1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Колку само те подржувам.Јас имам 19 години.Не можам да сфатам какво е тоа внимание што го барате?Цицки?Господе.Не знам,може ќе ме критикувате за овие муабети но,јас мислам дека денеска се ценат сосема други работи.Мене кога моите родители ќе ми зборуваа во 21:00 дома да сум,со трчање идев.Нема тука јас како што сакам.А денеска,на 15 години на штикли се качиле,големи девојки готово.Шминка колку ти душа сака на лице,дечковци,цигари.Не знам навистина,се плашам еден ден од помислата да бидам мајка и како ќе ги пораснам моите деца во ваква средина,во овој денешен свет.Баш пред една недела, стоев со другарка правевме муабет мислам дека беше 22:00h и поминуваат две мали девојчиња и јадат кифли,најмногу им давам 13 години.И јас на едната и викам девојче ќе ти испадне телефонот од џеб и она на мене "Тебе ма што ти е гајле"! Останав со отворена уста.Значи навистина,што е многу многу е.Исто така,на мојата другарка,нејзина братучедка има 16 години.Излегува и дома не се враќа до 3,4 сабајле.Другарка ми постојано вика по неа,ма нема шанси ништо да и противречи.Одма и се дере,ти не ме замарај ова она.Јас кога ќе се сетам,кога бев мала ластика постојано си игравме ,криенки,многу сакав да си играм со топка како машко бев хаха.Училиштето ми беше на прво место.Учев многу,се трудев,се радувам на секоја добиена 5.Денеска гледам ни училиштата ни професорите не се тоа што некогаш биле.Не знам до каде ќе одведе ова..
     
    На eliesaab, P.S.love, Abrakadabra и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    ............. Без зборови ......:tmi:
     
  3. Punk girl

    Punk girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    436
    Пол:
    Женски
    Денешната младина е подвижна реклама на проституција,турбо-фолк,дискотеки .
     
    На wanderlust и lovely-girl им се допаѓа ова.
  4. AngelaMK

    AngelaMK Нов член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Доволно кажано во само две слики..

    Седмооделение само пред 5-6 години/сега
    [​IMG]


    Полуматурантки

    [​IMG]
     
    На Lolo5, Naked Gun, blueberry93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Порано до 8-мо одделение скоро секој ден на улица во маало игравме секакви игри, се дружевме многу. Беше интересно. И кога се појавија кај нас компјутерите, умре тоа време. Многу би сакал да се вратам во тоа време.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.955
    Допаѓања:
    219.247
    Пол:
    Женски
    Јас пресудниот проблем и неодговорност би го дала на родителите до некаде, бидејки тие самите и не знам со каков памет им дозволуваат да се облакаат така како што се облакат и да излегуваат до ниедно време од ноќта на децата кои што сеуште не разбираат ништо од животот и најразличните проблеми и предизвици од истиот.

    Ги гледам со голи стомаци и натегнати хиланки и фармерки, превисоки штикли и црвени усти како стојат на шанк и се налеваат ефтини вотки и вина кои што го горат буквално нивниот организам, доволно неколку за да не знаат што прават и каде одат, а притоа не свесни за црнилата и опасностите кои ги демнат од страна.

    Би требало барем малку од малку и родителите да превземат одговорности за овие патешествија кои што изгледаат морничаво за не секое око, да се распрашаат и да отидат да видат што се случува, да објаснат и да не дозволуваат облеката да им биде толку ефтина и нефкусна, но тоа е што е.

    Секоја чест на исклучоците кои верувам дека постојат, но оваа младина денес мислам дека границите ги помина со разгалување и мазење.

    Си треба остри мерки, многу зборување и комуникација, соработка и граници. Инаку се е залудно..
     
    На wanderlust, Dennings и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.719
    Допаѓања:
    322.680
    Денешната младина нема убаво детство, малдост, тинејџерство.
    Кај нив постои само една единица мерка а тоа е-кој има појак мобилен, кој носи фирмирана облека...
    Се муваат и се шмекаат и мислат дека што повеќе си смувал толку си попопуларен.
    Штета...ги жалам децава.
    Буљат во телефони по цел ден.
    Сами се смеат, сами си зборат, сами тагуваат...
     
    На MiloMalo и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.517
    Допаѓања:
    27.477
    Пол:
    Женски
    Денешната младина е катастрофа.... цел ден пред ком и телефонот во рака нема дружба како порано мислам,нема големи другарства,себични се сите секој си мисли само за себе и сите те оговараат зад грб.
    Нема вистински пријателства..
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    56.717
    Пол:
    Женски
    Утринава фатив една емисија на локална телевизија, две девојчиња беа поканети зашто освоиле меѓународна награда. Си разговараат и водителов ги праша дали се одлични на училиште, едното девојче одговори нешто во стилот "да, ама учителката многу се дерит". :D Абе ептен беа слатки, ми го направија денот. :D

    Се дере бе. Нели бевме на времето малку повоспитани и внимававме како се изразуваме за учителите барем во јавност? Јас се сеќавам кога ќе не прашаа каква е учителката, секогаш ќе си одговоревме добра и ќе си поќутевме. :rofl: Aма па и учителките не се дереа. Мислам, имаше некоја строгост што заслужуваше почит, и мислам дека тука беше нивниот успех. Денес на учителките им е се’ потешко и потешко да се справат со одделението. Ги викаат родителите на родителска по екскурзија да им кажат дека никако не можеле да ги соберат децата. Не знам, изгледа не се способни да се носат со тие позиции и нешто сериозно недостига во нивното образование и надоградување. Мислам, знаеме дека Педагошки се смета за еден од полесните факултети, па привлекува и такви кои навистина сакаат да бидат учители и да работат со деца, ама и такви што само гледаат да земат каква таква диплома. И од вторите страда денешната младина, не е само од родителството.

    Во секој случај, се изнасмеав денес со девојчињата. Од една страна, добро е што се воспитуваат да бидат слободни и искрени, ама недостасува малку култура.
     
    Последна измена: 27 ноември 2015
    На wanderlust, cresa-jagoda, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Денешната младина е катастрофа според мене.Буквално катастрофа.
    Јас сум 18 год. ама дефинитивно не сум како повеќето.Имам различни размислувања и доста се посветувам на правење планови за понатаму и така.Кога станува збор за одредена тема каде се бара сериозност ,крајно сум сериозна итн.
    Но еве баш се зачудив пред некој ден имавме забава од училиштето и знам од школскиве од девојчињата кои имаат дечковци.Таква опуштеност од нивна страна во врска со други машки ,не сум видела.Па играње,па сликање гушнати па шо ти ја знам таму....Мене ми е чудно како машко би поминало преку тоа ако гледа од некоја страна??
    Како женско би реагирало ако гледа дечкото како игра со другиве девојчиња (значи зборувам за многу опуштено играње) ?
    Не се знае кој со кого е и зошто е , ако можам така да се изразам.

    Друго: Те дружат во зависност од физичкиот изглед.Дали си богат или не.Те дружат ако имаат корист од тебе.Ако си попаметен и знаеш да се спротиставиш,тогаш не те сакаат.Порано се знаело немале сите и сите биле исти.Ама денес е многу полошо.Многу се различни од тоа што ми кажувала мајка ми и други луѓе.

    Но тоа е тоа.Јас мислам дека дури и на полошо ќе тргне младината ,но не знам како би ја смениле?
     
    На turist, GirlLove, jagotka123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. teddi

    teddi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    202
    Пол:
    Женски
    Доколку се гледа во глобала да многу почесто ќе се сретнат девојчиња од по 14/15 години во миничи и штикли,ама пак туку се и тие што седат по дома и што не се 'видливи'.И да јас сум во оваа денешна младина која може да се користи како лош пример.Со моите 15 години многу повеќе се разликувам од моите врсници.Прв приоритет ми е училиштето бидејќи сакам да успеам и да бидам почитувана според знаењето што го поседувам а не за физичкиот изглед.И навистина воопшто не е добар изговор да се дотеруваш/шминкаш/разголуваш за машки,не знам со која цел е тоа и немам никаков бенефит.Лично мсилам дека ова е последица од прелабавиот или престрогиот однос на родителите,но и од срединава.Ние како младина сме многу изложени на потпаѓања под туѓи мислење и приоритети и они кои немаат свој став за одредено нешто и само сакаат да се вклопат брзо прават промени најчесто во лош правец.Голем број пушат и јас сметам дека е од бес.Девојчињата жално е и трагично се што прават за да го привлечат вниманието на машките .Е сега за полуматура,бев полуматуранка и да носев фустан бев малку повеќе од дотерана со пуна пета(најмногу од тоа што многу сум скептична за мојата висина,ниска сум за мојата возраст) ама тоа реално беше една вечер и дома се вратив со моите во 11,верувале или не веќе не ги имам облечено тие штикли.Многу ретко излегувам а кога тоа ќе се случи најкасно дома до 11 /11 и 30 ,немам многу пријатели можам на една рака да ги избројам и некако тоа е и мој недостиг недоволна социјализација.Се ова на некој начин би можела да поминам преку ама денешната младина и онаа која иде оди кон полошо и полошо без основна култура.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Мојата наставничка толку се дереше, што ми беше страв од неа. Одлична бев и си учев, ама имаше нешто во жената што толку ме плашеше, едвај дочекав да пораснам и да добијам нови професори :D
    Кај што се дереше, туку и ја имавме култната караница во прво или второ одделение кај што ми поправи вежба и ми извади поени затоа што сум напишала „четири“, а не „четри“ како што не учеше таа.
     
    На Lolo5, Bender Rodriguez и Valerin им се допаѓа ова.
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.192
    Допаѓања:
    56.717
    Пол:
    Женски
    Па мислам со ова добро го опиша нашиот образовен систем. :D

    И стварно е чудесно како и од такви лоши наставници излегуваат прекрасни ученици. Замислете што би постигнале децата кога се оставени во рацете на добри и посветени учители што си ја сакаат работата.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.777
    Пол:
    Женски
    Да не беше мајка ми, можам само да замислам каков би ми бил правописот сега. Среќа таа обожава книги, па уште од мала ми створи навика да читам и ме научи како да сакам книги.
    А и трошеше часови дома за да ме смирува кога се враќав од школо вознемирена, па и за да поправа грешки. :D
     
    На Lolo5, cresa-jagoda и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Мене ме вади од такт - не поздравување а те гледа во очи, не стануваат во автобус на стари лица, се зезаат на цел глас кој од кој погласен во автобус или на улица кога се движат цело друштво на цел тротоар и не се ни помрднуваат да поминеш.
     
  16. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Ајде што се залауфафте...
    Губеле време пред компјутер, телефони, саркастични биле, цинични, се облакале за нигде...
    Секоја генерација си носи свое бреме, подем и пад. Секогаш имало секакви карактери.

    И низ денешната младина можат да се сретнат луѓе кои ретко киснат по социјални мрежи, како што и порано можеле да се сретнат луѓе кои го уејстале времето на тогаш некаков глуп начин.

    Порано не одвраќале на професори и постари, бидејќи не смееле, што не значи дека имале почит. Ако конфронтирам со некој постар, не значи дека не го почитувам - ако ќутам и наведнам глава не значи дека го почитувам.

    Стравот не е почит.

    Во автобус исто така можам да отстапам место на некој на кому навистина му е потребно, а не на некоја алапача која фатила гага вторник/петок/сабота, се набила со краставиците во преполн автобус и уште од врата почнува да јаде бурек колку лоша младината е денес, џоа треба за нејзе и краставиците црвен тепих среде бус да се постеле. На таква нема да станам, ако сака нека е 60 години постара од мене.

    А до облеката што се однесува, што сакате вие? Секогаш имало некаква мода и некој си бил во свој филм. Подобро да не било тоа време кога по улици цајкани тепале луѓе зошто биле „неумесно“ облечени. Мој избор, моја слобода, мое тело. На 15-16 кога почнавме да се шминкаме, сите изгледавме на паљачо. Истото се дешавало и со генерацијата пред нас.

    Или па тоа дека цела младина наркомани и пијаници.
    Епа јас како дел од младината со широк спектар на познанства можам да кажам дека токму од мојата генерација 95% од младината пие само пиво и дува џоинт. Не сум сретнала ниту еден мој врсник кој пробал хероин, што не е случај со генерациите на нашите мајки и татковци, каде на секој трет еден не се хорсал.

    Работата е во тоа што порано некои работи се правеле скришно, а сега имаме СЛОБОДА да го правиме тоа што сакаме да го правиме, не само младината, општо сите луѓе.

    Затоа гледајте си во својот двор. Денешната младина си е супер.
     
    На Lolo5, Dabria, Gerbera и 9 други им се допаѓа ова.
  17. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Дали тоа што не смееле и не одвраќале е добра особина, или тоа што сега смеат па одвраќаат и тоа без мерка? Денес уцениците одвраќаат на наставниците и професорите и тоа на многу некултутрен и недоличен начин и немаат никаква почит кон оние што секојдневно им ги поставуваат патиказите во патот наречен ЖИВОТ. Има и исклучоци кај професорите, ама од искство колку децата ќе дадат и прифатат, толку и професорот ќе може да се инспирира и да даде. Почитувањето е општа култура, ако денешнава младина сака да ја наречат некултурна со друг збор (неука, проста) генерација нека и е на чест. А сигурно не е глупа да размисли и сфати како треба и зошто така треба и што значи почитувањето. А и секоја чест на исклучоците во младината.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Туристче, не мешај хулиганизам, дебатирање, воспитание и почит. Во секоја генерација имало такви примери. Како што и сите професори не се цвеќе за мирисање.
    Во основно имав еден професор што пцуеше ученици, женските курви ги нарекуваше, а во средно една што црташе полови органи на табла.
    Па сеа види ти дали е генерациски или е личен ментал илнес.
     
    На Lolo5, Valerin и baba Rada им се допаѓа ова.
  19. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Во основно имаше еден професор. А колку ученици имаше тогаш што го правеа тоа, а колку има денес што го прават тоа. Денес има многу, многу повеќе ученици што немаат никаква почит, а тоа е одраз и на дел од нивната генерациска култура.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.697
    Пол:
    Женски
    Ти ученик си во денешно време за да знаеш? Јас сум, и се справувам со професори кои се позелени во паметот од мене. Нормално е недоразвиено девојче да се обидуваш да го фаќаш за гради и задник оправдувајќи се со тоа дека го учиш како да игра пинг понг? Нормално е да пипкаш тинејџер по бутот наводно покажувајќи му „одреден“ мускул? Или пак, кога професорот ќе ти стави 3, а ти си одговорил за 5 и тоа сите други го знаат, но професорот „преферира“ да става 5 на ученици за кои што си зацртал дека се одлични, нормално е тоа? Треба да не' малтретираат во школо, притисоци да ни нанесуваат и ние да ги почитуваме? Треба да ги занемаруваат нашите способности и да не тераат да бидеме како машини, да бидеме програмирани за нешто кое тие ќе ни наредат?
    Во 79та е опишана истава ситуација.
     
    На Lolo5, Someonespecial, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.