1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. Devojkata55

    Devojkata55 Нов член

    Се зачлени на:
    22 јули 2025
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Дали во мојот случај се работи за депресија?
    Проблемот кај мене е тоа што со ништо не сакам да се замарам, поточно не ми се оди на работа. Не можам да станам од кревет сабајле тонам психички, немам желба ни да се нашминкам ни да се дотерам, ниту пеш да одам до таму парите по таксиња ги давам, додека на работа со сила работам цело време гледам во часовникот кога ќе си одам. Одењето на работа ми е вистинско измачување, а имам убава и лесна работа, не дека не ја сакам.
    А за шетање сум секогаш расположена секогаш спремна да излезам, да се лабавам по кафиња.
     
  2. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    9.651
    @Devojkata55 Според мене, не.

    Не може да си депресивна за работа, а весела за шетање :D It doesn't work that way, односно депресијата нема селективна радост, туку вообичаено би изгубилa интерес за сè.

    Ова повеќе личи на неисполнетост во работното поле. Односно, иако работата е лесна, пак може психички да те исцрпува, бидејќи не ја сакаш и не те исполнува вистински.

    Па автоматски имаш создадено психолошки отпор кон истата и затоа не ти е по ќеф одењето.

    Можеби може да ја разгледаш опцијата за промена на ова и да размислиш која друга професија/работа би те усреќила :*:
     
    На Devojkata55 му/ѝ се допаѓа ова.