Јас од тој ден, сум многу пробирлив кога ги бирам луѓето околу мене. Не дека ми направиле нешто лошо. Подобро 2-3ца отколку 100. Не сакам да сум познат по луѓе. Сакам сигурни луѓе околу мене. А не некој што лошо ми прави цело време зад грб.
Па нормално дека за ова влијаат повеќе фактори ама за да има разноликост меѓу луѓето прво воспитувањето и однесувањето се добива од дома. Се почнува од дома, а за дома да се оформи такво мислење и таков став, таков карактер и морал, тоа обично влијае и околината која го прифатила тоа вака или така. Секогаш има некои поразлични и сите бираме она со кое најдобро се сложуваме и ни е најблиско до нас. Лично за мене, моите беа многу загрижени дека или ќе немам пријатели како шо би одело времето или дека ќе западнам во многу лошо друштво и се случи спротивното - многу добро и многубројно друштво шо дури ни на двата не им се веруваше. Тоа е зошто секој си бара тоа што е блиску до него. Ако некој сака да врши одредени дејствија и неможи да ги натера тие околу него кои се мнозинство на тоа - тогаш тој си оди. Сум имала и такви примери. Сепак има и некои млади кои се желни само да имаат пријатели, безразлика какви. Тие се тие на кои најмногу им влијае друштвото и не се тргаат од него безразлика колку тонат на долу и веќе не се препознаваат со тоа што биле порано. Ако родителот има близок контакт со детето, лесно можи да препознаи дали е се океј со него и во глобала тоа само ќе му кажи, ако нема - пак ќе се речи, тие и не ни имале некој голем авторитет врз него.
Јас само ќе прашам, тоа друштво за кое велите дека е можеби повлијателно и од родителите, од каде го добило своето воспитување - од Марс? Не, туку од своите родители. И така, повторно доаѓаме до фактот дека родителите и само родителите се виновни за воспитувањето и однесувањето на денешната младина. А да се разбереме, не го делам мислењето дека денешнава младина е нешто полоша од младината некогаш. Само е поинаква, тоа е се.
Да бидам искрена денешнава младина нит родители слуша нит бога моли.Многу се отпуштени ( секоја чест на исклучоците ) кои се повеќе и повеќе се реткост. Има и воспитани и културни деца,совесни и паметни што си ја тераат својата работа си учат и не дремат по цели денови на социјалните мрежи.Ние не бевме вакви бе денешниве млади да ги наречам ( затоа што се доста помлади од мене ) не можеш да ги познаеш дека се по 16-17 год со тие муцките напрчени ( извинете ако навредив некого ) но се во свое време со тие кармините темни на се личат само не на таа возраст, со тие штиклите свемирски да кажам,пудри пет кила многу селски се жими се,па секоја девојка се би дала да изгледа помлада барем кон тоа се тежнее на природниот изглед,а не кога се сликаат како кловнови се не можеш да ги познаеш се со цел да добијат по 200 и кусур лајкови немаат никаков живот,завидливи се секој секого гледа да го зезне нема дружба како порано се се сведе на материјалното кој чив/а син/ќерка е таткото кој бизнисмен е или мајката која стралета е.Многу ефтини станаа и луѓето така да и младината до некаде не е виновна тоа им е послужено и тие од тоа и учат затоа што не виделе подобро.
Roditelite ne bile krivi za takvoto ponasanje i stil na zivot ? A koj e kriv ? Janko ,Petko,komsijata nivni ? Sum bila i jas tinejdzerka.Tatko mi koga ke mi recel 22h doma vo 22sum se pribirala.Na nekoi moi drugarki dozvoleno im bese pokasno da se pribiraat ,ama toa neznacelo deka i jas sum se pribirala docna .Ne sum smeela.Ke me kaznele a i kjotekot mozebi ke sum go izedela.Pa da vidite kako navreme sum si idela Ednas koga ke te istepaat\kaznat vtor pat nema da ti tekne glupost da napravis Minic,diskoteki,stikli ,pijancena za nas bea nevozmozna misija..Kaj sum smeela pred tatko mi da se pojavam oblecena kako ulicarka ? Sekako deka vlijae i drustvoto i okolinata (da ne elaboriram,me mrzi )ama sepak presudni vo voslituvanjeto na edno dete/tinejdzer se RODITELITE !
Можеби некој/а ќе се навреди од ова, тогаш простете ми. Е сега. Навистина ли вие ова "модерно го викате" Модерни искинати фармерки? Не сакам да бидам старомоден, но ова за мене нешто е најдебилското што постоело и ќе постои некогаш на овој свет! Гледам повеќе ги носат.. Не знам што мода ќе биде тоа да се носат скинати фармерки, скината облека :? :/ Колку што знам јас, или колку што ме научиле дома, облеката треба да биди чиста и уредна!
Ова е како „враќање“ на гранџот. Само што за разлика од тогаш, овие се цевка фармерки, искинатите гранџ фармерки се широки. Модерно е и искинати хулахопки (готски стил), хеланки, шорцеви, блузи, па и „износени“ патики (ова особено беше тренд во 90-80тите). Нема правила во облекување, се облекуваш како тебе ти одговара, не мора да судиш како другите се облекуваат. Облеката е начин на изразување, боите, стилот и начинот на кои ги комбинира човекот кажуваат за интересите, расположението па и карактерот на човекот, тој избира дали сака да биде „неуреден“ или „чист и уреден“. „Денешната младина“ се облекува на различни начини, во секакви стилови, дури и стилови од 90тите и 80тите, така да не можеш да кажеш што е карактеристично за „денешната младина“ зашто скоро сѐ е инспирирано од „ваше време“.
Ја читам наназад темавата и се чудам ... Не ми е јасно кај ги наваѓате тие девојчиња што имаат секс на 13 или 14 години ? И од каде воопшто знаете дека тие имаат секс, сте виделе, ви кажал некој? Незнам, премногу се генерализира на темата и се мешаат баба и жаби. Кратки фустани, деколте, шминки, штикли, па да, така се облекува голем дел од децата ама не знам каква врска има сето тоа со имањето секс или менувањето дечковци, признавам мистерија ми остана.
Околу облекава, кога вклучам фб некогаш од маливе кои ги имам (нели сите имаме братучетчиња, комшивчиња), ми се чини како порно сајт да имам отворено. Е, сега, дали имаат секс или не, нивна работа, ама кого сакат да привлечат и зошто им е толку оскудна и невкусна облека, не знам !?
Изрекава и фактот од кога истата датира се доволен доказ за тоа колку е вечно актуелно тоа генерално сфаќање во врска со младината. Точно е дека кај многу поединци се изгубени вредностите, но иритираат генерализациите и секојдневното користење на поимов само во негативен контекст, па муабети за тоа колку не чини младината од страна на повозрасни изиритирани од промени што логично се случуваат со годините. Па кога ќе слушнам/прочитам ставови од типот враќање на воен рок, искрено косата ми се крева... Колку што има личности што ги потврдуваат негативните ставови на повозрасните за тоа „каде оди светот“, толку меѓу тинејџерите има и зрели, изградени и одговорни личности што знаат што сакаат во животот и потврдуваат дека годините навистина не се мерило за зрелост. Сѐ е до примерите што ги познаваш околу тебе, а на оваа тема повеќето се осврнуваат на оние негативните, дури екстремни што и јас се чудам каде ги наоѓате... а нема нешто понеправедно од извлекување изгенерализиран заклучок судејќи по искуство со поединци.
Секое време си носи свои недостатоци и негавности. Но денеска мислам дека технологијата не запусти и ќе не запустува! Мислам дека многу поубаво се живееше пред 10-15 години.. Без 10 инчи телефони и слични срања. Дали имате видено дете да игра денеска Камај. Жмурка, Мижи-тататара? Дали имате забележано кога сте на кафе сите се на телефоните? Изглегува дека се дојдени за бесплатно Wi-Fi, а не да напраат кафе-муабет. А за музиката и за спотовите незнам шо да кажам. Имам 17 години, и едноставно жапам за деновите поминати слушајќи патриотски песни, Тоше и слични солидни македнски песни. едноставно ми се гади кога на училиште ќе ми пуштат некоја турбо-фолк песна со текст "kupi mi mercedes". А за спотовите немам зборови.. Секаква гадотија.. Секоја турбофолк песна во спотот има убиства, пари, тепања, луксузни автобомоли, дрога, секс. голотија. Младинава е презатупена со Јелена Карлеуша и нејзините гради која ги открива во секој нејзин спот.
Денешнава младина говорам за помалите од мене (23) премногу брзаат да пораснат со облеката, однесувањето, шминкањето. Некој од нив да застане до мене, жими се постаро од мене ќе личи. Многу ми се и некултурни повеќето... Незнам моја генерација некако подруги бевме, овие почит немаат кон ништо бре!
Исто така го најдов овај стар пост, кој нажалост е чиста вистина Денес - Децата од 6-одд се во врска! Денес - Децата од 15 год пушат цигари! Денес - Многу се зборува а малку се знае. Денес - Е срамота ако немаш Ајфон! Денес - Наместо да ги сакаат девојките со добар карактер,ги сакаат оние што се Курви! Денес - Е срамота да имаш 50 денари за на училиште,а не 200. Денес - Е срамота да знаеш нешто во училиште. Денес - Е срамота да пиеш сок,а не алкохол. Денес - Е срамота да не пушиш. Денес - Е Срамота ако немаш лајкови. Денес - Е Срамота да легнеш во 22 часот за да се наспиеш. Денес - E Cрамота да не носиш Nike или Adiddas. Денес - Можам да кажам дека нема пријателство.. Жалосно е тоа што денес е срамота да бидеш ЧОВЕК!
Темава е... Самиот наслов одма ме враќа во детството кога баби дедовци си муабетеа "ааах, денес младиве..." и "во нашето време..." сум остарела значи чим сега ми дојде редот да коментирам и компарирам. Со еден збор - денешнава младина е - за жалење!
Овие твои муабети пред десетина години ги водел некој друг. Пред 15 не знам, ама пред 10, been there. Сите мислења ти се во оваа тема. А да уживаш во годините што ги имаш и да не се замараш? Во иднина ќе плачеш повторно да имаш 17 и да можеш да почнуваш се одново, само што времето не ти се враќа, а ти се нервираш за глупости. Тие деца кои се одликуваат со некултура, недостаток на домашно воспитание, слушаат турбофолк нема да бидат онаму каде што би посакал да бидеш, треба да си гледаш за тебе. А и немој да бидеш толку конзервативен. Мислам на твојот коментар за искинатите фармерки, тие не излегле од мода откако знам за себе, а знам од доцни 90-ти. Генерации ги носат, и јас ги носам, а не сум веќе во училишни клупи. Не треба да ти смета тоа воопшто, нема врска со уредност и чистота на облеката. Можеби не се соодветни за некои прилики, за на училиште или за канцелариско работно место, ама за низ град се сосема ок, така да, олабави. Мислам дека и патриотските песни не ти требаат, но сам си знаеш.
Мислам дека треба повеќе да си гледаш за себеси, а помалку за останатите. Искинатите фармерки немаат апсолутно никаква врска со темата. Едно време беа "популарни" исто како што беа и шарените, тигрестите хеланки, зебрестите, војничките, па искинати блузи, па сега гледам пола град носи црни фармерки скинати само на колената и тоа и на двете. Небитно, такозваната мода на некои работи доаѓа и им минува, па си нема врска си младината, не знам зошто мешате баби и жаби кај што не треба. Ако не ти се допаѓа одредено парче облека не мораш да го купиш и тоа е тоа. И нема никаква врска со чистотата и уредноста тоа. И ме иритира кога некој ваков ќе се јави со некои досадни реченици од типот "младината е ваква и ваква или појасно младината не чини" ама "за жал и јас сум дел од неа". Никој никого не тера да биде дел од ништо. Ако не ти се допаѓа начинот на живот можеш да го смениш да бидеш поинаков, да имаш поинакви навики и тоа е тоа, од напаѓање како младината не чини корист нема.
И јас имам 17 години како тебе, ама во некои работи не се согласувам со тебе. Велиш дека пред 10-15 години се живеело подобро. Можеби е точно, ама секое време носи свои убавини. @sjdgo многу убаво ти кажа и во целост се согласувам со неа. Што се однесува до искинатите фармерки, тие немаат врска со неуредност и нечистотија. Напротив баш се кул. Можеби за на училиште, работа не се во ред, ама за во град се супер. Дури и за на училиште се сосема ОК. За патриотските песни, никој не ти брани да ги слушаш. Ни јас не го сакам турбофолкот, Јелена Карлеуша и компанија, ама некој ги сака, како на пример некои од твоите соученици. Уживај во овој период, слушај музика што ја сакаш ти и прави работи што те прават среќен.