1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депресија пред операција

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од vivadani, 3 јуни 2010.

  1. vivadani

    vivadani Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    Почитувани мои фемина пријателки,би ве замолила за совет како да излезам од оваа депресија што ме уништува.
    Имам две породувања и двете се со царски рез.поминаа години од тогаш но болките не престанаа и како шлаг на целата ситуација почнаа да ми се прават и цисти на јајниците.мојот доктор ми препорача да се направи операција,поточно да се реконструира операцијата по што е ужасна раната и мене ми е одвратно да се погледнам
    а и од ножиците имам така наречени чворови и на промена на време плачам од болки.
    бев на клиника на 4д ехо и докторката ми даде да направам тумур марекр и да се вратам пак кај неа за да го договориме терминот за операција.ми се чини и од тогаш дека почна мојата депресија, почнаа да ми се мотаат црни мисли низ главата,дека нема да ја преживеам операцијата дека нешто ќе се искомплицира и такви слични работи и морници ме лазат од самата помисла,со ноќи не можам да спијам :sweat:. навистина не знам како да излезам од оваа депресија и страв ве молам за совет
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    vivadani нормално е да те фаќа страв и да помислуваш на најлошото, ама колку што разбрав имаш две дечиња, затоа треба да бидеш силна. Лесно е човек да се откаже, тешко е да се бори. Нема лек или начин да направиш лошите мисли да исчезнат ,ама може секогаш кога ќе помислиш на најлошото да се сетиш дека има за што да живееш, има за што да се бориш. На секоја лоша мисла ти возврати со добра, мисли на твоите деца, на убавите моменти, на радоста што те очекува. Од се срце ти посакувам успешна операција и брзо заздравување.
     
  3. orinoco

    orinoco Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    80
    Една личност што ја знам беше растроена пред да оди на операција што е нормално, но после операцијата уште повеќе се растрои авеќе беше помината успешно без проблем та дури мораше да оди на психијатар и да зема дијазепам за смирување. Кој ќе си го најде тој знае
     
  4. inna18

    inna18 Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    4
    И јас го имам доживеено истото....пред да се праам операциа ги имав нај лошите мисли...си мислев дека нема да се разбудам,дека операциата нема добро да помине и дури од голем стрес качив температура шо не смееше...кога ме понесоа во операциона сала мајками ме чекаше во ходникот и ми збореше дека се е во ред а јас од толкав стрес неможев да и одговорам ништо...тоа е нормлано но треба секогаш да се надеваме на нај доброто...
     
  5. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    За помалку од еден месец треба да се оперирам, и и мене ме фаќа страв.
    Колку што се радувам толку и мислам дека нема да можам да се разбудам од анестезијата.
    Иако три пати сум била под општа анестезија, два пати кога се пораѓав со царски рез, и еднаш пред година и пол кога го скршив носот.
    За таа последната операција, која воедно испадна и неуспешна, анестезиологот не сакаше да ме успие, и на мое долго инсистирање прифати.
    Уште ми е во памет како ми кажа, кога ќе заврши операцијата ќе те викнам по име, и ти ќе се разбудиш и ќе почнеш да дишиш на уста.
    Кога веќе почнаа да ме будат, се сеќавам јасно како ме викнаа по име, мозокот ми го разбудија, но не можев да земам воздух. :x
    Тоа сигурно биле секунди бидејки инаку не ќе бев сега тука, но ми се чинеа предолги.
    Се мачев, влечев воздух низ устата но негде на пола пат ми застануваше и осеќав дека не може да ми помине и не можев да вдишам, а го осеќав веќе срцето ко да ќе ми пукне, мн слабо некако. :worried:
    Докторите ми виснаа на глава и почнаа панично да викаат по мене да земам воздух, и мислам дека со последните сили некако успеав да вдишам и да ми помине воздухот низ тоа што беше ко пречка.
    Кога размислував подоцна за тоа, помислив дека можеби затоа што пушев цигари и имав шлајм на плуќата, тоа ми било проблемот.
    Сега пак пушам, и како некоја идиотка, секој ден викам ќе ги оставам до тогаш , и пак , повлечи димчето. :headbang:
    Морам некако да се натерам да ги оставам, а ако треба да се разбудам после операција, ќе пишам за резултатите. :)
     
  6. aleks26

    aleks26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Секој жив човек најнормално и најприродно е да осеќа страв кога е во прашање операција и кој да рече е мене не ми е ич страв и воопшто не мислам на тоа знаеме дека е лага.Разликата од човек до човек е само кој како може да го поднесе,а некои паѓаат и во депресија.Јас пред година бев на операција од жолчката и среќа што за две недели ме направија операција откако разбрав дека ќе треба,иначе можев да полудам секој ден мислев на тоа како што, дали ке се разбудам,како ке ги издржам постоперативните болки и рад други прашања без одговор ми се мотаа по глава,со тоа легинав со тоа се будев само за тоа зборев секој што имал операција пред мене го прашав што и како поминал,и разни сонови имав како умирам,како ми велат неоди и сите ми се чинеа како некој да ми навестува дека не треба да се оперирам.Инаку и јас сум пушач и тоа добар пушач па немав проблем никаков.