Точно дека не се чува ништо во нас, ама за тоа си има стручни лица. Никогаш не би кажала на никој ништо за да се ситат и еден ден да го злоупотребат тоа, посебно не тука кај што едвај чекаат да го злоупотребат тоа. Подобро сама ќе се борам за било што, или со моите најблиски што ми значат (и тогаш би се двоумела дали да им кажам за да не ги загрижам).
Избегнувајте ги негативните секојдневни содржини и вести ова е релативно на некого навистина многу му влијае и зависи секако и од лични фактори. Ова е скоро исто како и да си опкружен со проблематична личност само може полесно да се сегрегира и да се тргне.
Смени докторка ,јас незнам зошто ваков одговор ти дала самата докторка кога постои маскирана депресија ,нај насмеаниот човек може да има депресија под таа насмевка ,смени доктор дефинитивно со време додека не западнеш во уште поголема депресија и уште повеќе црни мисли, поздрав
Јас верувам дека нема некој што не поминал низ депресија била каква и верувај не си сама ни па прва ни последна.Те разбирам и кај мене имаше моменти во средно дека нема ни да завршам ни па факс работа ни ништо дека едноставно ќе ми се задеси нешто и секоја веселба или радост си велев за што џабе кога сите ќе не нема еден ден т.е едноставно црни мисли.Овие мисли се потикнати длабоко и најдобро е да разговораш со некој близок или пак тука на форумот може и слободно да ми пишеш или пак кај стручно лице.Верувај дека ќе надминеш и биди поактивна за да не мислиш на тоа најди некоја занимација, гледај филмови,шетај било што се е поарно отколку да се затвараш и да се седиш во 4 ѕида и да размислуваш на Што ако биде?
А за каков доктор станува збор? Психијатар/психолог? Ако не си задоволна од кажаното, обавезно оди на второ, трето мислење.
Ако сум добро упатен, за да ти дијагностицираат депресија треба да имаш симптоми најмалку 6 месеци. Тоа значи, секој ден да немаш волја за живот, секој ден да имаш црни мисли, секој ден да си уморна од се, и тоа да е најмалку 6 месеци континуирано. Не знам како е кај тебе, ама ако имаш периодични црни мисли, можеби затоа не сака докторот да ти препише антидепресиви, смета дека не си “доволно депресивна“. Но секако обиди се кај втор, трет доктор.
Мене ми беше единствена надеж форумов. Другите како да не ме разбираат. Ја ги барам луѓето кои секогаш се добри тука на форумот кога ќе побараш совет. Во живо никој не е таков. За жал.
Не си налетала на соодветните за тебе и на стручно лице кое е доволно едуцирано исправно да те дијагностицира и професионално третира. Убав совет ти даде погоре @Anyshka , сепак до тебе е што ќе примениш и на што најповолно реагираш. Ако имаш тука на форумот тоа што сметаш дека ти треба и полни со позитивна енергија слободно користи го најдобро во твоја полза.
Можеби согледала и друга состојба, пошто нели пиеш и психотици, тие делуваат и како антидепресиви некои од нив имаат такво дејство, и доколку ти даде плус антидепресиви ќе те турнат многу, вака кога си насмеана до некаде не си падната во голема депресија, него самата психоза со себе си носи и депресивни мисли, како и анксиозност. Само работи на себе со помош на стручно лице, психолог за тоа заедно со лекарствата кои ги пиеш значи плус психотерапија ќе успееш да го надминеш ова.
И јас мислев така, ама кога видов дека само осудуваат и еден ден ќе ти префрлат за тоа, ништо не кажувам. Тука не смееш ниту да се пожалиш, ниту да кажеш свое мислење. Побарај си друг психијатар/психолог.
Ти кажав во другата тема. Ако не си задоволна од стручно лице, смени го. Или на сегашната пробај појасно да ѝ кажеш како се осеќаш. Стварта е да бидеш упорна, да работиш на себе.
Плус да додадам мораш и самата да се потрудиш да оздравиш, мораш позитивно да гледаш на животот, ако ти ги смениш мислите најмногу ќе си помогнеш, ни еден доктор не можи да те излечи ако не тргнеш сама за себе да гледаш најпозитивно да не потпаѓаш на такви мисли депресивни, мораш да бидеш продуктивна, да почнеш уште кога ќе станеш на сабајле да се активираш, да го активираш и мозокот , да се измориш на некој начин, било шо и да е то, работа, факултет, потоа при крајот на денот исто не седи дома, ако седиш само ќе ти идат такви мисли, почни пример да вежбаш, па навечер излези со некој прошетај пиј кафе со блиските, мораш да почнеш да уживаш во секој ден и да не мислиш на оваа состојба, свати го дека шо дека повеќе ќе размислуваш за симптомите од тоа нема корист ништо, не можеш да си помогнеш така, само олабаено и не читај, не си барај симптоми повеќе ќе си искомплицираш, мораш да веруваш на докторот шо те води дека тој знае шо прави, не читај повеќе вакви теми и други луѓе шо имаат како имаат, какви лекарства користат, ќе ти се измеша многу, колку повеќе читаш толку повеќе ќе се пронајдеш а ти тоа стварно може го немаш туку делува така на мозокот како да го имаш и ти, се пронајдуваш во нивните состојби.
Извини ама можеш да ми кажеш пто правиш во текот на денот ? Дали имаш физичка активност , дали некој ти создава немир со негативна енергија , дали имаш некое разочарување или слично ... Не лути се што прашувам бидејки да се падне во депресија треба нешто да има причина на пример јас бев во депресија кога дознав дека татко ми е болен а паднав во тешка депресија кога почина и ми требаше долг временски период да се вратам на нормалниот пат бидејки имав црни мисли , се затварав , како и да е мораш да застанеш самата со себе каде е проблемот и да излезеш од црнилата(депресија)