Ми успеа! АЛИ напорно ми е ова дека првпат, сигурно После пак ќе пробам ич не боли! И капа му симнувам на тој што ја измислил пастава
Ќе си умрам од радости!!!! Конечно ми успеа операцијава, што ти значело мазноча во живот еј. Ја правев според рецептот 1 шолја шеќер, 1/4 сок од лимон и 1/4 вода. Мојот шпорт има 9 нивоа на загревање јас ја варев на 4 и после намалив на 3. Ја тинтрав, ја мешкав речиси 25 минути сум стоела над неа. Откако доби боја на килибар, ја ставив во стаклено тацниче и се ладеше на прозор некој пола час. Мисија многу многу успешна. Претходно секогаш ми беше проблем тоа што не знаев кога да ја тргам од оган односно до која боја да ја чекам да стигне. Сега има да тргнам на страна примерок од Светиов Грал, за следечи пут а и за идни генерација ако имаат влакна воопшто). Во секој случај ова за мене е дефинитивно најдобар начин за депилирање. Не е како да вежбаш за дерење, а е и доста ефтин. Плус јас ич не сакам друг да ме депилира, така да уште една добра работа.
сакам да прашам кога ја правите пастава по рецептов со една шоља шеќер 1/4 лимонов сок, колкава е шољата што ја употребувате? од 200мл, 400мл? фала многу
дааааааааааааа,шеќерната депилација е најдобра...вистина етоа,,јас секогаш ја применувам и сум многу задоволна.....и на лице,и на тело
Цела тема ја прочитав, цел ден се забавив. Во понеделник ќе ја пробам, па шта буде нека буде. Иначе троа појќе сум влакнеста на нозеве, па поголема доза да не треба? И шеќерот една ваква чаша треба да биде? Спојлер Или ваква? Спојлер
Само за нозете? Можиш и со помала доза Или па да си ја зачуваш за нареден пат.Иначе таа дозата со 1шеќер,1/4вода,1/4 лимон е со втората чаша од тие на сликите Успева
Во последно време си ја практикувам оваа депилација. Само што јас не ја правам како што викате ептен да се згусне , ја оставам да биде потечна и со лажица се мачкам во спротивен правец од растењето на влакната. Супер е јас сум задоволна, ако ми остане ја чувам за нареден пат само ја притоплувам и врши работа
Ја направив шеќерната паста, но кога започнав со депилиранје за брзо време ми се стврднуваше и многу мал број на влакна ми се извадија, а пак кога ја месев пукаше како што спомна една феминка дека ако е добро направена при месење пука, но со месењето се стврднување и неможеше ни да залепи... каде ми била грешката ?
Јас мислам многу шеќер да не било или ладно ако било во собата,иначе друго незнам.Што мислите вие другите?
Да не си ја варела премногу долго?? Пред да ја нанесеш мораш добро да ја измесиш и така менува густина и боја, малку помат станува. И обавезно пука... Каква ти беше бојата пред да ја месиш?? Јас кога правам ми е баш килибарна.
Да не си ја варела премногу долго?? Пред да ја нанесеш мораш добро да ја измесиш и така менува густина и боја, малку помат станува. И обавезно пука... Каква ти беше бојата пред да ја месиш?? Јас кога правам ми е баш килиба 15-20мин ја варев медова боја, кога ја месев ми пукаше и ја смени бојата и стана тврдо ...
Да пробаш да ја месиш уште малку, можеби ќе омекне. Или пак ако е ладна просторијата можеби и од тоа се стврднала.
Значи се измалтретирав од депилација со восок ваков, таков и онаков! Башка со лепењето уште пчели да ми налетаат и да се спуштат како на писта ... Дефинитивно сакам да земам депилатор мислам на машинка, па ме интересираат искуства и препорака вака која марка се најефикасни или подобри од другите. За Филипс знам се фалат доста ама кој може нека ми даде мислење.
Џули имаш цела тема,повели се надевам ќе ти послужи telo/depilator-t4846/?hilit=%D0%B4%D0%B5%D0%BF%D0%B8%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80
Сакам да ве прашам околу таа нова мода со лимоновиот сок наместо лимонтус -ставате сок од цеден лимон, или од тој лимонов сок што се додава во супи и такви јадења ? Просветлете ме, ве молам.