, нема да се надоврзам на мислењата погоре. Сакав да спомнам за денешнава младина,ама за нешто друго поврзано со нив. Додека одев на училиште една девојка од моја генерација се омажи зашто останаа трудна.Првите неколку месеци криела,ама почнаа да зборуваат по школо дека е трудна и потоа се дозна.(да спомнам дека дечкото е печалбар,дека си имаат неговите фирма,баш добра прилика си нашла ) Си одеше на училиште до матура како што знам. 2 дена после матурата се породила како што слушнав од другарките. Нека и е живо и здраво на младата мајка. Друга девојка од 2ра година исто така беше трудна , велеа 4 месеци била во врска а 2 месеци била трудна... кога стигнаа да го направат?? Таа дома седеше,не одеше на училиште од како почна мешето да и се познава. Дечкото/"маж и" си одеше на училиште,го гледавме со другари му. Баш си имаше нормален тинејџерски живот за разлика од неа. Додека полагавме матура,се омажи уште една ... и таа останала трудна, кога беше на полагање и се познаваше стомакот малку. Баш таа зборувала за онаа што претходно ја спомнав "Јас да сум на нејзино место ке кажам одма на сите нема да кријам,тоа не е за криење" Пред неколку дека и школска ми гледам се верила со дечко и .Никогаш не помислував дека она прва ке се одаде. Баш таа што зборуваше за факултет,за ова,она.. Еве сега видов уште една девојка од моја генерација се верила. Ваљда и она трудна останала . Што прават овие млади ?? Размислуваат ли нешто ??? Велат некои: порано нашите баби на 14-15 години се одавале,раѓале деца.друго било времето тогаш. Сега школа се бара. Тешко се запослуваат луѓе со факултет,а не пак оние без. Него се распишував многу.доста беше
За тоа што се случува со денешните родители си се виновни единствени родителите и никој друг. Мојата школска која има навика да си доцни секојдневно на часови и доаѓа во 8 евентуално 9 а наставата почнува од 7 и пол го излажала дома татко и дека екстерното се одложило, а тој ден се успа и не го положи тој едниот предмет. И класната ко се јави на татко и да дојде и дојде татко и и класната и други професори буквлано лом го направија а таа го изгушка пред сите се излигави и тој само се насмеа ништо не рече. Ви се молам луѓе каков родител е тој па него буквално неговата ќерка го врти и лаже како што сака. А сите знаеме дека екстерно мора да се полага ако не положи не ја минува годината. Денес го излажала за ова утре другден којзнае за што. Мојата прва братучедка има 15 години а секоја вечер е излезена и и даваат по 150/200 денарии. И дозволуваат да купува кратки сукни, фустани, разголени маички и така излегува секоја вечер на родендени на кафе ваму таму. Пред некој ден отишла на базенот да пие кафе а на баба ми и симнала цел леген алишта баба ми да и ги испере. А стара жена е. И цигари пуши а што е најтрагично мајка и знае со мајка и заедно пушеле. На фб ги има и мајка и и татко и и тие буквално ај гледат секоја најзина глупости да кажам и пак никако не реагираат. И таа нема буквално никаква почит спрема нив. Не учи а во школо пак има 4 и тоа се со врска што и фаќаат. А остави шо спрема нив нема почит утку ни спрема баба ми или дедо ми кои имаат 65 години. А мајка и и татко и зборувале а канта тропала за братучедка ми е исто. Во животот една чаша нема измиено ниту па 2 партала да фане за запере со изговор дека ноктите ги платила 500 денари. Важно нашминкана е, намирисана, дотерана а тоа што собата и се распаѓа постојано тоа не е страшно. Ако баба ми не и ја среди нејзе не и текнува. И има уште ред други работи кои несакам овде да ги кажувам. И родителите на ниту една од оваа работа не реагираат. Може еден ден ќе им текне ако направи некоја глупост која е тешка за поправање. И сега не ама по 2/3 години со сигурност ова дете ќе ги гази своите родители, дури тогаш нема да има никаков ред и ќе биде банда без команда шо се вика. Може ќе ви звучи чудно ама јас не спијам до 3 саатот затоа што минатата ноќ сум била до 2 излезена а до 5 на фб сум дремела, не излегувам секоја вечер затоа што сметам дека има време кога да излегувам и по кафичи и ваму таму нема потреба да се брзам, не пушам гадна ми е самата помисла и не пијам ниту пиво ниту ништо што е алхокол. Не ми е проблем денес да ги измијам садовите, да спржам 2 јајца за мајка ми да јаде кога ке си дојде затоа што останува некогаш до 5 на работа исто така секоја втора недела работат, не ми е проблем да исперам 2 блузи затоа што не е се за во перална, не ми е проблем да изметам да избришам да исчистам и не посебно сега додека сме на распуст. За учење не учам ногу ама не сум ниту слаба ученичка. Сега кој колку може нема што тука. И не ми е ниту срам да го кажам ова не само на некој си анонимен форум туку пред било кого. Посрамно че беше да се мавав секоја вечер со различни машки или мувачи како шо ги викаат, да се мавав по станови и непознати куки, да легнев со кој стасам и на крај тој некој кога ќе ме шутнеше да се лигавев на фб со статуси. И ред други работи да не набројувам. И да напоменам дека минатото лето ми помина во берење тутун. Оваа година немаме но другата најверојатно пак ќе садиме.
Сите гледам зборите за почит кон родители.. не мислите дека почитта треба да се заслужи? ако е дете незначи дека треба да ја трпи секоја глупост на родителите. Не знаете какви се родители постојат.. Имам 15 години, не искачам у дискотеки ,качифи, не ставам 3 кила шминка, не пијам , не пушам, немам дечко, учам, имам некаква цел во животот да станам некој и нешто со свој труд .. и пак не сум доволно добра .. имам причина за ова што го зборам али јбг не можете да ме сфатите преку еден коментар на форум на фемина..
А какви се родители постојат? Прифаќам дека постојат родители кои пијат, има семејно насилство и се. Ама ако едно дете е убедено дека тоа не е во ред нема да го следи тој погрешен пат. На крај краиште кој родител му сака лошо на своето дете? Никој. Родителите се тие кои ни обезбедиле кров над глава, храна, образование, облека и се друго. Само затоа што родителите не ви ја купиле омилената блуза, мобилен телефон или незнам што не значи дека се лошо или дека не заслужиле почит. Едноставно некогаш неможеме се и сешто да си дозволиме. Со текот на годините сфаќаме дека родителите биле во право. И тие некогаш имале 15 години не сфаќаат најдобро затоа што поминале низ истото и да не казнат и да ни се развикаат па и да не удрат сега може да се лутиме ама по некое време сфаќаме дека тоа било за наше добро. И не се родителите тие што прават глупости туку децата. Но 3m43 ти ако сакаш пиши ми во порака ќе позборуваме за твојот проблем.
Не фала не би сакала да зборам за приватни проблеми.. само си кажав мислење, инаку и јас се сложувам ако едно дете е убедено дека тоа не е во ред нема да го следи тој погрешен пат. Тргнувам од себе.. И да, сите луѓе грешат и незначи дека ако се родители дека се секогаш во право и дека се безгрешни.. Јас не се лутам зошто не ми купиле нешто, за разлика од моите за мене парите немаат толкава вредност. Али ок не е битно неќам да ме сфатиш како да сакам да се расправам со тебе
А луѓе, знаете ли мене што ми се случи? Не е конкретно поврзано со темава, ама прочитав неколку страни поназад за законот дека не е дозволено за малолетници после 12. Пред неколку дена бев излезена со другарка до град и беше негде 11 ипол, седевме во едно детско паркче (со лулашки, клацкалки) и на отворено е местото. Си правевме муабет и помина чичо полицаец и не изнагледа и продолжи. За 15ина минути станавме, отидовме до трафика, јас треснав некоја зелена и си се изнасмеав на моја сметка и во тој момент не застанува гореспоменатиот чичко. Ни вели: Добровечер, што правите вие тука?!; со дрзок и подбивен тон и на тоа следеше, сакате ли да ве приведам? Јас како што бев насмеана, се здрвив и велам зошто, што сме згрешиле, ништо не направивме. Немавме испиено капка алкохол, не пушевме за друго и муабет да не праиме. И ни вика дајте лични карти, после 22:00 не смее без лична да се шетате, демек за малолетници. Му велам, мене ми е во процес на вадење, треба да ја земам за неколку дена а другаркава нема а не ни треба да има. Овој вика, па што не си извадиш, може сте од Албанија дојдени проблеми да правите и се тоа во круг го вртеше муабетот. А кога го прашав од кога е тој закон дека после 22:00 не смеело без лична, заќуте. Ме интересира дали се мајтапел со нас нешто, зошто не бевме сомнителни, не правевме ништо нелегално а уште втората реченица му беше дека ќе не приведе.
Воопшто не се мајтапел. Има право да ве приведе. Што барате надвор во тоа време без родител/старател. Лична карта е доказ кој си од каде си. Тој не гледа на гравчиња па да знае што барате надвор тоа време.Чукнете ги тоа малите тиквички малку. Секакви лудаци шетаат надвор, па после цацко ви е крив. Тоа го сторил поради ваша безбедност, а не да му мудруваш во кој закон го пишува тоа. Велиш ништо не правевме во 00 часот. Доволно е што сте биле надвор без надзор.
Човекот бил мртов сериозен ама не е во тоа поентата,Daleron убаво вели. Нема зошто да сте малолетни надвор после 22 часот. Ги гледам и ги слушам и кај мене по населба се мафтаат безвезе натака навака,зборат и праат глупости немерени, ечат со тоа гласовите у ниедно време. Но не се децата криви туку ние родителите.
Не се мајтапел сигурно. Според закон службено лице може во секое време да ти побара документ за идентификација, и ако го немаш да те приведе (за да дојде родител) или да ти пише казна ако си полнолетен. На моја другарка и пишаа казна, без разлика што тоа време имаше 30 години и во неа го носеше ливчето од полиција каде пишува дека новата лична карта треба да си ја подигне наредниот ден.
Девојки, далеку од тоа дека се правам нешто паметна, чисто ме интересираше и затоа прашав, не мораше повеќето на овој начин да изреагирате. Најпрво, полицаецот крајно подбивно и дрско на некој начин се понесе, и добро тоа што ни побарал лични туку како може да ми каже, што бараш ти тука, сакаш ли да те приведам и тоа да му се први зборови, без образложение. Не доликува на службено лице така да се однесува. Второ, не знаев за тој закон, прв пат слушнав, сакав да ме информира и го прашав а не дека му мудрував. Патем, прогуглав на интернет и законот е за после 12 часот, а тој ми рече 10. А не беше ни 12, јас со такси за 10 мин можам да бидам дома, ако случајно ме види во 1 саат сабајле, ајде нека биде моја грешка, ама ова се извинувам не е. Патем, немам 14 или 15 години, нема ни зошто да кажувам колку имам ама гледам некако ме доживеавте како дечурлана што во 9 ипол треба да биде дома, се подбивам со органите на власта, ама воопшто не е така. Како и да е, ви благодарам на одговорите. П.с Вие како средношколки, од 2 година натака не сте оделе пример на одмор во Охрид да кажеме, не сте оделе на тамошните журки што секако не траат до 10 часот? Или на обично излегување во 9 ипол сте биле дома? (Зошто нели до 10 требало.) Некако, малку е нереално.
Не се лути веднаш, ама какво време дојде мене ми е страв да излезам. И јас имам малолетна ќерка и целата се тресам ако не дојде дома до тоа време што сме се договориле.За полицајците и меѓу нив има секави иако повеќето се дрски.
Немој веднаш да се лутиш на укажано. Тоа е прв знак на незрелост. Сие имаат право на милење кое ти го бараше. А незнам за другите ама јас на одмор со моите бев до 17 лето од мојот живот. А и најголемиот дел од моите пријатели од таа генерација. Така да журките си ги журкав со целосно понолетно право.