До 29 си ок, од 30 натаму сексуален предатор Нека му раскини на дечкото ко ќе биде пред 30. Упс, заборавив, нејзиниот единствен исклучок ќе е.
Какви жени 30+ знам, самостојни, успешни, гласни, борбени, силни. Може само за цицките да им се фатите
Над 40 сум, ама живо ме интресира што мислите за оние во 30тите.. Ама некако 'лита' е темава... @sjdgo , ти мори детиште си била!? Уште еднаш ако ми се 'расчепатиш' со инает по темите, лом ќе те напрам! Постара сум, треба да ме слушаш
Годините апсолутно ништо не ми кажуваат во поглед на однесувањето на луѓето. Сум сретнала незрели и недораснати индивидуи од сите возрасни групи. Воопшто не мислам дека зрелоста и одмереното однесување доаѓаат со годините. Се' зависи од желбата на личноста да созрева и расте постојано во животот. Ако ја нема ваквата желба, тогаш истото однесување ќе го има и на 15 и на 55 години. Конкретно за возрасната група околу 30-тите (25-35 г.) можам да кажам дека во мојата околина главно имам позитивни примери, што не значи дека не постојат и оние како погореспоменатите.
До колку години нѐ сметаш за деца? Инаку, не ти се лутам на изразот... Камо и помала да бев, па макар сите детиште да ме викаат. Сакам да сум уште помлада. На некој начин, ми годи тоа што ми рече „детиште“...