1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ден на учителите

Дискусија во 'Политика и настани' започната од jasmin, 5 октомври 2010.

  1. jasmin

    jasmin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2009
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    35
    Гугл ми кажа дека денес бил Светски ден на учителите. Јас прв пат слушам за ваков ден... барем додека учев не се сеќавам дека имаше слично нешто.

    Еве што вели англиската Википедија:

    „Светскиот ден на учителите се одржува секоја година на 5 октомври од 1994г. во чест на организациите на учителите ширум светот (односно синдикатите за образование). Неговата цел е да се мобилизира поддршка за учителите и да се осигура дека потребите на идните генерации ќе продолжат да бидат исполнувани од страна на учителите.

    Според УНЕСКО, Светскиот ден на учителите претставува значаен симбол на свеста, разбирањето и вреднувањето на виталниот придонес што учителите го даваат за едукацијата и развојот.“


    Судејќи според самата себе, очигледно дека кај нас свеста за значењето на овој ден (а и за значењето на учителите) не е на високо ниво.

    Но, колку и самите учители се свесни за важната улога што ја имаат? Се трудат ли доволно за да изградат силни идни генерации? Сфаќаат ли дека иднината на земјата во голема мера е во нивни раце? Или, со оглед на ниската плата што ја земаат, доволно е и тоа што одат на работа?
     
  2. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Не ни знаев дека постои ваков ден :)
     
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    и ова вејке го има.....
     
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ...no comment, денес сите мораат да имаат свој ден :?:
     
  5. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    па кај нас мислам дека учителите не се на ниво, со ретки исклучоци, а платата доста му е со оглед на тоа што не се залагаат многу треба и да има се намали јас мислам...