1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денешната младина...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 4 септември 2010.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски

    За тебе е нормална слика девојче од 13, 14 години да носи штикли? Па и 15.
    И 100 кила шминка, наместо да личи на девојче за нејзините години, да личи на бугарска певаљка.
    Нормално е девојче на таа возраст да облече сукња до пи*ка, г'зот надвор? Мене воопшто не ми е нормално, нити убаво изгледа. Ефтино, курвинско и језиво.
    Никој не вика да се вратат 70-те и 80-те (камо да можеше), али не значи ако сме сега во 2000-те треба да почнеме голи да шетаме по улица. За се треба да се има граница, криви се родителите што им дозволуваат и што не ги воспитале поубаво на тој поглед.
     
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    А зошто на 15 години да не носи штикли? Јас искрено на 14 години или незнам точно колку имав, се сеќавам на една слика во дискотека каде то бев облечена во фармерки, БЛУЗА и ПАТИКИ. Ама знаеш што? Сите бевме облечени така. Да одам сега во дискотека да видам таква ќе ја направам ненормална. Едноставно, како што прават сите така правиш и ти. Да отиде девојче од 15 години сега в дискотека од глава до петици облечена плус со патики што сите морална и совесна ќе ја прават? Таа е најпаметна во сите тука? Не, таа ќе изгледа ЗАОСТАНАТА.
    Јас не го оправдувам тоа што сите сте го пишале за денешниве деца ама не се сите такви. Јас да ти кажам немам видено на таа возраст со миничи до г'з и 100 кила пудра. Има, да АМА одсекогаш имало и секогаш ќе има. Не се сите такви фала богу.
    Едноставно времињата се сменаа сакале ние или нејќеле. И да, ќе се менуваат уште.
    Вие испаднавте светици, како секогаш се во ред да сте правеле, па дури и читам преувеличувања како на 13 години сеуште со кал, детска пошта и барбики сме играле. Ма ајде, глупаво е. Треба да ти фали нешто во 8мо одд. со кал да си играш (се извинувам на изразот). Постот на багуфче беше погрешно сфатен, знам дека и мојов ќе се сфати ама не ми е гајле.
     
    На sweet-star и baguf4e им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ким душо, ќе ти реплицирам само на овој дел од моја гледна точка. Зошто да изгледа некоја девојка заостаната ако не стави штикли? Не ли мислиш дека е малку смешно и глупаво некој да ни изгледа заостанат само доколку не е дел од толпата? Кој кажа дека мора сите ко во армија некоја да имаат унифицирано однесување, унифициран стил на облекување итн? Јас не би се согласила со тебе овде. Па и плус кога ќе ги видам оние млади душичиња, ставиле штикли затоа што „сите у друштво ги носат“, едвај одат, Дарко Панчев не им е рамен, изгледаат крајно комично - ама битно они си имаат штикли и не отскокнуваат од друштвото! Хм... Крај краева јас да имам ќерка нема да и дозволам штикли да носи толку млада, пред се за здравје се работи. Јас еве 8 години интензивно секојдневно носам штикли, нозеве ми се искривија. Се прашувам што ли ќе беше со мене да почнев да ги носам на 15?! :sweat:

    Да, се согласувам, не се сите млади ужас жив какви што ги направивме таман работа, ама факт е и тоа дека сме сведоци на едни ненормални времиња и знам дека ќе биде се полошо и полошо - од гледна точка на сите тие кои сме растеле во друго време. Времево е брзо - се убрза и развојот на децава и тоа можеби не запрепастува. Впрочем, сигурна сум дека и сегашната генерација во иднина нема да има сфаќање за онаа поновата итн итн - перпетум мобиле. Тоа е тоа...
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Јас ќе ти одговорам на тоа што ме цитираше. Еве подобро ќе ти го болдирам мојот одговор што веќе го имав кажано ама не беше прочитан добро изгледа.
    Пирамитке, незнам од каде си ама за кај нас можам да ти кажам дека на излегување на врата НЕ пуштаат во ПАТИКИ. Како што кажав ПАТИКИ. Значи остануваат балетанки, рамни сандали, сандали на ниска штикла, на висока, на полна, малку поткренати..... итн.итн. Ама во дискотека со патики? Срамота е како прво, јас не велам одма децата да почнат со штикли ама вие изгледа под штикли подразбирате 20ка штикла. Јас почнав со штикли од 2 см. а со нив не болат ниту нозе, ниту тешки се за одење, ништо. Едниствено што сакав да кажам е дека ние на тие години излегувавме во патики што беше нормално, ама сега самото обезбедување не те пушта да влезиш така. (зборувам за ноќните излегувања).
     
  5. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Само ќе кажам :clap: за постов. И КИМ па јас до ден денес, а имам 33 год немам ниеднаш ставено штикли, и што ЗАОСТАНАТА сум????
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Неса одговорив погоре. Јас не реков дека ако не си во штилкли си заостаната. Прочитај погоре јас кажав дека не се излегува во патики а не ако не си во штикли е срамота. Прво добро прочитајте после коментирајте ;)
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    :D Па дали постојат само патики и штикли? Глупав пример си спомнала. Постојат убави чевли и соодветни за таа возраст, како што не личи баба од 80 години до високи потпетици така не личи ни 14 годишно да потенцирам, ДЕВОЈЧЕ. Затоа што е ДЕВОЈЧЕ, не е ни девојка како прво.
    Никаде не спомнав дека треба патики да облече кога излегува навечер, постојат балетанки, чевли со топук, чизмички рамни.... ;)
    А тоа што го пишав за денешната младина дека одат разголени и со високи потпетици и 100 кила шминка, е факт што секој виденд го гледам навечер по улиците.

    Јас прв пат облеков штикли на 17 години, ниту некој минус ми пиша, ниту испаднав заостаната што тогаш облеков прв пат. Пред тоа си носев за денски патики, навечер чизмички на топук или рамни.
     
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ај ти прочитај јас погоре што пишав. или само да се напише нешто да се реплицира. Боже, ќе напише човек свое мислење, за запирката се фаќате. Си кажам споредба со она во мое време со патиките арно што не кажав каква боја ми беа врвците ќе си го кркав и за тоа :lol: Ете ти, читај погоре кажав за сандалите, балетанките, ваквите онаквите, божеее :lol:
     
  9. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.925
    Еве јас ќе кажам нешто поврзано со штиклите . Имам полни 17 години , во вторник одам на екскурзија во Будимпешта и Виена . Секоја вечер во дискотека . Знаете што ? Штикли нема да носам , нема да облечам . Имам високи , од кои не нозете , него и главата ме боли , не можам да ги смислам . Имам пониски , тие ќе ги ставам во куфер колку да се рече Душица има штикли . Имам убави чизми , знам да си направам убава комбинација со облеката , колку толку . Носев и јас на 15 ,16 години - еднаш во 6 месеци . Дали се фолирам не знам ама ме болат нозете и не сакам мода да терам а во себе да умирам . Памтам јас како дечко ми во раце ме носеше зошто не можев на нозе да стојам . Се нервирам многу , ако не носам штикли ненормална ме прават . Пудра не ставам , добро да , еднаш во 4 месеци . Ми имаат кажано , и машки и женски убава си вака , не ставај пудра , не се прави нешто што не си . Да се спремам , ваква маичка , таква сукња да , штикли - не фала . Си реков , до 20та година не сакам да ги видам . Кажете дека сум девојка од 17 години и морам пудра , туш , штикли на толкави за да заличам на нешто . Искрено порано кога сакав таква да бидам ми беше ради дечко ми , се изнервирав многу и ми кажа , убава си кога ќе се качиш на штикли , убава си кога ќе се нашминкаш . Ама ме сака кога имам патики (исти имаме со него :$ ) , кога на лицето само лабело на устата имам . Си се сакам ваква , за пудри , штикли и такви работи има време . Цел живот е пред мене .
    Нешто срамота е да си играм видов . Вчера кај другарка бев , се радував на барбики . Се радував на балончињата во град како мало дете , заедно со малите . Не ми смета , на кој му смета нека не ме гледа . ;)
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Знам која ти е поентата, дека во нашето време не беше нормално да се носат штикли, или разголено и баш ако некоја дојдеше таква сите чудно ке ја гледаа. Се знаеше како ќе се облече една 14 годишна, не излегувавме по тренерки навечер ебаго |( Али личевме на девојчиња.
    Точно дека времињата се менуваат и ако некоја отиде сега со патики пример а сите се по штикли ке ја гледаат накриво. (што е случај само во Македонија и балканот, во странство не е така али ај тоа е друга тема веќе).
    Али стварно треба да се има граница. Сепак ние самите влијаеме врз тоа. Самите родители треба да ги учат децата. Погоре прочитав дека 9 годишно девојче ставала надградба на нокти. |(
    Факт е дека за неколку години тоа ке го прават сите, тоа јасно ни е, и дека границите за првиот сексуален однос паѓаат надолу, се кладам дека за неколку години ќе почнуваат да го прават тоа на 12 години :tmi:
    Мора некој да дејствува тука, ако си гледаме отстрана и си викаме "па тоа е нормално такви времиња си идат", се полошо и полошо ќе иде. Ние сами го дозволуваме тоа, родителите сами го дозволуваат тоа! Не може да си ја гледаш ќерката како на 12 години те моли да и купиш штикли, и ти и купуваш бидејќи ете такво е времето сега. А што ако ти каже дека на 12 години веќе имала однос? Или и тука ќе замижат и ќе речат тоа е времето нема што да се прави.
    Дискутираме за денешната младина, од аспект на мода, размислувања, сексуални односи итн. Ова е моето мислење, дека родителите треба повеќе внимание да обрнат во врска со воспитувањето на своите деца, да им укажат што е правилно а што не.

    А за играњето, уживам кога играм со мали братучетчиња, внуци. До ден денес сакам мечиња, уживам да гледам убави барбики, и пред некој ден си купив преубава барбика во џамбо, сакав да ја имам иако сум доволно стара за тоа. Тоа нема никаква врска, се радувам и на балоните од дечковците, едноставно, тоа е човек со дете во душата, која е многу позитивна работа, далеку од нешто негативно. Ова онака го спомнав. :)
     
  11. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Прво да кажам, мило ми е што разговоров се врати во нормален тек, да не ја уништуваме темата. Еве пак ќе повторам. Јас само направив споредба од порано и сега.
    Кажав дека за в дискотека носевме патики, а сега дека е срамота, како прво на врата не те пуштаат.
    И тука ми се нафрливте, арно ама јас не сум запнала за штиклите, туку велам дека има и балетанки, садали, чизмички, па штилкла од 2 см, полна штикла ниска, абе секакви ги има.
    Мојата поента е дека веќе срамота е со ПАТИКИ, а искрено и мои врснички имаат излезено со патики и ги имаат вратено назад.
    Инаку, и јас сум таа која не обожава високи штикли, бидејќи ми сметаат, несакам да излезам а цела вечер да ме болат нозете, и носам некои пониски што ми се поудобни. Носам високи кога знам дека можам да седнам таму каде што одам.
    Еве уште нешто: јас НЕ го оправдувам она што се случува со децата (фејсбуци, ете како што сте спомнале надградба на нокти на 9 години и сл.) само исто како и багуфче, сакам да кажам и дека не е се така лошо. Не се сите разголени, со тони шминка на нив и сл.само некои работи одат побрзо откако ние што сме ги правеле.
    Се надевам дека се разбравме, и дека ќе продолжи нормална дискусија, секој има различни став и мислења (и ве молам ако сакате да ме реплицитате прочитајте убаво што сум напишала :lol:)
     
    На Rozich и baguf4e им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ким, убаво прочитав, и мислам или барем се надевам дека те разбрав што сакаше точно да кажеш. И не ми е целта да те „спукам“ - баш напротив, многу ми е драго што може да се води дебата и убаво е што секој има свое мислење ;) Да ти кажам, во Скопје се случува во некои дискотеки да не те пуштат, ако си во патики. Тој факт не го ни оспорувам. Ама еве јас имам 30 години, и ме пуштале и со патики на пример, во Хард рок ете :) ако не ме пушти - лесно решение, нема да му влезам веќе таму. Нема јас да правам ради некој на врата што се мисли дека го фатил Господ за јајца, нешто што не ми се допаѓа.
    Во мое време, на пример, скоро сите мои другарки се шминкаа од млади години. Јас едвај маскара дали ставав. И мислиш дека изгубив на кредибилитет? Или не дај боже изгубив другари? Ни случајно :)
    Мене едноставно ме нервира таа унифицираност кај нас. И секој еден треба да си знае сам за себеси дали ќе се чуствува ОК ако оди со толпата против своја воља или ќе си го тера своето.
    Како и да е поентата не беше во тоа какви кондури носи младината, туку прашање е дали и зошто на некое девојче одма да му се стави етикета „заостанато“ ако не тера по истиот терк како и мнозинството?! Ама не верувам дека нема да ја пуштат во некое диско, и самата знаеш веројатно дека на тие на врата критериумот за пуштање не им е штиклата / патиката ;)

    ДушицаСК - како прво убаво да си поминеш! ;) И ќе ти кажам нешто - забележи го ноќниот живот во Будим и во Виена, абе со ќеса завиткај се, НИКОЈ нема ни да те погледне попреку, ниту пак да те забележи како си облечена. Таму со овие работи никој не се замара. Абе имаме ние уште многу леб за јадење во овој поглед....и меѓу другото забележи ги младите таму. Па ќе ни споделиш твои импресии се надевам :)

    И за крај - моето мислење за денешната младина го изнесов во повеќе наврати погоре, да не се повторувам, ова беше само реплика, се надевам нема модераторите да ме избришат ;)
     
  13. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Во ред пирамитке, секој со своето мислење, секој со свои ставови. Ти мислиш така, јас малку поинаку и нема потреба од расправии :).
    Мене само ми е криво, во некое мислење кога погрешно сум сфатена. И за тоа што реков:заостаната,(еве за некој што не ме разбрал) можеби не го трефнав зборот, ама и кој било да ме види мене излезена навечер во дискотека со фармерки out of date, блуза што ја носам за низ дома и патичиња пак, нема баш да изгледам добро нели? во сите нормално дотерани луѓе. така за на кафенце дење ама за ноќно излегување беше муабетот. И јас сум се облекувала за излегување со фармерки и блузи ама убави, со вкус, а не некои бабини џемперчиња.
    И така, темава можеби отиде во погрешна насока, ама морав да си се доизјаснам :!: :lol:
     
  14. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.949
    повеќето од младите сакаат наеднаш да пораснат :^) јас на пр. не сакам :rofl: попрво би облекла патики отколку да се фрцкам наоколу со штикли :lol: и што потоа!?
    ќе се нашминкат ќе се качат на штикли, а после ќе се каат за изгубеното детство .. а тие години (тинејџерски) се години од детството (од позрелото) кои секогаш остануваат врежени со нивните луди и заабавни спомени .. не брзам да пораснам, за се си има време .. а она со патиките и кафичи .. па што јас да не имам етикета на главата и ми пишува колку пари чинам!? јас што сакам тоа ќе облечам, никој не ме тера на сила, ама тоа си е .... :lol: :lol: ама добро сега младината некој дел од малдината е така поскромен, некој луд, некој мечтае за да порасне ... така да младината ја има во повеќе стилови, таа е во секој различна, кој како ја доживува :)
     
  15. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Како што спомна Багуфче во еден пост пред мене,недостатоци имало и ќе има,тоа е факт.Значи не може еден човек да ја диктира модата што се носи во денешно време,искрени да бидеме па доколку некој се појави во отмена дискотека со домашни фармерки маица и патики,ќе биде приметен,ама негативно.Во пинцип јас не ги судам луѓето според тоа што носат,ама 90 посто од младината да.Па надворешниот изглед не е се ама е првиот впечаток,па неможеме празни изјави да даваме дека не е важен.Едноставно така ни налага денешнината.Никој не сака да биде аутсајдер па така сите мораме да се вклопиме и со тоа се подразбира носејќи еве во конкретниот случај штикли.Мораме да се соочиме со тоа дека ова не се 90те и тука има поинакви слика за модерен живот и култура,сакале или не.Носам штикли,пуштена сум до 1 часот по полноќ и да се шминкам за ислегување.Но тоа не го менува фактот дека не ги оправдувам дрогите што се пробуваат уште на 13 години,Штикли уште на 12,пошто стварно е грда слика.Можеби оди кон полошо но има и позитивни работи,не е се така црно како што мислиме.Важно е домашното воспитување.Но иако некој е дома воспитан правилно немора да значи дека има добри приоритети и дека сигурно нема да подлегне на денешните пороци.На крајот се се сведува на тоа ским си такав си..за жал
     
  16. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Извини Лали... зборуваш дека е грдо да се носат штикли на 12 години. Точно, се согласувам... Но ти девојче колку ли ги имаш? Само три повеќе. Дури и за ТВОИТЕ години штикли се премногу.
    (Не дека јас сум престарена, настрана од тоа.)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    15-16 години и 12 не се исто.Можеби во минатото не се носеле штикли на 15 години ама сега се носат.Втора година во гимназија сум значи во Ноември правам 16 години.Кај нас во град колку и да е простодушен,не е исто да се види 16 годишна девојка во штикли и шестоодделенка.Не викам дека сум многу голема ама јас сум растена во една околина а ти во друга,така да ако за тебе 15 годишно девојче кое носи штикли е невкусно за мене не е.На крај на краиштата секој си има свое мислење.
     
  18. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Oдамна се местам да коментирам на темава и еве ме |( вака сега јас првпат облеков балетанки и тоа за полуматурата некои светкави,црвени и дури во ними се осекав како женче,фустанче до коленици пристојно ептен.Mоите другарки не сите,некои одеа дури на фризер за фризура,закажуваа за шминка одеа дури во Cкопје да бараат фустанче :D јас носев само венче и ставив восок на косава и сакав само со руж,маскара и сјај да одам,во последен момент ме премисли другарка ми постара што е :) Cега гледам на фб девојчинава со висока штикла,кракто ептен,да ти се поврати што гледаш,секој ден со различен в врска :doh: имаме едни сватови и девојчево е 8одд.и сака да си носи вештачки трепки,надградба,оригинал парфем,шминки се.Jас кога бев нејзини години дезодоранс купував ако соберев пари некој од 100денари од продавница,тие збудалени некој од 4000денари алоо,плата толку некој зема,еднаш порачав пудра од авон,мама ја најде целата ми ја истури ,немав излез 1недела,само оние кремојнее за влакна,за мустакиве ме оставаше да користам,сјај и маскара.секое сабајле ми го земаше мобилниот,еден како домашен со беше,за да не одам со мобилен нашколо и проверка на секое имаше на моб,не овие сега тач телефон,ајфон |( пак на момичево што ни се сватови,со танга на хеланки,се познаваше се,па срамота е посебно пред чичко,вујко,брачед одма се забележува,па разголени фотки на нет,јас до 8одд мирц незнаев што е ,тие модерните фб :fubar: незнам што ке бидне со денешнава младина,што викаат старите:од кол на кол,третиот в г**,за се виновни се родителите,мене чичко ми и тато да ми се опулеа ке заплачев,тие со тангите седви му скут со кратките сукни и нA FB напишано со татичко мој,па грозно е,одвратно,тато да го гушневме за некоја прилика ни велеше доста ајде,нејкам гушкање :D Hезнам што не чека во иднина со ваквиве генерации :|
     
    На Scarlet88 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Да да, не преувеличувам и не се правам светица!
    На 12 години сеуште си правев торти од кал, и си разменував детска пошта! И што? Заради тоа сум заостаната?
    И да, имам излегувано во дискотека со патики, и не само кога бев помала, туку и сега, ќе си облечам фармерки, патичиња, некое откачено блузиче или маичка........зарем тоа ме прави заостаната! И ме боли газот што ќе речеле другите! За мене се облекувам така, да си се чувствувам комотно! Не викам дека и јас немам облечено штикли и минич.....ама тоа е еднаш како ниеднаш, не само што умрев од болка, туку и се осеќав курвински! - Ова беше на 16 години
    Е сега на овие години јас треба да се шминкам и да правам фризури, ама не го правам тоа, затоа што уште не ми е дојдено времето! Не викам дека не користам шминка, да користам ама ептен ненападно! Понападно ќе се шминкам кога ќе одам на 30 години - кога веќе ќе треба НЕШТО да покријам!
    А сега младиве, тонат во шминка, ко да имаат што да покријат - чувајте се за после....треба брчки да покривате...ее! Да ги чепнеш по фаца, ќе ти остане талог хаха! Па тоа е одвратно! Да не знаеш дали е човек или статуа! Да не кажувам за облеката, за девојчинња мали, не се чудете после што има многу педофили и манијаци и што ќе кукате дека нема љубов! Не навредувам никого, си искажувам мислење! Се што е умерено, е убаво!
     
  20. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    се согласувам со тебе багуфче,ама на пример за шминката за толку не зборуваме, за понападна шминка зборуваме, креон, маскара, сјај, коректор, па и малку пудра не е страшно и за на школо, ама зборуваме за претерување, стварно некои претеруваат, со туш на пример, и тоа доста дебел, нешто мачкици изиграваат, па руж исто сто кила, на физичко една ученичка, не можела да си го најди дресот и се слече по гаќи(женски боксерици) и вика не бре куси пантолончиња се, па маицата и ги покриваше и ја врза, па со лосиони нозете на школо ги мачкаше, права к***а, кога ја видов така, вака :o останав, а верувам и професорот, за кој веројатно си мислите дека е млад и убав, ама требаше уште лани да оди под пензија, ама го оставија уште една година. за штикли се носат и на школо, ама може немаш забележано, бидејќи повеќето носат со полна пета/плута/платформа(како сакаш наречи ги), ама сигурна сум дека носат, не учам јас во некое училиште со слаби ученици, па во моето да носат, а во други не, и да еве и јас знам да си ставам коректор, маскара, лабело или сјај за на школо, ама не претерувам, а и за штиклите само петок, сабота, ако излезам