Супер е што пишуваш на оваа тема и со задоволство читам како размислувате вие помладите ( јас имам 44). Ми помагаат вакви постови да ги разберам и своите деца... Очигледно дека некои од вас на оваа возраст се емотивно позрели од другите или барем се посигурни во себе и имаат поголема самодоверба. На твоите другарки најверојатно многу им е битно признанието и прифатеноста од другите во друштвото. Затоа се облекуваат во склад со она што мнозинството ваши врсници го носат. Јас кога ги гледам децата на ваша возраст како се облекуваат гледам униформност: скинати фармерки, долга коса скоро секогаш права и пеглана на раздељак, кратки топови, шминка сред бел ден што по мене е посоодветна за навечер, надградба на нокти, минијатурни ташнички, патики скоро секогаш од истата марка...некогаш ми е тешко да препознаам некоја позната меѓу нив... Психологијата е дека ако се облекуваат како што е трендот на врсниците, на тој начин најверојатно ќе бидат оценети од нив како модерни, убави, и сл. Ќе бидат пожелни за друштво и прифатени. Поединците кои не се конформираат на мнозинството, односно се облекуваат и однесуваат на начин различен од тој на повеќето, или ќе го притискаат да смени стил или ќе го избегнуваат. Зошто се плашат што ќе речат другите за нив (имиџот ќе им го наруши другарката со која се дружат). Затоа е тој притисок, затоа ти се потсмеваат на тебе или на другите кои се поразлични. Не дека ова е многу страшно, напротив многу е нормално за оваа возраст- мислам на тоа мислењето на врсниците да е најбитно за еден тинејџер и да го прилагодува своето однесување кон него. Тоа е нормален чекор кон развојот на својот идентитет и индивидуалност... Некој ќе ја помине оваа фаза од развојот побрзо, некој побавно. Мал број од возрасните ќе останат на тоа адолесцентно ниво и после 18-тата... Тебњ ти е чудно најверојатно зошто така реагираат, зошто она што тебе ти е битно не се поклопува со нивното битно. Односно ти немаш потреба од одобрување од другарките за твоето однесување и облекување зошто најверојатно имаш поголема самодоверба од нив, по изграден идентитет од нив или поголема емотивна зрелост.
Нашата генерација беше претставена како најлоша од ,,моралните грамади" кои се 50/60+ денес. Оние што дремат на фб, со иконите на профил, што пишуваат ,,така и требало" под пост за силување. Што масовно лајкуваат пост каде Авганистанци фрлаат од балкон хомосексуалци и коментираат ,,нека дојдат и кај нас да зачистат хехе". Што за жена од Македонија која прочитала над 200 книги во една година пишуваат ,,а со сексот што правиме, му дава ли оваа на мажот". Отворете десеттина рандом профили од овие што вака коментираат, сите се со деца и внуци. Е овие нас ни трубеа како било во Југославија, како они излегувале во корзо, што биле прави вредности, како ние сме биле уличари и џаболебари пошто дремевме на маало до 1 после полноќ. Па оние флоскули со војската, слушај чичо да ти каже, во војска ќе научиш прав маж да бидеш, ќе стекнеш навики, постелнината да си ја средиш. Истите тие им ги фрлаат чорапите и гаќите на жените за перење, не знаат кафе да сварат, јајце на око да направат е научно достигнување. Го имам татко ми дома, апчињата мајка ми му ги крши и распоредува со години, не помнам кога постелнина кренал, јадење никогаш нема направено, џабе одењето во војска. Какви црни навики побогу. Вујковци, чичковци, татковци на другарки, буквално пресликани. Моиве генерации пак денес истиот потценувачки наратив го имаат кон помладите. Ми се гади од истите флоскули, се пренесуваат од колено на колено. Ние во наше време бевме нај нај, овие денес не чинат, од мочка се правени. Ликови со кои се имам дружено, какви се глупости правеле, денес имаат амнезија и се ангели. Да ги слушаш луѓево ќе помислиш - па овде пред 10/20/30 години растеле и живееле прави Швеѓани.
Што се случува во последно време, зошто деца од 10-15 години колнат како баби? До пред неколку години, колнење се сметаше за примитивизам и ниту еден тинејџер не сакаше да биде асоциран со злобна старка, зарем стана кул генерација алфа да колнат???
Па учеле од баба им, додека ја колнела Сауда пошто ги разделила Гулземе и Сабатин од ,,Солзите на врбата".
Да не има на тик-ток некои трендови? Или во турските серии да не колнат експлицитно? Мене на 13 години ми беше глупо и срам да проколнам, а не па онака сочно Језиво е бе дете така да зборува.
Јас од секоја жива генерација слушам колнење и не би рекла дека доминира кај алфа. Ништо друго освен лошо воспитување што се пренесува од колено на колено.
Не знам, мојата генерација има многу мани, ама колнење немав слушнато додека растевме. Овие како мали прво почнаа наивно со тоа "Господ да те казни" од сериите, а сега најлошите клетви ги редат, на родителите дома клетви им фрлаат. Се прашувам од каде ги учат. Не ми е јасно зошто би им било интересно ако баба/дедо колнат дома, па да ги имитираат. Не ми е верно пензионерите да им се рол моделс.
Пример, од класовите во кои сум била. Баш тие кои велеа дека не гледаат телевизија бетер фрлаа клетви и пцуеја од тие кои гледаа разна содржина. Седеле со старите и слушале причи за зграбени имоти и ствари, па и они станале огорчени. Или не биле учени да примат пораз на натпревар, па се истурале на тој начин. На дете на познаници, сè му е е***о ова и она и само се расфрла со поган речник. Битно, мамичка му се фали дека нејзиното дете не губело време на екрани. Не губело, ама пак примило од тоа. Небаре е запишано во гените. Едно е клучно. Ако родителот води сметка, детето си пази на зборовите без разликата на содржината. Само не секој родител е родител во вистинската смисла на зборот.
Јас мислам дека ако детето е добро воспитано, и самото ќе умее да селектира што да гледа на телевизиjа и на интернет, а што не.