1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.605
    Да, вистина е дека денешната младина пооскудно се облекува, се слика со напрчени газови и цицки за лајкови, малтретира врсници за популарност, материјалиста е, сексуално е активна уште од основно, се прибира во 3 саат наутро, не искача од дома оти дреме на телефон...

    Само не ми е јасно зашто вие ,, старите ,, , не ја побаравте вината во себеси?

    Сепак, тие деца не се израснаа сами? Или можеби и да?!
     
    На BayernKa, Nyngya, Taccka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Денешната младина е нон- стоп по фејсбук и интернет или пак можеби грешам. Како тоа повеќе да ги исполнува, да им прави ќејф на душичката. А и не само тие, има милијарда случаи каде и возрасни седат по цел ден на интернет. Кога и да излезам во град, повеќето се докај осмо одделение со телефоните во раце.
    Студентите доаѓаат, одморат за викендот и си бркаат работа.
    Пред некоја недела, си седевме во паркот и туку гледам летала вивнати во небо. Си велам добро е, има надеж. Има уште по некои млади кои се забавуваат на поинаков начин!
     
    Последна измена: 5 јуни 2016
  3. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Смачено ми е веќе да ги слушам другарките како фатиле дечко на 14 години и со истиот раскинале по 2 недели.
    После раскинувањето ќе ми се јави у 3 сабајле и ќе ми рече "Готово не можам да живеам" а ја ќе си помислам којзнае што се случило и ја прашувам "Добра ли си? Што се случило?" И она ќе ми каже "Раскинавме!" И она ми збори цела вечер на телефон колку многу го сакала,се затворила во соба,он уствари ја искористил и ја не знам што да и речам и викам само "аха аха аха и аха и после?" И паѓаат у депресија :^) и за тоа ми збори да рецимо до 6 сабајле и плаче :worried::fubar:
    А јас имам 14 а уште барбиките на полица ми седат :?:
    Сите деца околу мене имаат барем по еден бифш,имам и еден другар сега 7мо ќе биде ама е онака ептен фраер и сите летаат по него,и на 11 години има свртено 7 женски заедно ги броевме толку испаднаа :D
    И кој и да ме праша "Имаш идено со некој?" И ја викам "Не :P " и тука настанува хаос,како тоа ја со никој на овие години неам идено (facepalm) и ќе те прашаат се по ред.. "Се имаш лапано? Мувано?" И ја викам секако дека НЕ. "Уј не заебааш! Ни блицнато?" НЕ значи |( и тука почнуваат да те исмејуваат :clap:
    Многу ми е гајле,неам потреба да го правам ова.. Јас можам ама едноставно не сакам,и кога ќе ме прашаат ја со гордост НЕ им викам 8) за разлика од тие што се срамат да го кажат тоа.
     
    На buba4e89, wanderlust, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    250
    Пол:
    Женски
    Јас припаѓам на оваа младина и искрено ќе полудам.Децава од петто одделение во врска,мување,надвор до ниедно време.За музика и облека секој си има свој вкус,ама нека не наметнуваат.Пр:''Како може на полуматура да не облечеш штикли,јас ќе носам 13-ка,сигурно нема да се брукам на балетанки"|(.Има примери кои почнуваат да пушат на 13 години,а порнографии си пуштаат и од 11.За училиштето никој не мора да е со сите петки,ама да речеш и единицата е оцена,тоа е непочитување кон себе.
    Ајде да завршам со критиките има и деца кои се стварно супер и дури и се свесни во каква околина живеат.:)
     
    На hermosa, buba4e89, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Критикувате без да размислувате.
    Зар мислите дека, при овие услови, при оваа технологија и постарите генерации да се вратат во младоста не би киснеле на интернет цел ден? А како што гледам, на некои не им ни треба да се вратат. Мајка ми има 50 и кусур па додека живеев кај неа не можеше на компјутер ред да фатиш, цел ден или четува или се слика.
    Секоја генерација има свои предности и маани. Глупави луѓе имало, има и ќе има. Ако ви пречат немојте да им се мешате. Нивен живот. Никој со сила не ве тера да се облекувате провокативно и да седите на фејсбук. Ако сте навистина „чисти’’ како бебешки газ какви што се претставувате тука секоја ви чест, само така продолжете. И чисти под наводници бидејќи баш спротивно од тоа што го проповедате, одредени нешта ги правите само за да бидете оправдани од општеството а не бидејќи вие самите сте седнале, сте размислиле и сте одлучиле дека ете баш тоа вам ви одговара. А многу ценам луѓе кои имаат став.
    Затоа оставете ги своите врсници и другари да се облекуваат како што тие сакаат, да се однесуваат како што тие сакаат и да го поминуваат слободното време како што тие сакаат. Никој со сила не ве тера да бидете тоа што не сте.
     
    На Glossy-girl, Nyngya, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    нема потреба од зборови

    126d1d9621fe4c0866c663b91e70493c.jpg
     
    На joy1, Shmizla94, Peperutce1115 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Денешнава младина е отидена скроз со технологијава.

    Јас фатив мал дел од тоа кога се играа жмурки, топка и тн. на улици. Имаше зезанции и дружби.

    Сега на компјутери и во телефони ѕвераат.

    Во кафич и ресторан само на телефон седат, а ни муабет ни ништо не прават.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.878
    Пол:
    Женски
    Разни ги има.Еве,јас и моите колеги комуницираме и лице в лице и преку ФБ.
    Несовршена современост е,но мора да се оди напред. :)
    Можеби е потребна подобра едукација.
     
  9. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Секоја генерација гледа кон својата тинејџерска фаза како најубава заради носталгија која ја носи младоста сама по себе.
     
    На WildMk и Lella им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.878
    Пол:
    Женски
    Зависи.Јас имам скоро 24 години.Не ми фалат тинејџерските денови.Не ми беше баш пријатно во основно и средно.
     
    На Dream-Girl, Amellie13 и Ugly Duckling им се допаѓа ова.
  11. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Овие буквално еден до друг седат во кафич и наместо муабет, тие во телефоните.

    И парови доста често сум гледал такви.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.878
    Пол:
    Женски
    И јас често гледам такви.
    Имаше 1 ситуација,двајца седат еден до друг,комуницираат преку Месинџер,брат,ај прај ми друштво до веце. :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Ма.нев му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    После долга опсервација дојдов до заклучок дека на денешната младина и недостига почит и емпатија. Дефинитивно се изгубени вредности во денешницата. Наместо да стануваме повеќе колективно свесни и помалку егоцентрични, ние се движиме во спротивен правец од тие два вредносни система. Јесте да треба да си и сам на себе приоритетен, меѓутоа со мера.

    Од друга страна ве читам горе ја обвинувате технологијата. Не е технологијата одговорна за отцепувањето од друштвото и неуспехот на младиот човек, дечки. Ако истата не биде перцепирана како репер за напредок, и користена само како средство за самодеструкција што вреди нејзиното постоење?
    Ако нешто ви е дадено, од вас зависи дали ќе го третирате како благодет или клетва.
     
    На pdb123, Herrera, dunika и 7 други им се допаѓа ова.
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.979
    Допаѓања:
    123.878
    Пол:
    Женски
    Секако дека технологијата е корисна,но не смее да се злоупотребува.
    Сепак,жално е што новиот вид на дружба го уништува традиционалниот процес на социјализацијата.
     
  15. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.587
    Пол:
    Женски
    Денешниве млади се за жалење..депресивни, се повеќе песимисти а помалку оптимисти..(одамна немам видено некој оптимистички расположен млад човек):?:

    Ех, нашите дедовци јуришле на тенкови, седеле во ровови, а што прават сега нивните внуци???
    Јуришаат по членство во партија, по членски книшки..ама не ги бираат партииите за да променат нешто, на пр.својата околина или да го подобрат светот, туку ги бираат поради своите лични амбиции за подобар живот, лагоден живот во кој нема да мораат да работат многу , сигурни финансиски приходи...лишени од било каква идеолошка или хуманистичка матрица...Ова е една нарцисоидна младина која плива во пороци (дрога, алкохол, коцка, секс, само забава и лудило):(

    Кој е КРИВ:?:
    Друштвото, семејството, америчките филмови....затоа што ова е младина на која сите желби родителите сакаат да им ги исполнат, не се осудуваат да им се спротистават, не ги критикуваат...па не е ни чудно што "испаднаа" вакви диви, себични.....:(
     
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Ах таа проклета Америка муабетот, а? :D
     
    На Lella, Someonespecial, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Notorious-B

    Notorious-B Активен член

    Се зачлени на:
    17 март 2019
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    85
    Пол:
    Машки
    Па искрено и мислам дека кон таков начин на живот се стремат сите. Сите се у филм дека ќе си одат од државава, а сите чекаат тато и мама да им средат. Некако како неспособни делуваат.
     
    На SelenaGomez му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Soprugot

    Soprugot Активен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2019
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Денешнава младина ти се празни листови во тетратка која би требало да е полна со раскази и дешаваљки... Поима немаат како се кради кај комшијата од петровката, черешната... Поима немаат како е да:) излегуваш за викенд со 50-100 ден и со друштвото земате боцијна вино, шише кокта, цигари обавезно се сместуваат во некое паркче го прават бамбусот и почнува журката па и романтика... Во незгоден момент ги фати вирусот од социјалниве мрежи, ќе речат па ето и вие користите, па добро бе дете остај не нас од 30ка па нагоре опростено ни е вака пред вториот пубертет, башка и не се празни страните кај нас;)... Но има надеж, нас што ни е опростено го држиме вирусот настрана од овие најмладите:)
     
    На menov му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.509
    Допаѓања:
    17.520
    Пол:
    Женски
    Денешната младина е добра. Поразвиена е од генерациите во 90тите и првата декада на 2000итите.
    Тоа што на некој не му се допаѓа начинот на кој се одвиваат нештата, можеби треба да се запраша дали самиот не е парсипиент во промената која ја критикува. Бидејќи ако има 15-20-30 годишен јаз, голема е веројатноста дека е. И имено, тој самиот да ја создал измеѓу годините, и сега само да ги согледува последиците на своите постапки.

    Факт е дека технологијата зема огромен замав во секојдневието. Не само кај младите генерации, туку општо во сите сфери на животот. Секој сам треба да знае како и колку ќе ја користи. Тоа што младите користат повеќе време мобилни телефони во денот од вообичаено, не значи дека сите одат во некоја си крајност. И не значи дека нема возрасни личности кои поминуваат исто толку или повеќе време пред екран, пребарувајќи глупости и правејќи НИШТО.

    Што не значи дека не се социјализирани.

    Отсекогаш има интровети и екстроверти. И, и едните, и другите, имаат свои кругови на познанства и другарства. Избор е во прашање.

    Исто како што е избор дали некој ќе се напие и ќе се глупира, и дали за него тоа е всушност дефиниција според која се одредува дали малдината расте како што треба или не.
    Булш*т.

    Исто како што не изостанува и фактот дека секогаш ќе има личности кои злоупотребуваат. Чисто за да има баланс.
     
    На Lolo5, Blue.Sky, 1209 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Предлагам да има војска но не како пред 40 години каде единствена цел била да се извади мозокот за да се стави шлем туку да се направат модификации компатибилни со новото време.

    Дисциплина, едукација, спорт, курсеви,... Една година за машки пола за женски. Воен рок кој и те како би го поправил општеството.
     
    На Ugly Duckling му/ѝ се допаѓа ова.