1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Тој степен на свесност се гради врз основа на она што се случува околу поединецот.
    Прост пример. Малите девојчиња во пределите каде жените се потценувани и омаловажувани, сметаат дека сосема е нормално мажот да го повиши тонот, да крене рака на жената, да си игра со неа. Тоа нон-стоп се случува околу нив и тие гледаат дека жените не смеат да кренат глас на тоа, од тука доаѓа помислата дека така треба да биде... И малите девојчиња ќе почнат да трпат омаловажувања од другите момчиња кои истото го гледаат и мислат дека е нормално.
    Тие личности ќе сметаат дека тоа е нормално се додека не слушнат како изгледа надворешниот свет, светот од кој тие се многу оддалечени. Кога ќе видат, кога ќе спознаат, кога ќе прочитаат неколку книги, кога доволно ќе истрпат, кога ќе размислат... тогаш ќе знаат што е правилно. А до тогаш...
     
    На Lolo5, eloves, Miss.M5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Овде дискутираме за деца кои растат и се развиваат во нашите (горе-долу слични) општествени услови, со по некои варијации во зависност од семејната состојба и од воспитувачот/старателот. Ако почнеме да разгледуваме поединечни случаи, има сосема нормални деца од не толку одговорни родители, а има и деца кои се спротивност на своите родители во негативен правец. Дури и во тие средини кои ги спомна се случува некои девојчиња да не се задоволни од својата положба и да бараат начин за излез. Поретко е, но се случува. Ама тука веќе навлегуваме во друга тема. Те разбирам што сакаш да кажеш, поентата ми е дека не секогаш некој е чист од вина за своите постапки затоа што е малолетник. Некој друг на истите години иако би можел да забега кон девијации, по свој сопствен избор не го прави тоа.
     
    Последна измена: 30 октомври 2014
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Ајде да не зборуваме конкретно за малолетници. Јас сметам дека општо и младината која има над 18-19 години има многу поинаков карактер од оној што бил порано. Не се само децата за кои зборуваме овде. Значи овие "возрасни" лица имаат прифатено многу неморални вредности како цел во животот. Дрога, алкохол, журки, курви/курвање, пари и слично. Значи понекогаш и во ред е да уживаш во овие работи... но тоа да ти биде приоритет во животот? Тоа никогаш не го имало се до денес. И таа чудна убавина што младите ја гледаат во овие работи им е внесена од медиумите. Што мислиш од каде таква упорност за вежбање во теретана и сликање на огледало со спортска опрема, диети и сите тие претерани измачувања на женското тело? Од сликите кои се ставаат на cover на фејсбук / Типки прејаки со јако газенце, добра цицка, пура во раката, некој ја тегне за гз а тој некој во другата рака има клучеви од кола и пијалок /
    И за нив тоа е начин, стил на живот. Па тоа се стремат да го постигнат со сите тие провокативни слики.
    Отвори ја мотика. Девојка на денот/Како русинките се забавуваат/ Девојка во тоалет издрогирана со двајца црнци/ Дан Билзериан повторно не восхитува со неговиот живот на инстаграм...
    Во секоја реклама има женско тело. Во некои реклами телото е предмет. Некогаш (скоро секогаш) само дел од телото е фокусиран ((hollest)(mooning))...
    Не е младината тотално крива. Крива е што ги прифаќа овие ствари и не се стреми на спознае што навистина треба да биде приоритет, што навистина значи морал и душевна среќа.
    Но ова однесување им е нанесено.
     
    На eloves, T.e.d.d.y, Portishead и 3 други им се допаѓа ова.
  4. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Па добро, и за немалолетните нека важи истото
    Зошто мене на пример издрогираната девојка во тоалет со црнци и како некои Русинки се забавуваат, ниту ми се интерес во животот, ниту ми се некаков репер? Ти целиш кон тоа дека младите премногу попримаат негативни трендови од современото општество, од медиумите, и дека виновни се тие кои им ги пласираат и наметнуваат таквите трендови, што е исто така точно... но кога некој е толку подводлив и слаб на туѓи влијанија... Сигурно дека и во минатото ќе имало вакви луѓе и вакви појави, да не бил системот така строг и ригорозен во својата конзервативност. Сега се променија работите и секој има можност да си го покаже вистинското лице и вистинските интереси во животот, а да мораме да покажуваме толеранција кон истите тие лица и интереси.... колку и да биле погрешни и глупи тие за нас.
     
    На eloves и ariela09 им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.698
    Пол:
    Женски

    Ова е една од многуте причини зошто е ваква денешнава младина... на VH1 i MTV го даваа по не знам колку пати... е, ваквите спотови и ваквата музика ја квари младинава. Имам „другарка“ која што сака да има задник како на Ники Минаж и да тверка, сметајќи го тоа за привлечност. Нема никаква почит кон себе, затоа ја нарекувам „другарка“. Ако нема почит кон себе, не можам да очекувам дека ќе има почит кон мене или било кој друг.
     
    На ariela09 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    @sajonaramucaca да, а ти целиш кон тоа дека има исклучоци. Многу добро знаеме дека во секоја работа има исклучок. :)

    Значи да, тука е проблемот...
     
  7. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    ^ Е сега па, претерано е да кажеме исклучоци ... Ја прикажувате младинава како Содома и Гомора. Не е до толку.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.520
    Пол:
    Женски
    денешна младина = ни вода ни киселина (и јас сум тука но јас сум мноооогу поприбрана од некои врснички што ги знам и познавам)
     
    На lovemme му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.302
    Допаѓања:
    22.592
    Пол:
    Женски
    Денешната младина се дури размислува од типот “вечер да си поминам убаво за утре гајле ми е“ не бидува ништо од истата.
     
    На Arthur и lovemme им се допаѓа ова.
  10. Bokchee

    Bokchee Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    810
    Пол:
    Машки
    Јебало си мајката денешнава младина. Да и јас бев во нивни години, ама ова тие што го прават, ги поминаа сите можни граници.

    Денешнава младина живее од корист, бидејќи светот отиде во тој правец. Нема човечност во нив, Нема ништо во таа нивна црпка. Сега станаа по размазени, разгалени, себични, самобендисани.

    Во град идеш, ми се повраќа кога ќе ги видам. Поготово женскиве. Толку ниско да паднат, за да бидат нешто во друштвото, да добијат повеќе внимание.
     
    На QueenElena, deskarada, marija.980 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Portishead

    Portishead Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Сите ние сме испревртени луѓе на свој начин. Фасцинантно е колку едноставно изгледаме, а каков ураган од емоции, гревови и ирационални чувства се кријат под нашата кожа.
    Дури ни совршен човек не може да каже дали во другиот има човечност или не, и какви морални вредности смета дека треба да има и дека треба да почитува. Секој си е приказна за себе.
    Секој млад човек, помалку или повеќе е жеден за внимание и некаков вид лажна љубов од останатите. Мерилото за популарност и лажен сјај кај денешниве тинејџери е веќе поставено од медиумите и самото општетство кое ги оправдало и прифатило. Секоја чест на исклучоците, но кога имаш тринаесет или петнаесет години е исклучително тешко да имаш сопствено Јас и постојано го бараш на погрешни места. Чудни се сите тие нешта кои што еден млад, несигурен и незаштитен човек би ги направил само за да биде прифатен и „сакан’’ од останатите. Нештата се отидени вон контрола и тоа е веќе општо познато, но не е секогаш се‘ како што изгледа, ниту пак е секогаш лесно како што изгледа. Токму затоа додека луѓето зборуваат колку лоша била младината денеска, не знаат каде се нивните деца и што се случува во нивните глави. Ниедна глупост која што може да се направи во ноќен клуб или на улица не може ни да се спореди со глупостите кои што се прават токму во фантазијата. А за да се пристапи до нечив ум, мора да се има нежност и разбирање.
     
    Последна измена: 31 октомври 2014
    На eloves, AziskaStrslenka, QueenElena и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.811
    Допаѓања:
    23.322
    Пол:
    Женски
    Глупо ми е што коментирам,ама ајде...
    Јас сум дел од денешнава младина.:)

    Прво нешто што ми оди на живци е флертувањето,врските на фејсбук.
    Значи не,не можам и на фемина гледам,и на фејсбук гледам слики од твитер каде некој напишал твит „Она чувство кога ке му кажеш Те сакам а тој ти дава само Seen.“ -е,кога ке го видам ова ми се оди косата на сите да ја искубам значи страшно...Па да имаше ти грам мозок немаше на фејсбук да му кажуваш дека го сакаш,што си толку токма бе,леле бе мозокот кај ти отишол бе,аман бе се изнервирав. :devil:(facepalm)
    Друго,поради ова ми се оди да ги фрлам сите во Вардар-сме излезени,сме на роденден,сме во школо,сме на шоља,сме некаде и телефонот на сите им е во раце. :@
    Значи човеку,направи муабет,смеј се остаи го тој заебан телефон во џеб ,аман веќеееееееееееееее :@:@:@

    Другото(штиклите,шминката,врски и сл.) ми е повеќе личен избор,во кој не сакам да се мешам,за тоа тука се родителите да им кажат што да прават,а,мене ми е сосема во ред да видам некого со штикли-нивен ибор,ке го почитувам.

    Како што реков,единствено големата преокупација со технологијата ми оди на живци,ама тоа е.. :)
     
    На cresa-jagoda, ku4ence, marija.980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. justin4ever

    justin4ever Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    171
    Допаѓања:
    36
    kako bese statusot?! :D

    има 12 години и плаче по бившиот, јас уште додека одам по ходникот се вртам дане ми испадне некое чудовиште
     
  14. misperfekt

    misperfekt Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    31
    Извини, но не можев да не го искоментирам ова, не за друго имаш споменато теми кои се навистина болни за мене, а колку што сфатив не си преминала низ тоа, точна сум нели? Епа, вака, за таа првата половина, треба да знаеш дека скоро сите секојдневно минуваат низ секакви трауми, дали ќе е од сокласници, дали ќе е од родители, или од било кој друг. А тие кои што само си велат дека се во депресија или си цртаат исеченици по рацете(верувај, има ги) па тие искрено треба да се среќни то не го прават тоа. А сите сме свесни дека нашата депресија не е убава, ама мораме да викаме дека е убава, оти најчесто таа е единственото што го имаме. И сите знаеме дека никој нема да не поправи, или пак да ни ги бакнува лузните, ама мораме да се држиме на нешто. И искрено жал ми е што поранав прерано, но тој дел од мене, тоа мало и среќно девојче не можам да го вратам.
    А за другата половина, и тие не е за осудување, за осудување се тие околу нив. И тие се прерано пораснати и нив ги боли, ама и нив тоа им е единствен начин кој го гледаат. Да бидеме искрени, сите не боли, ама сите имаме различен начин на справување. А ако сеуште незнаеш колку боли животот, и да не дознаеш, ама не е се толку розево, и те молам не осудувај без да разбереш се, оти незнаеш колку некому му гори под нозете.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Порано имаше и игра и дружење и све. Сега сите дома пред компјутер. Се излежаваат, спијат, мрзливи....Си кажувам за мојот круг на луѓе. Ама повеќето денес мислам дека се такви.
    Порано ќе излезевме сите на улица и игравме разни игри. Се дружевме многу. Немаше компјутери тогаш.
    Уффф колку сакам да се вратам во тоа време.
    Кај ги измислија овие компјутери и телефони толку рано. :worried:
     
    На Princess.A му/ѝ се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Сите наводно кукаме по дамнешни времиња а ја кудиме денешнава младина и компјутерите,а на секој форум членство регистрирано имаме.:fubar:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Emily Dora

    Emily Dora Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    140
    Пол:
    Женски
    давам мое мислење без да ги прочитам предходните мислења..
    денешнава младина е страшна стварно..ја неам видено девојче или дете да има детство или живот како ние порано..
    децава од само 3-4 години знаат одлично да ракуваат со интернет мобилни лаптопи и се остало играчки веке не постојат ..а за оние поголеми девојчиња важи истото кај е она играње ластик жмурка мењање со сликички детска пошта?се изумре.они брате опнале штикла минич шминка како за на маскенбал и ајде цигарите алхохолот сексови само тоа им е у глава..страшно
     
    На cresa-jagoda, Sedmica и Marick14 им се допаѓа ова.
  18. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Денешнава младина, хммм да не ми замерите ама катастрофа !
    Живееме во време каде 13 годишни шетаат во ајфони в џеб, а 25 годишни со 50 денари !
    Се им е дозволено, затоа и се без морал и вредности ... ТОЛКУ
     
  19. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Само една мала забелешка,а кој им го купил?:?:
     
    На Taccka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. xoxo.Martina

    xoxo.Martina Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    198
    Како што и реков, родителите се криви, наместо љубов да им дадат тие им дозволуваат се ... А ако немаат пари се способни и кредит да земат, само детето да е задоволно ...
    Додека пак по возрасните, кои знаат како е да се заработат пари, не земаат од родителите па живеат скромно ... Какрктер е во прашање, но сепак поголемиот дел изгледа го немаат