@Nebitno21 така де и тие фрустрации ти веројатно не можиш да ги видиш, а јас ги гледам секој ден. Не мислам дека башка ќотек јаделе кај мене во околина и кај тебе. Впрочем, ова е на глобално ниво APA добро знај како треба. За подетално да сфатиш ова шо ти зборам, АКО САКАШ, читај развојна психологија. Имаш развојни периоди на детето и разни работи како влијаат на тој развој, вклучително и тепањето. Јас ти кажав накратко, ко за на форум дел од то, ама ради личен пример го изигнорира се то. Така да ако сакаш да се потприш на наука, отворена сум и да ти предложам автори. Тудлс.
Еве ја денешната младина. Истурано уље на летниковците на Водно за да не можат луѓе да седат, оставано ѓубрето од пиење и јадење по маси и фрлано доле, истурано пиво на клупите за да не може никој да седне. Злобни и неодговорни. Тоа е денешната младина со исклучок секако. . .
Ama jas ne sakam vednas nastavnicite da tepaat, ako nekoj uchenik ne e miren na chas prvo so zbor da mu kazi da zamolchi, a ako ne razberi togash da igra Mirko... Ne e za dzabe pogovorkata kaj shto ne vredi zborot, vredi stapot. Do kade so ovaa kultura neznam...
Јас не сум видела во работни денови некој да излегува навечер до доцна. Особено тие што се основно и средно. Знаеш што? Токму тие што се премногу строго држени се однесуваат како да се пуштени од ланец. Зошто за викенд да не излегуваат? Многу ти е. Наместо да паметуваш кој до колку треба да излегува, зошто некој не учи и ред други работи, читај правопис.
Ајде следен пат место да слушаш како било "на времето" отвори некој сајт за психологија, најди некоја книга и читај што сѐ носи ќотекот со себе како последици. Зашто работиве се докажани 1000 пати од психолози и психијатри и не ни треба вооопшто да има дискусии "за" или "против" ќотек. Иначе, низ цело мое образовние до сега најголем авторитет поставувале професори кои не користеле ни физички ни психолошки малтретирања на ученици , ама секогаш е полесно да се мавне отколку да се мисли со главата како да го доведеш ученикот во ред да те слуша на час.Воедно истите добивале и најголема почит.
@нина122 јас имам вакви примери од возрасни луѓе. Вервам дека љубовта за природата и екологијата идат од дома. Пошто има личност која постојано ја пријавувам и истура вреќи шишиња на ливада. Имам комшивка, шо можи мајка да ми биди, и кај шо дојадва таму фрла. Од 10 куќи, 7 фрлаат ѓубре на ливадата шо ни е. Од возрасните. Имам вакви тон примери оти живеам во поодалечено место, со зеленило и многу си земаат за право да фрлаат отпадоци тука. Место местово да е прибежиште на тие шо сме во близина да сме во природа, се уништва секојдневно. Нема воопшто да се согласам дека на младите не им е дојдено до чистота на природата зошто се поќе и поќе млади се еколошки свесни и гледат да имат помал carbon footprint за разлика од возрасните. И не велам дека возрасните не чинат, туку ова шо го клаваш е небазирана генерализација или мала група на млади кои се курчат. Ама мала група. Ама за жал секогаш малите групи се најгласни и малите групи се тие кои се земаат за пример да се оцрни цела генерација.
Ова се случува на Водно во ноќните часови и јас сум била сведок и сум видела што се случува бидејќи и јас сум млад човек, ама млад човек кој своето ѓубре попрво во џеп ќе го стави, но нема да го фрли доле а да истурам уље на клупи не ми било ни на крај памет. Секако дека има и возрасни кој фрлаат ѓубре ама ова не е дело на возрасни.
То ми е и поентата, генерализација е. И сепак мислам дека е воспитвање од дома. Жената шо ја спомнав има три деца исти ко неа. Така да ... Не ми е јасно како им иди вака да уништват, сериозно пробвам да разберам.
Знајш ти колку се здрави. Сенкир психолог си. Насилството предизвикува трауми кои за секогаш ти го менуваат видикот кон светот. Луѓето кои биле тепани како деца, се често жртви на анксиозност, депресија, разни зависности, стапуваат во насилни врски итн итн... Огромно влијание има врз личноста, претрпено насилство во детството. Не нужно дека ќе имаат болест, ама ќе се соочуваат со некаков проблем, гарант. На децата им треба сигурност и стабилност. Само така имаат шанса да пораснат во психички и физички здрваи личности, кои се способни да водат стабилни и самостојни животи. Дури и свеедочење на насилство спрема друг ги трауматизира и 'осакатува' за секогаш, а не пак врз нив.
Koga sme veke samo so zborovi da se uci deteto, jas imam tetka shto samo so zborovi zboruva na moite bratuchedi, no se razgaleni do daska... Koga kje ja udri nejzinata kjerka koga ne slusha i nejzinata kjerka ja udira... Da se kaze bratuchetkami e mala oti ima 5 godini... No jas ne bev vakva razgalena kako shto pamtam...
Тоа што не си била разгалена не се должи на ќотекот кој си го јадела и јас немам никогаш ќотек јадено па не сум разгалена баш напротив. И насилство никогаш и за ништо не е решение па дури и за немирни деца.
На светско ниво, огромен гласник околу загадување и глобално затоплување пред да се случи пандемијава како уште поголем проблем беше 16 годишно девојче кое покрена и уште куп тинејџери низ светот (вклучувајќи и во Македонија), затоа кога и да се појави на социјални мрежи добива невиден булинг од совршените чичиња и теткици од генерациите со правилни вредности. Ама океј, нееколошките навики се сигурно вина исклучиво на младината сега...
Најјако ми е ко ќе речат "знам човек/луѓе што биле тепани како деца па ене ги здрави живи ништо не му/им фали". Бидејќи тие тепаните баш вас ќе ви се затрчаат да ви кажат дали се здрави и сѐ е океј, на такви што оправдуваат физичко (па и психичко со тоа) насилство. Барем јас не би. Депресијата или другите трауми што се влечат од тоа не значи дека ги нема ако е човек насмеан и среќен навидум. Секој си знае како се осеќа кога е сам. Не ми се верува колку заостанати работи уште се оправдуваат во денешново модерно време.. На темата, не можам да генерализирам. Има секаква младина. Иако повеќе надеж ми дава тоа што бројот на млади со полиберални ставови, бунтовнички дух и желба да се направи светот подобро место за живеење е поголем од порано.
Не знам кој е проблемот во таа фамилија па да ти кажам на што се должи однесувањето на братучетка ти. Ти кажувам за статистики кои се потврдени.
Ох злато.. од 11 год ме оставаа надвор после 20 часот. Од 14 веќе имам неограничен излез (освен ако наредниот ден не бев на училиште или на друго место што захтева да станам рано). Договорот беше - не подалеку од населба (освен ако не добиев дозвола), постојано достапна на телефон, никогаш да не се враќам доцна сама, да го побарам татко ми ако има некој проблем). Знаеш што? Секогаш се враќав во нормално време, никогаш не лажев и бев карана ако не кренам на телефон. Имам јадено шамар еднаш, многу гадно се спротиставив на родител и иако им беше премногу криво, за мене беше голема лекција. Шамарот не се повтори, а моите грешки беа справувани со разговор. Од друга страна, другарка со излез до 10 часот до 18 години, лажеше постојано и правеше белји, ја тепаа за ситници. Не знае што прави со животот ни сама. Искорени си ги сфаќањава, преиспитај си ги ставовите пред да станеш родител.
И на 14 си дете, и на 16 си дете во паметот. Ништо не ти прават разлика две години но тоа што одобруваш насилство како метод за воспитување деца да не биле немирни, да не прават беља не ти е во ред бидејќи секое дете е своја приказна и немирно на свој начин и ќе пораснат ќе сфатат дека не е тоа во ред а до тогаш не треба да се тепаат. Еве јас уживав на мајка ми да и го истурам шампонот и сјајот и да си правам сапуница како малечка па никогаш не ме тепаше.
Ti blagodaram shto vaka smireno razgovarashe so mene Nina. Znam i za ova, no jas ne sakam da lazham (ima i i situacii kade shto lazham, no zoshto za malechki raboti da lazham...) Ova e posleden komentar shto komentiram na temava. Pozdrav
И јас спаѓам во денешната младина па можеби ќе си речете 'што коментира оваа овде кога и таа е со денешната младина', но мислам дека јас и ако спаѓам во денешната младина многу се разликува и имам право да коментирам. Ете пред два дена испаднав со другарките и тие ми велат зошто така старомодно сум облечена... Така ми рекоа бидејќи јас носев блуза што мајка ми ја носела, но блузата си беше како нова (но се приметуваше дека е од 80тите). Не беше никаде скината, како што пишав како нова беше. Како и да е мене многу ми се допаѓаше и затоа си ја ставив. А тие пак беа облечени со едни мајци само со прерамки и скинати фармерки.... Јас им реков тоа вас да не ве боли многу што сум облечила и тие лигаво се смеат... Други имаше што излезеле и тие како спонзоруши некои... Мислам под 15 години да се облекуваш така тоа е вулгарно... Потоа шетаме низ градот и една жена не застана и праша колку е часот, јас видов на мојот часовник и и кажав, и овие се смеат под мустаќи... Не разбирам што е тоа толку смешно, жената нај културно си праша и ако сакаш да и кажеш кажи и ако не не и кажувај не е тоа толку смешно. После ова излегување со другарките некои и сега не ми се излегува..
Имав колеги, што на 23 години се задоволни од се. Некои имаа по две коли, џипови, мотори, плата 40.000 и ги трошеа на казино, пијање и марихуана.Облечени во најнови ЗАРА модели, демек ЗАРА е што се чудиш? Најчесто гледаа како со потсмев на постарите. Не знам што да кажам, со ваква младина...