Депресија

Дискусија во 'Психологија' започната од madzarovska, 30 ноември 2009.

  1. freebird

    freebird Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Едно големо фала до Ина, навистина убаво размислување. Во последно време решив да не излегувам многу и да се посветам на себе. Минувам повеке време со семејството и имам време да размислувам. Сватив дека мојот проблем се состои во тоа што им дозволувам на лугето да влијаат врз мене. Премногу влегувам во деталите на нивните проблематики и ги заборавам моите приоритети. Сетоа тоа беше поради тоа што сакав да бидам добар другар и да сум фер, ама како и да е, тоа не е изводливо и колку и човек да се труди не може сите да го сакаат. Така да решив да научам да се сакам самата себеси и да престанам да се трудам другите да ме сакаат. Повеќе нема да се збижувам со никој, туку ќе бидам дистанцирана. Факт е дека вистинско другарство многу тешко се наоѓа, а јас со моето искуство очигледно не го пронајдов, па ќе си бидам другар сама на себе и нема да чекам потпора од никој. И што е најважно, не треба да дозволам на никој да си ја пружи таа слобода да може да ми каже било што. Уште на почетокот на разговорот треба да се спречи соговорникот, или пак да се поставиш пред лугето така што ке се чувтвуваат неудобно да сакаат да ти кажат нешто кое би те повредило.
     
  2. westside-girl

    westside-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Има нешто депресивно во годинава,или мојот депресивен поглед кон неа ми ја прави таква.
    Значи никогаш не ми било вака...да не ми оди на ниедно поле. Мн заглавив со факултетов годинава,до лани бев многу амбициозна и мотивирана и сакав да постигнам нешто во животот на факултет се си завршив во рок а се трудев и да имам некои воннаставни активности што ќе ми помогнат да напредувам во животот,но потоа дојде летото ,се правеа планови за одмор а мене ме мачеше помислата дека иам 20 години и сешуте барам пари од моите како додаток беше тоа што некои мои другарки веќе си работеа,па почнав да работам и тоа се продолжи малку до првите колоквиуми и некако истите не успеав да ги спремам.Потоа прекинав да работам но некако желбата за учење ми се изгуби,се повеќе гледав примери на луѓе што успеале без факултет,а луѓе со истиот седат дома. После такво соочување со реалноста тешко е да останеш мотивиран и да фатиш книга,и ги паднав и сл испити и колоквиумите после нив и др.испити. И еве ме сега стојам пред августовската сесија...и постојано се обидувам да си ја вратам мотивацијата но залудно воошто не ми гајле за факсот,изгубив волја за се.Но летото ми изгледаше долго за без џепарац па си најдов некоја работичка,но со газдите немавме исти погледи кон светот па настанаа некои недоразбирања или они си ги направија истите во секој случај веќе не работам и тоа ми падна толку тешко и многу ме повреди,иако не ми се допаѓаше работата ниту плата а особено не ми правеа мерак газдите,но начинот на кој се испонашаа на крај навистина многу ме повреди и постојано се преиспитувам себеси каде згрешив што после толку мислење почнав да верувам дека човекот е во право а добро знам дека нема ниту една вистина во неговите зборови .Веќе подолго време т.е. од првата работа најстојував на тоа сама да си се издржувам и барањата од моите ги сведов на минимум,па сега додатна траума ми е тоа што морам повторно да барам пари од моите,односно уште еднаш да признаам пред нив дека не сум успеала.За одмор не размислувам поради тоа што ме чека полагање за неколку дена ,а и џебовите ми се ептен кратки периодов.
    Љубовниот живот периодов ми е тотално разочарување, и тоа трае од почетоков на годинава.И после толку разочарувања толку неуспеси човек се полни со негативна енергија,па почнува се околу да го нервира па така јас почнав да се трезнам на моите дома и сега односот ни е тотално уништен а најстрашно е тоа што некако се обидувам нив да ги окривам за се што ми се случува па не се ни трудам да ги поправам односите.
    За среќа тука ми се другарките т.е. барем една од нив, секогаш знае што и како треба да ми каже за да ме врати на нозе и постојано ме полни со позитивна енергија.но не ми е доволно некако.па утехата ја побарав во храната и сега качив точно 5 кг плус.алал да ми е.
    И најтешко од се ми паѓа тоа што пред другите морам да ставам насмевка и да бидам најпозитивната особа на светот и да викам дека е добро,а само добро знам дека воопшто не е добро.Ни најмалце не ми е добро...
     
  3. malena87

    malena87 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Се чувствувам депресивно, осамено.... долго време го чекав оваа лето и на крај нема со кој да одам на одмор. :(
    Овој период кога мене ми дадоа одмор од работа и кога сум во финансиска можност да заминам некаде немам со кој да одам, ниту една од другарките не е слободена или веке се има договорено за покасно што мене не ми одговара од работа...
    А што е најжално имам и дечко но и он претходно си се договорил со другари да оди на одмор и немало смисла сега да им откажува и да дојде со мене затоа што мене сите ми отажале.... се гледа колку сака да биде со мене и поради тоа планирам да му раскинам.

    Овој период постојано плачам немам желба за живот, ништо не ме исполнува сакам да одам на одмор едиствено да си ги наполнам батериите да бидам позитивна како порано... измоерна сум и од работа и од излегување и од дечко и од се...

    Дали сега кога сум во финасиска можност сама некаде на море да заминам и да се одморам од се и од сите... али некако и страв ме фака сама на одмор да одам :(
    Дајте ми некој совет што да направам како да ја пополнам оваа празнина во мене :(
     
  4. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Направи нешто што отсекогаш си сакала да го пробаш, а си немала време или можност, некоја твоја неостварена желба... нешто што те прави среќна, што те исполнува... тоа би требало да те размрда малку :) и откачи ги сите луѓе кои те прават да се чувствуваш лошо
     
  5. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Што со депресијата после одмор?
    Море, плажа, песок, љубов, шетња, малце повеќе пари од вообичаено... И сега одеднаш дома, досада, истите нервози, истите луѓе кои сакаш/нејќеш мораш да ги гледаш. Пак морам да пазам на пари, пак штедење за факултет, па и за малце гардероба ако остане.
    Буквално цел ден дремам дома на лап топ, тек сега сфатив дека изгубив многу контакти со другарките од маало со кои чат пат ќе си отидевме на кафе, ама и онака се сите по одмори или викенди. Попладне малце ќе излезам да се раздвижам и пак дома. По цел ден се осеќам поспано, ме излудува тоа чувство. Мислев може е ради промена на клима дур да се навикнам, а може е и затоа што ми е по цел ден досадно. Си викам ај уште малце ќе почне испитна сесија иако и тогаш нема да имам баш за учење, па ајде од септември пак факултет, ама и тоа ми изгледа смачено. Ме фаќа некоја ужасна сафра, баш имам „пост-одмор“ депресија. |(
     
  6. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Хах, за истово пишував во СДК вчера...постодморска депресија. Последниве неколку дена одморам од одморот. Не можам да се вратам во нормала, имам еден куп обврски, а едвај се распакував. Сакам назад, сакам море и плажа и излегувања...а пак кога ќе се сетам дека има уште цела година до наредниот одмор :emo:
     
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Годинава ми е преееногу депресивна,посебно април-мај,не не,само да не ми се врати тој период,иако како што е тргнато ќе бидам бетер од тогаш...
     
  8. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Размислувам кога најмногу е застапена депресијата-зима или лето?Во пролет сигурно не кога се цути :^)
     
  9. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.418
    Допаѓања:
    126.997
    Неточно :D јас најдепресивна сум во пролет,тогаш ми се враќаат мислите како убаво сум се забавувала минатата година во пролетта и колку ми недостига тоа друштво што веќе си тргнале по свои патишта,а преолет е преубаво топло,сакам да излегувам......... ;( тогаш сум најдепресивна.
     
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    i mene od proleta me zafati uste me drzi u pm da fati :envy:
     
  11. Refused

    Refused Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    32
    Драги мои депресивки,еве ме пак. Јас и мојата депресија. Ама овојпат не можам,немам сили да се борам со неа. Од сите страни ме удараат, ми го прават живото невозможен. Големи проблеми од дома, едвај најдов работа, па сега дознав дека една од другарките ми копа гроб,колешките...страв ми е да не се замеша во врската. Само него го имам. А и за него ми се мотаат страшни мисли... А врз сето тоа ме фати и несоница пак..ахххххххххххх леле не можам. Да го знам лекот добро е. :( :( :(
     
  12. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    не се секирај, немој да се плашиш, ти си посилна од сите, биди своја, не дозволувај да ти се мешаат во животот.
    Па што кур се замараш за таа другарка, зошто земаш се при срце.? батали ги таму. уживај во животот. кој не те почитува, стави го на игнор и готово.
    а за него не се плаши да не раскинете, ако се плашиш само лошо си правиш и нема да можеш да уживаш во него, со него, до него!!! поздрав
    се надевам дека ме сфати што сакам да ти кажам!
     
    На Refused му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MaggieTatum

    MaggieTatum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    509
    Пол:
    Женски
    јас навлегов во пубертет пред отприлика 1 година, и имав многу тежок момент минатата година.. на училиште ме навредуваја, престанав да се дружам со некои другарки.. сега сум баш онака добро расположена бидејќи решив сето тоа да го игнорирам и да им посветам повеќе внимание на убавите работи во мојот живот, семејството, другарките, миленичињата :D и верувајте, најдобар лек за депресија е едно кученце или маченце, само да ве погледни еднаш, да си поиграте малку со него и веднаш ќе ви се појави насмевка :D
     
  14. Desdemona39

    Desdemona39 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Сум била на твоето место. Се што порано те правело среќна некако веќе не те прави. Она што те убива највеќе е што мислиш дека со овој ментален став ќе останеш уште долго. Не е исклучен ни стравот од тоа дека нешто ќе си направиш сама на себе.

    Она што ќе ти го кажам е дека во врска со ментални ситуации или состојби на умот, ниеден доктор и ниедно апче нема да ти помогне како самата на себе.
    Секогаш кога нешто ни се случува во животот нашето тело и психа реагираат на одреден начин. Ако те мавнам со камен, ќе ти потече крв. Ако некој константно ти врши притисок, а ти си го собираш, или константно не си задоволна од нешто што се случува околу тебе ќе завршиш со депресија.
    Во мојот случај, депресијата ме превзема откако завршија моите анксиозни и панични напади. Тоа е природен тек на таа ситуација, која да напоменам, ја поминав без апчиња и без психијатри. Депресијата ми траеше некои три дена, со уште пет дена страв од тоа да не се повтори пак, затоа што беше страшно. Константен страв дека нешто ќе си направиш сам на себе, сеедно ти е буквално за се', и страшно е. Не си навикнат на таков начин на размислување.
    Имав дечко, три и пол години одевме. Во тој период му се закачив, и станав буквално зависна од него. Морав да го видам секој ден, ја влечев својата енергија од него, а не се погледнував себе. Искрено, не знам како, ама сфатив дека стравот од тоа дека ќе го изгубам, или дека тој не е за мене, и дека можеби не го сакам ми правеше многу повеќе штета, отколку ако го немав. Откако се одвоивме, иако мислев дека во тој период депресијата ќе ми се врати, или паничните напади во краен случај, ништо од тоа не се случи. Јас се свртев накај себе, одамна се имав запоставено. Сега се осеќам најдобро од било кога, поминаа три години откако ги победив сите ментални игри сама со себе, ама знај..треба да веруваш.
    Ти си способна сама да заздравиш. Ти си способна да направиш било што со својот мозок. Ова што сега се случува е начин на твојата психа да те доведе на ново ниво на свесност. Не се плаши, промените не доаѓаат лесно. Кога ќе го победиш ова, ќе ме сфатиш. Ќе се осеќаш многу моќно и задоволно сама со себе, верувај ми.
    Муабетот ми беше, размисли што те стега од страна, и тргни го. Немој да се плашиш да излезеш од своите шаблони. Пробувај нови работи, шетај, не седи дома, не собирај горчина кон други луѓе. Те заебала другарка ти..океј. Прости и. Она нема да знае дека си и простила. Чинот на простување менува кај тебе во душата многу нешта, а кај неа ништо. ТИ држиш горчина во моментов. Зошто? Пушти све нека иде. Пушти го нека оди таму некаде, како истечна вода.
     
    На Refused му/ѝ се допаѓа ова.
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Пролет и есен ( баш кога доаѓаат тие годишни времиња) се најдепресивни. Така, не чудете се ако ве фати чудно чувство, или не сте расположени, имате лош сон, денот не ви е исполнет и слично... :!:

    А, и мене почна да ме фаќа некако... Млада сум, ама поголемиот дел од работите не ми се средени... и како да нема ни да се средат во иднина... :(
     
  16. eleni27

    eleni27 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    8.169
    Пол:
    Женски
    Пред десетина дена ми е дијагностицирана невротска депресија по разговор со психијатар. Терапијата ми е - пароксетин,хелекс и бетавитевит.
    Сеуште немам подобрување, анксиозноста не стивнува, стравот од болести не си оди, помислите на лоши работи константно се тука...
    Имал ли некој вакво искуство и како се справувал со ова?
    Поздрав!!!
     
  17. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Депресии! Сите паѓаа во депресии... -така сум слушнала. :^) Но, веќе сум спомнала, насмевката мене ми решава се, а и моето "слушање". :D Секогаш кога некој се обидува да ме повреди, да ми одземе нешто, едноставно го игнорирам, се има случено кога се обидоа да ми докажат дека кучето што лае и каса, но излезе дека кучето што јаде г*мна може само да изеде повеќе! :D Затоа оставете ги оние кои ви копаат гробови, бидејки тие ќе си останат само обични гробари а вие личнаоста на која и го посветуваат животот и личноста која вечно ќе и љубоморат. ;) И да, за крај порака од мене: Не се нервирајте, нервозата ви одзема дел од убавината! :* :D
     
    На taci1, elisabeta, Refused и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. mary123

    mary123 Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Има разлика..многу луѓе погрешно ја сфаќаат депресијата..не е само тага..осаменост..тоа е ментална болест која може да предизвика многу проблеми.Не е да се осеќаш тажно ден два..таа секогаш е тука го следи секој твој чекор..па ако си тажен ден два заради некој одреден настан треба да си среќен.Јас таа среќа не ја имав.Тинејџерка сум и со текот на години поготово во средно школо..проживеав многу..ми се случија многу настани кои радо би сакала да ги заборавам.Така настана мојата депресија и анксиозност.Незнаев мислев дека е само период..додека после неколку години тие таканаречени "периодчиња" не ми станаа секојдневие.Прво траеа недела две..потоа месеци доаѓаа се почесто..најчесто вечерно време..Бев тажна но не беше тоа проблемот.Бев празна..без чустваа.И после некој период почнав да добивам напади..сама во кревет..ми беше пекол.Никој незнаеше а ни ради мојата гордост никој не ни сакав да дознае.Не ми требаше помош..така си мислев.Несоницата ми направи бетер проблеми нападите ми се зачестија и мислев дека полудувам..незнаев што се случуваше со мене. во тие моменти само сакав да заспијам..да не чуствувам нишо.Имаше периоди кај што пиев таблети па ќе ги оставев..но потоа и тие станаа моето секојдневие.Ги пиев само за да заспијам..пиев што ќе најдам кога и да паднев тие ми беа единствениот спас.Потоа и тревата..само тонев..го допрев дно на дното.Секогаш викав дека е доста..ќе с средам но искрено имав страв..тежок процес е тоа.Изгубив килажа..бев бледа,за време на паниките се облевав со пот..срцето мислев ќе ми излезе..ќе пукне..дојдоа и мислите за самоубиство како излез..бев изморена а само лежев во кревет немав физичка активност но бев толку изморенаа...и психички и физички.Се плашев од иднината..секое утро кога ќе станев бев среќна што сум тукаа..но следниот момент ме фаќаше паника од наредната вечер што ме чека пак тогаш.И се така во круг..бев заглавена во магичен круг од кој неможев да излезам..Црни мисли само ми се мотаа по главата.Се така додека еден ден неможев повеќе.Знаев,бев свесна дека ако не се средам сеа ќе завршам многу трагично.Признав се прво на моите родители,потоа и на сите пријатели околу мене.Оние барем кои мислев дека треба да знаат.Решив да посетам психијатар.Бев со дијагноза депресивно-анксиозни нарушувања.Тие стравови дека ќе останам сама..тагата и ред друго беа причините мислите кои ме тргнаа од моето секојдневие кое го имав.Добив антидепресиви..да ги пијам секој ден..да се лачи доволно серотин за да можам да функционирам.Поминаа два месеци како сум на терапија..има периоди каде што ми надоаѓа таа иста ситуација..но се занимавам со нешто,правам работам.Сменив многу навики..тргнав многу луѓе кои не ми беа потребни.сфатив дека сите тие мисли се во мојата глава.Само таму.Знам,и мора да биде подобро.Само треба да се бориш.Не е лесно..впрочем на почетокот ми бече многу тешко..но вреди.Не сакам да бидам ваква имам многу да поминам и да проживеам.Ви го препорачувам ова и на вас.Се осеќав ко во дупкаа..тоа беше мојата депресија..само пробував да излезам од неа..но секоја вечер завршував на истото место..доле на дното.Но доста бешее.Се надевам и ја ќе се средам еден ден.Ви посакувам се најдобро
     
  19. mary123

    mary123 Активен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Точно..истиот случај беше и кај мене.Го држев дечкото до себе од страв дека ќе го изгубам.Но сватив дека од тоа ништо нема.Го пуштив сеа ми е полесно..И да најбитно..може ќе ти биде од помош стручна помош,од твоите најблиски..но се останува на тебе.Самата ти мора да се средиш..зашо ако не ти..џабе кој друг да ти подаде рака..неможе да ти помогне..ако ти тоа не го сакаш.
     
  20. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.540
    Верувајте дека од депресија нема нисто потешко што може да му се случи на човек,јас ја добив како последица од анксиозноста што ме мачи 8 години ,значи таа празнина тоа безволие како да е крај со тебе си мислиш помислуваш на самоубиство но тоа не го правиш мислиш дека нема спас од тој осејкај како да немаш чуства за ништо јас го трпев ова 4 месеци одев се движев со сила реков ке успеам ама на дното бев сеуште мораше да побарам помош од психијатар ми даде терапија Асентра со дијазепам еве има месец откога ја пиајам подоро ми е и ке се пориме секако нема назат само напрет ,значи зборот ми беше погнасно нешто од депресија нема тоа не е само обична тага или досада тоа е ужаз ни на душманот не му пожелувам ова да му се деси