Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Земаш лексилиум заради еден сељак со кој сте раскинале па ке се труеш мислејки дека со тоа нешто ке решиш?Колку години имаш девојко?Кој е толку вреден за да си посегнеш по животот со апчиња?Тоа не се бомбони па да ги голташ така?За спомените,тоа е секојдневно,нормално,поминалле и ке се секаваш,и не можеш да ги избришаш лесно но труди се да не мислиш на тоа.И не се затворај во соба сама.Биди со некој,со друштво зошто самотијата те тера да се чуствуваш вака.
     
  2. sakamte

    sakamte Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    15
    незнам како да си ја вратам самодовербата затоа и се чувствувама така
     
  3. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    375
    Бев и јас во депресија !!!!

    И тоа тешка !!!

    И немав ни капка самодоверба затоа што дозволив некои луѓе да ми набијат комплекси и да ме изманипулираат. Но, не се тие криви. Крива сум ЈАС :!: Боже мој па колку ми се имаат сменето сфаќањата оттогаш па до сега.

    Депресијата е ужасна работа. Мислиш дека нема пат за назад, дека вечно ќе си мизерен, дека нема среќа веќе за тебе и тагуваш, тагуваш ... до бесвест. Ама за секој има надеж. Треба само да научиме да се бориме и да ги надмине тешките периоди во животот.

    Никој не е заслужен за да си го уништуваме животот заради него. Сонцето без секого ќе грее. А и сите сме гости на овој свет и имаме ограничен престој, затоа треба да си го направиме колку што можеме подобар, никако да тагуваме и да се депримираме !!
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  4. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Нема за што за тоа и е форумов да си даваме совети и помагаме кога ние тешко. Се надевам дека се ќе се среди. Мисли позитивно и така и ќе биде :)
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022

    Тоа се врака постепено,не можеш наеднаш преку нок.Ништо не може преку нок.Наместо да тагуваш ке излегуваш повеке,наместо дерпресивна музика ке слушаш весела.Наместо да плачеш најди еден разлог да се смееш-пример зошто си овде на овој свет,дека има некој кој те сака,радувај се на ситници.И така ке си дојде се на свое место.Ако сама не си го направиш животот не очекувај некој друг да ти помогне.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.210
    Допаѓања:
    8.432
  7. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Машки
    Ух отакако памтам за себе постојано сум во депресија , асоцијален , без можност за долга врска и слично има моменти кога навистиона ми текнуваше на се но не фатив ни лош пат ни ништио туку се повлеков уште повеќе во себе и незнам како да искочам сега светов е премногу суров
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски


    И јас исто како тебе за жал викаат дека ќе помине со тек на времето поминаа само 4 месеци кај мене ама не осеќам некое подобрување.Многу сум ослабена :@
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски


    Ова може да помогне но важно е и како со нас постапуваат луѓето што ги сметавме за пријатели. Уствари тие само сакале да те гледаат насмеан, а не се тука за тебе кога ти е тешко.
     
  10. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Машки
    Секогаш така те тешат ќе биде подобро се ќе се среди никој не кажува кога никој не кажува како тука се и посебните тешкоти одбивањата од страна на девојките и чуството дека секогаш сум искористен затоа што сум добар и наивен и сите очекуат од тебе нешто и притисок и постојано се прашуваш што ако ги изневерам. Секогаш велат си налетал на погрешни девојки а јас велам како може во 2 кафичи секоја 2 да е погрешна и да вели не нескам да се запознеме? Или како може да не ти ни дава можност да ја прашаш нешто ех многу се анализирам и пак не успевам да дојдам до решение велат дека не е се во изгледот битен бил пристапот јас велам ни двете не се битнми најбитен е шармот и харизмата кој кај мене се на последно место изгледа
     
  11. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.288
    Пол:
    Женски

    Самиот си кажуваш дека шармот и харизмата ти се на последно место. И дека немаш воопшто самодоверба. Некоја девојка ако не сака да се запознае со тебе не значи дека е погрешна. Значи дека ти не си се поставил убаво.
    Ти треба стручна помош, некој разговор со некое обучено лице кое што би можело да ти даде совети.
    Но пак ќе зависи се од тебе. Немој да ме сфатиш погрешно, не те нарекувам луд или којзнае што. Едноставно самиот си признаваш дека имаш проблем и доколку сакаш да го решиш треба да се обратиш кај некој што знае како да ти помогне.
     
  12. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    Не постои инстант успех. Ако не знаеш како правилно да постапуваш со луѓе особено со жени, тоа нема да се промени во еден ден или една недела ниту пак ќе си замине депресијата која се јавува како последица од сите одбивања. Ако сакаш да го решиш проблемот мора да почнеш со мали, постепени но темелни промени кај себе! Не баам, знам, сум го поминал тоа. Тој период кај мене траеше добри 3-4 години! И од тој период имам заклучено само едно: клуч на успехот е работа на себе!! Значи се што правиш е да се трудиш да се подобриш на секое поле на кое што можеш.

    Како стануваш подобар така ќе ти расте самодовербата а депресијата и себесожалувањето ќе ги снемува. Што посамоуверен стануваш тоа жените ќе почнат се повеќе да те приметуваат. Но биди спремен на работа со години. Нема лесно и брзо решение. Ама на крајот гарантирам дека се исплати!
     
    На easyyyyy и MissSpark им се допаѓа ова.
  13. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    120
    Пол:
    Машки
    Полесно е ако имаш некој до тебе барем да разговараш , а јас не гледам таква личност на когхо да му се обратам на татко ми кој на времето бил најголемиот фраер? Сите другари се со женски така што кој ме врти мене освен кога им треба нешто но полека и тоа се менува нема да дозволам така лесно да ме користат но што во периодите кога ти е најтешко и треба да те ислуша некој и да те утеши што тогаш?
     
  14. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    И јас имам проблем..

    Да се вратам во далечното четврто одделение. Седев во последна клупа со едно девојче со кое цело време се смеевме и ми беше многу убаво. Како да почувствував привлечност кон неа, но не му придав посебно значење.

    Во петто одделение се распределивме и таа се падна во друг клас. Но во мојот клас пак имаше едно девојче што ми се допадна, но ни на тоа не му придав некое значење бидејки мислев дека во пубертетот се ќе се смени.

    Но, драги феминики, НЕ, се остана исто, дури и полошо. По првата менструација, кога „полудуваат“ хормоните се заљубив во трето девојче и не можев да ја извадам од умот. И тогаш почна незадолството од себе. Наставниците ме фалеа, одев по државни натпревари но не се чувствував убаво. Се чувствував како грдото пајче, различна од сите. Почнав да се обидувам да го извадам тоа девојче од главата и да засакам машко. Тоа траеше 2 години (до 7мо одделение). Потоа почнав да пишувам самоанализи, да анализирам општествени фактори, што можело да ме доведе до оваа состојба. Активно читав и на интернет, како може да се промени бидејки ваква не се сакам сеуште. Бев тажна, нерасположена, цело време во мисли. Тогаш прекинав и да одам на натпревари. Ми се случуваа блокади на тестови, колку и да учев пак да не знам ништо. На пример: ја учам денес лекцијата историја, си легнувам, станувам утредента и не ја паметам лекцијата. Истото и со другите предмети. И во прва ми е така, имам извадено 1 на тест заради тоа, да научам а да не паметам ништо, а наредниот ден пак да знам.

    Ако не се изразив убаво вака нешто ми е: Ја учам лекцијата хемија, легнувам, утредента правам тест хемија и НИШТО не паметам, а по неколку дена ми се враќа „меморијата„ и паметам се. И одговарам усно заради тестот, добивам супер оценка. Имам проблеми со спињето, ми се случува 2 недели да спијам без длабок сон а потоа да спијам повеќе од 15 часа. Помогнете ми!
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Тоа што си на некој начин поразлична од другите не би требало да ти претставува пречка и блокада, за да неможеш нормално да функционираш.
    Во никој случај не те осудувам, но знаеш и самата каков е нашиот менталтет, па твојот страв и збунетост се сосема оправдани. Незнаеш дали и како ќе биде прифатено од околината, тоа што си наклонета кон истиот пол.

    Прво да те прашам: Знае ли некој за ова или уште никому не си му кажала?
    Погрешен ти е ставот дека тоа толку лесно ќе го промениш. Во пубертет си, почекај и види како ќе се одвиваат работите... Не форсирај, не мисли цело време на тоа, затоа што пак ќе кажам не е ништо трагично. Барем јас така мислам...

    Сега за учењето.
    Блокадите ти се случуваат заради тоа што не си сконцентрирана на тоа што го правиш (во случајов на учењето). Кога седнуваш да учиш, едноставно исфрли ги сите останати мисли и дилеми од главата. Тоа време нека ти биде посветено САМО на учењето. Не е важно времето кое го поминуваш над книгата, туку ефективноста.
    Откако ќе завршиш со учење, прави нешто што те релаксира, разбистри си ги мислите. Потоа уште еднаш повтори. Ова барем кај мене функционира, затоа што и јас имав проблеми со слични блокади.

    И верувај ми-нема ништо страшно во тоа да се биде поразличен од другите. :)
     
    На LGBT му/ѝ се допаѓа ова.
  16. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    500
    Не треба да се осудуваш себеси, тоа што тебе ти се случува и не е толку ретко или невообичаено.. Мислам дека проблемот ти произлегува од тоа што ти самата себеси уште не си се прифатила и не сакаш да се прифатиш, но ако ти не се сакаш себеси и на се прифаќаш каква што си, неможеш да го очекуваш тоа од другите. Тоа што ти се случува не е ништо срамно, 21 век сме побогу, јес да нашава државичка е малку заостаната али работите се менуваат. Да се навратам на тебе, не смееш да дозволиш се тоа да влијае толку на твојот живот. Да неможеш на спиеш и живееш нормално.. Зошто?! Не оди сама против себе, остави ги работите да течат и сами од себе ќе се средат. Имаш само 15 години, можеби и се ова што ти се случува е само преоден период а и да не е така, не е крај на свет, оние кои те сакаат ќе продолжат да те сакаат без разлика на твојата сексуална ориентација.. Оптеретена си со се ова и затоа неможеш ни да учиш ни да спиеш.. опушти се, излези забавувај се.. Не верувам дека моево мислење нешто посебно корисно е, но се надевам дека барем малку помогнав.. Секое добро ;)
     
    На LGBT му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Никој не знае, буквално никој. Сметам дека сеуште е премногу рано да им кажам, би кажала на родителите после 18 години. Инаку се десно определени, ги мразат хомосексуалците од дното на душата. Кога ќе се спомне редовно си слушам сочни коментари од типот не треба да постоиме и слично. Ќе го послушам твојот совет и ќе прекинам да мислам на тоа (барем ќе се обидам знам дека е тешко кога цело време ми е во мисли).

    За учењето и спиењето навистина не знам како да ги исконтролирам, веќе немам контрола на нив се мислам дали да почнам со медитација такво нешто можеби ќе ми помогне некако да ја исфрлам целата таа негативна енергија од мене. И во прва бев на физика државен сепак но не се чувствувам гордо на себе. Моите се гордеат и ме сакаат но се плашам дека кога ќе дознаат дека сум лезбејка каква ќе им е реакцијата, да не ме напуштат и слично (бидејки да не се лажеме но има и такви случаи).
     
  18. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Па јас мислам дека ако некој те сака ќе те сака таква каква што си.
    На вистинските пријатели не би требало да им пречи твојата сексуална ориентација, но сепак ти си знаеш кога ќе бидеш спремна да кажеш на некого.
    А за родителите...и јас би те советувала да почекаш, според ова што го напиша и нивниот став што го имаат за хомосексуалците.

    Негативната енергија можеш да ја исфрлиш и со спортување, всушност тоа е и најефикасниот начин. Прави нешто што те исполнува, најди си некоја обврска... Ти посакувам среќа и се надевам мојот совет ќе ти биде од помош.
     
    На LGBT му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    LGBT мене ми изгледаш многу разумно. Што ако си, според нашите македонски стандарди, ,,ненормална,, кога има многу ,,нормални,, кои пет грама памет немаат ?! :)

    Значи прво цени си се самата себе. Најди си некоја занимација, хоби, тоа обавезно. Не си уморна, затоа не можеш да заспиеш. Ова како некоја баба да ти го кажува, но има вистина во тоа. Минатото лето сите ми беа криви затоа што не можев да спијам, заклучив дека всушност не чувствувам умор. Легнував да спијам од навика, а не од што ме фаќаше дремка.

    Затоа, нешто мораш да правиш, спортувај, трчај, вози ролери, рипај на јаже, било која физичка активност.

    Не треба толку да се опседнуваш со фактот дека те привлекува истиот пол. Не е ни срамно, ни чудно. Ќе дојде време и ќе видиш дека за џабе си се малтретирала. Мислам дека ќе ти биде многу полесно ако кажеш на некој близок, а добро е и овде што се искажуваш.

    Родителите нема да те напуштат. Можеби ќе се лутат, нема да ти зборуваат некое време ама не верувам дека има родител кој ќе си го напушти детето тотално. Ти не треба да бараш од нив да го сменат мислењето за геј-популацијата, туку само да го почитуваат твојот избор. ;)
     
    На LGBT му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    LGBT конкретно за тоа со учењето не е воопшто проблем, размисли, само треба да учиш повеќе време пред тест, порано си имала повеќе концентрација сега немаш, затоа учи повеќе денови со ред, а не дента пред тест или испрашување. А за сексуалната определеност сеуште имаш време, твојот пубертет може уште не завршил, и да остане се како што си е такви си каква што си и крај. Прифати се прво сама себе, за да те прифатат и другите. Поздрав и супер си, паметна си, свесно размислуваш ама баш ништо не ти фали, извади го тоа од главата и не си ги барај со сила недостатоците туку квалитетите!
     
    На LGBT му/ѝ се допаѓа ова.