Да Кике...Истото сакав да го кажам и јас...Умерената шминка не треба да пречи толку,сепак сакам да изгледам средено,чисто и убаво,а руж ставам за да се корегирам поради обравчињата Скарлет кажа дека во минич и штикли на 16ка се чувствувала к*рвински...Тоа значи дека скоро цело лето,па и сега некој викенд јас треба да се чувствувам како к*рва затоа што ете...и минич облекувам и штикли,па и се шминкам...Можеби не толку нападно,ама се шминкам... Секако дека штикли на 11,12 години не оправдувам,па макар и нападна шминка,ама многу ја претеравте со тие играња со кал и детски пошти.Сите светици излегоа.Јас припаѓам на таа денешна младина и го живеам животот така како што го живеат сите,не сакам да делам и сите да ме гледаат попреку.Знам дека постот ќе ми биде грешно сфатен...И јас до 10 годишна возраст играв со барбики,правев куќички,па дури и сега знам да си играм со сестра ми тетки Таков е животот денес,вас ви било забранувано да ставате пудри,штикли...Сега не е такво време и тоа е факт!
Па знаеме дека денес не е такво време какво што беше. И за тоа е дебатава. И тоа е жално. Не иде веќе се по редот како што треба да иде. Се иде наопачки. И никој не се пожали тука дека му е жал што на 12,13год ни било забранувано да ставаме шминки, да носиме штикли... Баш ни беше убаво тогаш и затоа ја критикуваме денешнава младина
Ама затоа ќе се каете цел живот! Си го кратите детството. Никогаш нема да ви се вратат тие денови кога можеш безгрижно да уживаш, без да се замараш дали ти штрчи некое влакно од фризурата, дали шминката, ноктите и аутфитот комплетен ти е беспрекорен... Факт е дека сега девцата немаат детство. Брзаат ад станат тетки на 15 години. Девојчиња од 10 години добиваат менструација!!! Нешто тука не штима. Се изменија работите мноооогу во последниве 10 години. Буквално нема никакви ограничувања. Напредните услови за живот, технологијата, и незнам кои се биолошки фактори имаат тука улога, ама не е убаво според мене. Започнуваат сексуален живот на 12 години?? Кој што сака нека каже, не е во ред. Скратено им е детството, брзаат да станат возрасни, а се психички незрели. Се впуштаат во нешта за кои треба да се размислува зрело и одговорно, а ја немаат потребната зрелост. Па се прават гршки, за среќа не се сите фатални грешки, но многу од нив и имаат влијание на нивниот понатамошен живот.
Одиш во крајности.......ако јас сум се чувствувала така, не значи дека и ти треба така! Тоа е мој начин на размислување и однесување, и не важи за сите останати овде! Помала си од мене, јас сум во друга средина израсната, а ти во сосем поинаква, па затоа и те сфаќам во делот во последните две реченици! факт е дека времињата се сменати! Јас не викам деке ете не треба да се шминкате - сите вие во крајност го сфативте тоа, како воопшто шминка не треба да се става! Треба да се има вкус...не само натрпај 100 кила да не можеш да сфатиш дали е човек во прашање или кукла! Тоа треба природно да изгледа, а не како певаљка од кафана....блјаккк! Се знае како треба ДЕВОЈЧЕ а како ЖЕНА да изгледа! А 15 годишна жена -- да се искинеш од смеење е! Значи не си го скратувајте детството, бидете ДЕВОЈЧИЊА, а не ЖЕНИ на 15 години.......колку одвратно... А за тој постот погоре, да сега девојчињата добиваат на 9 години менструација....што значи сме напреднале во сексуалното созревање...
Дали е нормално дете од 4 години, да има свој мобилен?! Нормално си е... Кога ова го видов... Веќе се ми е јасно.
Со Нина се согласувам во целост . Признавам кога имав 15 години сакав да пораснам , сега пред некое време не знам што ми удри во глава и се предомислив . Порано носев розево па престанав зошто бев "голема" и сакав црно да носам . Носев , и еве сега пак розево си носам Не до таа мера во барби да бидам ама розево си имам на себе Собата ми е розева цела . Зошто да пораснам ? Да носам на 15 години штикли , за 2 години да ми здосадат ? Има време за тоа . Во друга тема сега видов кажаа дека ај возраста да ја занемариме , ама ова е период кога телото се оформува , и со штикли тоа да го направиме треба ? За мобилни спичлес не се чуди . Имам братучеди што не знаат да зборат ама имаат сменето над 10 телефони . Тоа е будала работа искрено . Девојчиња уште во 5 одд по вециња со машки се влечат , што прават таму си знаат они , ми кажа брат ми , уште е основно . На курс одам со девојче од 8 одделение , сменила 10 и повеќе дечковци , јас тогаш што се вика дознав што ти било мување Ама добро јас старомодна сум била , така ми кажа таа
Е сега и јас да прокоментирам нешто околу сексот на рани години... Значи имам другарка која е колку мене (сите знаете колкава сум јас )...Пред некој ден беше кај мене и ми раскажуваше за нејзините сексуални моменти,фантазии,пози и што ти јас знам...Само ја гледав со подотворена уста,не знаев што да искоментирам на сето тоа...Кога ме праша што правиме јас и мојот дечко и реков дека уште сме на бакнување И ми плесна во фаца како сум била старомодна...Хммм... Јас искрено се чудам на нејзините дома...На 15 години и дадоа да оде на одмор летово со него,да преспива кај него,да се запознава со негови родители,да иде на свадба кај сестра му... Сето тоа е иницирано од мајката на девојчето...Дечко и е богат,имаат јака фирма...Изгледа таа е една од таквите мајки од типот "држте овде,сигурна е работава"..Сака да ја омажи и порасне уште мала,којзнае.. Не разбирам...
Во врска со најкоментираниот став на темава - шминкање и дотерување на млади девојки, ќе кажам дека се' што е со вкус го оправдувам. И штиклички и малку шминка, мини сукњички и фустанчиња се за тоа, ако не се носат кога сме помлади, кога? На теткица од 35 години ли повеќе би и одговарало? Ама ќе повторам, со мерка и до граница на убавиот вкус. А не сукњиче такозвано подпи*ок, 100 кила пудра и маскара и дреч карминче и обетки тешки едно кило, па и ланче и прстенче и нараквица со истиот светлуцав мотив. Тежок кичерај. Не ми пречи толку дотерувањето, сакам да гледам убаво средени девојки. Секако ги почитувам повеќе од тие мрсните, што си фураат некој квази-интелектуален филм, и сметаат дека модата и водењето лична хигиена и грижа за себеси е претенциозно и површински плиткоумно. Мене ме боли што повеќе од половина млади луѓе немаат грам мозок во паметот, во смисла писменост и општа култура. Нема здраво, добар ден, повелете, благодарам. Кој е подрзок и побезобразен и најнекултурен - тој е фраер. Се занимаваат со површни работи, премногу се занесуваат, Drama Queens & Kings. И машките се занесуваат, тука само жените ги нападнавме. Ама не е целосно нивна вина. Времињата се сменија, нови влијанија, нова технологија, родителите немаат време заради тоа што прават пари, децата препуштени сами на себе, образовниот систем си игра мајтап со нив, како експериментални глувчиња и тоа е резултатот. Само доброто воспитување и читањето книги никогаш не излегуваат од мода. Тоа да го сфатат барем половина, ќе бидам среќна.
Уредност, чиста коса, убава средена фризура, и умерена шминка никој не оспорува, иако читав дека токму хемикалиите во шминките предизвикувале преран пубертет кај девојчињата! Мене ми пречи однесувањето што го носи целиот тој преизбрзан изглед на 30 годишна жена. Не зборуваме за умереност и среденост што доликува на 14 годишна девојка. Зборуваме за претерана опседнатост со изгледот, шминките, модата на тие години. Недолично однесување и облекување. На тоа се мисли, а никако не на нормално пратење мода, одржување лична хигиена и грижа за сопствениот изглед. Таман работа да се запуштат на тие години и да не им е грижа изгледот. Но тоа да доликува на годините, а не со црни чипкасти прозирни фустани, 15-ка штикли и комплетна шминка со тушеви, пудри, камени пудри, ружеви, маскари, сенки и сетоа тоа во огромни количини! А за начитаност и домашно однесување, ич да не правиме муабет...видеото со девојчето од 5 години што го рецитира Слаткар по наговор на мајката кажува само за себе.
Денешната младина не е ни воспитана како што треба, и родителите забегани па така и децата...никој не ги контролира па така на кој што ке му дојде на памет тоа прави, пушат цигари, пијат алкохол, се дрогираат. Каде се видело прва година средно да си доаѓа дома во 5 часот сабалје? - омг кај нас тоа го немаше, но сега го има и им е сосем нормално.
Јас имам 16 години и знам дека и мене ме сметате во новите генерации ама не е така... Ние од 94 и 95 сме последните од "нормалните"...Мислам секако дека има и тука исклучоци како шо имало и во генерацијата на баба ми ... Ама генерациите шо идат се стварно за никаде!!!!! Се облекват, се понашат како повозрасни ...Ко курви да не речам... и од многу мали знат многу работи прат многу работи шо јас до лани незнаев по се воопшто...Како шо иди времето се полошо и полошо ќе биди... Замислете ги нашите деца !!
Ај девојчињата се шминкаат, се дотеруваат и така натаму ..... А машките што прават? Да ви кажам искрено, не знам дали останало некое асално дете некаде ..... Вчера бев на систематски од факултет и што имаше двајца, лелелеле ..... За едно девојче зборуваа види ја пи*кава ...... Па се форсираат нешто, мислиш се фраери нема до каде бре .... А пак еден што имаше ..... леле мори мајче нов Боки 13 ..... абе истите педерастични потези некои, абе си се разочарав .....
Да да, овде повеќето им се нафрлија на девојчињата што се шминкале. Ај барем прават работи што доликуваат на девојче. Ами машкине пропедерчени? Тие никој не ги коментира
^^^ Јас искрено кога го видов тоа детето, се запрепастив .... Косата некако цело време си ја местеше, па зборуваше како некоја шмизла ..... Јас како оџакрена го гледам и не ми се веруваше што гледам. Абе на денешно време да ти е страв дечко да си фатиш, нема да знаеш дали е педер или не е. А пак тие што се прават јаки фраери??? Татини и мамини синчиња, дечиња што од толку галење никогаш нема да пораснат? Тие пак се бетер. Али видов дека се постоело на светов. Веќе ништо не ме чуди.
Порано во мојот град на прсти се броеја педерите. Сега на прсти се бројат пристојните момци! Ги гледам, се шетам и ги гледам како прво како одат како девојки, во некои тесни фармерици, со апла женски потези... Страшно...Да ти е страв деца да имаш
Нема пристојни дечки веќе бре .... ретко се погодува таков .... Ко што гледам на факултет, половина се дигнати фраери , другите се некои фантазери, емо и некои ептен во нивен стил, буквално ко изгубени делуваат, а пак последната раса се овие пропедерчениве ..... Катастрофа !!!
Јас сум на возраст отприлика како ВајлдЧајлд. Во школо доаѓаат со РИМЕЛ+КРЕОН+1кило ПУДРА. А пулс тоа пудрата кај завршетокот на лицето неразмачкана и лицето црвено а вратот бел. Зборев јас со неа и и викам онака уз муабет и реков: -Добро, ставаш пудра, ама знаеш ли како се става? И она ми прави фаци и ми вика -А ти па многу знаеш! У живот немаш шминка ставено, мене ќе ми кажуваш! Само и вратив: - Да, не се шминкам за во школо, несакам уште на мои години да бидам ко некоја тетка, ама барем знам да ја употребувам. А не лицето да ми биде црвено а вратот бел. Се свртев и си отидов. И ја гледам после ја размачкува пудрата. Доаѓаа со фармерки, да не речам како мали да им беа зашто кога ќе седнеа пола г*з им се гледаше + длабоко деколте. Сега имаме правила, па дури и најмало деколте да имаш те запишува во забелешка и те праќа дома да се облечеш. Јас лично, како помала ги носев шиклите од мајка ми, ама надвор никогаш по штикли нигде не сум отишла. А и да сакам неможам, имам поголема нога од мајка ми, а мои штикли немам (а и не ми ни требаат). Креон, имам ставано неколку пати, и тоа на СВАДБИ. За во школо не употребувам шминка. Во моето одделение, често машките ги малтретираа девојчињата, не нешто многу ама ги удираа. Еднаш едно машко удри моја другарка, а таа ко ништо да не било. Ја удира втор пат, она пак ништо. Ја удира трет пат и веќе ми дојде преку глава и одам накај него и му реков: Што се замислуваш бе ти? Многу си јак? Мислиш дека си фраер ако удриш девојче, пушиш, се дрогираш? Епа си се зафркнал, страшно! Ти си само еден обичен кретен што се сили на послаби од него! Ај смеј уште еднаш добри некое девојче, ќе те мавнам на незгодно место! Смири живци, не е нормално да бидеш агресивен спрема девојче! Тоа само докажува дека си еден најобичен кретен! Он само рече, Добро МА се зафркавав! После ова, почнаа да оговараат, сите дознаа што сум му рекла. Сега тоа малтретирање не е скроз запрено, ама дефинитивно е намалено. (Можеби е оффтопик ама морав да го кажам. Сигурно секаде се случува а никој несмее ништо да каже) Друго незнам што да кажам, се изгубив во времето и просторот.
Ми беше досадно, па си реков ај да отворам на фемина да видам шо има ново.И влегов на форумот и баш ја заглеав оваа тема и посебно ме заинтересира.Значи не можев да одолеам, а да не пишам одговор, па се зачленив.Прочитав мноогу коментари и мислења и со скоро се се сложувам.Па би сакала да дадам и некое мое мислење.За почеток имам 13,8 години, значи скоро 14.Не мислам дека сум голема, дека сум некоја девојка, што е возрасна и се знае, но мислам дека сум си на таман возраст.Епа, читав ги пуштале некои девојчиња до 11, 12, 12 ипол.Онака шо се на моја возраст 13-14 години.Хах, јас себе не можам ни во СОН да се замислам до 12 саат.Значи строго ги осудувам родителите што ќе им стаат компјутер, ТВ на децата у соба, на 13 години ке ги пуштат до 3 саат вечер, шо сакаат да праат.Тоа дете е распуштено, разгалено, се му е сервирано, и најважно од се нема добиено ЉУБОВ.Родителска љубов.А и такво какво што е, во иднината, и воопшто во целиот живот нема ништо да постигне.Ама, страшно ми идат на живци и тие шо не те пуштаат да мрднеш од дома.На пример ко моиве.Не баш да не мрднам од дома, али летоска дозволен излез ми беше до 9 ипол ?! значи имав порано бфф ми беше, до пред месец - два, со завршено шесто ја пуштаа до 10 ипол надвор, ама од 9 ипол натака, блиску до кај шо живее.а иначе она е сеа седмо. ја осмо.Преска одвај искочив со другарка после школо, ми вика татко ми брзо да се вратиш.алоо, петок е, цела недела го чекав! Два пати ми се јави, првиот пат преку брат ми, да провери кај сум, втор пат после 15 мин ми звони и некако дрско, кај си бе ти, или ма ти? што праите бе вие? ја тато, се шетаме.со кој си ти ?! ја со Ива, пример имево хаха, а друг кој има? ја никој.Сами сте? Да, бе.Коа ке си доеш? ја уше малце.Ај чао, чао.Толку ме избаци од такт.И секад вакви работи ми праи, ми се јавуваат по петсто пати, не ме пуштиле вечер од 9ипол покасно никад, триста перипетии пред да искочам, за време и после искачање и разни глупости.Еднаш кај другарками сум стаила римел само да се сликаме, а она триста кила пудра стаа, една од причините шо ги има многу зашо не сме баш бфф од моја страна, се враќам дома шо си се шљакала ма ти со другаркати, ја мамо шо ти е, се сликавме! и почна предавања да ми држи..и ова е дел онака од мој секојдневен живот а има и мн др работи..значи извинете, ова не е баш за темава, искочив ептен ама се изреволтирав коа прочитав ми текна на ова.нез зашо.сеа да се вратам, значи вака.многу млади претеруваат да.влијание на нив имаат нормално на прво место, родителите, потоа најблиското друштво, најдобрите другарки као на мене на пример, (на лош начин.за жал.), медиумите, интернетот, во глобала и целата оваа технологија ! ех, тоа прекрасно детство коа немало ни мобилни ни компјутери, се живеело безгрижно детство, со детски игри и сл.родителите тогаш и повеќе ги пуштале своите деца зашто немале за што да се грижат, немало секој ден убиства и силувања.(пупу недај боже!)а за шминка, јас не користам.не ми ни дава мајками ни римел да стаам па камоли нешто друго! јас никогаш не би ставала едно кило пудра, само малку сјајче или лабело и римел.ништо повеќе.за облека пристојно се облекувам, мразам деколтиња.штикли у живот не сум облекла, и не ги сваќам тие шо уше на 11 год носат..цигара, да сум пробала.при крајот на седмо.дел зашо сакав да пробам, а дел ваљда заради некој стрес или проблеми шо сум имала а не сум ни ги приметила толку..тоа се одразило преку пробувањето.школо, наставници другарки, мување ова она..не пушев само еднаш или два пати неделно и се откажав брзо.пиво здраво само еднаш иам пробано, лименка пола испив и ја фрлив одвратно ептен ми дое.од тогаш неам пробано.вино исто одвратно ми е сум пробала на слава.во моментов др нешо не ми текнува ако ми текне ке напишам..ми се спие.хаха.и така.се радувам што го споделив ова со вас и што се испразнив.фиуу.а и ме мрзи веќе да пишувам.епа позз, и стварно гледајте што правите, немојте со секс уше на 14 год, дрога на 15, на 20 год веќе си проститутка? и набрзо сето тоа ве носи кон смрт! не навистина, пример, има многу сексуални преносливи болести, од предозирање? размислете..несакана бременост ? имаме време, младоста е пред нас! земете ја во вашите раце, живејте ја секој ден полека и уживајте во неа! не ја трошете премногу брзо, залудно и пред да се свртиш веќе не сме деца ! поздрав !
Последните нормални генерации што стварно видоа нормално и убаво детство, и со поразбрани размислувања и сфаќања се до 1989 година. Све што е од 1990 е ојдено во удолница. Сериозно ама. Разликата во размислувања, облека, морал, од кога јас имав 16 и денешниве 16 годишни е стварно огромна.