вака јас имам 15 год и ке ви кажам како ова изгледа од моја перспектива. Можам со сигурност да кажам дека половината од оние разлигавените, порано пораснатите деца морале да се навикнат да живеат така. Ова ми се има и на мене случено. Другарствата не се како порано. Денес или си со нив или ги губитник 'лузер'. И секако тие ке размислат дали вечер да излезат и да се начукат ко дрва за да утре бидат интересни пред 'другарите' или да ја поминат вечерта шетајки или 'не дај боже' дома и утре да бидат избегнувани. Поголемиот дел од нив (не сите има исклчоци) не можат да ја видат поголемата слика и мислат дека средна школа е целиот свет. Затоа што кога 95% од врсниците им придаваат многу значење на оние шмизли и фраери кои се родиле такви или пак родителите ги направиле, ете затоа и тие стануваат дел од нив. Така да не е виновен родителот или детето туку нивните школски пријатели и генерација. Секоја чест на оние 5% посто знам дека е тешко и ви кажувам на повозрасните дека сите доаѓаме пред искушенија ама ретко кој одбива. *родителите колку и да се мачат воспитувајки ги децата тие ја губат контролата кога детето ке излезе од дома и освен ако не го следат нема да имаат контрола
Значи случајно купив една книга која се вика "69 страници за младината" напишана од некој млад автор кој на реален и саркастичен начин го опишува се она кое е погоре дискутирано.... значи не ми се верува колку во 69 страници може да се опише денешната младина.. Секоја чест за авторот и неговиот начин на изразување...
Денес - Децата од 6-одд се во врска! Денес - Многу се зборува а малку се знае. Денес - Се разбиваат глави заради к*рчење! Денес - Наместо да ги сакаат девојките со добар карактер,ги сакаат оние што се К*рви! Денес - Е срамота да имаш 50 денари за у школо,а не 200. Денес - Е срамота да пиеш сок,а не алкохол. Денес - Е Срамота ако немаш лајкови. Денес - Е Срамота да легнеш во 22 часот за да се наспиеш. Денес - E Cрамота да не носиш Nike или Adidas. Денес - Можам да кажам дека нема пријателство..Сите се пријатели но само од Корист!!!! Жалосно е тоа што денес е срамота да бидеш ЧОВЕК!
Сега вака дома со сестра ми кога нема интернет. Струјата не конторлира сите... Да снема струја и интернет, би оживеале игралиштава... Мене веќе жал ми паѓа, кучево мое го носам да трча во детските игралишта поради тоа што сите се дома пред малите екрани. Ама најмило ми е кога ќе видам како децата веќе го зафатиле игралиштето, иако кучето беснее од енергија и ме шантра на сите страни од што сака да трча, радосна сум кога ќе видам деца во игралиште. Шансите се 1/10 дека ќе го видам тоа, но ако видам, едноставно ме исполнува што сеуште се држиме до старите навики и нешта кои што не' правеле среќни. Има надеж, луѓе.
Во моите вечерни излегувања, на 22 години. Само наместо не лути се човече, играме асоцијации или мафија. Журка. Не знам, растев со родители што на времето мислев дека се претерано строги, ама кога ќе размислам поубаво, и јас ќе си го воспитувам детето слично. Јас не ни смеев да останувам после 12 до кај 16-17 години, моите никогаш не си легнуваа и не ме оставаа да се вратам кога ќе ми текне. Не пропуштив ништо. Ништо добро не се случува во 3 сабајле ако имаш 15 години Секогаш сум за тоа дека треба да се пробуваат нови работи, ама има време во животот за се. И јас сум пиела алкохол, и сум излегувала, ама секогаш сум била свесна за последиците на се што правам. Не разбирам како се случува воопшто деца да завршуваат по токсикологија и да остануваат бремени и што не. Мислам дека кога бев помала бев многу повнимателна и немаше шанси да направам таква глупост.
Како каде? Па еве http://igrajmo.se/ Али озбилно, колку што се криви родителите што те распуштиле така, толку си крив/а и самиот/та ти. Родителот ако не ти рекол -"врати се во 12" не значи автоматски дека ти треба да се вратиш дома во 7 со 2 леба од продавница, дека успат де Ама ако се вратиш со 2 леба можеби пола ќе ти се прости. Ова може некој и како совет да го сфати. Ако родителот направил нешто погрешно, зошто тогаш воопшто го земаш како пример тоа? Научете да одбирате, јас не верувам дека има ГЛУПИ луѓе што не разликуваат добро од лошо. Има само луѓе со карактер и без. Луѓе што прават се што е во нивна можност да се истакнат во друштво и луѓе што знаат да кажат НЕ на нешто што не треба. Во ова не вклучувам пиење пошто, да бидеме реални, ретко кој не пие ама ретко кој знае кај е границата. Пиењето не е толку катаклизмично како што некои го прават, напротив, треба да се проба се во животот, некоја чаша знае да ги опушти луѓето и тогаш се случуваат најинтересните работи. Али некоја чаша повеќе знае и да ги однесе луѓето на токсикологија каде што и не е толку интересно Поентата на муабетов беше да одговорам на постовите од оваа страна. Не се криви само родителите, професорите, друштвото. Ако нешто не чини, не го прави тоа, едноставно.
Огромно влијание имаат родителите врз однесувањето на децата, но зависи и од тоа како децата ги сфаќаат работите и како размислуваат. Моите родители ми дозволуваат да изглегувам до доцна, ми дозволуваат да пијам алкохол, ми дозволуваат и цигари да пробам. Пријателски се настроени кон мене, никогаш не ми забранувале ништо. Ама јас досега, немам излезено во минич, ниту пак сум пробала цигара. За алкохолот, еднаш се имам напиено пиво, од љупобитност, а нова година беше, и тоа одвај испив половина чаша, ми беше страв да не се опијам. Не се враќам доцна дома, ме пуштаат и до 1-2 часот по полноќ, ама јас не се враќам толку доцна. Имам другарка која од дома многу строго ја држеа, за оценки, за излегувања, за се ја караа. Дома изигруваше ангелче, а кога бевме некаде заедно, не знаеше што попрво да направи. Еднаш бевме излезени, после неколку часа беше пијана. Не е се до родителите, иако имаат голема улога во воспитувањето. Треба и младината да има разум и да мисли за последиците.
Јас имам скоро 16 год. И најискрено мене шминкање излагање тоа не ме интересира. Според мене оваа младина се расипа. Да можеби немам право на збор затоа што имам само 16 ама мн9гу жалам што не сум се родила десет години поназад. Добро порано се знаеше машките беа слаби на училиште а сега женски со 10 кеца у дневник... Страмота е!!! Јас во мокот живот освен учење и фантазирање немам ништо. Во мојот град неможе ношто да се прави да излезе девојче со скејт ќе ја напраа голема лудача, а за нив мн нормално е да излеза со сто тона шминка и штикла дванаеска Ехх оваа моја чудесна земја.
До негде сите тинејџери сакаат да пробаат нешто ново.. Да и јас сум тинејџер и сум пробала многу работо да разјаснам да не ме направите нешто што не сум.. Мислев на алхохол, цигари, диско... Но сватив дека тие работи не се за мене можеби јас знам дека деца на 16 год нема да речам дека не треба да излагаат туку не треба да се брукаат по учиците дрво пијани. А има и некои тинејџери кои сакаат да седат дома да читаат книги итм. Пр мене само тоа мо останува. Немам пријатели и тоа значи дека немам со кого да излагам. Ама целта ми беше дека младината е сосема уништена и дека тешко да се врати како порано. И родителите не треба да се сметаат за криви тие имаат само една работа што треба да ја направат за нас а тоа е да не советуваат додек можат па од нас зависи дали ќе ги следиме нивните совети или не
Искрено не паметам кога последен пат сум била на некоја журка. Веројатно некаде во средно. И тоа повеќе ми било да исполнам некоја социјална норма отколку од ќеф. Посмирен тип сум едноставно, удобна и мека облека, чајче или кафенце, книга/ТВ/компјутер. Евентуално прошетки само, без заглавуење по кафичи, диска, барови, евентуално денски на кафе со пријатели на посмирено место кадешто ќе можеме да праиме муабет. Сè спротивно на ова повремено сум го практикувала да не излезам особењак, не-другар, намќор и сл. Како и да е, тоа не ми дава за право да ја проценувам младината според тоа дали излегува по диска на пример или не. И тие преку таквиот вид на забава си наоѓаат исполнување, како што тие коишто не сакаат да излегуваат се исполнуваат на друг начин. Со толкава негатива којашто пандемично се шири како последица на стресново време во коешто живееме, неисполнетата младина е таа којашто не би влијаела позитивно на иднината.
А ако не менувам дечковци на седумнаесет, кога ли ќе менувам? Искрено мене ми е пологично сега да се оди по журки, да се пробуваат повеќе нешта да се ужива едноставно отколку кога ќе се омажиме да забегуваме и да се правиме млади девојки затоа што сме си ја пропуштиле младоста.... Мора и преку ова некогаш да се помине
Многу е неблагодарно јас да коментирам за денешниве млади во кои спаѓам и јас, но доколку под млади се подразбира децава од 15-16 год ќе го кажам следново, многу брзаат со животот и си го скратуваат сосема непоребно детството. За мене не сватливо е деца од 15 години да се опседнати со шминка, депилација и дечковци. Според мене на тие години сеуште децката игра треба да биде доминантна а не да мислат на некои работи кои не треба да им се во фокусот на внимание.
Не е работата да немаш дечко на 17, туку не секој вечер со различен како чорапи менување. Јас не разбирам како се предвреме се доживува, не зборувам за тебе конкретно туку општо. Знам ногубројни примери и имам гледано, типката едвај 16год изгледа како за 25 изнашминкана, штикли високи, облечена тотално недолично за годините, пијана не знае кај се најдува, а и одат со многу постари мажи само за секс и се прибираат во 3-4 часот на сабајле. Да треба да се поминат некои работи, во тие години, ама ова шо се дешава е претерано, нелогично. До некаде и родителите се тука виновни, ова оди до некаде само сигурно не на добро.
Па сфатете и вие како е на 16 години си имаме сите маки по дома и сакале нејќеле не те приметуваат од дома се осеќаш тапа и ќе ги извадиш цицките бар машки да те приметуваат и ќе мислиш си постигнала нешто во животот... Ова ич не е на место ама ете јас баш вака сум правела искрена сум пред самата себе. Во овие години сите сме желни за внимание сите сакаме постари да се направиме што не е лошо ако е со граница секако, подобро овие години да ги изживееме и да си ги надминеме комплексите за да знаеме кои се правите вредности него ли на 40 да се правиме девојки затоа што никогаш не сме виделе како е..
Дојди ти докажи и на мојата пуфла, очи ќе ти извади Се гордем само што сеуште се однесува детски, а не како да има 25. За шминка се шљака тогаш бегам оти влечки летаат на сите страни.Депилации нема, дечковци нема, ама со тоа шминката (ико дискретно) нервите ми ги кине инаку има 15,5. @deskarada колку можеме ние родителите ги влечеме конците, ама ако и забранувам многу работи, ќе постане монстроум, како куче врзано на ланец кога ќе го пуштиш. Затоа ако не сте родители на тинејџери не коментирајте за нив.
@Daleron мило ми е што сеуште има ,,нормални" деца на светот. Се надевам дека барем уште некое време ќе имаш позитивно влијание на неа и ќе успееш да и објасниш дека не треба да се брза со животот и дека се си доаѓа во свое време.
И ние имавме 16год, само не се секиравме за тоа кој повеќе машки ќе сврти туку се секиравме да бидеме добри ученици, а за викенд да си поминиме убаво, со пари одвај да се напијаш една пијачка и за такси назад секако до 12часот. А за внимание да добиеш од машко нема потреба да му ги извадиш цицките, тоа на друго ќе го асоцира, внимание треба да привлечиш, со карактер, разговор, смисла за хумор. Тоа е и џабе се коментира напразно. @Daleron да не сме родители , ама и ние бевме тинејџери и имавме родители кои не воспитуваа. Ама сепак колку родителот да ги воспитува, ако нема разум детето џабе е се, што и да прави или пак обратно, може родителот да биди лабав за многу работи, а детето ќе прави разуми работи.