Депресија или созревање? Се надевам и јас ,само ќе ми треба одреден период додека да се вратам во нормала, можеби ден, можеби месец ... И јас тебе ти посакувам успех !
Депресија или созревање? Па зошто не излезеш ти во некоj кафич сама? Дотераj се, среди се, земи си ja омилената книга и излези! Секогаш има начин. Ако си средена и се однесуваш одмерено и грациозно, знаеш ли колкави се шансите некоj да ти приjде? Не знам на коja возраст си за поспецифично да ти кажам, но сите во еден момент од животот сме немале друштво и сме чувствувале осамени веруваj ми. Затоа почни да уживаш во животот, бори се од петни жили да се подобриш во секоj поглед, бидеjки еднаш се живее.Искористи ги до максимум твоите потенциjали и наjважно од се, сакаj се самата себеси бидеjки немоj да мислиш дека некоj ке те сака или ке сака да се дружи со тебе ако ти прво самата не работиш на врската со сама себе.
Депресија или созревање? Спојлер Секој треба да најде во животот нешто што го интересира и сака да го работи. Прво најди си одредена цел, на кое место и позиција се гледаш во иднина и стреми се кон тоа. Со време доаѓаат и пријателите, но пријатели и пари, како дошле така отишле! Тоа е тоа, животот има многу добри и лоши моменти, успеси и паѓања и жив човек на се се навикнува.
Депресија или созревање? Едно најискрено БлАгОдАрАм до сите кои ми понудивте совет , ме поттикнавте да расчистам некои работи самата со себе . И за пофалба сум - се чувствувам значително подобро ! Ве сакам ,лејдис !
Се наоѓам во многу лоша ситуација. Знам дека никоја од вас не може да ми помогне, едноставно имам желба да се исповедам некому. Eден близок роднина е болен од рак, деновите му се избројани. Сето тоа премногу ја погоди баба ми. Нормално, се работи за сопругот на сестра и. Тие не живеат во Македонија и најверојатно токму тоа ја погоди уште повеќе. Сепак, нејзиното однесување почна многу лошо да се одразува на сите околу неа, посебно на тие што живееме во иста куќа. Таа веќе не зборува со мајка ми, не зборува затоа што не сме ја прашувале секој ден како е дедо ни. Ние пак, сфаќаме колку е тешка оваа ситуација за сите во семејството, посебно за неговите деца. Им се јавуваме, се слушаме по интернет, ама нормално, ако ја прашаме едната од ќерките, не ги замараме другите. Јасно е дека им е тешко да зборуваат за тоа, а и јасно е дека ситуацијата нема да биде подобра. Таа стана раздразлива, депресивна. Секој ден и ѕвони по неколку пати за да ги праша како е, доаѓа и бара да ги контактираме преку интернет, ако кажеш дека не се уклучени веднаш како да и си згрешил нешто. Постојано им плаче по телефон, им поставува банални прашања, рекла на сестра и да се спрема полека за погребот, вчера и плачеше по телефон на ќерка му. И нам ни е тешко затоа што бевме навистина блиски, ама таа е гневна, се однесува кон нас како да сме ние злобни и незаинтересирани затоа што не ја прашуваме неа постојано како е. Мене ми е тешко, кога видам дека ѕвони број кој не е од Македонија не се ни јавувам на телефон. Сега веќе не се ни трудам да погледнам кој ѕвони, се навикнавме, се навикнавме дека нема веќе да не чека приготвен појадок кога ќе станеме, се навикнавме дека веќе е незаинтересирана за ништо, се навикнавме, ама јас, мајка ми и татко ми. Страв ми е за сестра ми, таа е преосетлива, таа да слушне на вести дека некој умрел почнува да плаче, без да го знае ни познава. Почна и сестра ми да се менува, постојано бара причина за кавга, плаче без причина, раздразлива е и нервозна. Пред нешто повеќе од 4 години ни почина прв братучед. Го сакавме како брат. Многу тешко се извадивме од ситуацијата, за сестра ми првите денови беа тешки, јас заглавив повеќе од година. Ама се извлеков од депресијата сама, со мала помош од мајка ми. Таа беше решена да ме води на психолог, јас не прифатив, пребродив се сама и зајакнав многу после тоа, ама сестра ми, таа побргу помина преку ситуација, ама на еден начин стана поранлива, сега имам чувство како пак да го преживеува овој период. Од друга страна тука се братучедките. Тетка ми не им дозволува да дојдат дури ни на пола саат, да не ја нервираат баба ми (не дека ќе ја видат, ама...) Поголемата не ни помислува да дојде, таа е ист карактер како тетка ми и баба ми, ама мене ми е криво за помалата, девојчето има само 11 години, а во оваа ситуација сигурна сум дека баба ми и тетка ми не ги бираат разговорите што ги прават пред неа. Колку само криво ми беше кога баба ми дозна дека му се ближи животот при крај, девојчето беше на гости, си спиеше кај нас, а таа утредента се качи целата пребледена и рече дека не и е добро. Девојчето цело време се грижеше за неа, постојано прашуваше како е баба и. Ситуацијата во куќава станува неподнослива. Да можев ќе се тргнев веднаш од тука, ќе идев да спијам кај некои роднини, а јас... јас пред 2 дена си ја повредив ногата и сега сум заглавена дома 24/7 и сепак, кажувам, не ми е за мене. Едноставно не знам што да правам. Разговаравме со мајка ми за ова, се обидовме да разговараме и со сестра ми. Таа си бара само изговори за да се скара со сите, бара причина да почне да плаче. Денес плачеше затоа што мајка ми не и дозволи да се шатира, затоа што и рече да го праша татко ми. Едноставно чувствувам дека е на граница, не знам што да правам.
Депресија или созревање? о тука дефинитивно ми треба ваша помош... многу сум млада за да се чувстувам заморено од животот...незнам, едноставно ко да сум 70 годишна баба...Да, ми се случуваат убави и лоши работи, но јас ко да немам сила за радување на истите, или пак за решавање на проблемите, за борење во животот...Период е, или сеуште созревам? Незнам, понекогаш се чувствувам депресивно, но без причина... Знам дека имам многу работи нерешено, и скриено во мене, и се тешам не е ништо посебно, само стави ги работите под тепих и се ќе помине...
знам дека можеби овај пост не е за во оваа тема али.......вакаа.... разочарана сум премногуу.... животот е премногу суров спрема мене... што му имам толку згрешено па вака ми врајќа?? имав се што сакам а сега немам ништоо..!! го имав човекот кој го сакам а сега и тој го нема.... имав премногу желби соништа и надеж,а сега немам ништоо.... живеев само за негоо...а сега не ни сакам да живеам..!!! ме напуштии..ме остави сама..... а зошто? само зарадии мојата љубомораа..!!!! се пропадна во вода...се што градев се сруши..!!! животот застанаа....од моментот кога почнаа нашата кавгаа.... признавам можеби згрешив .. можеби јас сум крива за се..!!! ама неможам беше посилно од мене... тоа чувство на љубомораа... се налути а јас останав сама....ми пропадна цела надеж... го имав во мојте прегратки по цели 7 год ... од моментот кога го видов па се до денес не престанав да го сакам...тогаш бев дете ама сепак бев дете кое знае да сака.. дури сега тој тоа го заприметии..... и кога конечно помислив дека сум среќна дека имам се што сакам...се отиде....се пропаднааа....како понатамууу??? како без негооо ??? сама сум....се правам пред другите дека сум среќна а уствари не поминала вечер без да плачам... сите ми зборуваат оставиго ама никој не кажува како понатаму без негооо..!!! лошо ли е човек да сака и да бара да биде саканн...??? побарав од него да ја цени мојата љубов спрема него ама ни тоа не го направи тој..... како повторно да се радувам на животот кога тој беше мојот живот...? како повторно да сонувам кога тој беше мојот сон?? како да продолжаааммм?? аахххх..... сакам да умрам да ме нема повејке....... како ке издржам ако утре го видам со другаа???? како да ги издришам спомените....како да ги заборавам неговите зборовии "те сакам ти си ми се....заедно ке правиме она заедно ке правиме она ваму ке одиме заеднооо онаму ке бидеме заеднооо се што ке правиме ке правиме зеднооо" како да поминам преку сето оваа??? многу ли барав од живототт??? со тоа што сакав тој да биде само мој и цел живот да бидеме заеднооо?? многу ли е оваа???? зоштооо заминааа зоштооо ме напуштиии???? КАКО ДА ПОМИНАМ ПРЕКУ СЕТО ОВААА???
Ќе поминеш. Никој неможе да ја разбере твојата болка бидејќи ти само тоа го чувствуваш. Другите те советуваат да го оставиш мислејќи дека така ќе се чувствуваш подобро. Пробај да разговараш со него. Сигурно е само лут и ќе му помине тоа. Толку време бил со тебе заедно би требало да те сфати. Немаш опишано поконкретно што се случило меѓу вас така би ти дале можеби и друг совет. Не се обвинувај себеси ти си само вљубена душа. Не заборавај колку вредиш. И не помислувај на самоубивства. Соочи се храбро со реалноста. Така ќе успееш понатаму. Изговори си во себе дека ти го можеш тоа. Можеби твојата љубомора го излудила. Пробај да ги средиш односите со него. Побарај го и извини му се и кажи му дека ќе се промениш. Друго не знам што би те советувала.
Значи сите сме свесни дека нема бесмртност. Луѓето доааѓат на свет и заминуваат. Нормално е дека не сакаме да го изгубиме онај кој ни значи многу. Но неможеме да се бориме против смртта. Баба ти е во период така речи на осетливи денови. Веќе навлегла во староста и многу често мисли дека ќе ја снајде и неа истото. Жената е трогната од ситуацијата и се чувствува беспомошна. Тоа се луѓе кои и значат во животот. Сега многу и е потреба вашата подршка но едноставно ете така таа почнува да додева и гуши со тоа. Те разбирам потполно. Баба ми од кога почина дедо ми е во тешка депресија. Живееа сами и тој не беше болен туку му се слоши, падна во несвест и почина а таа не била во собата да му помогне и се чувствува и малку како виновна. Сега живее сама. И тоа е уште полошо за неа. Нема син и снаа и внуци туку само ќерки мажени со деца и сите со обврски. Никој неможе да ја земе да живее со нив. Тој е просторот а и жената е на нога, добро се држи и може се уште да се гледа сама. Кога имаме време ја посетуваме еве да речам скоро многу често. Но таа тажи што го нема човекот и што останала сама. Сите ја разбираме а неможеме да и помогнеме никако. И едноставно некогаш навистина тоа нервира. А што се однесува до сестра ти, не е лошо да посети психијатар. Тоа не е ништо срамно и лошо. Можеби на девојчето муе потреба помош. Несависно од годините доживеала траума во животот и тешко е да се справи со тоа. Зборувајте и вие дома. Демек како добрите луѓе одат на небото. Господ ги сака само добрите. Дека еден ден сите ќе умреме. Сите жаламе но на различни начини и го доживуваме. Можеби и е потребна помош.
Не си се почувствувала само ти така туку еве и јас. Понекогаш немам желба за ништо. Се чувствувам како истоштена од животот. Им завидувам на оние кои знаат како да уживаат во животот. Понекогаш имам и чувство како светот да е против мене. Како никој да не ме сака. А зошто така незнам. Сум се запрашала во што грешам а одговор не наоѓам. Како што ми врват годините се повеќе чувствувам тага од колку среќа. Предходно бев многу весела и ведра личност. Си пеев, се смеев, не мислев на лоши моменти. А сега незнам што ми се случи. Сум се запрашала дали се разботи за созревање или депресија? Но не знам како би одговорила.
Те разбирам затоа што сум била во слична ситуација како твојата. Мислев дека ништо не може да ме израдува, дека животот не вреди да се живее. Буквално не знаев зошто живеам. Но верувај ми дека ќе помине. Потребно ти е излегување, дружење, позитивно размислување, насмевка. Прави нешто што те исполнува, најди си хоби или занимација. Пишувај дневник за да ги исфрлиш сите негативни мисли од тебе. Верувај ми дека ќе успееш.
Спојлер Баба ми замина во странство, роднината почина денеска. Овие денови додека не беше дома се беше подобро, сестра ми беше сосема ок, јас за прв пат доведов дечко дома кај мене на 2 дена, а денес и малата братучедка ќе си спие кај мене. Ама за некој ден баба ми ќе се врати и тогаш стварно не знам каква ќе биде ситуацијата дома. За среќа, најверојатно сестра ми ќе си спие кај другата баба. Само не знам колку ќе трае оваа нејзина ситуација, страв ми е многу. Не сакам сестра ми да страда. Мајка ми често се обидува да разговара со неа, имаме размислувано да ја одведеме и на психијатар, ама само што и спомнеме еден збор, таа станува хистерична и почнува да вика на сите нас. Не е толку малечка, има 16 години, свесна е дека сите мора да умрат, ама таа загуба што ние ја преживеавме многу лошо се одрази на нејзе. Јас успеав сама да поминам преку тоа, најверојатно во најголем дел благодарение на мајка ми, ама не знам како ќе помине сега оваа ситуација, ми останува само да почекам да се врати баба ми, па ќе видиме. Сега за сега се е добро тука, се е нормално, сите сме едно среќно семејство.
Не верувам дека ова моево е периодично зошто до сега ке поминеше илјада пати.Ма споулавев,моите ме споулавеа,само тие знаат да паметуваат,само тие знаат да кажуваат кој што да прави,само тие одлучуваат за мојот живот а не сфакаат дека ми го уништија пред две години.Самите тие.Самите,со нивните "праведни"одлуки. Ма многу ми е тешко.Сакам да бидам старата јас.Таа која кога тргна прва година гимназија се смееше како нездрава во школскиот двор,ја правеше шемата во градот.Што не дозволуваше некое машко да си игра со нејзе.Што имаше илјадници пријатели а сега ги нема никаде. Кога и да ми треба совет за него,таа,мојата мајка ја нема никаде,кога и да и спомнам за тоа таа не ми вели ништо.Каков родител е тоа.Кој уште малку ке ме остави и ке замине пак да заработува пари.Не ми требаат мене вашите пари,ако треба јас сама ке работам ама да бидете покрај мене,зошто утре можеби ке ме нема.И да знаете дека ке ме нема ако продолжите вака. Се мачам да го вратам пријателството со личноста која ја сакам.Ми треба тоа пријателство,ми треба таа личност,не можам без него.Не,не. Ништо не е во ред,не знам кај веке да се обратам не знам
milicka19 пред се фала многу на разбирањето и на советите.. иначе мегу нас се случи како и во секоја денешна врска крив беше фб видов јас некои работи кај бившата негова(т.е му имаше манато лике на сликите нејзини) и јас избувнаф...трпев трпев и вејке неможев повејке.......можеби и јас згрешив ама повејќе е тој виновенн....али како да е се случии.......ми се налутии.... а знам дека на нашата врска многу влијаат неговте другарии...и знам дека во таква ситуација ние нема да успееме..... и незнам што понатамуу и незнам какко .... тој моментално си е на одмор...незнам што прави тамууу..... можеби џабе е сее.....тој вејќе си решил...чим не ме бараа...значи не му требаммм
Секоја втора се справува со тоа: другарите и Фб. Не гледам дека ти имаш згрешено си видела нешто си го разоткрила и тој како да чекал да се случи такво нешто и ете го нема сега. Не ја барај вината во себе. Пушти го нека оди и што сака нека прави. Ќе си најдиш некој што нема да ти дава повод за да бидеш љубоморна. Ти не нема да бидеш никогаш среќна со таков човек по крај тебе. Ќе живееш во страв да не те изневери и слично. Еднаш веќе ја изневерил твојата доверба тој ќе се обиде и повторно. Без разлика на годините што сте ги поминале заедно и дека е тешко се да заборавиш обиди се некако. Помисли и малку на себе дека е гревота така да ти прави. Кога тој не те бара значи не му значиш ништо. Тој веќе тргнал по други. Можеби лајкот на фб не е ништо но доказ е дека повеќе не е заинтересиран за тебе како што бил. Кога тој решил така како што претпоставуваш реши се и ти. Вистинската љубов се чека се додека сами мислиме дека е ВИСТИНСКА. Биди секогаш со тие што ги САКАШ но не дозволувај никогаш да си поигруваат со твоите ЧУВСТВА !!!
тоа е....јбг.....само криво ми е шо се вака заврши... алии....немам друг избор... ке мора сама да продолжам понатамуу... знам и свесна сум дека никој не смее да си игра со моите чувства...али толку бев затрескана и уште сум што никој не слушав од страна што ми зборуваа.... знам дека морам да продолжам понатамуу....ама сеуште незнам како....двајцата сме од исто местоо....како ке поминам покрај негоо... како да се правам дека не го познавам дека не ми значии..???? како да реагирам кога ке го видам со другаа??? аххх......
Ќе можеш и ќе успееш. Не е само тој на планетава земја. Па што ако сте од исто место. Гледај го воздух. Кога него не му е грижа што и како ќе биде зошто и тебе да тие. Не знам што човек е тоа. За обична работа да прекини толку долга врска и едноставно да исчезне. Па ти си немала никакво значење во неговиот живот. Еј девојко не губи надеж во себе. За се има решение. Ќе реагираш ладно, одбивно малку ќе го доведеш во ситуација да сфати дека погрешил. А од каде си толку сигурна дека ќе го видеш со друга? Можеби па и ти си виновна си го гушела со својата љубомора и тој се презаситил од тоа и побарал излез. Не знам ќе си покажи само времето и заборавај колку вредиш.
Спојлер Се надевам дека се ќе се среди и ќе успеете да го надминете сето тоа. Загубата е тешка но ете така требало да биде. Судбина или така било пишано како што викаат. Некои случки во животот оставаат траги во него и рани и тешко е да ги излечиме. Но со голема верба во себе и со надеж се успева. Животот продолжува од таму каде што сме застанале и нема потреба од толку запаѓање во депресии. Сепак е млада сестра ти сеуште е дете тоа неможе лесно да го поднесе. Или пак пубертетот си го прави своето. Викаш фака кавги со сите и.т.н. Сега е во такви години и сака да биде центар на внимание. Оставетеја некој период не е и давајте мотив за кавги и слично. Тој период е така поранлив. Симпатии, дечковци и сл. Со плачење и запаѓање во депресии нема да го вратиме човекот туку ќе си го уништиме нашето здравје. Сфатете го тоа како да така требало да биде и готово. Не е крај на светот. Ве има вас сите здрави и живи и тоа е.
Спојлер Пред се, фала ти Миличка што се мачеше да ги читаш моите долги постови. Искрено не очекував дека некој ќе одговори, ама едноставно имав желба да си ја олеснам душичката. Дали се ќе биде добро или не, ќе дознаеме за неколку дена, кога се врати баба ми... искрено се сомневам дека ќе биде добро, ама мислам дека барем нема да не замара нас, нема да ја има таа тензија... Мислам дека ќе биде подобро.
ве молам за помош веке 1 година имама моменти кога се осекам депресивно (особено коага сум навечер сама во мојата соба )особено ако се посетам на некој рабти на кој несакам да се секавам и веднаш земама апчиња(лани лето испив цело кутивче лексилиум за една недела бидејки раскинав со дечко ми )и сега кога имама некој проблем или пијам апче или пијам алкохол за да заборавам ,незнам зошто ми се лсучува вака поранао бев много по сигурна во себе а сега немама зивци за ништо за се се нервирам а и најлошо од се е тоа што немам на кој да ги кажам проблемите се затварм во себе и зборувам со 4 ѕида во мојата соба и плакам со часови некогаш и бес причина плакам а сите мои другарки и моите дома ме знаат како силна личност со многу цврст кракатер се плашам да искажувам и чувстава бидејки се си мислам дека ке ги искористата на лош начин ве молам помогнете