И јас се соочував со слична ситуација и по време си се врати личноста - многу блиска личност со друга дијагноза, ама потребно е разбирање и по време си да се оправува. Музика дома препорачливо е каква што сака да слуша, пишување, читање на книги надвор на клупче, од време на време муабет да си се искажи што и тежи, прошетки подолги и убавезно да и се даде простор да прави некаква активност позитивна за да се охрабрува себе си - да готви, да пее, ... Позитивните мисли кои што ќе и ги давате ќе ја дигнат и истрајноста да се накрени да речам, бидејќи на крајот ќе вреди. Еве јас се соочувам со нервозни црева и премлад сум да се носам со ова заболување, ама се навикнувам да не се нервирам и да не се стресирам многу и да одмарам.
Имам другарка со тешка постпородилна депресија. Состојбата и почна со несоница и проблеми во храната за скрос да протони( не знам како да опишам). Почна да оди на психијатар и да и даваат терапија но не е делувала и постојано и ја менуваа. Потоа пробала да се самоубие со пиење на апчиња. Мажот и со врски успеа да ја хоспитализира во Скопје во центарот за постпородилна депресија, претпоставувам оддел на психијатрија. Беше можеби еден месец таму. Денес се слушнавме и некако ми звучи ко да нема подобрување. Прашањето ми е колку време трае состојбата, како да се извлече...очекував малку подобрување да има после престојот, дека ќе и ја погодат терапијата но откако се слушнавме некако се разочарав. Полна со живот беше пред тоа, среќна..таа беше таа што ни помагаше во сите тешки периоди.
Паралелно со фармаколошката терапија, нека иде и на психотерапија. Некогаш само апчињата не се доволни. Да не бидам сфатена погрешно, ако психијатарот рекол дека мора да зема апчиња, тоа ќе биде така, и да се вклучи посета кај добар психотерапевт кој е обучен за оваа проблематика.
Фала..ќе и предложам...за брзо и завршува и породилното па и на работа ќе треба да се врати, тоа плус дополнително кој знае како ќе и делува.
Од мое лично искуство од тоа што сум видел на клиника за психијатрија кај други пациенти, хоспитализацијата е еден вид на можност за опоравување зашто контролата е 24 саати и како што рековте се пробуваат различни терапии додека трае лежењето. Кај антидепресивите општо има еден трик тоа е треба период до три недели да почнат да делуваат и постепено се накачува дозата. Затоа и престојот на психијатрија е подолг. Од други лекарства мислам дека треба да се проба и со високи дози на лекови за смирување што паралелно се пијат со антидепресивите. Од друго мое искуство ќе речам дека и времето е фактор ако се работи за хронична односно клиничка депресија мора да бара и многу време. Ама терапијата не смее да се престане и секако времето ќе си го каже своето да дојде до подобрување.
Зборував денес и со мажот и и тој ми рече дека има подобрување кај неа..па се надеваме само на подобро..фала ви за советите
Искуства со Занфекса 50 мг и Азолар по 1/4 од 10мг. Страв ме фаќа Занфексата ми ја зголемија од 37,5 мг на 50 мг а Лорислан ми заменија со Дијазепам (по потреба) а Азолар само навечер. Луѓе, страв ми е, помагајте.
Занфекса мн ствара зависност, барем кај мене така де покажа, исто зголемена на 50мг. Јас пијам и хелекс од 0,5. Инаку овака супер ми што се вели погодена ми е терапијата . Брз нив тешко да пребродам сѐ Од што ти е страв?
Тоа што ти е страв веројатно затоа ти е препишана терапија нема што да се страши човек од лекови во тераписки дози прво треба да се проба па да се види ефектот. Азоларот е еден од најсилните антипсихотици односно арипипразол и се дава во дози до 30 мг во ден оваа твоја доза е многу мала.
Антипсихотик се дава во комбинација и со антидепресиви и со седативи или само со седативи има пациенти со депресија со психоза или се дава и за разни други растројства вклучувајќи и панични напади и анксиозност во многу случаи.
Луѓе не знам дали ми е од тој ривотрил пред месец и пол што го испив. Прекинав со антидепресивот пред 17 дена. Немам сила еве пола мај и сега цел јуни хаос сум не можам да се натерам на психолог да појдам, секој ден одложувам да чистам низ дома и да се избањам, се помалку јадам... Не сакам да сум пак на лекови мака ми е од од психијатри и психолози и сите други. Дома мајка ми многу тешко и паѓа да ме гледа ваков и самата е болна и мене ми е тешко ама не можам ништо да променам... Подобро да си умрам во сон мирно отколку вака
Земај си терапија посмирен ќе бидиш, со чист совест дека можиш да продолжиш понатаму и не се замарај за тоа дека ќе појдиш ништо не е страшно, во странство е нормално да се оди и овде е сега сосема нормално да се оди доколку имаш потреба. Мисли позитивно на животот, семејството и здравјето се секогаш најдрагоцени кои ни ги подарил господ и тоа треба во приоритет да си го ставиш. Со лесно нека ти оди терапијата, се надевам дека ќе пребродиш се.
Доколку (не дај Боже) имаш притисок, проблеми со тироидна, диабет или било која здравствена состојба и ти препишат лекарства кои во многу случаеви се пијат доживотно- верувам дека ќе ги пиеш и нема да имаш аверзија кон нив. Така гледај и на антидепресивот, едностсвно тоа е лек кој е тука да ти го олесни здравствениот проблем. Знам дека не е лесен процесот на психотерапија, ама еве да се надоврзам на погоре напишаното, да имаш шинат зглоб секако дека ќе одиш на физикална терапија. Процесот на лечење е тој, колку и да не е пријатен. Пробај да поразговараш со самиот себе и да ја прифатиш состојбата во која се наоѓаш. Речи си: ок, ова е тоа што ми се случува, не се чувствувам добро, што можам да направам да си помогнам? Верувам дека се ова го знаеш, но дади си шанса. Подобро уште 1,2,5 год. на антидепресиви, отколку истите тие години поминати во агонија на неприфаќање дека тоа е помошта.
Лековите се даваат за да го стабилизираат лицето во акутна фаза и доза на одржување за подолг период ама без промена во животот не се може и тука ниедно апче и ниеден доктор не може да помогне. Прво е во главата човек да си ги промени мислите зашто околината не може да ја промениш и се што ти смета прво ќе се промениш во мислата нешто ќе прифатиш и ќе правиш друго за да промениш тоа што реално се може. Друго зависно од дијагнозата која ја имаш треба да се види дали е точна и што си пиел што не па да ти дадат нешто друго што не е пробано или слична комбинација во поголема доза. Седативите се обавезни и со антидепресивите и со антипсихотиците без нив нема нивелирање на состојбата и мит е дека не може да се земаат подолго секако под надзор на дозите од доктор.
Антипсихотиците се даваат во мали дози за опсесивни мисли се пијат кратко време додека АД го постигне ефектот Јас пиев заласта антипсихотик и уште првиот ден осетив подобрување Не се плаши слободно пиј ја терапијата и слушај совет од доктор
Антипсихотикот се дава во многу дијагнози и кога се пие во мала доза делува и како седатив. Кај пациенти со депресија со психоза или само кај панични напади и анксиозност може да се дава и да се пие и со години, не ствара зависност меѓутоа исто како и антидепреаивите има една плејада на нуспојави која се манифестира кај секого различно од различен лек.
Ја за тикови пиев и огромни дози зимав имав како напади прво ми помагаше после слабо помагаше во главно смири ама сепак остави и штета