1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Денови после овулација = two weeks wait

Дискусија во 'Бременост' започната од *Лаванда*, 26 октомври 2021.

  1. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.503
    Епа, мили мои дами, редно беше да си отвориме и ваква тема. Претпоставувам дека сите според насловот знаете за што станува збор, но еве накратко да објаснам за што ќе се пишува во оваа тема:

    Ова е тема за деновите после овулација = ДПО. (waiting)Тоа се околу 12 - 14 денови на број, период во кој жената има или пак можеби нема симптоми/знаци кои и се случуваат после овулацијата. Период во кој партнерите се во исчекување за да се направи и првиот тест за бременост.:angel: Тест после кој нивниот живот се менува од корен.:hug:

    Е, баш поради сето тоа, овој период делува како да трае цела вечност.

    Но, ние сме силни, јаки, неуморни, со цврст став, дами мои:f:. И тоа немојте никогаш да го заборавате!

    Тука ќе си го споделуваме секој симптом/знак/промена која ни се случила после овулација. А, и да немате некои симптоми, можете слободно да пишувате, да прашате, да споделите мислење, да споделите фотографии од тестовите, од терапијата која ја примате (ако примате терапија), витамини, фолна. да имаме позитивни мисли сите. Можеби сите тие симптоми се јавиле поради самата овулација, а не поради можното оплодување. Но, тоа не значи дека не можете да се приклучите во темава. Бидејќи, никоја од нас во овие денови не знае дали е или не е останата во блажена состојба:inlove:. И баш тоа е интересното! :nod: Споделувајте што ви лежи на душата, се' она што ќе направи побрзо и послесно да ги истуркате овие 2 недели.


    А, сега со верба во Бога, да сте сите благословени и што побргу да ги споделите вашите II две жар црвени цртки! Амин
     
    На WhiteCat33, chokova93, Rose21 и 27 други им се допаѓа ова.
  2. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.675
    Пол:
    Женски
    Супер група, сега останува да чекаме и да споделуваме симптоми за време на тие две недели:l:
     
    На kikikikirika, Freckles. и *Лаванда* им се допаѓа ова.
  3. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.503
    Еве, ако ми дозволите јас ќе започнам.:hug:

    Накратко, ова ми е ТТС2 и моментално сум 4дпо. Користам тестови за овулација = ОРК, мерам Базална телесна температура = ББТ, и пратам се' што може да се испрати:lol:.Моите денови ми поминуваат вака:

    денот на овулација - вечерта почнаа болки позади во половината и CM како белка од јајце.

    1дпо - болки во половината, болки во предел на матка и јајници. Де еднаш ќе ме боцни во левата страна, де еднаш во десната страна. И потоа, цел ден кафеав исцедок. Ова со исцедокот прват ми се случува, малку се уплашив, но изгледа тоа било нормално и се јавувало како резултат на пукање на фоликул од претходниот ден-два. Па, ми олесна. Се надевам дека е добар знак.

    2дпо - кафеавиот исцедок го снема. Болките продолжија

    3дпо - болките продолжија, со помал интензитет. Но, сега градите се поосетливи и тоа во пределот од бочните страни (страната од кај пазувите).

    4дпо - осетливи гради и брадавици. Напнатост во долен абдомен.

    Истотака, мерам и ББТ и таа во дпо досега ми се движи 36,6 до 36,8 степени Целзиусови.
    Нервоза, анксиозност ме фаќа одвреме - навреме, ама јас и по природа сум си таква, па и не знам баш дали тоа е симптом.

    Тоа е тоа за сега, понатаму ќе бидете апдејтирани, секако:inlove:
    Како оди кај вас? Дали ви се случило да добиете повеќе денови позитивен ОРК?
     
    На Milena93_, Bebce1, Girlbtz и 3 други им се допаѓа ова.
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.944
    Допаѓања:
    30.778
    Пол:
    Женски
    Иако сум во ден 3 од мензисот, ќе се осмелам да пишам тука и да кажам уште еднаш супер тема :inlove:
    Едвај ги чекам тие 2 weeks wait да си бидеме во исчекување сите заедно :l:
    Ајде сите побрзо до позитивни тестови! :hug:
     
    На tessie и *Лаванда* им се допаѓа ова.
  5. Shekjer

    Shekjer Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2015
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене!
    (стимулирана месецов со Gonal од 5ти ден
    Два убави фоликули на 10 ден)
    11дпо, денес страшни главоболки, 8-9 дпо малку лев малку десен јајник боцкање незнам што да мислам симптоми освен овие друго немам ништо.
    Подршка за сите што чекаат:inlove::inlove:
     
    Последна измена: 26 октомври 2021
    На curlyhair, Bebetoo и *Лаванда* им се допаѓа ова.
  6. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.621
    Допаѓања:
    2.909
    Пол:
    Женски
    Мислам дека со темава мнооогу полесно ќе ги поминуваме тие денови.
    Моментално одбројувам денови од менструација, среќа кратко траат :rofl:
    На сите што чекаат им посакувам | | :hug:
     
    На Iris-1234, Bebetoo и *Лаванда* им се допаѓа ова.
  7. Bebetoo

    Bebetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.028
    Допаѓања:
    2.563
    Пол:
    Женски
    Да ви се придружам и јас девојки, јас сум на три дена пред терминот за НЕдобивање, имам само лев канал, десниот ми е изваден при предходна вонматерична.. овој месец околу плодните бевме доста активни (не сум користела тестови за овулација досега, ги пресметувам одприлика како што сум забележала на фолекулометријата што сум била од предходните прегледи, и исцедокот).

    Овој месец имам некоја чудна позитивна надеж бидеќи имам слаби грчеви на 6тиот и 7миот ден после овулација кои досега не сум ги осетила кога добивав негативни тестови. Расположението секој ден ми се менува, ден среќа ден депресија и анксиозност:sweat: Исто и киселини и главоболки ме следат овој месец.

    Денес правев брисеви и пап, на ехо беше чисто се. Се разбира и да има бременост е рано на ехо да се виде па и не очекував да добијам одговор. За секој случај сум спремна доколку добијам ќе правам хормони и ќе почнам со кломифен па ќе следиме фолекули на ехо со матичната.
    До тогаш ќе ги одбројувам последните денови :inlove:
     
    На Hyla и *Лаванда* им се допаѓа ова.
  8. Megimeow

    Megimeow Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2020
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Zdravo,eve i jas da se priklucam na temava, ke vi spodelam eden sovet od doktorka sto mi go dade a bese uspesen 3 pati, sex na sekoj vtor den, ostavete plodni neplodni denovi, bidete aktivni sekoj vtor den i nikako stanuvanje posle sex, se nadevam ke pomogne nanekoja
     
    На *Лаванда* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.675
    Пол:
    Женски
    Јас решив да не следам овулација со тестови и температура. Првите месеци следев и сфатив дека многу се напнував и стресирав, а тоа не е добро. Според апликацијата сум 4дпо. Од симптоми имам болка во гради, вчера вечерта остри болки во долниот дел на стомакот особено во левиот јајник. Одвреме навреме ми се јавуваат и болки во половината. Гради никогаш не ме болеле толку рано пред мензис па се надевам дека ова е добар знак(fingers)
     
    На Veki4kaa, Freckles., Idedemja и 2 други им се допаѓа ова.
  10. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.503
    И мене никогаш толку рано не ме болеле градите. Баш да видеме каде ќе не однесе ова :lol:
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.675
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме што ќе биде. Дај Боже да излезе на добро и да си видиме две цртки || :inlove:
     
    На *Лаванда* му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.590
    Допаѓања:
    5.426
    Пол:
    Женски
    Браво за темата, одма ме смирува помислата на подршката што ќе си ја даваме тука :hug:

    Ајде и јас да си се искажам. Прв ден доцнење, кој почна со мали болки во гради. За сега нема друг симптом. Пред една недела имав болки во јајниците малку појаки и исцедок како во овулација. Сега ми е криво што овој месец не правев тестови за овулација, си мислев малку да одморам психички, ама ете немало одмор (facepalm) Сабајле правев тест негативен, си чекам менструација задоцнета. Сабајле си ја уништив надежта :sweat:
    Стискам палци за сите во исчекување, нека има повеќе позитивни тестови во овој ладен месец :*
     
  13. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.503
    Е, баш ова ми беше целта со темава!

    Направи утре сабајле пак тест, па ако нема ништо - нареден циклус не ти бега! Го можиме ние ова:l::l:
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Која е разликата од темата поддршка за сите што сакаат да останат трудни и оваа тема? Не ми е некако јасно како нема темите да се дуплираат.
     
    На SuperGirl24, Nade-sunrise, *Лаванда* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.503
    Разликата е во тоа што во темата Поддршка за сите што сакаат да забременат - се пишува се' во врска со забременувањето, буквално за се'.
    А, овде би се пишувало само за овие 2 недели по овулација и се' околу овој период после овулацијата. Вака секојдневно би можеле да се апдејтираме за промените и да сочувствуваме меѓусебно.

    Сметав дека имаме потреба од ваква одделна тема, оти тој период од 2 недели заслужува посебно место на форумов. Според мене е така. Но, за да не дојде до забуни, јас прво прашав во темата Поддршка за сите што сакаат да забременат, и многу од членките се согласија.

    Искрено, мислам дека ќе ни биде од корист темава на сите. :l:
     
    На splendor, kikikikirika, Alanna и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Angella7

    Angella7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2021
    Пораки:
    1.621
    Допаѓања:
    2.909
    Пол:
    Женски
    Сега во Поддршка прашав во врска со менструацијата откако почнав со обиди, овде не ми иде некако тоа да го поставам. Мислам дека има разлика во темите, ако грешам, простете :D
     
    На Iris-1234 и *Лаванда* им се допаѓа ова.
  17. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.503
    Еве конкретен пример. Баш на ова и алудирав. :!:
    А, на членката останува да размисли во која тема би припаѓало нејзиното прашање/мислење, со цел да добие брз и концизен одговор. Според мене, Angella7 постапила правилно.

    И на двете теми целта е забременување, и тоа е неоспорно. Но, концептот е сосема различен.
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
  19. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.503
    Како што напишав и претходно, овде ќе се пишува само за деновите после овулација=ДПО. И се' околу и само за овие 12-14 дена. Лично, како членка на форумов имам потреба од тема каде секој ден ќе можам да пишувам апдејт секојдневно за тоа што ми се случува во деновите откако овулацијата ми завршила. Со тоа, ќе добијам мислење дали треба така да ми се случува или не треба во контретниот ден. А, и ќе можам да ги споредувам моите дпо со дпо на другите членки. Откако ќе ми завршат тие денови, ќе си пишувам во другите теми, зашто веќе овулацијата и дпо ми поминале.

    Не гледам никаква штета од ваква тема, баш напротив - се чудам зошто досега ја немало:|. А, и тоа како ни е потребна.:nod:
     
    На Sparky.99, splendor, kikikikirika и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.804
    Допаѓања:
    11.675
    Пол:
    Женски
    Апсолутно се согласувам со тебе @*Лаванда*
     
    На Sparky.99 и *Лаванда* им се допаѓа ова.