ЛГБТ можеби ќе ти олесни ако кажеш на некој во кој имаш доверба и кој мислиш дека ќе те разбере било тоа да е другарка, братучед, вујна, тетка итн. Имајќи поддршка од некој, ќе се чуствуваш подобро, ќе имаш кому да му ја отвориш душата и ќе ти олесни. Што се однесува до твоите родители, можеби е подобро да почекаш уште некоја година па да им кажеш, но како и да е, колку и да се против хомосексуалноста, сепак се твои родители и се единствените луѓе на светов кои ти го посакуваат само најдоброто, така да можеби ќе им биде тешко, но не верувам дека ќе ти свртат грб, а и сигурно сo време ќе сватат и без да им кажеш така да не му ја мисли многу. Паметна си, посвети си се на она што навистина вреди, учи си, спортувај, дружи се, а се останато ќе си дојде. Не си ништо помалку од било која останата девојка. Љубовта кога доаѓа е иста за сите, сите ги имаат истите чуства без разлика дали станува за љубов кон женско или машко. Сите имаат проблеми, различна вера, различен социјален статус,разлика во години, различни забранети љубови. Кога ќе запознаеш личност која вреди, нема да ти биде многу гајле кој што мисли Се ќе си дојде во свое време, не се оптеретувај со мисли од типот шта би било кад би било
Ма јас за тоа сум свесна, проблемот е не е лесно да слушаш од сите твои најмили (вујни, другарки, тетки, стрини, родители) колку ги мразат хомосексуалците а имаат еден дома.
LGBT во врска со хомосексуалноста, не сум сигурна дека сеуште треба да се декларираш како хомосексуалка. Хормоните ти вријат, во главата се ти е исмешано и можеби со текот на времето ова блогада ќе се тргне и еден ден ќе се смееш на овој тежок период. Ај размисли малку зошто ти се допаѓаат тие три девојчиња. Можеби имаат нешто заедничко, а нешто по кое ти моментално трагаш.Можеби се дружељубливи и полни со самодоверба. Не мора да значи дека тоа е сексуална привлечност А за депресијата потполно те разбирам. Јас кога бев на твоја возраст го потиснував тоа со уметноста. Ќе читам книга, ќе слушам музика што ме релаксира, ќе пишувам нешто... Пробај и ти, и така имаш премногу слободно време. Прифати се прво самата и забавувај се во своето друштво.
Сите 3 беа различен тип. Едната беше бесна, сите ги задеваше (таа во четврто) сите смешки на часовите беа од неа. Втората малку беше повлечена, со долга коса, феминизирана, без многу самодоверба. Третата е многу кул, не е повлечена, ниту пак бесна туку нормална. И да, сигурна сум 10000000000% дека се работи за сексуална привлечност бидејки е чувство кога едноставно сакаш да ги гушнеш и бакнеш, а тоа го немам почувствувано спрема машко.
Не видов тема тешка депресија повеќе ќе се пронајдев... не можам веќе не се издржува... побарав помош во темата анкс. оти многу ми е поврзано анксот го имам благодарение на депресијата шо не ме напушта никако туку од ден на ден ми е се полошо... искрено помислувам и на најлошото, од дома немам никаква подршка ниту од пријателите... немам ни волја да излезам да се дружам не е како порано (многу порано) што било, па им е чудно како едно девојче кое секогаш било позитивно дружељубиво темпераментно сега веќе не го препознаваат и не им е интересно... прочитав 100000 совети за хоби занимација некоја да се најде но не, сум пробала се можно и не ми помага бидејќи не ме влече сега ама баш ништо едноставно волја немам... на психолог ми рекоја „не оди на фах нема да издржиш барај друго решение (цитирам: не си способна да учиш не си ти за над книга со саати?... а знаеме како е кога си без факултет денес како те гледаат и третираат барем тоа сум осетила имам работено та превише... Психијатар исто бев но... прича је та, ме гледа како весела ведра а не како пациент у буквална смисла пошо и настрана од тоа ми е добар пријател (роднина) па не ме сфаќа доволно сериозно :/ Љубов нема, ме напушти последниот за кратко време - па кој нормален сака нервозна личност до себе која не знае што сака од животот? Не го обвинувам ајде нека е така, може и подобро така што испадна ама таман ме подигна од калта (дека ова ми трае со гооооодини наназад) одеднаш така јако ме тресна од земја уште толку западнав. Дома дење ноќе, не знам зашто си легнам не знам зашто станам сабајле.... многу лошо се осеќам... скоро загубив милениче кое беше долги години со мене (повеќе од 10) и ме докрајчи. Немаат слух за мене дома се окупираат со СЕ друго околу нив а кога ќе ги седнам ни приближно не размислуваат како мене нити покушаваат да ме разберат ако веќе не можат да ми помогнат, не ми даваат ни пари за основни работи (смешно) ме тераат да работам во градов шо како прво нема работа а таму кај шо има платите се премали (не стига ни за еден оброк таму да си покриеш)... секој нормален сака да напредува да прави чекори во животот а мене нозе ми пресекоа на секој предлог шо си го имав....... Нов психијатар под итно ми треба се отрув од хелекс и само си го зголемувам не прашувајте како го добивам оти ни тоа не ми даваат да го пијам веќе а не можам без него. Не очекувам да ме тапкаат по рамо едноставно сакав да се испукам... фала ако ме прочитавте, долг пост ам со сори... поздрав до сите
е па ајде и јас да си ја кажам макатаа... пред скоро време раскинавме со дечкоми.... го сакав и го сакам сеуште....како причина ме наведи мене....јас бев крива за нашата разделба.... сакаше да бидеме другари да си останиме на едно здраво прифатив...се наогаме на улица се понашаме другарски...што едвај ми иде....ни сама не знам како можам да издржам....тешко ми е...последно време не правам ништо не се занимавам со ништо.....не знам од каде да почнам....како да продолжам....се плашам дека запајѓам во депресија.... што не го посакувам тоа...затоа што еднаш бев и не го посакувам тој период повротно во мојот живот...излегувам се забавувам со друштвото....ама кога ке си дојдам дома пак мислам на него....се осејкам виновна за некои работи и мислам дека сето тоа доведува до депресија..... и што е најлошо мислам дека и мајками го осети тоа и гледам дека на некој начин се обидува да ми помогне.....ама секој наш разговор завршува со караница од проста причина што немам на кого да ја истурам нервата и мора на неаа.... некој совет од вас?? и што мислите дали запајѓам во депресија со ова мое вакво однесување???
Можеби чудно ама вистинито имам 16 год. а се чувствувам нешто слично како ZoLaRisK! само што јас постојано глумам дека се е во ред и сите ме знаат како силно дете,кое не се замара со ништо.....но реалноста е дека не сум ни приближно тоа што тие мислат,навистина имам голем круг на пријатели ама неможат да ме сватат,постојано се чувствувам лошо,со денови не искачам од соба,плачам постојано,имам проблем кој ме мачи долго време неможам вака да го кажам, имам зборено со 1 другарка ама неможе да ми помогне и постојано инсистира да побарам стручна помош! Би разговарала со психолог или психијатар ама неможам сама да најдам и несакам моите да знаат!Одамна го нема она дете што бев среќно и лудо постојано и многу ми е жал несакам да бидам товар на никого со моите проблеми ! учам медицина и би сакала некогаш да бидам личност која ќе може да помогне на вакви случаи,затоа што многу лиѓе имаат потреба од ваква помош ама ретко кој се осудува да каже! Мислам дека ако некогаш успеам да си помогнам себе си ќе можам на сите да ви помогнам! Незнам што друго да кажам... жал ми е за проблемите кои ги имате.Фала ако воопшто постои некој кој ме прочита! поздрав
Најдете убавина во мали нешта. Бидете благодарни за она што го имате. Сконцентрирајте се и обидете да се чувствувате добро. Знам дека не е лесно. Но сигурно е полошо да мислите лошо. Мислете добро, позитивно.
Ми се има случувано да чујам песна и да ми текне на нешто што ми ја натажува душата и да си седнам и да си се исплачам..и тоа е моментална депресија, некој ти недостасува, проблеми или што и да е... Не сум била во некој таков долг период на депресија, да плачам со денови и да се нервирам или нешто слично, а се надевам ни дека нема да бидам.. Но како и да е, сите имаме тешки денови кои треба да ги пребродиме Живот иде даље.. Повеќето другарки кои ми се имаат пожалено за нешто и обично ќе побараат совет од мене, после тоа ми велат дека сум ептен смирена личност и сум добар слушател и родена да бидам психолог
Прво од кога ваквата ситуација ? И колку години си ? Читам на фах дека одиш ? Имам поминато слично ко тебе во животот до пред година патев од инсомниа . Искрено не3 да се фалам ама се сама пробав да се извлечам од сра.ава и пробелмите околу мене... Сама ама и со помош на музиката. Барем за почеток пробај да не легаш на туѓите милења дека си немала капацитет за учење или нз што ... Првин не си малоумна ебаго ... Друго ако више си на фах значи имаш над 18 19 години (Од искуство, извини вака што ке кажам) Ама и зашто да подлегнуваш на незаинтересираноста на твоите дома ? Едноставно собери сили , преспиј убаво на се разбуди се во нов ден и започни нов живот, погледни се во огледало и запомни дека си некој и нешто... Ако више живееш во мал град сигурно студираш во некој друг град.. што значи ете друга средина друг начин на размислување подруги луѓе... А за хелекс побарај стручна помош и тоа од не било кој мислам психијатар или психолог туку некој што има печат црно на бело ко што треба распрашај се и ке пронајдеш.
Вака... ова е одамна. Јас на фах не сум ни запишана иако со години го одложував од х причини но еве во последно време бев решена бидејќи друго решение не успевам да најдам, а секогаш кога ќе пробав да разговарам дома и да им кажам дека ПЛАНИРАМ да створам нешто да станам нешто, тие немаат слух за тоа едноставно, скапо им било, џабе пари давање после немало фајде и сл. изговори. Зошто? не знам. Може сама сум си крива дека на времето многу им допуштав и правев се што ќе ми кажеа па дури и средното го запишав по нивно инсистирање и сега сум во еден претесен избор за работа... Некогаш се тешам дека има и полоши случаи од овој па гледам, да не кукам толку и да ја прикривам тагата, но не секогаш ми успева... мислам дека веќе изби на површина а јас уште не најдов решение што со себе а имам повеќе од 20... сакав да одам да работам во друг град, барем друго е веќе изразувам желба да се осамостоам наместо да се среќни, не ми дозволија едноставно ме третираат ко дете од 3 години а немам моќ да се спротиставам бидејќи сеуште сум зависна од нив немам своја пара во џеб за да почнам било што. Порано кога работев, кога земав плати кои беа премали, а по цел ден р'мбав на работа, тоа не беше битно, не обрнуваа внимание важно по ќеф да им е местото небитно дали мене ми е одбивно камоли да го сакам... се друго им е битно, тука се за сите ама јас божем нивно дете.... а како на пат да сум најдена буквално. Ко клетва да ми е фрлена за бел ден да не видам... дури и ме зезаа некои, дека кај газам трева не никнува па ми викаа ајде кај мене помини низ двор, да не се мачам со косачката... А да си пробам така може ќе летне некоја дневница?
Паѓање во депресија-моето секојдневие Последно време депресијата ми стана моето секојдневие. Понекогаш се сомневам дека сум психички болна. Сакам да постигнам како некој во многу работи ,сакам да бидам почитувана вложувам напор но можеби не доволно ,нема повратна информација можеби сум искомплексирана ,но се прашувам зошто толку многу, да морам баш секоја ноќ да пијам лекови за смирување па да можам да се смирам ,кога ке се погледнам во огледалото, не не сум истата јас темните подочниците ми слегле подолу од устата,а тенот ми е премногу побледен ,цело време сум уморна неможам ниту да учам.
Леала мораш да ја најдеш причината за твојата состојба (ако не ја знаеш). Откако ќе си ги признаеш проблемите,стравовите на самата себе ќе биде мн полесно..престани да пиеш апчиња наместо тоа пушти музика и колку и да не ти е до тоа стани и почни да играш..после неколку минути ќе се почувствуваш подобро, секоја вечер пред спиење гледај некој смешен филм...напиши си ги твоите цели на еден лист и секој ден станувај со желба и волја да успееш да си ги оствариш..и труди се максимално за да почнеш да ги остваруваш целите. Сите ние што имаме слични проблеми(јас на пр имам проб со анкс.) те сваќаме и подржуваме..сите тие денови.месеци, години сто сме ги поминале мачејќи се не направиле мн силни само што ние се уште не сме свесни колку сме силни и колку можеме да постигнеме. позз
Мојот проблем Незнам зошто ова мене ми се сучува едноставно неможам да се издишам!Не можам да се пуштам во животот Не дека немам да јадам или пак немам што да носам се е ок ама несшто во мене не е во ред секокогаш си помислувам зошто мене?НИкој нема тоа да го свати (само не е љубовни проблеми)... Shakira,RIhanna,Beyonce,NAdal,Roger со овие луѓе се восхитувам на мојот успех (ако некој свати )НО сепак секогаш сум насмеана ќе чекам уште 6 месеци за да ми се случи најубавото..! Оваа тема ја отворив за нашите чуства што ги чуствуваме или имаме некој мал потрест од минатото!Ако не е во ред заклучете ја
Мојот проблем А што поточно е твојот проблем? И што е тоа што те тера да си стегната и да не си опуштена за уживање во животот? Можеш да бидеш малку попрецизна?
Ах леле, депресија.... Сум имала пред 2 години. Ми се случи нешто непријатно и во следствије на тоа имав депресија. Толку бев потанала во собствено самосажалување, што сакав да умрам. Не ми се живееше. Одев по улиците и плачев. Без причина, просто ми се плачеше и плачев. Бев нервозна, со никој неќав да зборувам, сите ме нервираа. И викав на мајка, се карав со нејзе, неќав да ми влегува во соба, без да ми е виновна за ништо. Не излегував со другари. Во таа состојба бев 6 месеца. Накрај мајка ми запиша час во Варна кај психијатар. Психолог е този, со кој си правиш муабети и ти ги решава проблемите со совети, а психијатар е доктор, кој лечи болни мозаци (така да го речам). Јас бев болен мозак и имав потреба од лечение. Сакав да се средам. Не отричав, дека имам проблем со себе. Морав да излезнам од таа дупка. Разбрав, дека , со тоа што ми се деси, не е дошал крајот на светот, дека животот си продолжува, дека ме е направило посилна, а не послаба... Направив еден муабет со доктора, предпиша ми лекарство-Коаксил. Со шекер за стимулиране на хормона на среќата. Почнав да ги пијам одма. На почетокот не ми делуваа. После 3-4 месеца дојде летниот сезон, почнав работа на морето. Бев многу затворена во себе, со никој не зборував. Дури ме мислеа за надуена, ама гајли ми е. Нека зборуват што сакаат. Кога ме прашуваа нешто, незнаев како и што да им одговорам. Се чувствував, како да идам од пештера и сега се учам да комуницирам со луѓе. Секој ден си имав ставено аларм за апченцето, имав надеж дека ќе се средам. Почнав да се опуштам, да се веселам со другите...Кога заврши сезонот и се прибрав дома, по интернет комуницирав со луѓе, се гледав со другари секој ден. Стварно бев се средила и се чувствував срекна. Почнав отново да го сакам животот. Тогава се запознав со Миле. Си писавме 3-4месеца по интернет и дојдов во Македонија да се запознаеме лично. Кога му кажав за проблема, кој имав, ми кажа, дека ќе ми помогне да немам потреба од апчињата. Да се чуствам добро и без нив. Да го сакам животот, без шекерната доза. И така и стана, после неколку месеца постепено ги спрев ( не се спират одма апчиња за депресии, хормони и т.н.) Еве, после година и пол идването ми тук во Македонија, не сум и близнала апче за депресија. Не усештам потреба, се надевам никогаш да не усетам, като се сетам какво преживеав - ад, како да бев под земјата 1 година.. Си ја удирав главата во зид до крв... Сега сум си како порано. Весела, насмеана, мила, дружељубна....го сакам животот, ги сакам луѓето околу мен, се радувам на се. Дај Боже да не испадна во депресија никогаш повеќе. Го молам Господа да ме поштеди од таа казна. П.С. Психиатара ми беше кажал дека, апче кога пиеш за депресија, не треба да го пиеш, само дури ти помине. Туку и 1 година после тоа. Ако не се пие, можно е да стане хронично и во лоши периоди од животот да те напаѓа депресија и пак да почнеш со апчиња. После кога се почуствуваш добро, да ги спреш и така...тоа е грешно! Ако правиш така, ќе дојде момент, во којто колку и да ги пиеш апчињата, нема да ти помогнат. Просто депресијата веќе нема да се лечи. Ем верувам, ем не верувам во ова. Уствари незнам, просто ги спрев апчињата. Ги пиев 1 година и пол, скоро. Се надевам да не ми стане хронично Както и да е. Поздрав девојки, само да ви кажам, ако имате депресија во тешка форма, појдете на доктор. Сакајте упод за психијатар и си вземете соодветното лечение...Нема ништо страшно, нито срамно во тоа. Както телото боледува понекогаш, така и мозокот боледува. Секој ден испадаме во мали депресии, но не бива да дозволуваме да се доведат малите до големи и комплицирани депресии. Опасни се депресиите, може да доведат недај Боже до самоубиство...Ја бев тргнала по тој пат, за кое ми е многу жал и ми е грев, али мозокот кога не е во добра состојба и има потреба од помош, просто треба да ја побараш, без да се срамиш или инатиш!!! За твое добро е!!!
оооо прасјте ме како ми е патам веке 5 месеци од таа пост породилна депресија и уште не ми поминува,страв ме фака и ако продолжи вака сакам да одам на лекар... а цела работа е со ми смета сопругот да гледа порно,мислам дека гледа оти по порагајот градите ми виснаа стрии и вишок килограми....и постојано пијам в6 витамин и некако ја терам на арно,ми вика сопругот дека нема врска со мене ама како да ми вика некој од внатре не е така
Да генерализираме дека мажите се такви ,порното за нив е секојдневие,освен ако не гледал до сега откако сте заедно,што претпоставувам нема шанса.Тие се машки фантазии ,пушти го ти тоа,мисли на себеси,најди некое хоби ,нешто што ќе те расположи,пробај со нешто пак да го заведеш маж ти ,сигурна сум дека не е ништо страшно,белки и он е свесен дека ти тукушто си се породила .Ами ако не и ти пушти си порно,па да видиш како ќе реагира ...
Здраво девојки. За жал и јас имам искуство со депресијата, ми се појавува периодично и трае секогаш различно. Последен бев депресивна пред 1 месец, и еве денеска чуствувам како повторно ме навладува она чувство на анксиозност, незадоволство од се, само боцките по телото да не ми се појават пак. Она што јас го минувам не е важно, ќе го издржам, единствено нешто што ме плаши е начинот на кој се однесувам со другите, посебно со мојот дечко. Мојата ситуација е следнава, не сум вработена веќе една година, имам завршено факултет, лоша финансиска состојба дома, и сето тоа ми се собира, додека дечко ми успешно си работи по струка, секојдневно има различни обврски бидеќи има 3 работни места, и јас се чуствувам како запоставена. Се плашам дека сето тоа е во мојата глава, дека самата депресија ми влијае врз разумното расудување на ситуацијата, и цело време го замарам. Тој си работи, наоѓа време за мене, за неговите пријатели, но јас што правам? Пример, ќе испадне со другарите и јас си мислам, зошто со нив, оти не со мене, не ме сака, од друга страна, леле што ми е, не смеам вака да се однесувам, и ја сакам да си ги видам пријателките... Цело време лоши мисли имам, за се ми е тој крив, од една страна мислам зошто не сум му најважна, он се треба да остави за мене, од друга страна, не смее да остави, тоа му е работа. И многу други примери... Тешко ми е, тешко се справувам, не знам дали врскава е лоша сама по себе или е лоша поради моите депресии. Помогнете ми со некој совет, како реално да ги гледам работите а не песимистички, како да си ја подобрам врската, да бидам стабилна личност - девојка на успешен човек.