1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.412
    Пол:
    Женски
    Многу убаво кажано, потполно се сложувам со тебе.
    Се во свое време. Во наше време немало шминки, штикли, кафиќќќќи, компјутери ,телевизии разни безобразни и што уште не.
    Затоа пак и тогаш имало забранети љубови, несакани бремености, врски со оженети.
    За родителиве денешни немам коментар. Само за тие да си го постигнат мирот децата им се распуштени, дури мислам и дека ги поттикнуваат на девијантно однесување, за да не бидат подолу од комшиите де.
     
  2. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ова исто како братучедка ми да си ја опишала. Сакам да кажам и јас имам една таква братучедка 2 години помала од мене и однесувањето и е слично нешто на ова и поради тоа ниту не сакам да се дружам со него многу чисто онака ако ја видам ја поздравувам од почит а некогаш се случува и таа да ми сврти глава во сред град оти се срамела дека не сум била "модерна". Модерна не сум којзнае колку ама памет у глава имам. Несакам да излезе оговарање сега тука на форумот или нешто слично ама од моја гледна точка секоја генерација што иде е се полоша и полоша. Лани школска на брат ми имаше дечко а таа е само 12 години. Дури на фб во врска, па се скарале па статуси па едно друго трето. А и овие денешните родлите (секоја чест на исклучоците) се прават многу модерни и современи скоро сите имаат отворено фејсбук. Не се работи за фејсбукот ама не ќе беше лошо од време на време да погледнеа што прават нивните деца додека се на компјутерот и на фејсбукот. И јас имам фејсбук ( моите родители имаат профили ама не седат на компјутер туку брат ми си праќа барања за игри од нивните профили :?: ) и тоа што моите родители немаат фејсбук не ми дава за право јас секој втор ден да се ставам во врска со различен или да си пишувам што ќе ми текне. Не ги осудувам родители што имаат фејсбук напротив ама малку да погледнеа што прават нивните деца не ќе беше лошо. Да се навратам на братучедка ми нејзиниот татко има фејсбук кој го користи, мајка и исто така и нејзината макеа да кажам. Сите користат фејсбук а мојата братучедка пред некој ден со некои другарки се сликале а пред нив се гледа маса со некој пијалок незнам каков цигари и се означиле. Друга слика од мојата братучедка со цигара во уста. Трета слика се сликала со некои 30 годишни кои се обезбедување на незнам кој кафич. И илјада други вакви глупости. Ај едно, две три не видел вујко ми ама неможе сите тие работи од нејзиниот фејсбук да ги видел па не е ни ќорав ни глуп. Ај тој да речеме не видел а мајка и, а на татко и другата жена? Сите виделе само никој несака да се замара со неа. Оти да се замараше таа немаше да биде таква. И јас нејзе не и отидов на роденден оти го славеше незнам во кој кафич заборавив. И за голем дел од "грешките" што ги прават денешните деца се виновни родителите. Не обрнуваат внимание на ништо со изговор дека е до годините или пубертетот и дека ќе помине ама ако не го опоменеш некого дека тоа што го прави е погрешно тој ќе продолжи и ќе мисли дека е правилно и еден ден буквално ќе си го гази родителот. Мене дома кога ќе ми кажат не за некоја работа колку и да сум у право молчам оти пред се тие се моите родители не седат на фб туку какви се такви работат од утре до мрак за мене и брат ми. Не велам дека сите родители се незиантересирани и дремат на фб секогаш има исклучоци и алал нека им е. Ама јас на фејсбук да ставав слики со алхокол и цигари и провокативни фотографии на кои некои старци ќе ми се палеа буквално и ќе ми коментираа ова тоа срамота е сега да не кажувам што и тоа да го гледа татко ми па до сега ќе ми изнесувавте година. И јас не се однесувам така затоа што се плашам од татко ми или мајка ми туку затоа што пред се несакам да ми лепат етикета на лесна девојка и да ги срамам родителите.
     
    На Emilia.Attias му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.195
    Пол:
    Женски
    Денес или излегуваш речиси секоја вечер, одиш во шопинг со другарките секој втор ден, пиеш алкохол секој викенд, цигарето го тргаш од рака само кога мајка ти е со тебе, цел ден си на фб, се допишуваш со некој манијак (или ти изигруваш манијакот), во слободно време к`цаш игрици, дечко ти те донесува дома во 5 часот наутро... Или си губитник кој учи, најдобар е на училиште, никогаш не смееш да погреши бидејќи сите ќе ти се смеат, иако надвор од училиште имаш и ти другари, кои се како тебе, се шеташ, но не си од таа расата на кренатите во небо.
    Или пак, си изгубена душа и немаш никој, а даваш се` од себе да имаш.

    За крај, постојат нормалците, кои секаде се почитувани, знаат да испушат некоја цигара, или еднаш во месецот да испијат две-три чаши алкохол, во училиште се пола-пола, знаат да направат муабет со секој, весели се, но не премногу, бидејќи може да ги направи некој дека се за во лудница. Е на таквите, секоја им чест. Поима немам како успеваат да го балансираат сето тоа, но им успева.

    А јас не знам во кои спаѓам. Некој ме става во изгубените, некој ме става во бубалиците (иако, верувајте, не сум)... Може да кажам дека сум "out of this world". :D
     
    На Sunshine.Sunshine и Emilia.Attias им се допаѓа ова.
  4. Kakashi

    Kakashi Нов член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    На денешнава младина (зборувам за тинејџери) и фали малку повеќе општа култура или почит спрема другите. Проблемот е што им се дава премногу слобода и мислат дека нема жива сила што им може нешто. Има премногу што почнале со алкохол, цигари па и трева или па потешки дроги на 13-14 години, има и такви кои стапуваат во брак на 15 како мојата комшивка која веќе чека 3то дете на 21 година.

    Друг проблем е во извртените морални вредности на општеството. Сега не е кул кога ќе постигнеш некој успех колку што е кул да се направиш "камен". Сега ако немаш поминато 10тина женски или машки на 16тина години, заостанат/а си.

    Младинава е таа, таква каква што е. Ама мислам дека голема улога во нивно воспитување имаат и родителите. Многу пати сум видел како некое дете урла, развикува и расфрла се што му дошло при рака, а родителите само се смеат.

    Децата прават тоа што го гледаат од постарите, филмовите и слично и работата на родителите е да ги насочат на тоа кои работи се добри, а кои лоши.
     
  5. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    Ко прво, детството денеска многу кратко трае. Веќе од 10 години девојчињава се сликаат со високи стикли, кратки фустанчиња, црвени кармини и туш ( :fubar: ).На 11-12 веќе почињаат со мувањата, а на 13-14 веќе се во сериозна врска, со љубовта на нивниот животи се лигават со забегани статуси на фб. Јас кога пев 12 години ми беше срам да ме видат соученичките кога си играв на улица, оти пола од нив се имаа измувано.Значи јас немам ништо против детска врска, каде што долго време се свиѓале, па намерно шетале со другарките во тоа маало, па после некој се решил да праша и таквата врска се заснова на држење рака и некогаш бакнување, а денес 13-14 годишните се лапаат кај што ке стигнат. |( . И мислам дека 11-13 годишните треба да да седат на маало, и да се шетаат таму, па зошто и да не одат во чаршија, ако се на соодветно место во соодветно време со соодветни алишта. Наместо тоа, тие испаѓаат со фустани и штикли, нашминкани ко 18- годишни.Ова особено го прават 14-15 годишните оти си мислат дека се многу големи. И нема ништо лошо во пиењето алкохол, јас од 13 години пијам вино на посебни прилики, но никогаш не сум се опила. Ама на некој водката им е омилен пијалок и се пијанчат по дискотеки.За пиење, дрога, и односи, ги имало и отсекогаш ќе ги има тие што уште од мали почнуваат. Кога бев во основно, само за 10-ина деца од цело школо се зборуваше дека тоа го правеле.
    И не, целата младина не е ваква (зборувам за 10-14 години) може половина се вакви, но тие се најдруштвени и највеќе се познаваат. Има мирни деца што се мирни, фини и културни, и учат и спортуваат. :)
     
  6. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Јас иако имам 15,5 години не сум како денешните. Не се фалам,тука вистина е. Најголема бев во класот во основно, мислам најстара,па нормално си одев облечена. Дури и шминка ретко користам. Ретко излегувам навечер, а ако излезам тоа ќе биде или низ маало или ако одам во кафиќ седам најдоцна до 23 часот. Не пијам алкохол, не се дрогирам и не пушам. А за овие случаи што вие ги набројавте сум видела стотици такви.
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Читам наназад разни мислења и не можам да не искоментирам
    Имам 15 год скоро 16 и сигурно ќе си речете дека немам право да критикувам кога и јас сум дел од оваа забегана младина. Е ако тие луѓе околу вас се такви, не мора да знач дека не постојат исклучоци.Не ми е да се фалам, ама сигурно не треба да се споредувам со некои шо појма немаат од живототв само затоа што тие ми се врсници и да паѓам на нивно ниво.
    Голем дел од тие што ги познавам пушат. Денес веќе треба да се срамиш од останатите ако на 15-16 год не фатиш цигара во рака или уште не си пробал алкохол. Уште кога некој ќе им рече да мислат на здравјето овие абе кој си ти да ми збориш, мој живот, мое право. Јас ниту пушам, ниту пак некогаш би земала цигара во рака. Главната причина не ми е демек моите ќе ме дознаат или не нзам шо. прво мислам на здравјето. кај имам проблеми со срцето, па уште и белите дробови на оваа возраст да ги упропастам. А и не можам да ја сфатам причината шо пушат. Се прават возрасни? Аха, сакаат да бидат дел од другите и да не бидат поразлични. Жално е што мораш да правиш нешто што не сакаш само за да не те сметаат за чудна личност. |(
    Инаку ретко излегувам. А и повеќе преферирам денски во некој кафч. Една вечер излегов со едни другарки, а таму имаше еден пијан што повраќаше. Кога видов ми се згрози. Наместо сите убаво да си поминуваме и да разговараме, ги гледаме таквите слики и се чудиме со какви луѓе воздухот го делиме. :x Минатата учебна година ја помнав со 5.00. Едно девојче од основно шо е слаба уеничка ми вика - добро бе ти искачаш ли од дома или само седиш и бубаш. Веќе и ако учиш за некои си чуден :x
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    имам 17,5 и не се замарам со дечковци како други е овој ме остави овој ова оној она не пушам не пијам излегувам денски уште малку и планирам да излегувам и навечер ама нормално без правење глупости и така
     
    На Tan4ence, cresa-jagoda, NapalenaNinfomanka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. NapalenaNinfomanka

    NapalenaNinfomanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    93
    Мизерија,секоја чест за исклучоците!
     
    На cresa-jagoda, Ketnis, Snow-Star и 2 други им се допаѓа ова.
  10. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со тебе.Потполно.Се срамам веќе да кажам колку години имам.Уште 4 месеци ќе полнам 16 години,а една другарка на братучетка ми од маалото има 13 години,а уште од 11 години почнала да пуши.И со 100 души се имала мувано.Се фали како имала две единици во школо.И одвнатре ми идеше да и речам "наместо да пушиш,фати книга".Ама подобро да си ќутам.Зашто којзнае како ќе го прифати тој совет,ако можам така да го наречам.Истата ја видов на бит пазар со мајка и таа носеше штикли.Затоа таа и таквите како неа имаат над 1000 лајка на сликите на фејсбук.И уште нешто:ке стават љубовен статус на фб "In Relationship" и после два дена го бришат.
     
    На Tan4ence и Arthur им се допаѓа ова.
  11. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.292
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав сите страници наназад и дојдов до заклучок дека да, сепак младината тоне се повеќе и повеќе.Жално,многу жално.Во чии раце е иднината, да се плашиш искрено.
    Имам 15 години, прва средно, и можеби не сум компетентна за разговор на оваа тема, али морам да кажам што мислам.
    Повеќе од пола мислења беа претерани, во смисла што правите 15 годишни во парк во 23.30.Треба до 10часот малолетниците дома, и не знам ти уште што.Сериозно? :^) Друштвото на брат 11 години што има во лето во маала не се прибираа до 11, а не па јас.Доо 12 и 30 имам излез иначе.Јас ако сакам да се глупирам и понашам како од синџир пуштена можам и на пладне тоа да го правам, не ми треба да дојде полноќ.А ако мислиме на тоа дека во тоа време шетаат најразлични манијаци, ако цел живот се чуваме од таквите не треба од дома да мрдниме така?
    Следно, сме излегувале секој викенд.Па?Што има лошо тука?За туршија да не не чуваат нашите, или турски серии да гледам подобра варијанта.Млади сме, сигурно на 50 нема да излегуваме.
    Осудување затоа што сме пробале алкохол и цигари.Ете јас имам пробано неколку пати цигара, и алкохол пијам по малку, па ниту сум пушач, ниту алкохоличар.Сфатив дека цигарите не ми праат кеиф, а алкохол во мали дози еднаш на две/три недели не штети.

    Жалосно е да изиграваш диво животно во било која доба од денот.Жалосно е да си дроп пијана секој викенд,крава на 20ка штикла и надувана на раце да те носат,жалосно е да се шминкаш како кловн со тони пудришта мислејки дека така си поубава.Жалосно е да носиш допичњаци и ''блузиња''од кои назира пола ци*ка.Жалосно е да се муваш и драпаш со секој втор.Жалосно е да се фалиш со единиците во школо.
    -Жалосно е да сакаш да порасниш предвреме,а уште пожалосно е на луѓе кои маче не би чувале,Господ им дава деца. :x
    Ете толку.
     
    На Lolo5, Derby и kolovoz им се допаѓа ова.
  12. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.666
    Допаѓања:
    6.223
    пред да осудам некого секогаш тргнувам од себе. Ќе речам дека немам ништо против алкохолот, цигарите, штиклите... е сега знам дека родителите ќе се дигнат на нозе ама јас ќе речам been there done that :D .
    Па дајте ве молам сите бевме љубопитни, е сега се е само прашање на граници, а границите зависат од тоа како сте ги воспитале.
    Мразам кога ќе слушнам некој родител кога ќе рече дојди си дома до 01h како да пред еден да неможе да ја направи истата глупост. Ама ај ...
    Она што мене ми смета кај денешната младина а кај нас го немаше е:
    -другарството. Во мое време ние се ќе направевме за другарите. А во денешно тоа како и да го нема. Денес тие незнаат да се дружат. Денес под зборот другарка во лексиконот треба да стои- онаа која најлесно ќе ти забие нож во грб. Со сигурност ќе ти го украде дечкото. И дефинитивно ќе те трачари пред другите.
    -нетрпеливоста, избувливоста и непочита кон постарите. Тие се разбираат, се знаат, и сигурно нема да те дослушат и да ти дозволат да го имаш последниот збор. Не дека и ние не бевме такви, бевме, ама бевме и свесни дека во јавноста е некултурно тоа да се прави. Ако се караш со мајкати карај се по дома нема потреба сите да знаат.
    -сексуално образование. Е ова е она кое најмногу ми смета. Денес скоро секоја млада дама се доживува или посакува да биде секс објект, како да е тоа дефиниција за успех. Да има дечко на 12год, и прв сексуален однос на 14год. Ако нема веднаш е заостаната... :x. И искрено на оваа тема не ми се ни дискутира. Колку и да зборувам е џабе. Ова им е некаков тренд.
    Само ќе дадам споредба во мое време ова го правеа само ромите или луѓе кои беа од растроени фамилии. За девојките велевме дека се к**** . И ниту една од нив неможеше да биде со дечкото кој е најпопуларен во класот. А Со дечкото што ми се допаѓаше игравме кошарка и секогаш бев дел од неговиот тим. Француски бакнеж строго после 16год :D а за секс мораш да си полнолетна за да размислуваш на таа тема :!: Тоа беа нашите правила. А да напоменам бевме најпопуларните девојки во генерација :$
     
    На eloves и mims-89 им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Која младина ? Повеќе изгледаат на старина. Теткиците не им се рамни, ни во облека, ни во изглед со генетски модифицираната храна не личат на деца.
    За однесување и култура да не правиме муабет.
     
    На QueenElena и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Седмо одделение немаат завршено, а се шетаат до доцните часови, се муваат по клупите. Абе ајде, што е ова? Си мислат дека се многу големи.
    Со штикли уште на 12 години, со кратки фустанчиња.
    Срамота.
     
    На QueenElena, cresa-jagoda, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.089
    Пол:
    Женски
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Добро, само обвинуваме но не размислуваме зошто ова се случува нели?
    И најчесто почнуваме од курвањето на девојчиња под 14 години. Или на она што прават а не играат криенка како што сме играле ние. Вие игравте криенка на 14 години? Не. Па никој не играл на 14.
    Тука почнува мозокот да го спознава светот. Тука гледа што се случува околу него.
    Обиколени сме со медиумски закони...или како да ги наречам. Насекаде фрчат голи жени, сексот повеќе не е табу тема, нема срам, нема морал, нема дисциплина, нема ништо.
    Медиумите се криви за се, луѓето околу тие деца се криви за се. За децата тоа е нормално тоа што го прават затоа што тоа е денес современо,а старски е она што ние го размислуваме. Во постаро време немало телевизори за да гледаме толку бесрамни работи, да се соживуваме со толку криминал по филмовите и неморал по сериите. Толкави драми ние не сме знаеле дека постојат се додека не стигнало вистинското време кога треба да сознаеме, или поточно времето на многубројноста на технологијата околу нас.

    И многу ми е криво што прво иде: Види ја, место со ластик да си игра пред зграда таа штикли облекла и сукња до гз.
    И кога ќе им кажеш дека тоа се деца, дека не размислуваат, дека само гледаат околу нив што се случува, следи второто: Епа, родителите се криви што не знаат да си ги васпитаат децата, што им дозволуваат овака.
    И ќе ги опоменеш дека да, имаат влијание родителите, но кој родител нема да му купи на детето телефон во ова време кога веќе срамота е да се шеташ со телефон на копчиња? Само тач.
    И понатакај веќе нема одговор. Затоа што се околу нас ги ствара идните генерации. Се што тие гледаат.
    Девојче од 12 години има фејсбук. И нормално, ја има за пријателка на сестра и другарката или школската. Ја гледа така згодна, на висока штикла, разголена и 500 лајкови со коментари од манијаци што 'ржат на сликата. Девојчето сирото има 7 лајка од мајка и, татко и сестра и, другарките и по некое момче што одамна ја свиѓа. Другиот ден влегува во акција, сфатила како се добиваат лајкови.
    И тука веднаш иде помислата, па да, муживе нон-стоп ги тролаат курвите што се сликаат така и што дејствуваат така. Но зошто ги лајкуваат? Зошто им посветуваат внимание? Зошто се со нив? Зошто не гледаат во примерните девојки? Зошто повеќе лајкови има слика со дак фејс отколку слика со насмевка и без никакви ефекти (од истата прекрасна девојка) ?

    Треба малку подлабоко да им навлеземе на работите па после да осудуваме.
     
    На srhsejbsk, Portishead и AziskaStrslenka им се допаѓа ова.
  17. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со последното, но со другиве горе... не баш... јас ќе си признаам, би почнала да играм криенка ако најдам некој што сака да игра криенка, иако сум 14.. не знам дали е нормално?:tmi: Баш за тоа правевме муабет со другарка ми кога се шетавме пред неколку часа... да се собереме 10 души и криенка да играме.:D
    А, кога прашував едни девојчиња што се облекуваат неприкладно за нивни години, добив одговор: „А како ќе фатам дечко инаку?“:worried: Ми падна вилицата... Јас за таквите викам дека понатаму така нема да фаќаат дечковци, туку е**чи... Но, добро, така си разбираат.. можда јас и другарка ми сме исклучоци, зошто нели, за се’ се има исклучок. :)

    И, да, во право си, не дека не, секој си има свој животен стил и стил на облекување... пример, јас се облекувам со поскромна облека и повеќе трчам по џукелчињата на улица за да ги погалам, одколку по дечковци.:smirk::toivo:
     
  18. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не се сложувам баш дека ние на 14 правевме ова или она.
    И тогаш меѓу нас имаше девојчиња кои играат на ластик, и девојчиња кои беа *понапредни* и бркаа дечковци, па однапред беа осудени и кружеа муабети за нив.

    Најважен е каков е самиот човек. И денес се наоѓаат примерни деца (за жал поретко) и непримерни.

    Се сложувам со тоа дека проблемот е далеку подлабок (Фејсбук, и социјалниве мрежи воопшто, родителите, наставниците, кои кога ќе видиш кој тоа се предава, ти доаѓа да заплачеш, итн) и треба да се решава за некаков си напредок, и понормален развој на децата, но никој не е заинтересиран околу тоа гледајќи како стојат работите.
    Прост пример, кој бил во Америка знае дека ако немаш 21год. не смееш ни да намислиш да одиш во дискотека (ниту да купуваш алкохол и цигари), а овде постојат закони кој никој не ги почитува, ниту децата, ниту родителите кои одговараат за своите деца како нивни старатели до 18год., ниту самите вработени во дискотеките кои прво ги пуштаат децата, им точат алкохол, итн.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Да, но сепак сметам дека децата не се криви воопшто. Значи сакав да кажам дека нивното однесување се резултира на она со кое тие се опкружени.
     
    На eloves, Papillon.Papi и nevermet18 им се допаѓа ова.
  20. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Некои деца имаат повисок степен на свесност од нивни врсници за кои се дискутира на оваа тема. Прашање на лична перцепција е дали може премногу ниското ниво на свест на поединецот да му се земе како вина, макар истиот бил и малолетен.