Си постојат и сега курсеви по разни ствари достапни како никогаш досега (јазици, уметности), и места за тренинг по рекреативни спортови колку ти душа сака - за тие што се заинтересирани. Дисциплина се учи дома, со воспитувањето уште од најмали нозе. Идејата за војска нема зошто ни да се користи како пример и модел, ниту пак нешто да се наметнува.
Имам зет војник,престрог е,ама се сака да е по негово,вика, се дере,неуреден е и нема култура. Арно ти рекоа членките пред мене,ако човек од семејството не е воспитан,војска не го оправа.
Јас имам познајник кој одеше платен војник ама беше повлечен,мирен исто и неговата фамилија се такви и од како се врати повеќе не беше истиот и со текот на времето се полоша беше неговата психичка состојба за разлика од пред тоа.
Темава е соодветно место каде може да се пише следново. Ќе ги барате традициите и почитта од младите!!! Сеа сите се либерте, се е дозволено со на чело некултурата. 2 книги повеќе прочитани за годинава и мислат на ниво на академик се сите. Студии по болоња систем, ни пола не се учи ко порано.. И да му речеш утре зошто не вика добар ден ќе ти рече зашто така сакал. Јер нели.. Дел од изборот е и да избереш да си некултурен. Греота со кој ќе ни се дружат децата..
@ray-man , @menov Потребно е подобро образование(етика-морал и култура) уште од градинка. Ама,државата треба да поработи и со возрасните.За жал при висока корупција,нема кој да подучува. Скоро сите трчаат по пари и моќ.
Од денешните млади побезобразни се оние повозрасни кои секогаш единствен аргумент за секоја ситуација им е возраста. Оти поинаку не знаат да се извадат.
Од ваквите очекуваш војска? Помина времето за војска во Македонија. Сега сите се татини и мамини мази, разгалени со бемвињата и мерцедесите, уфурани билдерчиња и ред други работи кои лошо го отсликуваат машкиот род во Македонија. Добар ти е предлогот, се сложувам со тебе, но не бидува војска од нас веќе.
Погрешно е да се бара одговорност од деца. Каде се „возрасните“ кои треба да се пример, каде се моделите на тоа што е исправно, а што не? Вината не е во младите и младината. Детето се раѓа со никулец за добро и зло, другото е до „возрасните“.
Кога сме кај младината, социјалните мрежи и културата/љубезноста... Баш сега наидувам на инстаграм, на сториња од еден 3 години помал познаник од средно. Дечкото сум го приметила редовно прашува на она опцијата question „како сте“ до сите што го следат, ги објавува анонимно одговорите и на сите нерасположени поради нешто им враќа со позитива и охрабрувачки зборови. Што ми е поентата: нема нешто поповршно и банално од вообичаените мислења на темава. Н е м а. Кога некој почне жалби и кукање со „денешните млади“ (без разлика на возраста, има и од помладите вакви, кои се сметаат за посебни во сета таа расипана младина) веднаш знам со каква личност си имам работа. Точно, во младината денес има и расипани личности, bullies кои фрлаат соученици и низ прозор, поради кои на нивни врсници не им се појавува на школо и си набиваат комплекси за цел живот. Има и незаинтересирани да учат, и такви што злоупотребуваат алкохол, дроги итн. Како и во секоја генерација. Ама од друга страна има и многу прекрасни поединци кои сакаат книги, уметност, желни се да се информираат и едуцираат. Што е најважно, дознаваат пополека, но повеќе отколку во било кое досегашно време - за емпатија, ментално здравје, еднаквост. Дознаваат за своите права, дека почитта - онаа во вистинска смисла подлабоко од формален бон-тон (што исто не е точно дека никој веќе не го следи) - треба да си ја заслужите, и да ја возвратите без разлика на возраст. И можат „за доручек да ги изедат“ тие опседнатите со традиции и клишеа, на кои само им останува да се тешат дека паметните „се прават паметни“.
Јас да прашам и зошто нема тема Денешните возрасни/стари . Знаете колку расипани повозрасни луѓе познавам? Многу. Ама не бе, кои сме ние да бараме одговорност од некого.
Денешнава младина да ми извините затупува. Во ред, времето си го прави своето, технологијата е развиена и до прва ќе се развива но децата само дремат на мобилен, од 6 години имаат ајпеди, ајфони.. немаат никаква комуникација. Не знаат што е топка. Многу убави работи што треба да ги помини секое дете ги заменуваат со скапи мобилни, алкохол, цигари итн. Дали дека јас сум растена на улица па евњ нз.
Јас па не можам да разберам зошто децата што не сакаат да учат се сметаат сеуште за лоша младина.(Има мал милион причини за тоа зошто не сакаат да учат и бегаат). Се форсираат со сила па и доктори ги направија... А за тоа што не знаат за топка уште јас кога бев во основно па и средно професорите по физичко даваа само топка за одбојка и фудбал и скоро сите лажеа дека имаат добиено, не е тоа од сега.
Темава е за младината. Оваа самобендисана на...а одамна завршил со младоста. Единствено е жално што дава лош пример за нештата, а со тоа индиректно создава комплекси и притисок нс тие што го гледаат.
Младите во земјава имаат желба критички да размислуваат и сами се определуваат како индивидуи што сакаат критички да размислуваат, но способноста за критичко размислување не е толку голема колку што тие мислат. Тоа го покажале наодите од првиот циклус на истражувањето, спроведено од фондацијата за Интернет и општество „Метаморфозис“ и од центарот за европски стратегии „Евротинк“, преку проектот „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, финансиран од Европската Унија. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/младите-скарани-со-логиката/ https://denesen.mk/istrazuvanje-nivoto-na-intelegencija-kaj-mladite-se-namaluva/
А шо ви смета кај младината? Не не воспитавте вие? Инаку секоја генерација има свои убавини, и нормално, постарите не ги сфаќаат убавините кај помладите генерации или едноставно ги препишуваат карактеристиките како лоши зошто им се далечни и несфатливи. Исто е како да речам децата сега немаат детство зошто јас играв Тарзан, а тие никогаш не играле Тарзан туку играат Фортнајт. Инаку исто срање муабетот со играње на улица и јадење сендвич и крадење сливи, со муабетот дека децата играле дома само сега. Или пак да речам децата сега се некултурни зошто не се срамат да кажат шо им смета, а мене тоа ме вреѓа зошто сум посебна снегулка и пОсТаРа зошто мерило за памет е возраста. Спојлер Не е. Децата што идат се фасцинантни, само кој да види. Технологијата и достапноста до информации овозможува да имаат повеќе информации и да прават поголеми скокови во знаењето. Немање култура е до родителите, претходните генерации. Следно, читам дека само гледаат во телефон, не створале вистински мемории. Бу- ху. За разлика од порано кога сме излегвале само за викенди, особено во транзиционен период од средно до работа, ако сакаш можиш да излегваш со другари и секоја вечер, не само викенди, и ако ти излегваш 300 дена од годината со исти 5 души, сакаш да најдиш плус занимација. Тие на телефон можи да изоговарат некој шо влегва, да играт шах, нелути се, па макар и да се игнорираат, не треба да не боли шо прај некој. Пример, омилена активност со другарка ми ми е кога читаме одредена ситуација од редит, и дискутираме моралот. Денешната младина не е лоша, не прај ништо поразлично од претходните генерации, сем шо се повеќе јавни ради социјални мрежи. Ако некогаш морам да бирам шо ми се допаѓа повеќе, секогаш ќе биди иднината, младината. Младината впрочем, е иднината. И некои постари кои не го гледаат ова ги замислувам како огорчени, себе- привилегирани луѓе кои не можат да се помират дека времето им врви. На сите ни врви, и секогаш ќе пробам да ги сфаќам помладите од мене. Зошто, и овие млади сега, покасно ќе имаат забелешки за младите покасно. И постарите од постарите сега имаа забелешки за генерациите после нив. И не можи да ми речите дека то е добро, иако е нешто нормално шо се случва постојано. Ама ако сите си дозволиме поотворен пристап без бариери ќе видите дека се е уствари сосем исто, со промени соодветни на времето во кое се живее.
И во 'мое време' имаше некултурни и невоспитани, и во на мајка ми времето, и во на баба ми, и денес... и секогаш ќе има. Да не идеализираме тоа што било. Оти ние сме краделе цреши од дворот на комшијата, а денешниве не крадат, не е знак дека нивнаото детство и младост не чинат. Две скроз различни времиња се во прашање. Баба ми ми тврдеше дека ние не сме знаеле да уживаме, тие 'жнееле и пееле', епа бабо... немаме нива, никогаш не сум жнеела, ама крадам цреши.. а ќерка ми гледа јутуб видеа за шминкање... Секое време си има свои предности и маани.