Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    ВО врска со погорните коментари, сакам да споделам искуство. Сите во тие тинејџерски години (скоро сите), сме поминале низ слични искуства од типот „смачено од животот“, „ме сака , не ме сака“, ама и посериозни проблеми, на пример развод на родители или смрт, болест...Често во тие години најлесно решение на проблемот изгледаат апчињата за смирување или скраја да е, самоубиство. Доколу се соочите со овој проблем, колку и да изгледа во моментот безизлезно, речете си „фаза е, ќе помине“ и само оптимистички мисли иако тие во моментот се нешто што ни на крај не паѓа.
    ОД блиски роднини имам братучед кој си го одзеде животот на 23 години поради должење пари или комар и родителите поминаа и уште поминуваат низ пекол. Затоа вреди да се размисли неколку пати, значи не е само ние да се спасиме од маките, туку и околните, блиските, ги ставаме во уште поголеми маки. Дали го заслужиле тоа од нас?Да им го згорчиме животот. Некогаш не живееме само за сбе, треба да мислиме и на другите. Секој проблем има решение, секое прашање има одговор. МОжеби не конкретен или ен доаѓа на време, ама постои надежта дека ќе го добиеме. Депресијата е минлива фаза, само треба да се избориме со неа. Која е па таа (депресијата) да го оживее животот наместо нас?!? :*
     
    На Gorgeous13 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    67
    Здраво на сите. Јас сум новичка :$ . Имам голем проблем со кој моментално се справувам. Паднав во депресија пред 3-4 години и сеуште неможам целосно да се опоравам. Посетувам психијатар којшто могу ми помага. Се започна со плачење од време на време за работи кои сметав дека сум ги погрешила во живот, почнав да го препуштам животот во рацете на сите околу мене, станав пасивна, не ми беше гајле за ништо. Работите почнаа да одат надолу, караници дома, неуспех на факултет, караници со дечко ми, гледав како сите одат напред а јас тонев па ми беше уште потешко. Моите дома се караа, мајка ми се оддалечи од нас, не запостави, со татко ми се караа а не гледаа дека мене ми беше потребна помош... ми требаше помош а никој не забележа, ми велеа.. - што си таква, немтур, насмеј се малку... или- пушти ја таму таква си е таа родена :( Како и да е, долга приказна. Работата е, депресијата не е било што и немозе никој сам да се справи со неа, потребна е стручна помош од психијатар. Јас откако почнав да одам на терапија се чувствувам многу подобро, ми се зголеми самодовербата и желбата да го градам своето Јас.Почнав да се грижам за себе и да се смеам повеќе. Единствено требаше да си признаам дека боледувам од депресија и дека треба работите да ги преземам во свои раце и да барам помош. Тагата полека но сигурно си оди во минатото и таму сакам да остане. Лечењето бара трпение , не поминува преку ноќ.
     
    На cheesecake му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Има многу постови кои расположуваат, и фала им на сите што напишаа толку позитивни зборови. :)
    Сакам а посетам психијатар но незнам како тоа да им го соопштам на домашните. Другарките мислат дека сум луда, лажга, или да не ги нарекувам другарки повеќе... Често се чувствувам како да немам никој околу мене. Најситните, најмалите глупости ми изгледаат како огромни проблеми, а за вистина огромните низ кои што сум поминала да не споминам. Незнам зошто да живеам... Само за родителите, сестрата, да не ги повредам, можеби. Сум се обидела и со другарки на кои им верував да зборувам, мислев полесно ќе ме сфатат тие затоа што сме на иста возраст, но никој не ме сфаќа сериозно. Како да барам внимание им изгледа... Не сфаќаат, не знаат како е. Вака ми е одсекогаш... некои ќе ме наречат само плачка. Уште од мала сум била “мрачното дете’’ на сите... Најемотивната, таа што секој може да ја повреди. Имаше период кога имав една другарка и мислев дека не било ништо сериозно, дека конечно излегов од таа некоја фаза. Откако ми сврте грб сега ми е полошо отколку што ми беше предходно. Не верувам да е вистина толку лошо затоа што неа посреќна не сум ја видела. Само мене ми е вака секогаш. Еден збор и цел свет ми се урива..
     
  4. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Мене еден период ме обзема многу грдо чувство.
    Најважно од се’ беше тоа што имав луѓе до мене, луѓе кои ми пружија потпора и што беа со мене и физички и психички кога во 1 саатот по полноќ им се јавив и плачев...
    Не знам што би направила без таа потпора и утеха.
    Јес да депресијата понатаму сама од себе си помина, како што течеше времето, но патот низ неа беше многу полесен со луѓето што беа покрај мене.
     
  5. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Мене на моменти ме фаќа депресијата.. не трае долго ама знае да ме фати. Еве на пример денес, цел ден супер ми помина. Бев среќна и сега вечерта, почнаа да ме напаѓаат мрачни мисли. Има некои причини да се чувствувам така, ама не до толку да паѓам во депресија. Одма почнувам да си мислам на тоа што било, дека една другарка ми го сврте грбот а бевме како сестри.. Не да немам сега другарки и другари, имам многу блиски другари но сеуште неможам да ги прифатам како блиски.. А да ги чувствувам како блиски, се би се променило знам.. Најчесто кога ме фаќа депресија сакам да си седам и да молчам цело време овде во мојата соба, да не ме види никој. Несакам некој тука да дојде па да ме испрашува што ти е па совети па ова она. Доволно беше што одев на психијатар лани (тогаш имав многу проблеми, па ми попуштија нервите хх)па и сега да покажувам слабост, Ми минува од време на време, некогаш и цел ден може да ми биде таков. Мада ме нервира ова, несакам уопште да ме фаќа депресија за ситници ама то е.
     
  6. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    Не да ме има фатено депресија вечерва... побудалев :( и самата не знам зошто, едноставно тажна сум, расплакана, како се да е против мене, не знам, не знам како да ви опишам :( ;( ;( ;(
     
    На Teresa94 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Ја те сваќам како ти е и мене ми се случува ова.. Вчера тажна а денес мислиш цел свет мој е :D ;)
     
  8. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    хахаха кажи а :rofl: добра сум денес, колку толку не во целост али ипак се опоравив :lol:
     
  9. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Абе ќе се опраиш, утре па и една чаша вино хх да ни појде празникот :P
     
    На Meckicja и Arianna им се допаѓа ова.
  10. Arianna

    Arianna Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    145
    ООО не да се опраив сношти, ко' нова бев не знаев кај терам :lol: :lol: :lol: ти го пожелувам истото :lol:
     
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Не знам што е дали депресија или нешто трето, но во последно време расположениево ми е катастрофа. :x Три дена сум добра четвртиот не чинам, ќе се искарам со домашните, се нервирам, плачам, триста мисли ми поминуваат низ главава.
    Се случува да седнам да размислувам и да плачам, некогаш така и се олеснувам.
    На моменти многу ми е тешко мислам дека никој не ме разбира, не сфаќа како ми е, а можеби тоа е така дека се си земам за себе, а и така си ќутам си чувам во себе...
    Дајте некој совет да не мислам и да не се замарам толку. Ми треба некоја позитивност во мене, не сум таква личност напротив јас колку што можам се трудам да бидам оптимист и оптимистички да гледам на работите, но во последно време не ми оди. :(
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Веројатно ти е период. Сепак не сме машини туку луѓе со емоции ... Е ако ти се случува ова во период само кога си во ПМС тогаш е нормално, жени сме комплицирани и хормоните ни се откачени. :) Но ако ти се случува почесто тогаш веројатно има некоја причина која си ја потиснала и која те доведува до ваква сосотојба. Седни и размисли што е тоа што би можело да те доведе до ова ... А ако не тогаш е веројатно општ замор во смисол пад на енергија, расположение, волја што се случува кај сите. Не можеме да сме цело време насмеани, расположени и енергични нели ... Опуштај се со мали нешта кои знаеш дека тебе те исполнуваат. На моменти ќе ти помогне. :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604

    Уфф колку често ги имам овие периоди и да, степен на депресија е. Јас кога почнувам да се карам со сите ставам слушалки, удобни патики и одам да трчам, пешачам, ќе си ја извадам сета негативна енергија, па потоа еден убав миризлив туш и едно јако кафе и како нова сум. :)
    Пробај, може ќе ти помогне :)
     
    На savana и Angel.girl им се допаѓа ова.
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Савана , можи и да е до период ... Али за д ане би чекала да видиш до што е , мој совет е да регираш на време, зем на пример излези некаде, прошетај разговарај со твои блиски, пробај отвори се пред твои дома , земи замини у некој др град кај роднини и слично, и шо е најбитно ... Слушај само позитивна музика ... Значи музикава како шо може да влијае на човека ништо не може, за таа цел искористи го само позитивното од неа ... И секад вака кога ке се почуствуваш само излези надвор, макар и на 5минутна прошетка ;)

    Ако више ова почне да трае и да трае, побарај стручна помош, односно разговоро со психолог или психијатар 8) Не е срамно :!:
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  15. B.Bardo

    B.Bardo Активен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Мојот живот од кога знам за мене е една голема несреќа. Никогаш не сум имала вистински другарки, големо друштво, искачања, забави... ништо од тоа. Имам еден проблем и свесна сум дека тој е зачетокот на сета депресија. Но тоа е проблем кој навистина не може да се реши. Како да ми е предодреден од раѓање и секогаш да ме мачи. Неможам, никој не ме сфаќа. Јас кон сите сум се поставувала искрено, фино, за сите било како на крај да испадне дека не ме сакаат крај нив. Како да им носам негативна енергија, никој не ме ферма. А постојано сум насмевната, на почетокот кога ќе се запознаам со некој се се одвива добро. Дури многу ми викаат дека зрачам со харизма. И за да по некој период, како некој да ми направил магија, да се расипат односите со личностите кои сум ги запознала. Умирам полека, доста долго. Никаква социјализација немам, па на се гледам црно, само сакам да спијам и да не мислам на ништо. Што и да почнам не успевам среќно да го завршам. Како да сум од друга планета, незнам да комуницирам со никој. Имам дечко кој одлично ме познава, запознаен е со сето ова. Се прави да ми помогне. Но еве и во врската сега исто. Осеќам како полека го губам поради мојата депресија. Честопати знам да му кажувам сурови зборови само за да си оди далеку од мене, за на друго место да биде среќен. Неможам да се опуштам со него поради сите комплекси кои со години ми ги предизвикуваа ептен лоши луѓе. Јас сум премногу кревка, мојата самодоверба е на 0. Би ве замолила, ако има некој со ваков проблем, кој го пребродел да ми пише совет како и јас да успеам да живеам.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Јас овие неколку дена тонам во депресија.. На училиште се трудам да сум насмејана, друштвена ама малку потешко ми оди. Несакам да ме гледаат како намќор. :worried: Можеби ова е поради тестовите. Незнам, цело време ми се вртат лоши мислења како мене никој не ме сака, немам никакви другарки. :( Сакам дома да си седам, сама да сум. Ама немам прилика за тоа.. мора секој ден во школа да се преправам дека сум среќна и тн.. -.- Ми се смачи веќе
     
  17. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Jas sum vo golema depresija ;(
     
  18. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    а јас што да правам?? се ми а наопаку, е*ате хороскопот што ми се паднал мене. последниот испит да дипломирам го паѓам 20 пати глупавиот професор не ме пушта, уфф земја да нема да го закопаат, второ мајка ми како маќеа ми е секое идење од работа се истура врз мене без некоа посебна причина, дечко ми осекам дека почнува да ме вара, и тоа ме ваде од кожа што неможам да го фатам, и така додека сите овие работи ми се случуваа некој период, еве деновиве си добиа свое значење, потоната сум скроз, не сакам да се разбудам кога легнувам да спиам, повеке од 6,7 саати не ни можам да спијам, а пред тоа знам дека спиев и по 12 саати малку ми беа, не јадам еве 2 дена, ме фати пролив, се што ке прочитам ми удара во глава да плачам, се е некако тажно, безнадежно, не бев јас ваква... сите што ме познаваат знаат дека секогаш јас бев таа оптимистот, таа што безрезевно делеше совети и секогаш бев насмеана, ништо неможеше да ме разочара.. каде ми е насмевката? што ми се случи? јас вака уште малку и ке умрам ;(
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.210
    Допаѓања:
    10.202
    Пол:
    Женски
    Периодов што го доживувам,не знам дали можам да го дефинирам со поимов ама некако така ми изгледа...
    Немам желба за ништо, не помнам кога последен пат се насмеав и кога последен пат јадев како што треба.
    Си ветувам сама на себе дека наредното утро кога ќе се разбудам, ќе се разбудам насмеана и позитивна како што бев пред неколку недели и сепак...Се будам намуртена, без желба да станам од креветот и да го зграпчам новиот ден.
    Кога некој ќе ме праша што ми е не го знам соодветниот одговор.Немам единствена преголема причина за да го чувствувам ова, ми се насобраа многу мали работи кои ја поминаа границата на мојата издржливост и затоа не знам веќе што да направам.
    Не му верувам на никој, всушност се чувствувам премногу осамена,тоа е тоа што ме мачи и што ме турка на земја одземајќи ми го последниот здив. Другарки? Не, тие се премногу користољубиви.Сите до една...Добри се за забава,за трач и останати работи но ниедна не е доволно вредна за да и кажам се.
    Мајка ми не би ме разбрала. Сестра ми па ич. Дечко немам...Некако откако ја раскинав долгодишната фарса сите гледаат на мене како некој предмет што може да го искористат и фрлат.Среќа што не дозволувам да го прават тоа инаку немаше да си го најдам крајот досега.Изморена сум од тоа да бидам сама,изморена сум од сите околу мене што откако ќе ме исцедат максимално си одат оправдувајќи се со најразлични и добри оправдувања,ама сепак боли,знаете? Премногу.
    Не сакам да го чувствувам сиот овој товар на олку млада возраст.Си ветувам секоја ноќ дека утре ќе го снема,но навечер го сонувам,го влечам со себе и наутро го има,повторно.
    Веќе една недела ме мачи несоница навечер.Викендов и вчера качив температура.Сонив илјада соништа и веќе почнувам да бладам бидејќи не знам што од сето тоа што ми помина низ главата сум сонила,а што е реалност и што всушност се случило.
    На репертоарот на музика ми се тажните песни што ме погодуваат во срце, ако не спијам тогаш плачам или зјапам во некоја точка молчејќи.
    Сакам да излезам од ова неподвижно поле и сакам да се насмеам искрено,а не лажно но не можам.Единствено нешто што вистински го сакам е да лежам по цели денови.Немам желба за ништо,ниту за излегување,ниту за учење,ниту за правење муабет со некого.
    Многу,многу ми е лошо.
    Не сакам да го читате постов ако ви е предолг,само сакав да го напишам она што го чувствувам и што ми лежи на душата.....
     
    На lola-86 и Dgirlll им се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Најпрво, овој период, премин од едно годишно време во друго, е најчест период кога се јавуваат депресии, нерасположение. :!: Значи, не си само ти, повеќето се жалат од некоја тага, нерасположение, празнина која ја чувствуваат во себе. :worried:

    Тоа со дечкото - не си ни прва, ама за жал ни последна која излегла од некоја врска повредена (или било каква), и најнормално е тоа да ти паѓа тешко. Но, времето лечи се`. ;)

    Дека сите те гледаат како крпа само да те искористат - така е , само ти ако дозволиш да биде така! :!: Затоа, седи понастрана од таквите луѓе, кои на било кој начин сакаат да те искористат или наштетат. Цени се себе си, за и другите да те ценат.

    За другарките, потполно се сложувам, зошто и јас имам преполно другарки за шетање, забави, оговарање, ама вистинска другарка, која знае што значи другарството немам. Затоа и јас гледам со нив да се забавувам, барем тоа, кога не можам друго. Иако ми фали вистински пријател. Ама, верувам дека ќе најдам и таков.

    Мајка ти е посебна приказна, и повеќето млади сме во конфликт со родителите. Ние не ги разбираме нив, тие нас, и така во круг. Ова кризно време, беспарицата, начинот и менталитетот на живот кај нас многу придонесуваат за тоа.

    За сестра ти ми е жал (не знам колку год. сте разлика), ама сестра ти би требало да ти биде најдобра другарка. Ти знаеш каква ти е релацијата со неа, но потруди се (ако и таа сака) да се здружите и зближите повеќе. Поубаво нешто од сестра нема. Вие треба цел живот да си бидете десна рака и помош.

    Ако немаш желба за ништо, немој. Седи. Слушај тажни песни. Лежи. Ќе ти помине и тоа чувство со сигурност. Ќе те здоболи кичмата и главата од кршење кревети, па ќе излезиш негде.
    Допрва ќе биде потопло и сончево, верувам дека ќе се разбудиш од зимскиот сон и ќе почниш да уживаш во животот и секојдневието пак. :) ;)
     
    На lola-86, imelda и baguf4e им се допаѓа ова.