Bedoksin или Витамин Б6 ќе си купиш од Аптека, знам колку е стресно да се учи особено во нашата земја и дека секој се соочува со различни луѓе Ќе се прилагодиш според она што те задоволува тебе и ќе избегнуваш алкохол и цигари во најлош случај, оти штетат на организмот. Повеќе течности ќе пиеш, ќе се опушташ со музика, ќе правиш редовни прошетки по 10-20 минути, ќе посетиш психолог ништо страшно нема да ти биди и ќе посетуваш редовно лекар ако имаш некои здраствени проблеми за да не ти се искомплицира нешто како мене и сега тек ќе чекам дали ќе остани хронично или е само акутно.
Читајќи ги членките погоре, почнувам да размислувам за мојата моментална состојба. Пред Нова година се случи една случка што ме помрдна од место, смрт на другар со кој се дружевме порано, многу ме погоди. По неколку дена дојде еуфоријата за НГ и се беше ок, дружба со блиски луѓе, партнерот, што значи дека заборавив на се околу тоа со другарот, околу испити, рокови .. Дојдоа и празниците, супер домашна атмосфера, ептен уживав со моите, ама после празнициве некако меех се осеќам, како да не сум јас јас. Почнав на партнерот се' да му пререкувам, караници започнував за ништо и моментално сме на раб на разделба. Утре полагам испит и буквално не се замарам за тој, но и за другите предмети, што е чудно, бидејќи имам висок просек и учам за високи оценки. Пробав да се оправам со музика, да ок, ќе слушнам ќе се расположам, ама за кратко време сум down и не знам што со себе. Спијам повеќе од што треба, последниве 3 дена се будев на 2 пати преку ноќ и тешко заспивав, како да блееше нешто, а не размислував со мозокот. Чудни соништа исто неколку дена по ред. Една недела немам искочено (не е вообичаено за мене) под изговор дека учам. Почнав да вежбам пред 4 дена и полесно се осеќам. Исто, приметив дека се почесто имам носталгија за минатото, со дружбите од средно, другари, пијанчења, ми фали времето кога бев среќна, wild&free. Моментално дефинитивно не сум. Дали треба да се загрижувам?
Според мене, реакцијата ти е нормална со оглед на тоа што се случило. Нема зошто да се загрижуваш. Правиш колку што можеш за да не ти се влоши ситуацијата но ако имаш некшто што те притиска, треба да најдеш начин како да го извлечеш од тебе. Можеби сето ова е резултат и реакција на лошата случка и уште немаш најдено начин да ја испроцесираш. Се случуваат и такви периоди, нормален процес е. Не може постојано да сме расположени и иако никој не сака да се чувствува непријатно (во најмала рака), нормален процес е. Можеби ќе ти биде полесно ако разговараш повеќе за ова зошто и поттиснувањето може да биде резултат на лошото расположение. @dea.18 Можеби ти треба динамика. Обиди се со некое хоби настрана од работата, курс по нешто и испробај се и во друга бранша ако мислиш дека е до работата. Секому не му е лошо на работа, тоа најмногу важи за луѓе кои не го работат она што го посакуваат, а кај нас знаеме дека тоа е чест случај. Тоа нека не те разочарува бидејќи не мора да е тоа случај и кај тебе, туку само да ти треба малку повеќе акција. @Tam4yy
Јас последниве неколку години (после пораѓај) се чувствувам чудно. Бременост во корона, останавме без работа заедно со сопругот а јас веќе пред пораѓај плус развод кај неговите и голема животна промена кај сестра ми, и др домашни проблеми кај блиски.... Толку мн работи ме слупаа одеднаш, мислам дека по пораѓај цела година не си бев на себе. Сега поминаа еве скоро 3 год, на моменти чудно се осеќам. Брзо ме заболуваат работи кажани од сопругот, брзо се натажувам, а сега си најдов убава работа и јас почнувам да се плашам да одам мислејќи дека не сум доволно добра во тоа, дека не ме бива, цело време сум самокритична и плус малиов се тажи по мене цело време и тоа ме пресекува... Обврски низ дома еден тон....Јасно ми е дека ваква работа нема да најдам пак, а сепак секое одење осеќам како на испит или на доктор да одам. Уморна сум, не покажувам мн блискост кон сопругот, расеана на моменти, обврски и по дома ..Едноставно, сум во некоја ситуација каде не знам дали е нешто на кое што не сум навикната и ќе треба да се навикнам или пак имам некој проблем....За викенд кога не одам на раб ми е подобро, а еве денес недела и знам утре повторно што ме чека и пак почнува чувството на некој страв и неспокој (цело време си мислам дека не правам нешто како што треба на работа и дека ќе ме избркаат).Плус, осеќам дека сакам да поминувам повеќе време со мајка ми, сето ми е некако измешано...Сте се нашле ли во некоја ваква ситуација?
Нормални се сите овие работи. Сe' ново ти се случило наеднаш и не си имала можност да го процесираш затоа што немало време за тоа. Губењето на работа баш кога очекуваш нов член било голема грижа за која морало да се најде решение и не ти оставило простор за да можеш да испроцесираш. Сега кога имаш работа можеби не се чувствуваш несигурно туку само не сакаш да го оставиш детето. Но и на него му треба простор и ќе му направиш добро со тоа што ќе му го даваш тој простор. Тоа што сакаш да поминуваш повеќе време со мајка ти можеби е затоа што со нејзе чувствуваш сигурност. Секако, не е лоша работа да сакаш да поминуваш време со нејзе. Разговарај со партнерот и кажи што ти лежи и како се чувствуваш. Прашај го и него како е зошто можеби и тој така се чувствувал ама морал да глуми цврст. Разговарајте за сите теми. Несигурноста со работата доаѓа од големата пауза. Ќе помине време и ќе се навикнеш, сосема е нормално. За тоа барем не мора да му ја мислиш Секако, ова се само мои претпоставки, не значи дека се точни.
Здраво девојки,не знам каде да се обратам за да ми олесни па да си олеснам тука. Вака,имам дечко веќе неколку месеци,до сега поубаво не ми е било со никој друг,мислам дека сум спремна се да направам за него,исто и тој,ме третира буквално како принцеза,се случувале мали караници нормално но се сме решавале со зборење со разговор и сл..Е сега овој период неколку дена како да сака да се затвори во себе,да не се дружи,како да нема волја за ништо,се гледаме се си е супер,му велам дека сакам да му помогнам да не се затвара дома,да излегува,и со мене кога е се труди да не покажува ама пак му е тешко,не знам како да реагирам сакам да му помогнам,и тој вели дека е некој период само и му се дешава на периоди,ама бидејќи не сме заедно многу долго и мене ми е тешко за него и ми е страв да не ни се оладат односите.Многу го сакам и тој мене исто,по очите му ја гледам љубовта за мене,затоа сум спремна да направам се за да се среди оваа ситуација што побргу
Здраво. Вака,имам пишано во некоја тема дека и мене ми се случуваат вакви периоди во животот,каде што различно се однесувам,различно мислам и различно се чувствувам. Така да,тоа е сосема нормално кај нас луѓето да сме во вакви ситуации.Те разбирам дека се грижиш и мислиш за него,но мислам дека не треба премногу да го напнуваш,да го прашуваш што му е,дали можеш да му помогнеш.Со тоа правиш да биде полошо. Пробај периодов да не зборите за тоа,не му збори многу,затоа што може да доведе до донесување погрешни одлуки(да раскинете,да се карате повеќе и сл).
Се обидувам да не го напнувам за да не му биде полошо,скроз разбирам,само не сакам да се затвара дома да не му стане полошо,ми има кажано дека му се случуваат вакви периоди и тоа постојано во овие месеци,ми е страв само да не ни се оладат односите и да не дојде да изгубиме желба еден за друг,не знам дали е паметно да гледам повеќе време да минеме заедно за да не мисли на лоши работи или да оставам така само да тече,јас некогаш и премногу размислувам на ситуациите и мислам дека на мене психички ми е уште потешко вака..
@Candy.D Си го прашала директно да не има некој личен проблем, да го мачи нешто конкретно, на работа, дома? Нешто што се случило, при што довело до оваа состојба.
Можеби е од трауми од некои лоши случки.Или лоши настани што му се случиле претходните години периодов. Дали збори со тебе?Разговара ли за неговиот проблем?
@Polyincognito @Евроазија Ништо конкретно женски,не е да се случило нешто па да е од тоа,се си беше супер,го прашав да само ми кажа дека му се случува на периоди дека што сака да се затвори скроз да не зборува да си е дома,дека е некаков период што не се случува прв пат,не сме долго заедно па не знам како да реагирам,не знам дали да се потрудам или да оставам се да тече само,ако го сакам кога е се убаво ќе го сакам и во вакви моменти,не сакам да го оставам сам да поминува во тежок период,можеби ако гледам да не е цело време дома на пример да шеткаме да пиеме кафенце да си збориме за убави работи може ќе му се тргнат глупостите од глава,кога го прашам како си што те мачи,ми вика дека не се осеќа убаво и тој самиот не се трпел а камоли па на мене како ми е
@Candy.D Најверојатно го мачи нешто, но бидејќи не сте долго во врска, не сака да те оптеретува со причината. Како и да е, не го притискај, но истовремено викај го почесто да излегувате, може и на некоја забавна активност да отидете. На овој начин ем може ќе се развесели, ем повеќе ќе се опушти покрај тебе.
И јас мислам дека е подобро да се гледаме да си збориме за убави работи за да не се затвара така дома,ве испозамарав ама искрено прв пат се соочувам со ваков проблем некако се беше преубаво толку љубов до сега не ми покажал никој,многу се замара за мене и на мене ми паѓа многу тешко што минуваме низ ваков период,не само тој и јас психички се утепувам од мислење што е најдобро,како да постапам и слично..
Барајте помош додека длабоко не сте навлезени во депресијата... Јас еве три години се борам и неможам да излезам од тој зачаран круг. Се породив пред три години потоа одма фати короната, одалечена од сите без никаква помош, бебе , корона се тоа си го направи своето. По година се вратив на работа, депресивноста само се зголемуваше неможев да бидам едноставно добра и ефикасна како порано, бев уморна ненаспиена од детето уморна од обврските, ме убиваше тоа што неможев да напредувам.. и така секој ден се повеќе навлегов во депресивен период. Пред неколку месеци побарав стручна помош и до некаде успевам да се справам но тоа е само моментално, одбегнувам контакти.. Немам никаква подршка од никого маж ми смета дека не ми е ништо , а мајка ми откако виде дека се наоѓам во лоша состојба ги ставив контактите на минимум. Кариерата ми мирува ко во некоја права линија сум , милион обврски и дете кое е премногу захтевно и воопшто немам време сама за себеси. Поспана сум и има денови кога би лежела и спиела по цел ден, воопшто немам желба да излегувам, се што правам е баш она механички и рутински. Има денови кога имам баш црни мисли, иако работам и со психијатар и психолог напредокот сега засега е минимален , затоа што немам подршка ни минимална и тоа што пробувам да зачекорам еден чекор ко да немам воопшто волја ...од ден на ден ја губам желбата за живот, онака се ми е сеедно и за жал не постои нешто што ме радува.. Од следната недела почнувам со терапија па ќе видиме.
Интернетот секогаш ќе има поддршка и за тебе и за било кој што се наоѓа во слична ситуација. Со самото тоа што си побарала помош ти веќе си направила огромен чекор. За жал, има периоди кога ќе се чувствуваш така но има сонце на крајот од тунелот и со самото тоа што се имаш осмелено да напишеш за ова ти се имаш насочено кон него. Ако ти пречат рутините и го правиш тоа колку да помине ден, тогаш обиди се да ги промениш. Не сите или наеднаш туку малку по малку, една по една. Денес наместо прошетка со детето во парк, упати се на прошетка кон некоја градинка или во природа. Запишувај си што ти е тешко, одвој си време за тебе барем за еден чај да испиеш во тишина или барем за времетраење од некоја песна што те орасположува. За ова мора да разговараш со партнерот кој би требало да ти ги овозможи барем тие неколку минути пауза. Можеш да пуштиш погласна музика и заедно со детето да играш. Можеш да најдеш некои интересни вежби па да ги правите заедно. Да пуштиш некоја смешна серија. Да цртате или правите отпечатоци на хартија со прсти и дланки... Сето ова се мали ситници и предлози, целото темпо или избор на активност е по твој избор Знам дека не побара предлози но можеби ќе ти се најдат
Искуство со велафакс? Го пијам во комбинација на пропранолол... Денес почнав , на половинки ми е дадена.. Порано иам пиено елицеа, ама не сум се осеќала вака.Како да лебдам, и ми се гади... Ај си викам- може е почеток- па затоа така.. Ве молам за искуства??
Се работи за блиска личност на која ѝ се случуваат промени. Личноста е веќе под терапија, но сега кога се ближи времето за промена - потонува во се' подлабока депресија. Јас сум на страна и само гледам како се уништува а не знам како да помогнам? Како што споменав, веќе прима терапија, разговарано со психолог и психијатар, но постојано сака да лежи, не комуницира, не се социјализира, не гледа светла точка во ништо. Што можам да направам јас? Се обидувам да разговарам, но залудно, игнорирана сум. Се обидувам од страна да нафрлам работи, залудно, секогаш со одговор УТРЕ ќе зборуваме. Тоа УТРЕ веќе трае подолг период......... Некој совет што можам да преземам? Како да постапам?