Јас кога имав 14год не знаев што се штикли 12cm, минич, алкохол, не пак пијана да си одам дома да не знам кај се најдувам, не знав што е тоа да се возам по коли, освен со татко ми, не знаев шо е е*авање, не пак да помислам, или да го правам кај ќе стигнам, туку на 14год носев патики, играме на улица со децата, имав симпатија и кога ќе ни се стретнеа случајно погледите бев пресреќна, не му се лутев дома ако не ми купат ајфон, и многу др работи. То е, сето пред време пораснати, пред време доживување на работи, зато е многу зголемен бројот на малолетни од 15,16год кои абортираат, жално ама вистинито.
Сум разговарала и со постари на темава, а и во мое време детството не се поминуваше пред компјутер. Заклучокот беше дека и тогаш и сега, додека некој се занимава со детски игри (можеби медиумот сега е малку изменет, ластик vs. компјутер пример ), негови врсници/чки прават деца у највише. И во мое и во времето на моите имало основки што останувале трудни. Само што веројатно со развој на медицината, абортусот станал побезбедна опција од порано и разликата е во тоа што, можеби, тогаш пак имало повеќе млади мајки. Јас увидов дека секогаш и секаде имало и ќе има секакви. Околностите се тие коишто допуштаат повеќе или помалку слободно изразување на некои особини
Отсекогаш имало се и ќе има. Не можеме да генерализираме. Само што во денешно врме постојат лигави деца на лигави новопечени газди. Порано се знаеше колкави биле можностите.Токму тие новопечени ГАЗди своите фрустрации од детството (читај мрсул не знаел да си избрише) ги лечат преку своите деца. Купување на скапа облека, телефони, бесни коли со кои што косат по патиштата, а од носот подалеку не гледаат. Кога некој ќе им посочи дека нивното дете не чини во однесувањето или се дрогира во состојба е очи да ти извади, едноставно се прави слеп. Децата пак кои што живеат скромно се срамат од своите другарчиња или соученици, па ние како родители ќе направиме некоја компензација со нешто скромно. Уствари до акалот е. Децата неретко се огледало на своите родители освен во екстремни случаеви. За децата да бидат скромни треба да им се забрани секој можен вид на техника. Добредојде Америко.
@Maca Macovska напиша дека на 15,16 години сме имале секс во друга тема. И се чудам само на едно како мајка и и татко и не ја приметиле? И на 15 години идела на гинеколог? Хмм, колку што знам јас нас не учеа после 18години да идеме на гинеколог. Или девојчево има 18 години или нејзините немаат појма што прави таа. Ние сега што сме постара генерација што имаме по 25 години, нашите родители во тоа време кога имавме по 15 години кога ги лажевме за ситници не фаќаат, а не пак сега.
@buba4e89 Не те разбрав баш, ама нема врска. За гинеколог да ти кажам. Ќерка ми има 15 години и ми препорачаа гинеколог ама не поради гинеколошки пролем туку поради честа дијареа. Демек ако имала полицистични јајници може често да има дијареа. Затоа сега ќе ја носам. Можеби и таа си има проблем некој што посетува гинеколог и нормално ниту еден гинеколог нема да ја прегледа без присуство на родител.
@Daleron нели она имаше некој пост дека сите ние сме имале секс на 15,16,17 години и дека таа од 15 години идела на гинеколог. Значи ако правела целосен преглед на гинеколог од 15 години, тогаш и бил првиот пат нели тогаш таа на 15 години не била невина. Сега сака да каже дека таа имала секс на 15 години, но она тоа не го кажува за себе, туку го става во множина дека сите сме имале во тоа време. И секако дека на 15 години да одиш на гинеколог треба да одиш со родител. Мене не ми беше јасно како таа го извела тоа. Како родителите се созеле со фактот дека таа имала секс на 15 години? Инаку што се однесува за керќати, тоа е друг свет. Ти барем знаеш, што е како е. А вака за секс, има родители што тешко прифаќаат, а има и такви што не им е гајле. Сакам да кажам дека девојката може има 17 години, толку и давам според размислувањето, бидејќи јас кога бев мала кога ќе излажам за ситница ме фаќаат одма,нашата генерација беше многу поразлична, на 15 години не сме имале секс, не сме имале ни компјутер, сеуште сме гледале тв и шпански серии.
Спојлер Разбрав. Па ти не се замарај многу ,многу. Наистина е жално кога се генерализираат работите. Ама тоа е и не верувај многу на податоците на некои членови има ги разни.
Јас и претходно пишав на темава, а и сега ќе напишам. Не сметам дека генерално денешнава малдина е лоша. Побогу, јас сум родител на 2 деца. Штои треба да кажам?- аууу катастрофа се. Е не се и нема да бидат. Јас усм таа која ги учи на битните вредности и го следам нивниот живот и она што го учат од околината. Ако јас сум била растена почитувајќи одредени вредности кои вие велите дека сегашната малдина не ги почитува, тоа значи дека ниту моите деца нема да се учат на други вредност и ќе ги проповедам истите на моите деца. Оние кои не ги почитуваат истите мора да се деца на родители на кои баш и не им се јасни некои работи. И од секогаш имало, така да го наречам, воспитан и невоспитан млад свет. Исто како што има воспитан и невоспитани возрасни. Тоа е тоа. Не пречи што децата користат мобилни телефони и модерна технологија. Тоа е многу нормално, тие живеат во таков свет и не може од нив да се очекува да се изолираат. Напртив, тие треба да ја користат модерната технологија, затоа што таа нуди многу поволности и олеснувања. Уф, камо јас да имав интернет додека бев дете/девојка . Она на што треба да се обрне внимание е на правилно користење на технологијата.
Нема голема разлика меѓу младината и постарите генерации, барем на фундаментално ниво - ги негуваат истите ``вредности`` со кои е изградено едно вакво полупропаднато општество. Парадигмата ``наведната глава сабја не ја сече`` е сеуште на сила. Какви и да бидат сметани младите тие се огледало на генерациите кои ги одраснале и воспитале. За да го скријат својот неуспех често постари лица обвинуваат на сите страни само не се обвинуваат себеси. Корупцијата, партизацијата, транзицијата и сите ``убавини`` не ги донесоа млади туку возрасни луѓе. Каква иднина оставиле на младите? Опсесија со историја и идентитет? Земање партиски книшки за работа во администрација или во индустриските зони за 9000 денари во 2014 година кога на запад веќе праќаат роботи на комети? Треба да се засрамат а не да кажуваат колку биле младите вакви или онакви.
Економски неуспех и ниско образовани родители водат кон младина со намалена емпатија и морални вредности. Уште од старт ве учат да си пазите само за себе, фамилијата и дека секој може да те заебе у животот. На крај на 14-16 години растете во луѓе што неможат емоционално да се поврзат со други луѓе, особено со спротивниот пол и заради тоа приоритет стануваат работи што качуваат емоции и адреналин - тобако, пиење, мување & ебење. Хеј ама такви се, неможеш да ги смениш, и таков ќе си остане светот. Паметен човек, или можеш да им се придружиш, или да си најдеш некоја помала група на луѓе што ке размилуваат/живеат како тебе.
Никаде не реков конкретно јас дека имав од 15 год. Да.напоменав дека од 15 год одев,но не и дека имав односи. Подоцна ги имав. Јас сум сигурна дека конкретно ти,бидејќи си се сетила на моето мислење кога прв пат стапи во сексуални односи не си знаела се ова што го знаеш. Но од форумов а и имам другарки,роднини кои тек сеа се 15,16,17 год и имаат односи. На нив се однесуваше тоа. А има и една многу битна работа,што со која ретко која девојка може да се пофали, јас после својот прв пат и се доверив на мајка ми. Ретко кој после тоа по ден два оди кај мајката и и кажува и мајката ја советува. Не дека она беше среќна.Верувај плачеше а јас не разбирав зошто... Сега знам, Верувам има родители кои не ги заприметуваат своите деца па затоа тука читаме. Поентата од тој мој пост беше за тема да се информираат младите.Не знам зошто секоја најдобронамерна намера ја вртите од околу и се дрзнуваш да ме нападниш па дали и моите знаеле. Во ред е,тоа е твое мислење ова е форум.Реално и ти и јас можеме место на форум да идеме на гинеколог кога имаме проблем а не на форум.Но да те подсетам мојот пост не беше за мене и за тебе. Поздрав.
Вака, јас го зедов твојот пост како пример за денешната младина. И малку го свртев да, бидејќи јас така те сфатив. А тоа дали сум знаела ова сега што го знам биди сигурна дека го знаев бидејќи јас тогаш имав 20+ години кога имав прв пат односи. Никаде не те нападнав, само дадов конкретен пример. Немој да се базираш врз податоци кои не ги знаеш вистинските факти.И не реков дека е за мене,твојот пост само беше конкретно инценциран како би изгледало сето тоа во денешно време. Поздрав.
Не се лутам што ме искритикува, на некој начин. Фала Богу, секој има право на сопствено мислење и јас го почитувам тоа. Уште сега ќе кажам дека јас никого не сакав да осудам, навредам или повредам со тоа што го кажав, едноставно тоа е она што јас мислам. За делот каде што е спомнато самоповредувањето, паѓањето во депресија.. Сеуште се држам до тоа што го кажав. Искрено, не знам како е да си западнат во толку длабока депресија што би те довело да помислиш на самоповредување или, уште полошо, на одземање на сопствениот живот-самоубиство. Без разлика колку и да те повредиле, или било што лошо да ти се случува во животот, најбанално нешто што треба да правиш е да седнеш во када и да почнеш да се сечеш по тело. Значи, мора да превземеш нешто во врска со лошата ситуација, да застанеш и да се бориш; а не да липаш и да се сечеш, тоа само повеќе ќе искомплицира се. Кажав и пак ќе се повторам, мора да си бидете сопствен херој и да се опкружите себеси со позитивна енергија! Ако вие самите не верувате во себе и не си помогнете, никој нема да ви помогне.. Во случај работите да излезат “надвор од контрола“ , постојат лица како психолог, психијатар и сл. кои можат да ви помогнат да се “извлечете од депресијата“. Се согласувам со тоа дека во животот не е се розево, тој е суров и не фер, и можам да кажам дека тоа го имам почувствувано на сопствена кожа. Но, никогаш, не сум помислила да си го одземам животот, затоа што се поминува; и доброто и лошото, само треба ВРЕМЕ, ВЕРБА и НАДЕЖ. Сега за другата половина.. Доколку детето решило да тргне по “лошиот пат“, тешко дека некој ќе го оттргне од тоа. Секако тука голема улога имаат и родителите/старателите, детето уште од најрана возраст во нив гледа пример за тоа како една возрасна личност треба да изгледа и да се однесува. Но, ако детето има малку памет и го употребува својот мозок, ќе сфати кој е “точниот“ оној вистинскиот пат во животот, без разлика на тоа во какви услови израснало. А тоа е проблемот во нашата, а и во генерациите што доаѓаат.. Ретко кој го употребува мозокот и размислува со сопствена глава. Сите гледаат што прават другите и сакаат да бидат како другите, и со цел да се вклопат во “јакото друштво“ (кое најчесто се состои од разгалени дечишта чии мозоци сигурно се закржлавени од “пречеста употреба“ и кои се прават “газди“ со парите од родителите) несвесно ја губат една од најубавите способности/особености на човекот, а тоа е да се разликува од останатите. Да си различен од другите е нешто што те прави здрава и зрела, комплетна личност. Со самото тоа што ти размислуваш, правиш, зборуваш и веруваш во нешто спротивно од тоа што го налагаат другите, ти си посебен. И сите ја имаме таа способност да бидеме посебни, само ретко кој ја ’согледува’.
Аздисана, некултурна и невоспитана е денешната младина! Гледајќи околу мене што се случува, се плашам и на помислата какво еден ден ќе биде моето дете!??! Испуштена од раце генерација, ко што се рекло ''не знаат кај тераат! ''
Баш така. Со тоа што би додала, поголемата свесност и замарање со економската состојба си го прават своето. Не дека старите наши биле многу побогати... Особено ме напнува болдираново. Но тоа е... тоа и води до актуелната состојба со меѓучовечките односи од којашто си кукаме, а се плашиме да ја смениме...
Младите го копираат тоа што го гледаат.А содржините што им се сервираат се намерно создадени за да ги расипат.Погледнете го видеово
Вчера беше забава на мојата 14 годишна братучетка и бидејќи јас сум 3 години постара од неа, ме повика и мене. Не бев многу дотерана (носев кожно здолниште и маичка и ниски чизми црни). Дојдов порано и заедно со братучетка ми ги очекувавме гостите. Кога почнаа да доаѓаат девојчињата од нејзино друштво помислив дека доаѓаат некои колку мене. Штикли, шминка, кратки фустанчиња... Кога ги видов си помислив каде ли отиде овој свет.. Ајде се помирив некако со тоа. Потоа дојдоа и машките и сите почнаа да танцуваат. Седам јас на шанкот и доаѓаат овие и порачуваат пиво. Искрено да ви кажам не очекував 14 годишници да пијат пиво. Потоа овие машките почнаа девојчињата да ги фаќаат по газот, едни се муваа пред мои очи.. Абе што да ви кажам... КАТАСТРОФА! Се однесуваа како да имаат по 20 години а не 14. Искрено мислам дека денешниве генерации (иако ни јас не сум многу поголема од нив, ама не го правевме сето ова на нашите забави) живеат се пред време. Не си го поминуваат детството како што треба. Ако на сајтов има некои на таа возрат и ако го читаат ова, некаа размислат малко пред да направат нешто, нека не го живеат животот пред време. Верувајте ке жалите потоа за загубените години. За се има време и за дечковци и за пијанчење и за се, но се во свое време...
Denesnive deca se istoto toa sto bevme i nie,megjutoa nie imavme neso sto se vikase SRAM i ne pravevme volku javno mn raboti ko denes decava...da,i nie imavme seks ama ne tolku mladi i ne znaese sekoj za toa,imase sto konzumiraat droga ama se krieja a denes sred bel den pusat dzoint kaj mene pred zgrada,se oblakaat ko devojki od 20 godini a imaat 14,15,16... i ko mazi od 20+ a imaat isto 14,15,16...koga ke dojde vremeto da sakaat da bidat deca togas toa vreme ke pomine a oni go potrosile izigravajki tetki i cickovci...ama ne se krivi decata,krivi se okolinata,vremeto,instituciite zaso se im e dozvoleno pa ke se ponasaat kako sakaat,i vulgarno i nekulturno i nemoralno...normalno deka ke bidat azdisani koga se na tacna im e dadeno...
Сега овие што имаат по 15 години што се прва година седно се скроз забегани, сепак зависи и до личност не се сите такви еве на другарка ми сестра и сеуште немала дечко за разлика од нејзината другарка што сменила 10. За нив е срамота да си невин на 15 години а пола и повеќе од нив имаат пробано џоинт, што да се каже повеќе.