Баге , ќе ти кажам дека е многу нормално. Ќе се чудат сега зошто ова го кажувам?! Па во твоите години на созревање и развој, на осознавање на животот и реалноста се повеќе, искусување љубов, тага, радост ... мака, проблеми и сл. нормално е да има вакви периоди. Ова се периоди на искушување до каде можеш и колку можеш. Те сфаќам потполно, ова е период и ќе ти помине. Ама не смееш да дозволиш да те совлада. Не сфаќам како мајка ти, сестра ти и другарките не можат да те разберат и сослушаат ама па и до некаде сфаќам затоа што кога мене ќе ми дошле вакви периоди навистина сама сум ги поминувала или имало по некоја другарка да ме сослуша. Најважно е да не си цело време сама затворена дома, сега треба најмногу да си активна. Ти се плаче исплачи се, најди си занимација, еве тука на форум искажи се .... Флертувај, давај си шанса да си запознаваш момчиња. Сега немој пресериозно да сфаќаш се. Уживај си користи си ја слободата најубаво што знаеш и немој многу да си ставаш на срце. А за периодов биди сигурна ќе ти помине. Во случај ако приметиш дека се развлекува тогаш побарај помош од психолог, нема тука ништо страшно. И сакај се себе, биди со самодоверба ти имаш то да покажеш.
Заборавив да напишам нешто во претходниот пост, ама еве го мислам општо за сите депресивни, или понекогаш нерасположени лица. Ако си тажен, нерасположен, ти се плаче, сакаш да слушаш тажни песни, сакаш само да лежиш в кревет и слично, добро правете го тоа! Точно е дека треба да излегуваш, да се дотеруваш, да шеташ и се дружиш со ведри особи, да се натераш самиот себе да станиш од кревет и да излезиш надвор. Ама, кога се прави тоа, честопати се потиснуваат првите чувства. Со сила излегуваш и резултатот е дека меѓу сите луѓе делиш лажна насмевка, сите се смеат од срце, се смееш и ти, а во тебе плачиш. Дотерана си, ама се чувствуваш како најгрдата девојка. И така сите `негативни` емоции се потиснуваат во нас, ги скриваме, ги таложиме. И поминуваат месеци, години и некогаш ќе се преполни чашата, ќе избијат сите тие чувства, нема да можеме да ги контролираме. Тие ќе не` контролираат нас. И не ќе знаеме да излезиме од тој лавиринт. Затоа, ништо не треба да се потиснува. Ако нешто ви пречи - слободно кажете. Ако некој ве повредил - кажете му. Ако некому сте му згрешиле - извинете му се. Ако некого сакате - кажете му, утре можеби ќе е касно. Ако сакате некого на прегрнете - прегрнете го. Ако ви се плачи - плачете. Ако ви се лежи в кревет - лежете. ИТН. Само не се залажувајте себе си и другите. Не ги скривајте и потиснувајте чувствата. Најмногу помогнува прошетка во природа, во зеленило. Не по кафичи. Некаде каде можеш да поуживаш во природата, да вдишиш чист воздух, да размислиш за многу работи. Практикувајте пешачење, возење велосипед, кој што милува, тоа.
Депресија- заборавив што беше . Во последно време сум толку ојачана карактерно, што мислам дека тешко би паднала во депресија Се сметав себе си за депресивен човек, ама очигледно некои работи во животот може да ти го докажат токму спротивното- Никогаш реално не знаеш колку цврст карактер имаш, се додека не ти се случи некоја драстична промена во животот
Здраво на сите феминки за почеток . Јас незнам што ми е периодов ..на сите викам сите ми се нешто криви , на училиште не можам да ги поднесам школските..некако многу негативно сум расположена . Можеби ме погодија некои кризи во семејството незнам . Многу сум несреќна , ми е смачено од едноличноста во животот. од школо дома од дома нашколо и чат пат излегување со другарки . Би можеле ли да ме посоветувате што да правам да си најдам некоја активност со што би ми се подобрило рапсоложението .Наивистина незнам што ми е.
имам другарка на која истото и се случува на моменти ама за кратко време и поминува исто како ништо да не било. Гледај на работите позитивно што и да е ке помине повеќе време поминувај со другарките излегувај и дружи се. Побарај си некоја активност која ке ти го исполнува денот и ке ти ги тргни мислите од негативните работи.
Ми треба од време на време по некој „шамар“ за да се освестам. Знам да бидам депресивна на моменти, еднаш поодамна дури и бев на работ на опасна депресија. Почна да ми се пореметува се околу мене, премногу негативни секојдневија, си се трупаа проблемите...најлошо е да почнеш да се самосожалуваш и да кренеш раце. Кога ти е дојдено преку глава од се' , доаѓаат такви мисли во глава, некогаш можеш да се носиш со тоа, ама некогаш и оставаш „ветрот да те носи“. После некое време игнорирање на проблемите, безволно носење одлуки коишто најчесто се погрешни, стигнуваш до некоја точка на кулминација каде што е се или ништо. Во случајов кај мене беше преродување, како феникс од сопствената пепел. Не си дозволувам веќе такви циркузи, баш такви некои шамарчиња ме враќаат во колосек. Сакам да мислам дека зајакнав како личност, можеби и пораснав, созреав, колку толку можеби и поднаучив да играм со она што ми се нуди и најважното, да не си земам се при срце.
Потполно си во право дури и повеќе од вистина е ова. Познавам една личност што е во ваков период. Си има причина можеби за тоа. Мајка и е почината додека таа била се уште мала. И тоа тешко го пребродува. Е сега читајќи го ова се сетив на неа. Таа постојано се затвора во соба и лежи в кревет, не излегува, избегнува друштво е што викаш така се смее ама со сила. Пробав да разговарам со неа и мислам дека многу и пречи во животот тоа што е таква. Делумно ја разбирам нејзината мака но не и тоа што онака се однесува. Како да ги избегнува сите. Многу брзо се вреѓа. Да не речам и премногу осетлива е се влијае на неа. Човек што не ја познава и што не знае за што е таква мисли дека се работи за премногу ископлексирана личност. И јас прво така си помислив. И пречи тоа што ја сожалуваат постојано. Не знам како да кажам. Депресијата и прави и проблеми да се снајде во каква и да било ситуација во животот. Јас сакам многу да и помогнам да излезе од тој пекол што го минува но не знам како да ја советувам и како да и помагам. Некогаш мислам и дека немам право да и се мешам во животот. Сестра и ја советувала за тоа но таа го сфатила во смисла демек ја прави да се чувствува виновна заради тоа што е таква. Жално многу колку човек може сам да се уништува
можно ли е, депресијата да настапи во момент кога немаш пари за ништо,ни за да излезеш на кафе,ниту пак во диско, ниту пак да ги задоволиш основните потреби, а капак на се во тој период студирам, и немам шанса за никаква работа, (имам 19 години) , плус на се тоа неможам ни со другарките да го задржам односот, бидејки тие си излегуваат, а јас неможам,понекогаш доагаат кај мене, но јас поретко кај нив, всушност се ми е свртено наопачки, родителите ме советуваат дека е период кој ке мине,но никако не поминува, и жал ми е кога ги гледам дека неможат да ми дозволат некои потреби, но јас само со тоа се затварам во себе и се потиснувам, а имам многу идеи кои би можела да ги остварам кога би имала можност плус, но тоа сигурно би било кога би заврсила со факултет, сега сум прва година, а до трета има уште 2 години кој е голем период за уште по депресивни денови до сега... сакам да верувам дека ќе издржам, но незнам како ќе влијае тоа на мојата психичка состојба... сакам само мислење, се надевам секогаш на нешто подобро !!!
Ако живееш во Скопје и имаш слободна за автобус(а и ако немаш, размисли за варијанта пешки) пробај да искачаш на бесплатни места. Мислам на разни културни манифестации: промоции, концерти со ознака влез слободен, изложби и сл... Вистина, нема да бидат секогаш таму оние луѓе кои ти би сакала да ги видиш, ќе има и старци, но подобро некакво искачање отколку никакво! А понекогаш ќе има и бесплатна пијачка и некакво мезе... А и ќе видиш, чуеш, доживееш понешто интересно и после вечерното туширање ќе си легнеш и ќе си велиш еј ама имав богато исполнета вечер!
Во тешка депресија сум,сакам само да спијам.Не знам до кога вака,ама трае долго........... Немам ни волја да си ги искажам емоциите дури ни на форумот.Читав наназад постови и и јас саум во таква состојба.
Сите сме имале вакви моменти,но кај некого тоа трае подолго.Дружи се со луѓе што ќе те насмеат,ќе те расположат.Прави нешто што знаеш дека ќе те исполни.Ако не си помогнеш сама себе,верувај никој нема да ти помогне. На крајот секако дека ќе успееш да го надминеш ова
Не се земааат без само со рецепт. Ќе одиш на разговор не мора кај специјалист туку можеш кај матичниот, ќе кажеш каква е ситуацијата и ќе ти препише ако е некој полесен антидепресив, а ако е проблемот поголем и треба нешто посилно тогаш психолог или психијатар обавезно. Не може на своја рака
Еве ме и ја се приклучувам на темава ... Мене не што ме мава депресија ами и носталгија за родниот ми крај, за државава ни наша. Значи овдека буквално се сронив психички, ако сум со моите, ако и брат ми е тука, ама неможам да поднесам да сум овдека, немам ни пријатели тука, ни ништо. Излегување стриктно со мои дома , а сама шетање ретко оти не е баш најсигурно овдека... И се така до Август. Барем да ми дојдеше некој овдека, барем некој да имав не ке се осеќав вака. И незнам ни како да излезам од ова, освен да си чекам да си пројде време...
Луѓето размислуваат на многу неправилен начин. Не значи дека дете на 15 години не може да е депресивно. Пубертетот е најчувствителен период, може проблемите не се исти како оние на возрасните, ама изгледаат тешки и нерешливи. Под ова не подразбирам неостварена љубов, туку проблеми во семејството, развод на родителите, отфрленост од друштво или семејно насилство. Решението не е да се посегне по животот, тоа според мене е голема храброст и во исто време голема глупост. Таа личност треба да добие помош од родителите и најблиските па ако има потреба и од психолог, а не да се обвинува дека сака да добие внимание.
Готово,чим и мајка ми ми вика дека сум падната во депресија тогаш тоа е стварно така. Со по два-три Б-комплекса сум на ден за да се смирам.Последниве случувања ептен ме променија. Од дома не ми се излага,не сум наспана.Со саати седам покриена гледајќи во прозорот и сеќавајќи се на убавите моменти кои што сме ги поминале заедно..и наеднаш БУМ нив ги нема веќе. И плус дома семејни проблеми,тоа ми дојде како шлаг на сето тоа.
многу сум депресивна, животот нагло ми се смени за 90 степени како да спијам и сонувам така се чуствувам со надеж дека ќе се разбудам и ќе завршат овие лоши денови што доаѓаат како нарачани и ме утепа монотонија веќе сакам нешто ново, нов правец да фатам во животот а ова време да го закопам длабоко и таму да остане заборавено се чуствувам како да тапкам во место и ги гледам другите како одат напред сакам ова да заврши.Секој ден се будам со истата мисла до кога вака а годините не чекаат