1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Денешнава младина пцуе, врни на кој ќе стаса, нема почит кон постари, на мајка си една комшика моја и вика „ај не квачи, доста!“ Ете такви вредности има денешнава младина. И ако е модерно да се вика кога ќе се видат две девојчиња кај си мори пи*ко, сливо една“ и тоа се среќаваат во чаршија, заедно со по еден родител |( е па секоја им чест. Убави се, лични, па уште и многу културни! Надополнето со танга над фармерки на 14,15 години, и проѕирна маичка, да!
     
    На maa, Srculence--91 и Scarlet88 им се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Е па кога родителите немаат авторитет и им одат по газот, а и не се замараат да седнат и да се помачат да воспитаат дете како треба или да искараат кога треба да се искара...туку цело време им се тресат и оставаат детето да каже што сака,што треба,да им каже уште како да живеат, а тоа уште не знае газот да го избрише(се извинувам за вилгарности)...што се очекува од нив др?? :^)
     
    На Scarlet88 и maa им се допаѓа ова.
  3. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    119
    Неможам да ја читам цела тема, доста е комплексна, затоа само ќе си го изнесам моето мислење.
    Не сум нешто многу постара од денешнава младина, меѓутоа сепак има работи кои не ми се сфатливи и прифатливи. Далеку од тоа дека ние сме биле светци, дека не сме излегувале и сл. Меѓутоа има навистина многу работи кај денешните млади за кои границите се подместени.
    На пример, неможам да сфатам како може да излегуваат уште во 6то одделение, да седат до доцна навечер(23ч, сепак е доцна за таа возраст), во 6одд да фаќаат дечковци/девојки, гимназија да одат на сколо голи стомачиња, на штикли, нашминкани?! Не сум заостаната, меѓутоа никогаш не ми се случи на школо да одам на високи потпетичи,нашминкана, или разголена, додека ги гледам во миничи одат :fubar:
    Јас во 7мо одделение когаа почнавме по малку да шетаме, ни беше дозволено до 22ч. ок, ајде модерни времиња дојдоа, имаат мобилни ќе се јават ќе ги прашат каде се,со кој се(ако е тоа нормално).
    Исто ме иритира фактот дека младинава целосно изгубила осет за време(за своите години). Уште што се вика се испилиле , а веќе на секс се мисли, на трева и сл. па после ќе се плашиме од бебиња :x
    Не викам дека сите се исти, зошто сепак се зависи од домшното воспитување, но добри 80% тврдам дека се такви што е за греота. Сепак не се децата виновни, многу голем удел имаат и родителите. Ако тие го погледнат своето дете какво е , ако малку повеќе се заинтересираат за него ,тоа сигурно не би било такво.
    Жално ,но вистинито. Потоа ќе се чудиме како на 20год веќе имаат легнато со 7-8, па нормално, сексот е нормална работа, исто како и бацувањето. Што има лошо во тоа :doh: :x (денешните генерации, претежно вака размислуваат)
    Сепак многу големо влијание имаат и овие западниве земји, така да неможеме да очекуваме ништо помалку.
     
  4. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Денешнава младина е чувај боже. Има културни деца, но сепак сите граници им се поминати. По 14 години девојчиња до 2 на сабалје акаат низ град. Кај го има тоа? Којзнае нашите какви ке бидат, косата ке ни побели.
     
    На maa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    За се е крив Холивуд :D , оние Амерички тинејџерки филмчиња, каде во школо одам ко за на писта...
    Сум за тоа да е у ред да си среден за у школо ова она, ама во средно умерено, да се знае кај си дошол дека у школо си дошол не у кафана. А основкиве неможам да ги сфатам, ја унаказуваат убавата млада кожа со пудри, еве ја имам 21 на 17 почнав да користам пудра, пред тоа во средно си ставав креонче маскара....
    Денешнава младине е многу под влијание на Сексот и градот :D да бе, мислат ова е њујорк, па секоја вечер со различен ќе спиеме, моди ќе тераме ова она, е тука кај нас не е така, секој со секој се знае за жал. за идолите исто се согласувам, Лејди Гага, голотии во секој спот, е од кога нема некој примерен добар спот да се изглеа, не се се со растресени облини! Ѕвезди се појавуваат од секој чекор, натпревар кој повеќе ќе се нафикса и еден куп такви работи.
    Родителите се криви за необраќањето доволна пажња на децета, но и тие се луѓе и треба да имаат малце во главата колкаци и да се, свест мора да имаат.Ама им лета паметот.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hihihi

    hihihi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    Точно.. 13 г. сум - 8мо и секој гледа која од коха да биде подоминантна поубава, сите да ја сакаат. може и јас сум таква, ама таква е средината неможам да се спротиставам и да бидам утка. и вие да сте на наше место и во ова време исто би направиле. сите сакаат да бидат ко од американскиве филмови, па и ко тин атракцииве селена гомез и мајли... одиме во дискотеки, штикли, алхохол.. све тоа.
    јас некако поставувам баланс измегу пример никогаш не пијам алхохол и сум единствена од друштво која не носи штикли од 6цм ама сепак не сум ништо различно.
    сите се борат за популарност и внимание што е навистина жално.. а уште пожално што и јас сум таква

    тоа е тоа
    :*

    Модератор:
    Почитувајте ги правилата за пишување мислење.
     
    На Shontelle му/ѝ се допаѓа ова.
  7. peace23

    peace23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    домашното воспитување не велам дека не игра удел во тоа какво ќе биде детето,како ќе се однесува али ипак стојам зад тоа дека овде има и други фактори.мали се,не размислуваат,не знаат да проценат кои се правилни вредности во животот,околината е многу важна,сепак тие деца мора да имаат другари и другарки а 99% се такви како до сега добро опишани и така лесно се паѓа под влијание,се крши детето,моралното во него се доведува во прашање.често не ни знаат како да се однесуваат во некои ситуации,знаат дека нешто не е правилно и добро но сепак го прават тоа,се однесуваат така од самата причина што сите околу нив се такви ,такво време дојде,цел свет е таков изопачен.не ја правдам денешнава младина,само сакав да кажам дека и децата не се толку криви затоа што ипак тие се деца.знам а и имам примери на деца кои фала му на Бога имаат сфатено во какви личности треба да се градат,деца кои навистина научија на грешките и кои сфатија дека за да бидеш во центарот на вниманието и за да бидеш ин не мора да пушиш, да седиш до доцна,да носиш штикли...туку треба да вредиш како човек и со гордост да го носиш името човек.не сакам многу да осудувам бидејќи не знам што ме мене утре чека кога јас ке бидам мајка,како јас би се справила со сето тоа.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    4.690
    Пол:
    Женски
    За мене некои работи што ги прави младината не ми се сфатливи и тоа е сосема нормално да постои тој јаз меѓу генерациите. За се треба да се има некоја средина и потполно се согласувам со претходното мислење
    на писс23. Според мене најголемо е влијанието од родителите, а потоа доаѓа средината, значи некои работи детето треба да ги прифати, а некои не. На пример во ред е ако се стави сосема малку шминка за во школо, но никако штикли високи, миничи и проѕирни блузи. Во ред е ако детето излегува со своето друштво, но никако да се претера со пиење и не дај боже трева да пушат. Мојата внука има 13 години и досега нема облечено ниту миничи, ниту штикли и блузи проѕирни за во школо, учењето и е на прво место, што ќе каже татко и тоа е. Таа можеби припаѓа на оној мал процент, но јас верувам дека од неа ќе биде човек. Не е бубалица, ако некој мисли на тоа или забегана, ми вика ,, вујно не давам Елена или било која да ми се прави важна... и јас и викам ,, ти треба да си го браниш сопственото мислење, остави ги другите нека прават што сакаат, слушај си ги мајка ти и татко ти....
     
  9. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски

    Целосно се согласувам со твојот пост! :!:
     
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ^^^E добро се тоа, ама мене едно време тато да ми речеше до 10 јас во 10 без 5 ќе си дојдев, а не сега брачедка ми му вика на татко и, што ми е гајле ти до кога мислиш, јас излегувам со другарки, тие седат до 2 и јас со нив. И лупа врата. Е богами кој е крив-јас не сигурно. Во ред, не знаеме што не чека, ама сега гледаме како е, се нема почитување, а и родителите не знаат најчесто како да го здобијат :fubar:
     
  11. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Ке видиме какви ке бидат нашите деца.......Колку и да ги воспитуваат родителите,улицата и друштвото може негативно да влијае на однесувањето.Како велат старите-Поплукај си во пазуви. ;)
     
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Кога ја отворив темава не мислев да се одвива во овој правец. Повеќе ме интересираше за заостанатоста на младината. Некој спомна, не сум којзнае колку постара од денешнава младина, точно и јас не сум, но кога јас имав 13-14 години сум имала симпатии сум пишувала споменари за нив, сум мечтаела... Кога сум имала 9 години сум си играла на улица со децата од утро до мрак.

    А денешниве деца??? Висат на фејсбук и се пријавуваат за во спот на некоја си пејачка. Па добро бре, родителите гледаат ли ќерка им што прави, се снима и се брука пред цел народ да ја гледа како рика како магарица. Јас на тие години сум цртала во споменарот со фломастери и мрсни бои. Кога сум имала симпатија на 12-13 години без разлика, сум го меркала тајно, сум мислела како да му се приближам... А денешниве деца??? Висат на фејсбук, додаваат пријатели, четуваат... Незнаат ни од прв симпатија ни од ништо не се разбираат. Заглавени се во компјутерот понастрана незнаат.

    Баш Ординери имаше напишано во една тема дека е многу среќна затоа што во нејзино време не постоеле фејсбуци и слични работи. Се согласив со неа во целост. Уште се сеќавам како се запознавме со првиот симпатија кој подоцна ми стана дечко, па како се шетав со него низ парк, па првиот бакнеж...

    Сега сиот тој дух е исчезнат. Значи иако не сум којзнае колку постара од денешнава младина, имам само 20 години имам далеку повеќе изживеано од нив. Барем во тие години сум го живеела животот што требало да го живеам, без преправања и правење нешто што не сум. Сакам да кажам, се си иде со текот на годините, ама жал ми е навистина што денешнава младина (12-17 години) не го изживеала нивното. Жал ми е што духот на првата љубов, на првиот бакнеж, на запознавањето со него се губи. Се е вештачки и неприродно... Тупаво и глупаво :x
     
    На Shontelle, TheKiketoo, UniqueCreature и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Денешнава младина многу се разликува од наше време, јас имам 27 години, ама убаво се сеќавам дека до втора година средно немав дечко, само симпатии, не излегував често. За компјутер да не стане збор , на факултет дознав што е тоа. Ама пак затоа имаше дружење на улица, седенки по дома, симпатијата можеше да го видиш само на школо и сл. Имам брат кој што е сега 19 години, и цело време е на ф.б , нема девојка, многу се срами , друштвото му е за никаде, машките сите пијат , еден муабет на тие години не знаат да сврзат, скоро па ниедна книга не прочитале ,а да не им е за на училиште. Не знам како ќе биде кога јас ке имам деца, ама сигурно не би сакала вака.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Се возам во автобус кој децата од населба го користат за до школо. Е тоа ми паѓа прво во очи, и јас бев дете, и јас одев во истото школо, абе 3-4 оделение уште од сега ги мрзи да одат, училиштето е навистина блиску 10-15 минути пешки, сите знаеме колку е корисно пешачењето, посебно за тие мали дечиња, е затоа се такви масивни и дебели и се, абе мене моите не ми даваа со автобус да се возам, а овие го пунат цел авотобус па уште и испоседнати се, а и стари луѓе се возат во автобусот тоа време. Друга работа се разговорите што им ги слушам во автобус, се се тоа основци а муабетите што ги прават искрено ми е срам да ги изнесам тука, ги слушам и јас се срамам. Таа со тој ова праела, во вц тоа се десило, па се буткаат во автобус на крај има неколку машки што ги закачаат девојчињата, ха „ги закачаат„ ги фаќаат да кажам поубаво. Сето тоа создава една слика. А за фб ма да не праиме муабет, сите беа во депресија затоа што не работел четот! :emo:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Isaak

    Isaak Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    45
    Точно така се сложувам.Не можеме да споредуваме една генерација со друга генерација.Секоја си носи позитивни и негативни страни.Тоа што ние викаме дека не сме излегувале покасно од 22 часот не значи дека не сме сакале да излегуваме покасно,тоа што не сме пиеле алкохол не значи дека не сме сакале да пиеме алкохол ,тоа што сме немале дечко до 4 година средно незначи дека не сме сакале да имаме,тоа што не сме оделе по кафеани не значи дека не сме сакале да одиме туку едноставно во тоа време беше срамно девојка да прави такви работи.Барем денеска новите генерации живеат каде каде послободно од нашите генерации што не гледам воопшто нешто лошо во тоа.И тука упорно сите го критикуваат интернетот,а го користат што е многу дискутабилно.
     
    На Zvezdicka11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Гледам што се случува со мојата, но и помалите и поголемите генерации, и се прашувам што ќе биде за 10-15 години кога јас ќе имам деца? Иако сум осмо одделение, не се однесувам како моите врсници. Кога одам во школо и гледам дека девојчиња од шесто одделение се нашминкани како што јас не би се нашминкала ни за на свадба, или пак слушам за што разговараат другите деца, се згрозувам. За мене во петто, шесто одделение шминка беше црвениот кармин на мама од кој ставав само за на свадба. Гледам девојчиња од моја генерација се пијанчат секоја вечер, пушат, излегуваат до 4-5 часот наутро, штикли - задолжително... Животот е пред нас, каде сите брзаат не ми е јасно?! Ќе има време и за дискотеки, и за штикли, и за шминка и за се друго. Ако на 13,14,15 години направат се, што ќе им остане да откријат како поголеми? Кои нови искуства тие ќе ги доживеат? Се ќе им биде веќе познато и неинтересно. Жално е.
    Според мене, одредена вина имаат родителите, но сепак е индивидуално. Да се земам за пример јас - се ми е дозволено и моите родители не се баш дома бидејќи многу работат, но пак сум попристојна и попримерна од некои што родителите им забрануваат буквално се и тие прават се за инат. Ако размислуваш и расудуваш рационално, нема да тргнеш по лош пат. Се е до карактерот.
     
    На Shontelle му/ѝ се допаѓа ова.
  17. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Родителите не се виновни ,со исклучоци(и такви познавам), секој родител му мисли најдобро на своето дете, мада секој на различен начин тоа го покажува.
    Сега да се врати времето уште долго немаше да се замарам да пораснам побрзо, иако можам да се пофалам со многу поубаво и подолго детство во споредба со "денешниве деца" (се сметам за компетентна со мојава 21 година :D ) што киснат по фејсбуци и други интернет-глупости, немаат многу вистински пријатели, туку виртуелни, електронски им се повеќето. Од кога немам видено деца да играат на улица некоја игра, ако видам ќе ги видам со мобилните музика слушаат и зборуваат какви клипчиња гледале, каков хорор и кој има повеќе пријатели на фб...
    Детството не се враќа. Убаво рекле старите: Годините да ти ги имам, ама паметот не. :)

    Офтопик малку: Браво за девојчето што го имаше претходното мислење(го заборавив името), значи уште има и такви деца, многу ми е мило.
     
    На Whatsername му/ѝ се допаѓа ова.
  18. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.610
    Допаѓања:
    2.470
    сега не дека јас сум кузнае колку стара (скоро 19 години) но имам внучиња од братучеди.. и стварно сум ептен разочара од тоа што они прават на нива возраст 6-7години и ние...
    ние скоро до 4то одделение слушавме детски песнички, за кучиња, мачиња.. за прва љубов итн итн.. бев присутна на еден роденден каде што најбарани песни од децата беа оние на слаткар :x :x :x
    пееа(пцуеа) заедно со него.. мене ми беше срам да ги слушам тие песни, а они машки и женски заедно си рапуваат за курви, педери итн итн.. стварно немам коментар...

    сите имаат фејсбук, таму секакви апликации објавуваат, се вреѓаат меѓу себе...
    искрено премногу се плашам за моите деца... како што мине времето се полоши навики стекнуваат...

    на училиште го нема оној срам, како што ние го имавме.. да те праша наставничката и ти да не знаеш, да ти стави - во тетратката, да немаш домашно,или пак да те опомене на часот... сето тоа за нив е ок, се случува...

    цигарите се стануваат веке некој вид на секојдневие и за основците... фраерско за нив е.. да се пуши :x :x

    ја немаат ни почитта кон постарите, кон баба дедо.. за нив тоа се обични старци кои само нешто зборуваат и само нешто им смета...

    исто во автобус.. нема шанси да станат да седне некој постар до нив...

    секојдневно се повеке и повеке се разочарувам од младинава...

    (се извинувам ако се повторувам со некој коментар од напишаните.. ама ме мрзеше да ги читам другите :) )
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Ова е доказ за денешната младина!
    http://www.youtube.com/watch?v=0GBfuCTuAqY
    Јас на овие години си играв со мечиња на кои им правев облека од чорапи и секојдневно ги пресоблекував.

    Ова е... Страшно :x
     
  20. wild-rose

    wild-rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2010
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    5
    Јас имам 19 год, не сум кој знае колку возрасна, ама ова што го прават децата баш ме разочарува...да, до 12 год и јас играв на улица, со барбики ластик или што не, па тајни споменарчиња, нормално секој си има симпатија, па ќе криев да не дознае некој, ако дознаеше лелее срамота ќе ме зафркаваат па и имаше такви зафрканции. тоа ме потсетува дека бев дете, имав детство, тие работи секогаш се паметат...а што прават децава? висат на фејсбук, се тепаат, пцујат, едноставно пораснааа пред време, не знаат што е игра, што е тим, па што ќе им остане од детството во сеќавање кога се ќе помине? со кого пишувале на фејс или кого виделе в град, уште со пелени на нив гчумат некои си женски или фраери..искрено ме разочаруваат и мене