Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Ruzica00

    Ruzica00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    172
    И јас исто како Бон-бон. Да ти кажам дека до четвртата средно несмеев да се вратам после 12 дома нема да ти се верува. И не само јас, сите со кои што се дружев. Друго време беше, и да сакаш да седиш покасно, немаш со кого. Со душа чекавме да дојде нова година или Велигден за да останеме после полноќ :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.584
    Воопшто не се налутив, таман работа. Само некои од вас ми се нафрлија, а според мене убаво прашав. Ако се лутам на форум за најмала ситница, тогаш што ли ќе кажат тие во живо што ме знаат. :D Ете, некако ми се видоа нереални вашите очекувања, дека до 10 треба малолетници дома, ете мајка ми од 16/17 била сама на одмор, на 15 или 16 запалила прва цигара, одела во кино до 11 вечер, па никому ништо, денес се гордеам со мајка ми. Но, како што кажа Далерон, други времиња. Тогаш било и далеку побезбедно.
     
  3. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Извини колку гоини има мајка ти? Во мое време кафичите работеа до 22 часот и да сакаш да одиш некаде нема каде, такси немаше доволно , последен автобус во 22.00 излез до 21,30 стварно ме интересира колку години е.
    Зборувам за времето на средношколските денови. Нокни дискотеки се отворија кога бев на факултет.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Во мое време во тинејџерски години излез имав до 2 по полноќ за викенди. Не само јас, сите од мојата генерација, немаше потреба за страв, ама пак не знам како е во Скопје. Во кое време сте имале излез до 22 ??
    Инаку моето време беше пред 15-ина години :D
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    86 та запишав факултет па рачунај сега :lol:
     
  6. Bon-bon

    Bon-bon Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    И моето време беше пред 15 години па во школски денови бев дома до 22 часот. Во сабота одев на џуниор по дискотеките кои завршуваа до 23.30 - 24.00. и родителите не собираа со кола од пред дискотека. А да за нова година и велигден журка! се подмочувавме од среќа што дремеме до покасно.
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    ^
    Џуниор? Тогаш си имала 13 или 14 години. Јас зборам за 16, 17. Имавме слобода од родителите, па и најмирните се прибираа дома тоа време.

    Daleron ти стара си била :D Не знам сега како е, ама зар е до толку опасно па да не смеат во 23 на улица да се?
     
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Хахахах да бе стара, баба ти е стара :rofl: Смеат кој рече не смеат да излезат на улица ,ама до капија само. Имам едно кмакало дома, мочла една па во 12 да била дома 5-6 другарки излегувале, ај и дозволив лани 2 пати да излезе годинава како средношколка може и 3 пати, се шегувам ама не е лошо малку да им ја затегаш омчата околу врат , да не се распуштат многу.
     
    На imelda, Bon-bon и Bridget им се допаѓа ова.
  9. Bon-bon

    Bon-bon Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Срцка незнам од каде си ама во Скопје од 14 до 17 одевме на џуниор. Бар мојата генерација т.е од прва средно до трета - четврта кој кога се запишал. Да и речев на мајка ми да одам во дискотека или у град навечер во осмолетка ке ме казнеше со неискачање до мажачка :D :D :rofl:
     
    На Bridget му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Добро, од 14 до 17 години веќе средношколка си не осмолетка. Кај нас на џуниор забави се одеше некаде до 14 години, после веќе кафиќи па диско. Може мојот град бил Лас Вегас во Македонија а јас не сум знаела :D И после Скопје напреден бил, како да не :D
     
  11. Bon-bon

    Bon-bon Активен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2014
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    23
    Е ако де секоја држава треба да има по еден Лас Вегас никој нема против нели :D
     
  12. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Те молам кажи кој е твојот град. За Струмица знам ама за други градови за забава?
     
  13. janovska1

    janovska1 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    18
    Како деца да бидат нормални кога:
    - Тарзан шета гол
    - Снежана спие со 7 мажи
    - Пепелашка си иде дома после 12
    - Аладин организира кражби
    - Бетмен вози со 320км/ч
    - Пинокио само лаже.. :D
     
    На vrapce.b му/ѝ се допаѓа ова.
  14. s.h.e.wolf

    s.h.e.wolf Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    19
    И јас спаѓам во „денешнава младина“ , но морам да признаам дека се срамам од тој факт и ми е смачено од менталитетот на оваа младина, а и на генерациите што доаѓаат, кои дефинитивно не тераат кон подобро.
    Половина од младиве се во депресии, се повредуваат себеси, почнуваат да пушат цигари, да пијат големи количини алкохол (да се опиваат) и дури да „конзумираат“ дрога, мислејќи дека на тој начин ќе ги избегнат сите проблеми со кои се соочуваат. Се тешат со тоа дека „нивната тага е убава, некој ќе ги поправи“ и слични глупости. Епа никој нема да ви ги бакнува лузните предизвикани од што сте се сечеле и никој не би лежел со вас на трева за да гледа ѕвезди. Треба да си бидете сопствен херој и да се опкружите себеси со позитивна енергија!
    Другата половина, е овие пак се водат според мотото YOLO (you only live once). Се би било ОК, доколку тие се водат според она што навистина значи YOLO. Да појаснам.. Денешниве генерации под тоа подразбираат дека треба да се изгуби невиност на 16 години (па дури и порано), секоја вечер да се опиваат, да излегуваат со различни момци/девојки секоја вечер и слични глупости кои воопшто не доликуваат да ги прави еден 14 до 17 годишен тинејџер. Брзаат да пораснат и (не)свесно го пропуштаат најубавиот период од нивниот живот.
    За жал, многу мал процент од денешнава младина се навистина деца за пример, и жал ми е што генерациите што доаѓаат не се стремат кон нешто подобро, туку се се полоши и полоши.. :|
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.877
    Допаѓања:
    25.380
    Пол:
    Женски
    Ваке да се разберемо значи ја имам скоро 19 години профилов е направен кога имав 15 ( прочитав дека некој се чудеше на никот па дури и изгледаше тралалалол ) да мајка сум . Горда сум на тоа што излегло од мене , а што по ваше мислење требаше да абортирам на 17 ипол ?! Не фала ! Подобро е да бидам млада мајка отколку НИКОГАШ МАЈКА ! Не сум горда на минатото на мм али сите си имамо свое минато па кој како некој се гордее некој се кае за глупостите што ги правел . Горда сум затоа што се сменил и се кае за тоа што го правел предходно еве се бори за работа да добие и трпи све и свашта за сам да го издржува семејството со свои 19 години . И доста ме критикувавте мене видете се себеси прво . Тетово е град кој неможете да го запознаете од поминување или од слушање приказни за него од медиуми или од познаници . Треба да живеете во Тетово за да го запознаете градот и луѓето кои живеат тука !



    П.С. малку е офф али морав да се изјаснам !
     
    На janovska1 и Orthophill им се допаѓа ова.
  16. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.224
    Допаѓања:
    13.084
    Пол:
    Женски
    Хаос... подобро да живеев во времето на големите научници,отколку да бидам дел од оваа младина... :|
    Секоја генерација е се полоша и полоша...Само жално е тоа што ретко се наоѓа во денешницава некој со кој можеш да разговараш, да дискутираш за теми за кои вреди да се зборува,од областа на литературата,уметноста... ама не ме слушајте сега мене,овие понапреднатите ќе си помислат и фали нешто на оваа. :?:

    *Се замолуваат 11 годишни да не се толку разочарани од љубовта и од нивниот живот,па да растураат со статуси и жалења по фб. На таквите се‘ им е пружено во животот, а и не гледам причина за преувеличување. Жално е и тоа што родителите се трудат колку можат да им пружат повеќе на своите деца,ама не, за нив тоа е премалку.Не си ја трескајте главата во ѕид за ајфони и триста чуда,не се срамете од своите родители и не ги понижувајте,туку сакајте ги,почитувајте ги и ценете ги. :!:
     
    На eloves, Bescheiden, Papillon.Papi и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Emilia.Attias

    Emilia.Attias Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    909
    Допаѓања:
    575
    Пол:
    Женски
    Типичен пример: На братучедка ми денес и е роденден а ќе го слави утре. Ме повика и мене, ама нема да и отидам поради нејзиниот памет. Не сакам да мисли дека не ја почитувам, па поради тоа ќе отидам вечерва со татко ми и мајка ми. Бев спремна да и кажам дека ќе отидам утре на роденденот и одеднаш останав со отворена уста. :o Ми вели ќе поседеме, па јас ќе частам по еден коњак. Па почна да ми кажува дека вчера излегла со моите две другарки ( кои не се ни вредни за да ги сметам за другарки) и дека купиле две шишиња коњак. Со едната си ја поделила паклата цигари, па и на крајот ми завика:,,Не сме здрави, отруме се.'' Епа не сте де. Се срамам од помислата дека имам таква братучедка. Па добро и јас имам пробано и цигари и алкохол, ама никогаш не сум се навлекла во тоа, ниту пак сум се гордеела со тоа. Пробав, видов дека не чини.Па и се налути кога реков дека не доаѓам заради пиењето. Гнасно ми е кога ќе видам некое опиено девојче. Добро, тоа може да се случи неколку пати, ама скоро секогаш, е тоа не го можам.Најмногу што ми смета кај денешната младина е алкохолот, ништо повеќе. И јас спаѓам во таа младина, ама никогаш ми се немаат случено такви скандали. Една моја другарка (онаа која ја делела паклата со братучедка ми) на Нова година ја носевме пијана низ центарот на градот. Јас се посрамив од оние кои не видоа, а таа беше горда што се опила. Повеќе немам што да кажам. Толку од мене.
     
    На cresa-jagoda, Papillon.Papi и anina им се допаѓа ова.
  18. The-fallen-one

    The-fallen-one Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    40
    Денешната младина е ужас. Јесте да и ја спаѓам во неа али што е претерано,претерано е. Ниту знаат нешто паметно да кажат а камо ли да направат. А после за се другите им се криви или се нешто се жалат. Пола и поише се размазени,распрдени,мафии,тепачи,дрољи...
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    700
    Пол:
    Женски
    За греота се.
    Ко ќе видам некоја на 14 се крши по чаршија со штиклите, а од шминката очите не може да ги отвори, е косата ми се дига.
    Вчера прооде, денес штикли од 50 сантими носи-.- ми се лоши од таквите, на лице кило пудра (ако не и повеќе), клепките до над глава дигнати, исцрнети под очи... ужас.. облекла прслуци од мајка и’ внатре чорапи изнапикано и некоја тесна блуза згора „Видете колкави ми сеее, не сум јас крива што ти немаш цицки, некому природата му дава, некому не БЛА БЛА БЛА“ -.- шмизлетини. И напумпани во муцките, 20 кармини изначукани еден на друг, вештачки нокти, миничи...Ужас бе! Ти си мислиш 30 години има, а таа само што завршила основно-.-
    И тука родителите се криви до некаде што не сакаат да ги приберат, малите деца учат да пцујат од повозрасните!
    Денес забавачињата знаат што е мување, а јас во 6то одделение слушнав за тоа и си мислев дека тоа е нешто поврзано со муви ни на крај памет дека е бакнување-.-
    Исто така измислуваат нови идиотски зборови како што е мувањето и сл.
     
  20. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Преку глава ми е од муабети за „денешната младина“. Од вакви теми ми е срам да кажам колку години имам, веднаш се прават празни претпоставки. Познавам секакви деца, ама диверзитетот не доаѓа до израз поради генерализацијата.

    Демек порано не се правеле такви работи какви што се прават денес. На пример, најчесто се критикува музиката која ја слушаат. Добро де, на времето и Елвис го критикувале, сметале дека тоа што го прави е „ѓаволско“, неговата музика не се сметала за вистинска музика.

    А, најмногу од се ме нервираат деца кои коментираат за тоа каква била младината, а не се гледаат дека и тие се исти. Имам пријателки кои постојано се жалат дека нашите генерации премногу излегувале во кафичи, девојките носеле превисоки штикли и прекратки фустани, премногу се шминкале... А, тие го прават истото речиси секој викенд. Изгледа многу е „ин“ да се критикуваат тинејџерите, па ајде и ние да го фатиме возот.

    Едно нешто со кое се согласувам е дека повеќето немаат општа култура. Ама, кога ќе видам некое 4-5 годишно дете како прави галама во ресторан, а родителите само си седат и не му обраќаат внимание, се запрашувам кој е виновникот во таа ситуација? Се повеќе родители не се многу заинтересирани за воспитување на своите деца, и мислам дека тоа е најголемиот проблем.
     
    На eloves, eliesaab, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.