Не ми држи (лицемерни) продики мене и кога веќе правиш офтопици, не се прави неписмен со сила. Теорија е убав сон кој секој може различно да го интерпретира, реалноста е нешто сосема различно. Кој духовен квалитет е да седнеш на маса и да го гоиш стомакот како да нема утре и така секој ден? Дисциплина нула, тоа ни Бог не ти го цени и го презрел. Во здраво тело - здрав дух,
Извини вака и не ме сфаќај погрешно но, нема вовед темава. Што те инспирираше да ја отвориш темава со овој наслов? Мора да има нешто. Објасни нешто повеќе па можеби и ќе се развие некаква дискусија. Што те интересира поточно за луѓето кои имаат повеќе од триесет години?
Искрено многу е лоша темава ... поради неадекватни да ги наречам луѓе што коментират безвеза// ама како сакате продолжете...
30те се новите 20ти години јас имам 30год и имам се повеќе и повеќе живот во мене за лудории и откачени ствари и не се замарам со затуцаните правила на ова општество
Денешните луѓе над 30 години се исто луѓе, кои живеат, работат, шетаат. Поконкретно прашање ако има да одговориме. Еве, во оваа група сум но незнам што би напишала конкретно. Има незапослени на овие години, има и директори на овие години, има и такви кои чекаат џепарлак од родителите, а има и женети/мажени, но и обратно.
=== види вака се сложувам со се од тебе ..донекаде и јассум слична ..ама не иста....сепак треба да се има основен сенс ... затоа што не се сите луѓе како нас нели.. па можеби ке се навредат и така...размисли !
Повеќе ми одговараат од оние во 20тите како мене. Либе и повеќето од другарите негови имаат наполнато 30+. Со него и со некои од нив ми годи муабетот и интересно ми е за дружење. А тие на моја возраст се друга приказна. Тоа е моето искуство.
Во Денешната младина се утепавте од вреѓање и пишување секакви глупости, овде немало што да се пишува...океј.
Не се поразлични од нас во 20-те. И меѓу нив има мамини галеничиња,размазени деришта и вредни како што има и во нашата група. Подобро комуницирам со нив отколку со врсници.
Има многу неодговорни луѓе кои се над 30 години, почнав да избегнувам такви кои мислат дека уште се тинејџери, било машки или женски. Едноставно со нив треба да слушаш празни и детски муабети. На 35 години уште мислат само на мување, на излежување, кукаат како немаат, а не ни планираат да работат итн.
Денешните луѓе над 30 живеат поубаво од оние над 20 знаат што сакаат за разлика од онежие на 20 уживаат повеќе од тие над 20
Лежат дома, зимаат пари од мама и тато за кафе и кладилница, и така... Може и по некое гане пред кооперација да падне. И сите сакаат менаџери да работат, па ја чекаат позицијата од сништата пред компјутер.
Да потенцирам, мажите, над 30ка ептен погрешно ја имаат сфатено фразата "30те се новите 20ти." Уште акни им фалат по лицето и прави пубертетлии. Сексуални предатори, за кои единствен критериум е личноста од друга страна да е од спротивниот пол.
Не се толку годините што ги имаш, колку што е битно како се осеќаш и однесуваш. Јас имам 29 години, па сум во душа мислам накај 35 уште пред да завршам факултет. А познавам и такви што се обратно. Не сме сите исти, и не се чувствуваме сите исто со наполнети 30 години.
Ако зборуваме во поглед на култура и однесување, истите, ама потполно истите зборови што се употребени во темата денешната младина, може да се употребат и за тие над 30+, 40+, 50+, небитно. Секако дека не сакам да генерализирам, ама факт е дека има размазени, разлигавени, арогантни, иритантни поединци во секоја возрасна категорија. Исто како што има и културни, елоквентни, скромни и воспитани луѓе. Се е до наравот на човекот и домашното воспитување.
Вау, ти се пуштил некој над 30 што не ти се свиѓа па сега предатори и пубертетлии се? Флерт и секс не е само за 20годишни. Замисли и на 40, 50 па и 60 луѓето се сексаат. Да речам -жените над 20 или 30 сите курви се, ок ќе е?
Не жените. Мажите. Мажите од х години не чинат. Не знам зашто постојат мажи. Сместа да се избришат од светов.