не се криви децата криви се родителите!! Иам 17 год сепак знам до кај ми е границата..сеуште сум немала дечко и да не ми е срам да признаам .Сепак ја си излагам со друштво на некои забави најкасно до 1ч иако ми даваат до колку сакам,но да не претерувам у 3 саат дома начукана,тоа не,барем на овие години не
Јас имам скоро 16 години,уште 37 дена ќе полнам всушност,прва година сум средно и уште смувано се немам.И ретко излегувам навечер.Некои помали од мене што се досега имаат сменето стотици.
Многу точно, со тоа што често пати се покажало таа иста фамилија може да те сјебе како никој друг што би те заебал. Сепак, има дел од вината во младите, сепак на крај нивен живот, самите избираат.
Да, и повеќе пиеле девојчиња од машки. Ете тие кутри угнетени Македонки од системот завршуваат по токсикологии пијани на 15 години. Цената на еманципираноста и еднаквоста. Утре таквите ќе треба да се сопруги, мајки, да раѓаат деца, да се двигател на општеството.
Кај и да е, веројатно и оваа тема ќе ја добие насоката: „Море мУшко јееее, го личиии. “ Како да не се жалат за нерамноправност кога истата се докажува преку забавна дискусија на форум, а да не праиме муабет за повеќе? Во ставовите е се`уште многу силно присутна. Точно е дека има распуштени деца ко никој од дома да не ги пази (токму затоа и сметам дека не секој е создаден за родителство ), но секогаш имало и такви и такви. Не смее тоа да биде оправдување за повторно потчинување на жената како пред не толку одамна.
Првото бебе-женско во 2015 година е родено во 00,01 минута во Клиниката за Гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар во Скопје. Женското бебе е тешко 3 килограми и 550 грама и долго 51 сантиметри, од мајка Оливера Лазарова , на која ова и е трето дете . Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како што е најавено, ќе ги посети мајката и бебет, а не првороденчето ќе му подари штедна книшка и други пригодни подароци. Што повеќе да слушаме вакви работи. Прво во 2014, трето во семејството и тоа Македонче. Нека е живо и здраво, па таа да ги следи стапките на мама Оливера.
A машките што пијат и се глупираат не треба утре да бидат мажи, татковци, двигатели на општеството, шефови, воспитувачи...? Зарем пороците не влијаат и врз машкото репродуктивно здравје? Или како што се правело од дамнина „жената е крива“ ќе викаме и ќе пресудуваме без судење? Или машки се, ги личи. Јака ми рамноправност.
Zatoa pred da se upropastat povikaj prijateli i oplodete gi,za da zavrsat kako dobri majki.. Prosti ova prvo mi tekna,ako si po pameten najdi resenie barem za eden problem preku koj se trudis da plukas samo po makedonskata nacija. Opuli ocite niz celiot svet.Ne e cveke samo kokiceto.
Пред да почнам да дискутирам на оваа тема, сакам само да истакнам дека имам 14 години.На моменти си помислувам дека неможам да се пофалам дека сум екстремно паметна али кога излезам на вечер сваќам дека и тоа како си се потценувам себеси и своите способности.За разлика од некои мои врсници јас не излегувам секоја вечер на штикли ниту пак седам до 3 сатот сабајле за после тоа да одам да се мувам со првиот што ќе ми се најде,ете затоа немам пријатели. Незнам колку од вас, повозрасните можат да ме сватат али денеска пријателството не е како порано- да си ја размените домашната, да направите добар муабет што личи да го прават 14 годишни девојчиња, денеска не се бројат домашните ниту пак работите кои сте ги направиле за да му помогнете на некој, напротив колку повеќе тоа го правите толку повеќе ве газат туку се бројат дечковците, колку пара штикли имаш, колку текили, пива и вина си испил до 4 сатот сабајле...Јас не сум таква и се гордеам со тоа.Имам другарки кои облакаат штикли за НГ само затоа што сите останати во друштвото ќе носат .Верувале или не, машките денеска се повоспитани и попаметни (секако, секаде има исклучоци). Што викаат постарите: годините да ви ги имав, умот да ви го немав. Баш така.
Јас само имам едно прашање: Какви очекувате да бидат младите во ваков ненормален свет, со вакви примери од возрасните? Не се тие причина, тие се последица.
Денешната младина.. ко да се влезени во филм! Не се знае ни кој која возраст е, кој кого треба да почитува, едноставно прекршени сите правила! Не зборуам за сите бидејќи познаам личноти кои залужуаат голем аплауз! Но за жал таквите се многу многу малку. 90% од 100% Дали има и толку?!
m2m2m2 primeri od vozrasnite?pa neka go zemat bilo koj primer od vozrasnite koga ke stanat vozrasni...a ne dodeka se deca...a i zosto da zemaat losi primeri od vozrasnite?eve neka zemat primer od nekoi vozrasni intelektualci,zosto samo od nekoi propaliteti?i sto ste se zapnale be so tie roditeli,so tie vozrasni?sakate da kazete deka za vasite odluki vo zivotot se krivi vasite majki i tatkovci?za toa sto na 15 godini nekoja izgubila nevinost kriva bila majka i?ili sto se drogiraat krivi im se roditelite?koj roditel saka negovoto dete da se drogira?alo,toj sto e roditel znae deka roditelite ne se krivi za greskite na decata...jas sum uste mlada imam 24 godini i ne mozam da zboram za kerka mi koja ima nekolku meseci ama mozam da zboram za majka mi i tatko mi...sto mi se krivi oni za nekoja moja loso donesena odluka?legjeto sto i zivotot za mene bi go dale jas da kazam deka oni se krivi, taka?ajde be,pred da okrivite nekoj drug zaprasajte se malce dali ste fer sto taka zborite...ustvari ne,krivi se roditelite sto se vi dadoa,sto ve razmazija i razgalija,sto se na tacna vi e servirano...raspizdeni edni,sramota,da plukate po onie koi ve odgledale...(se izvinuvam za izbuvnuvackiot komentar ama me nerviraat lugjevo koi svoite greski sekogas gi kalemat na drugite i uste drsko komentiraat ko bozem se vo pravo)
Bravo dete, bravo.Ubavo razmisluvas. Toa so izlaganja do kasno, pienje, stikli, za toa roditelite se krivi i opstestvoto. Stavi zakon kako ovde, nemoze vo kafana pod 18, alxoxol nemoze pod 18, za stikli nema zakon. Vo sekoe skolo ima milicija 24casa. Vo civilka si e covekot, si vrti po hodnici i si zapisuva vo tevterce. Ako nekoj ne se odnesuva spored normite na vrata ke dojde kaj roditelite. Bev jas letoska vo Mk. Odnesov i prijatelka so mene. Mi veli prijatelkava:mnogu sex workers niz gradov. Bukvalno blud irazvrat da se stramis da ja pokazes nacijata. Sto sakas poveke od roditel so cigara vo raka vleguva vo ribarnica i mu zbori na ribarot kako djek. Sin mu ili kerka mu moze da zamislis na sto licat. Kniga moze da napisam.
Pretpostavuvam toj delot razmazeni decista i ne znam kakvi se odnesuva na mene ama prvo edno da objasnam imam 28 godini. I iako mozebi nemam seuste deca nekolku godini vekje rabotam so deca i svedok sum na sekakvi roditeli(normalno sekogas ima isklucoci). Znaci onaa izreka - vidi go deteto pa kje mu gi znaes roditelite-ne za dgabe ja kazale i nejzinata tocnost mnogu pati sum ja videla vo praksa. I pak kaj razmazanite da se vratime, toa e greska na roditelite pak, nemoze na deteto se da mu dopustas da go razmazis do beskraj kako malo pa posle da ocekuvas da bide poinakvo. Denesnite roditeli kako sto gledam se mnogu popustlivi so decata. I vsusnost jas ne aludirav samo na roditelite kako vozrasni, tuku opsto na site nas povozrasnite koi cesto so nasite postapki ne vnimavame kakov primer im davame na pomladite. I iako na temava ima mnogu da se zboruva, ne mozam sega pa zatoa da sumiram, pak kje povtoram vo takov svet i vo takvo vreme ziveeme kade prvo i osnovno vozrasnite ne se kako sto treba a ne pa mladinata.
znaci te zemav kako primer vo postot a ne deka te smetam za detiste koga ne ti ja znam vozrasta (sega ja spomnuvas prv pat) i na tebe se odnesuvaa samo prvite prasanja na koi gledam ne odgovori...a i koga vekje si tolku siguren deka roditelite se krivi togas ke gi vidime t.e. vidis utre tvoite kakvi ke bidat...mozebi ke bidat bubalcinja a mozebi i bagabonti...samo koj ke bide zasluzen ako bidat bagabonti?ti?a okolu toa so tipovite roditeli-ne e deka nema sekakvi roditeli,znam i sama ama ne mozes da sudis spored roditelot,zaso ima mn pozrtvuvani roditeli cii deca se idioti...a i obratno,eve mojot soprug i negovoto semejstvo...majka mu i tatko mu se pred se mn bezobrazni(vo recnik),ni 2 gr nemaat kultura,ne znaat ni kaj stoi viluska a kaj noz a maz mi e cista sprotivnost...da go gledas ke si mislis milina covek(a spored toa i milina semejstvo,a ne e taka)...taka da so toa se pobiva taa teza-vidi go deteto pa ke mu gi znaes roditelite...
Не е проблемот:денешните млади,проблемот е:денешните родители! Значи никој не бил/е/ќе биде перфектна младина. Како ќе си ги воспиташ децата зависи од тоа каков си. Ако си родител за пример,не разбирам зошто твоето дете би израснало во нешто помалце.(освен нели влијанието на другите фактори-школо,друштво)
Вака сега, јас од твојот пост добив впечаток дека мислиш дека јас сум тинејџерка па сакам да се оправдам како таква префрлајќи вина на возрасните, затоа ти ги нагласив моите години. И да, не сум машко инаку. Друго нешто, пак ќе повторам, јас не нагласив родители туку возрасни, мислејќи на сите оние возрасни лица во животот од кои би можеле младите да земат пример: повозрасни браќа и сестри, родители, роднини, професори, познати личности, политичари, самата средина во која што растат. Кај некои влијаат едни, кај некои други... Ти ме праша зошто да земаат лоши примери, зошто не добрите? Па затоа што се млади и се во тие луди и збунувачки години кога се трудат да бидат кул и не сите знаат да направат правилни избори. Милиони примери има и со возрасни кои се бетер од деца во однесување и размислување, па што останува за младите. Ама затоа треба да се тука родителите да ги насочат во тие години, нели како повозрасни и позрели. И нормално дека има исклучоци како кај родителите така и кај децата. Еден пример што сега ми текна еве, често ги гледам младите голи излегуваат, по гаќи. Дома ги гледаат ли родителите или? Гледаат ли за какви партали им даваат пари? Оти сигурно не купуваат тие со нивни пари. Има милиони работи за дискутирање на темава и нормално кој со колку памет си се родил, ама факт е дека времињата се менуваат многу брзо а со нив и генерациите. Како што се сменети младите така и денешните возрасни не се како постарите генерации.
Се согласоувам со m2m2m2 дека во најголемиот случај родителите се на некој начин виновни за тоа што младината ни е таква каква што ни е односно разгалена. имав еден другар (ако може да се нарече другар зш. имавме муабет ама не беше тоа тоа)кој учеше со мене во клас. неговите беа на позиција, татко му беше директор, мајка му мислам дека беше директорка на некое училиште или нешто слично. детето беше за нигде. само бараше да му се купуваа гардероба и тоа брендирана, си бараше еден пар патики за во школо, друг пар за пред зграда и некои такви тракатанци. а да му беа оцените нешто па и не му беа нешто солидни. бараше сам со другари да оди на одмор, ај во државава ке разберам ама надвор ти да одиш за време на распуст, со лоши оцени мислам стварно. а мајка му беше стварно срце. веројатно со тоа што неговите купувале мислеле ај ке се поправи ама...добро како и да е да не зборам веке за мојот школски. а па какви се денес по автобуси пиштат,вриштат... незнам до кај ке тераме