1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. turist

    turist Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    443
    Пол:
    Машки
    Сите професори значи те малтретираат. Никој не е во ред. Или да бидеме објективни и да кажеме каков е односот на тие што е во ред и тие што претеруваат односно малтретираат.
     
    Последна измена: 8 декември 2015
  2. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.726
    Допаѓања:
    21.292
    Пол:
    Женски
    Порано имав мислење дека оваа младина во која спаѓам и јас, сме сите за никаде.Имам порано пишувано мислење за тоа али не би да се навраќам.
    Но ете сеа буквално го сменив мислењето.Секогаш, во секое време постоеле несериозни, невоспитани,порано пораснати,распуштени и секакви деца, и тоа не е одраз само за ова време.И во времето на моите родители имало секакви, и во времето на баба и ми дедо ми и така натаму.Не можете заради некои ретки будалетинки да не ставате сите во ист кош.
    И кога веќе се зборува за култура према наставници и професори, епа извинете не сте за ова во право.Порано можда биле повеќе почитувани,али не дека учениците сакале да ги почитуваат, туку морале.Јес да, има професори кои се и да ги почитуваш, и да ги сакаш.Али како побогу би почитувала професор кој удира деца?На баба ми заради едно доцнење наставничка му ја дупнала главата со дрвен ленир.Родителите тортури трпеле од наставници вештери кои се сметаат за богови и газди.Тие и на глава нека се наместат не ги почитувам бре, ниту ме хранат,ниту ме чуваат за да им се плашам.Овој период па поготово не можеш еден асален професор да најдеш.Кажувам пример од моето училиште, угледна гимназија.При самото влегување на час ти го замрчуваат денот со нивниот намуртен изглед.Се понашаат како да се тие Господ за нас, не знаат за шала, не знаат за разбирање, само да го предадат матријалот и ајде пријатно.Ниту да воведат нешто интересно да не заинтересираат, абе ништо.И после се бунат оти не внимаваме.Па не внимавам, има некој проблем?Не ми е интересно, не можам да ве слушам и ќе правам нешто друго.Мое право е дали ќе ве слушам или не, важно е само да не ви го реметам часот, другото е мој избор.Па јас одлична поминувам и без да слушам на час, само она што си го учам дома ми е.Јас, и кој и да е друг кој има желба да научи и да напредува може да го постигне тоа и без некои професори да му се перчат.Можеме и без вас, не сте богови, не сте семоќни.
    Исто, има и професори со кои ти е милина да соработуваш.Имам неколку такви, ретки се али постојат.Е тие не се вредни само за почит, туку и за сакање.
     
    На Lolo5, Gosh и Taccka им се допаѓа ова.
  3. Perfect7

    Perfect7 Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Ова сеа не се професори,ова ти е рекламирање на стил..Секако чест на исклучоци...
     
  4. Taccka

    Taccka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Пишав еднаш и реков нема повеќе да пишувам во оваа тема, но нешто ме влече. Родител сум, имам 2 ќерки, тинејџерка и блиску до тинејџерка. И не мислам дека е толку лоша денешната младина. Немаат ни полошо детство од она какво ние сме имале. Имаат детство што си одговара со новите трендови и промени во начинот на живеењето кај сите нас. Секогаш имало воспитан и невоспитан млад свет, а тие стануваат такви благодарение на оние кои ги чуваат и се грижат на свет. Ако е навистина полошо сега, тоа е затоа што сите сме станати полоши. И наместо да се плука по се' што е ново и различно и се плаче по минатото и детството какво што ние сме го имале (и прашање е дали навистина било подобро), треба да се насочиме кон детектирање на причините за поголемата појава на такво девијантно однесување кај дел од младината.
    И пак ќе кажам, не би генерализирала. Има секаков млад свет, како што има секаков возрасен свет, но во едно нешто сум убедена, а тоа е дека ова се генерации кои пак, од друга страна можат многу повеќе да направат од то што можевме ние. Кога ги гледав средношколските протести, кога ги гледам активностите на студентскиот пленум, се радувам што гледам млад свет кој мисли со сопствената глава и млад свет со визија.
     
    На teddytea и Papillon.Papi им се допаѓа ова.
  5. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Имам 14 години,јас мислам дека се однесувам соодветно како за моите години,се облекувам многу прибрано и баш како што ми доликува. Јас воопшто не брзам да пораснам затоа што цел живот потоа ќе бидам возрасна,за разлика од многу девојчиња кои ги познавам на пример од моја генерација.. Јас не знам што толку летнале во облаци.
    Кажете дали е тоа нормално да се искача од 12 часот навечер до 5 сабајле?
    Не воопшто не е нормално.. Се пушат цигари на 14 години,се пие алкохол,а девојчињава секоја вечер искачаат со различен дечко,и многу недолично се облекуваат,ставаат тон пудра
    и руж.
    Јас пример од "шминки" (што не ни можат да се наречат шминки) имам една безбојна гел маскара,лабелца и еден ајлајнер светкав за очи што го купив од пред некое време и не го ставам.
    А што ќе биде со тие девојчиња на 20 години?
    Јас многу сакам сенки за очи и карминчиња,и понекогаш ќе и ги земам на сестра ми и ќе си ставам ама така се учам,и одма го вадам после.. По никоја цена не би излегла на 14 год. со сенка.
    Не се сите такви,ама навистина се сменија времињата.
    Во денешно време машките со ќецови се "фраери" а тие со 5ки се будали.
    Значи не брзајте да пораснете никогаш,после жал ќе ви биде! Па се оди по ноќни клубови,се сликаат полуголи и во опис на фејсбук некој стих од српска песна.. ако бе ако..
    И во коментар следи:
    najj<33
    ts<33
    Mojaaa<3
    -samo tvoja bejb<3
    Moja e be ne mi ja dirajte ljubovta
    - tska ljuboov
    sovrshena
    - kako tebe <33
    Мислам,ова е секојдневие.. А ја знаете онаа "финта" го тагнуваш цело Скопје,за да ти лајкне цела Македонија. Значи "фаца" си ако имаш над 300 лајка.
    И они сметаат дека е гревно да се има под 100 лајка. Епа не е така.. Јас слика од мене ќе стаам еднаш у 100 години.
    На крај крајава што сакаат нека прават си имаат родители.. ама колку што гледам не им е гајле за децава им попуштаат.
    Ја да имам таква ќерка не дај боже и пакувам куферите и ја носам во село без телефон,компјутер и телевизор па нека прчи газ пред кравите.
    Ова е мојот став.. ја мислам дека тоа не е нормално и цврсто си стојам зад тоа.
    :)
     
    На mode-kristina, theowndemon, turist и 3 други им се допаѓа ова.
  6. VladeMila

    VladeMila Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    8.515
    Пол:
    Женски
    Браво,ти си девојче за пример,така е,се во свое време,ех што би дала пак да сум девојче на 14-15год..
     
    На cresa-jagoda и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.845
    Допаѓања:
    12.399
    Пред извесно време видов машки и женски како се пијанчат на слава. Некои од нив имаат само основно, рано се омажиле, се развеле, имаат по едно дете и наместо да му пружат грижа скитаат и се пијанчат. Многу лоша младина имаме.
     
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    „We live in a decaying age. Young people no longer respect their parents. They are rude and impatient. They frequently inhabit pubs and have no self-control.“

    Што мислите, кој ја кажал оваа мудра мисла, и кога? Пред некој ден? Пред 10-20 години?

    Уствари, ова е натпис на староегипетска гробница - само што у оригиналниот текст стои taverns, а не pubs.

    Што значи, проблемот на стари vs. млади, односно проблемот на „денешнава искварена младина“ не е проблем на денешницата, туку проблем стар колку и самата цивилизација. Проблемот е што „постарите“ (во кои еве, и јас ќе се вбројам) кога биле млади, светот го гледале со други очи. Ги идеализираат времињата на својата младост, а за денешницава, кога веќе не се млади, резонираат пореалистички и понепристрасно. Затоа и секој човек ќе каже - „У мое време беше подобра...“ - живеачката, музиката, дружбата, филмовите, you name it, а денес све е срање (признавам, ни ја не сум исклучок од ова). Едноставно, така функционира човечкиот мозок и не можеме против тоа.

    А вистината е дека секогаш имало (и ќе има) и добри и лоши деца и дека секое време си носи свои позитивни и негативни страни. Младината е одраз на времето во кое живее, но и на сопствените родители.

    Ако некој навистина смета дека децава денес се катастрофа, тогаш прстот треба да се впери кон нивните родители и вината да се бара во нив. Зошто ако порано младината била подобра и супер, кога стигнала во време да бидат родители, направиле цела генерација невоспитани деца? Не може родителите да се срциња, а нивните деца да се за никаде. Едното без другото не иде.
     
    На Lolo5, Dabria, Gerbera и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Taccka

    Taccka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Е ова е тоа што цело време го зборам и јас. (y)(y)(y)
     
    На Lolo5 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. Targaryen

    Targaryen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Не ја бранам младинава ниту обвинувам. Годините не се изговор за ништо ниту времето (до негде). Се зависи од тоа во какви услови расте едно дете,со кого како. Е сега и од времето на баба ми во школата имало поголема контрола врз децата, друго воспитание од тоа што ми кажувале. Денес и колку и да е "крив" интернетот од секад имало нешто и некого од каде што се стекнувало навики. Образованието денес ко што гледам повеќе е да поминеш година макар и да препишеш без да те фатат, место за знаење, можда и од секад било така, незнам. Не се криви ни они, има и професори што ги мрзи да зборат. Ама ај и тоа не е демек толку битно пошто денес скоро и сегде ќе те бутнат ако имаш врски. Moral of the story никој на крај не е крив. Не е се светло и во денешнава младина и не треба да се напаѓа, ама пак ќе речам дека ништо не и фали. Еден поединец не е цел 21 век.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.568
    Допаѓања:
    78.886
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека денешните млади се такви какви што се заради технологијата. Ги запусти и тоа како. А во иднина може да биде уште полошо. Ќе наведам овде уште нешто, на вести пред некој ден слушнав дека деца веќе на 7 години влегуваат во пубертет како резултат на генетски модифицираната храна.
    Инаку, денес некако девојчињата ми се поразвиени, на 14 години ги мислиш 18 имаат. Тоа што така се облекуваат, дотеруваат и однесуваат си е башка. На некои не им личи тоа на детската фаца. Се гледа дека се мали а залетани да пораснат. Но во паметот мислам заостануваат. Исклучоци секако има, но повеќето се впуштаат во нешта за кои не се информирани и после си ја маваат главата од ѕид. А она кога ќе видам мали дечиња во врска не ми е слатко, глупо ми е.
    Зависни се од технологијава која им го пере мозокот. Телефоните им се попаметни од нив... Не можеш ни квалитетен муабет да направиш.Што да кажам друго, многу лоши времиња. Тешко на луѓето и иднината...
     
    На Naked Gun, bad girl18, sugarlips и 3 други им се допаѓа ова.
  12. N0NamE

    N0NamE Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2015
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    2.136
    Пол:
    Машки
    Kратко и јасно денешнава младина е отидена во К.... ахх златна војска зашто ја укинаа кој бил војска искочил со крената глава и станал човек и научил доста работи.Стекнал доста корисни навики што ке му се најдат понатака во животот научил дека постарите и претпоставените треба да се почитуваат и дека може од нив многу да види и научи.А што да кажеме за младинава наша во денешно време секој втор трет малолетник може да се види било каде на улица или во школо како се кријат со цигара во уста а чим тука е цигарата лесно се прелажуваат некој и почнуваат и со дрога таблети и итн.Летаат во облаци со помислата еден живот е, еднаш се живее, ке живеам како сакам никој ништо не ми може крајно се невоспитани скитаат за викендите до ниедно време по дискотеки кафичи и обавезно после тоа продолжуваат надвор.Заседнати некаде по клупи и темници се пијанчат, пушат се дерат како ненормални или со еден збор се надвор од контрола нивните дома ретко кој знае све што прават и како прават во школо и кога искачаат надвор. Навикнати се на тоа Тате носи Мама меси или лежи лебу да те јадам :D e кога ке се свестат отпосле одкако ке навлезат во третата деценија од животот што би рекле некој е тогаш им е касно више отишол возот така улежани и неспособни ретко кој може да најде добро платена работа.Ќе се грбават како амали за 200евра плата и ке си ја лупаат главата од ѕид ке се каат што на времето не ја грееле столицата кога требало и ке им завидуваат на некој нивни врсници кој успеале во животот и станале луѓе само затоа што се тргнале од лошите пороци и живееле нормален живот.
     
    На Tanjamm и R.o.s.e им се допаѓа ова.
  13. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    Така е тоа. Денес ако си нормален,те прават ненормален. Добро јас не сум којзнае колку голема,17 години имам. Ти си пример за добро.Едно девојче на еден познаник на татко ми,твоја врсничка е,а уште од кога го направи фејсбукот,пишува љубовни статуси,се прави паметна заедно со сестра и' што има 19 години и не е којзнае колку постара од нас,па кога ме прашаа со што поминав година и кога им кажав 5.00,ми се чудеа како можам физика да имам 5ка.Па така,како што вие можете љубовни статуси да пишувате на фесбук и да менувате дечковци,така и јас можам физика да имам 5ка. И на полугодие си бев одлична,ама не 5.00,ама ајде да не одам надвор од темата. Истово ова 14 годишно девојче напишало статус „Чувството кога тој ќе биде покрај тебе“ и и коментирам „Девојче оди учи“. Па уште со длабоко деколте и мини се шета низ град.А кога нејзинава сестра беше колку тебе,заедно со неа(ние на играорна одевме заедно тоа време) ми викаа дека јас сум демоде,ненормална,заостаната што не гледав „Долина на волците“ ли како и да се викаше знам дека беше турска серија со мафијаши и што не сум го слушала Слаткар.Добро бе што има добро во таа серија и во тие негови „песни“? А една имав што со мене учеше од 5-8 одд. и секоја слика на фб и беше со над 1000 лајка. А на сликите баш така како што опиша ти беше застаната. И уште ми вика „Јас сум популарна,затоаимам над 1000 лајка,а ти си никоја и ништо!“ Ама еден ден ќе заврши таа нејзина „популарност“. А за друго и да не зборувам.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Една мала корекција само, родители се тие што треба од дома детето правилно да си го воспитаат, да му всадат добри морални вредности, да го научат на култура и почит спрема постарите и ред други работи. Мене ми е смешно да очекувате војска, школо или некој од учица да ви ги воспитува децата и исправа на прав пат. Во врска со вториот блонд, па и порано имало дечки кои почнувале уште во средно да пушат само што тогаш што и да правеле подобро се криеле зошто било срамно постар да те види со дечко или пак цигара, додека денешната младина е далеку поопуштена и послободна не само за тоа, туку и за многу други работи. Многу се прогледува низ прсти и се толерираат низа работи што не би требало.
    Факт е дека не е исто ко што било пред 20/30 години времињата се многу и многу сменети, секако и технологијата има удел во тоа и многу други работи ама да не забегуваме од темата.

    И во врска со војската, постои касарна во Велес и во Штип, и за мажи и за жени па ако си заинтересиран/а распрашај се, па пријави се.
     
    На Someonespecial, julie77, Jordanovska-K и 4 други им се допаѓа ова.
  15. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Сигурно и за нас се ова велеле претходните генерации. Едноставно светот се менува, и ако нешто тргнало "у ку*ац" тоа е баш целата човечка раса. Неминовно е и малите да се менуваат според тоа. Ќе мора да си го прифатиме ова, и можеби како родители да се потрудиме најдобро што знаеме да ги научиме идните генерации за вредностите кои се помалце ги има.
     
    На Allure, theowndemon и sugarlips им се допаѓа ова.
  16. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    А за 40-50 години кога ќе остарам, ич па не сакам да знам каква ќе ни биде младината. Ужас. Сега чим е вака, тогаш па како ли ќе биде.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    И освен технологијата,овие модерните американски филмови :rofl:,виновни се и родителите.14,15 годишни девојчиња се облекуваат како стриптизерки,има и исклучоци,не се сите такви,има и прибрани деца,ама овие ,,понапредните" ептен залетале.Како прво,кој им ја купуваа таа облека?Ами родителите им даваат пари,па јас да сум нема да им купам!И сега уште многу мали почнуваат да излегуваат,модерни мајки се.Со фејсбукот уште поглупо дека си ги имаат и родителите за пријатели,ставаат разголени слики во ваква поза,онаква,да ја гледа татко и како се прчи,коментарите од мајкичка злато убаво дрн дрн,треба некој да им напиши коментар дека некој 50,60 годишен маж си го д*** на неа.:tmi:
     
    На Ицолгудбејбе му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Не мора да значи дека само родителите се виновни. Не можеш ти на детето да не му купиш ништо или да не му дадеш пари да се прошета или да си купи нешто.
    Не дека не влијаат и родителите, но друштвото повеќе влијае.

    Облеката може секој да му ја купи, а не само родителите. Може и дечко и што е 10 години повозрасен од неа, некој друг дечко со пари и тн.

    Детето треба убаво да се воспитува и добро друштво да одбере. Околината многу влијае.
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Е да,сум заборавила да ја наведам и околината.Јас имав лошо друштво,не пиев,не пушев цигари или да правам некои други глупости,ама пак поради тоа друштво си имав и некои други проблеми.:|
     
  20. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Знам како ти е. И јас бев во лошо друштво. Но се свестив на време и ги баталив. Затоа викам дека околината игра голема улога. Колку и да си добар, ако друштвото ти е лошо, и ти стануваш лош. :(
     
    На ScaniaLover и sugarlips им се допаѓа ова.