Да пишам што јадевме минативе денови. Пресреќна сум што после тежок период на одбивање секаква храна, се вративме во нормала. Сега малтене јаде тоа што и ние си јадеме. Далеку полесно ми е во поглед на спремање на храната, а и него му се допаѓа. Д: палачинки со банана и растителен јогурт со чиа Р: купечка зеленчукова каша В: таљатели со ракчиња Д: овес со овесно млеко со јаболко, банана, путер од бадеми и кокосови зрна Р: тестенини од леќа со домашно песто В: рисотини со брокула, карфиол, пилешко и растителна хопла Д: гриз со банана и малина Р: кускус со зелнчук В: остатокот од ручекот со плус телешко и доматен сос Д: киноа со јаболко, круша и путер од бадеми Р: купечка каша од ориз и пилешко В: Тестенини со песто Д: Амарант со јаболко и круша Р: рисотини со брокула В: лосос и сладок компир
Немам рецепт Дејзи, се е од око. Поубави се со јајце каде каде, ама ова беше експеримент за да не давам јајце пречесто.
Koga se voveduva oves? Prvo go melite pa ho varite ili samo da otstoi vo tecnost za da omekni? Isto taka koga pocnavte so obicen griz? I mlecni produkti? Na mn stranivi razni tabeli ima okolu vovefuvanjeto na tie namirnivi pa malku me nuni nestovo
Дадов овес минатава недела, на 6 и пол месеци. Прво во блендер блендирам и во тегла го ставив за да имам, во зовриена вода малку да постои па цедам и ставам овошје, прв пат со банана и вишна го дадов и мн го бендиса, а вчера па сварив 1 јаболче малку да омекни, потоа во истата вода го ставив овесот, 2 лажици мелен, па омекна и после блендирам. Го сакаше и вака вчера. Мн беше вкусно. Јогурт битолски имам дадено со лајче немаше реакција. Обичен гриз следна недела ќе дадам.
Иии уште нешто сакам да прашам, од какво шишенце давате вода? Зборам за бебе 7м веќе, пробувам со обична чашка, пие ама 2-3 голтки. Од шише со цуцла не сака. Сакам да пробам со некоја од тие со клунче, ама да има да се прави и како обична чашка на пример? Имате ли некоја идеја? Пред
Томи типи имаат таква чашка, на капачето има клунче (цврста пластика) а ако го извадиш обична чашка е. Некои се задоволни од магичните чашки. Моето научи од чашка за ракија да пие вода. Обидувај се, нешто ќе упали.
Мајки, што давате за доручек ако бебе е алергично на јајце, веќе сум без идеи И како се спрема кршеното просо од ДМ?
За доручек житарка и овошје, различни комбинации. Туку да прашам, колку време треба да има помеѓу два оброци? Бебе обично јаде по 150-190гр, со 3-4 часа измеѓу оброците. Дали е во ред?
Како се справувате со бебе нејадач ? 7 месеци само што влагаме, уста не отвара..млеко пие Со лажење, со смеење да му дадам три четири лаж. И толку плука. Веќе треба втор оброк, а јас не можам ни еден да дадам. На АД млеко сме
Доста му е 3-4 лажици ако пие доволно млеко, не се сеќирај ќе пројаде, ново му е. Моето е 12, па одвај 3-4л јади.
Еден рецепт за палачинки што дури поминаа и кај моето бебе нејадач. Ако чувате сомелен овес не треба ни блендер. Пола банана, пола рендано јаболко, едно јајце и две лажици овес. Пребрзи и превкусни.
Не многу, скоро ич. Стагнира, ама нормално е мислам околу година да стагнира малце и помалку да напредува. Твоето е мало, само што почнало да јаде, му треба време да се навикне. Ние втор оброк на 9м воведовме. На 7 уште беше се експериментално.
Моето е 9 месеци, од членката погоре е 7 месеци. Ние мака мачиме со еден оброк и уште преферира овошје, а се мршти на зеленчук и многу тешко оди ручекот.