Ох душо, ти верувам дека ти е грозно, истото го чувствувам и јас. Немам пријатели, а и оние што ги имам се зафатени, не знам како да предложам да се видиме, срам ми е, страв ми е, непријатно ми е да викнам некого да излеземе, бидејќи се чувствувам како да се натурам. На работа вриштам во себе, шефот понекогаш ме вади од кожа, дома кога се враќам, не можам да ги поднесам ниту моите, а понекогаш не си го поднесувам сопственото дете. Се чувствувам како да сум постојано во исчекување, нешто да се случи, нешто да ме извлече од ова лудило, но глупаво е да очекуваш дека нешто ќе се смени, ако ти се однесуваш исто. Се мразам, се самосожалувам, ми се плаче, си го гледам животот како ми поминува пред мене, а без мене. Имав долга врска, со човек кого го обожував и тој ми беше и најдобар пријатели и љубовник и се во животот. Разговаравме по најмалку два часа, по триесетина пати на ден, се додека не дознав дека ме изневерувал година и пол и сега веќе не сме заедно. Ужасно ми недостасува, го сакам, а и го мразам, најмногу заради тоа што ми ги уништил идеалите што ги имав за него и ми го одзел најдобриот пријател. Сега сум најсама на светот, како да ми умреле сите, разведена сум, имам дете, некоја работа која едвај би ме издржувала ако не се моите да ги плаќаат сметките, имам прекумерна тежина, а не можам да престанам да јадам, тоа ми е единствена утеха. Понекогаш си мислам, која е целта на моето постоење на овој свет...? Жал ми е, место да помогнам некому, само ве оптоварив со моите проблеми...
Има ли крај на кругов? Осеќам дека се распаѓам психички.. Колку лаги измислив денес и кажав само за да не станам од кревет.. Се ме замара, се осеќам празно, тажно, мизерно, без никаква желба за ништо, и само правам планови за утре.. и утре пак не станувам од кревет.. на сред сесија јас по цел ден лежам и зјапам во монитор.. и тие неколку поблиски пријателки што ми останаа кога ме бараат за некаде јас измислувам лага за да не отидам, ако отидам едвај ќе чекам да си дојдам. Ако излезам за викенд морам да се препијам за да се расположам, ама и тоа едвај.. И после ми е уште полошо.. Се чувствувам најтажно и најнервозно на светов, да можам со цел свет ќе се скарам и после ќе плачам ден и ноќ.. Немам контрола.. Сега почнав и терапија, хелекс и асентра.. Од најјакиот карактер што бев, сега не можам да се натерам ни до купатило да отидам да се средам.. Ни сама себе не се можам веќе!!! Ете, се си изнакажав тука, сигурно вас многу ве интересираше
и јас така... pretty little liar нема ден без да кажам 32526426 лаги.Оние кои ги имав веќе не се интересираат...никој не ми се ни појави на роденденот..цела вечер си ја преседов дали сакам да продолжам да живеам... Да земев да полнев кофи до сега ќе немаше жедни во Африка!
Лошо е кога не можеш да се разбереш ни сама себе, а очекуваш од другите разбирање.. Сакам да се дружам, да се забавувам, да уживам, да се смеам, а само да помислам дека треба да станам и да се спремам за да излезам прво помислувам што да кажам, да излажам за да ме остават да седам дома.. А дома што правам, слушам музика и плачам, или гледам филм и плачам, или само седам и зјапам по ѕидови и си плачам.. Или се расправам со некој (со сите) па после плачам ... зачаран круг.. сите испити ги паднав, се осеќам виновно и мизерно, тажна сум и пак ништо не превземам.. Дали некој бил во ваков круг и излегол? Кај мене ова е долго вака, повеќе од 2 години.. сега сфаќам дека можеби порано требаше да почнам со терапија.. колку повеќе пробував сама да се извлечам гледам дека повеќе се заглавив..
Наместо не кажете ДА! Излезете со другарките,ако не ви се искача викнете ги кај вас нека донесат нешто за пиење,пивнете ќе видите ќе ви се допадне нивното друштво можеби ќе ве предомислат! Толку е убав животот надвор од таа темна соба во која сте неможете ни да замислите!!!
Во претпоследниот пост го пишав баш ова што го пиша и ти.. Излегувам се почесто со цел да доживеам нешто, ама не се случува ништо.. Ништо не ми предизвикува задоволство, радост.. Кога сум во ноќен клуб или на кафе со другарки јас едвај чекам да си дојдам.. Се ми е безврска, досадно, напорно.. Ми фалат радоста и желбата во животот.. Сакам да исчезне силата што ме влече за кревет, што не ми дава желба да учам, што животот ми го направи преживување и само јадење и нервирање за се!!! Не очекувам да ме разбере никој кога ни сама не се разбирам..
Драги жени, девојки и девојчиња... депресија е болест, а вие не сте болни. Ако депресијата е грип, вие сте поднастинати. Животот е тежок, напорен и исцрпува. Во него едноставно нема време за депресија. Сите кои се чувствувате паднати во депресија, ви советувам да си дозволите да паднете најдлабоко што можете во неа, да ја искусите суштината на вашите негативни чувства и од таму, од дното на она кое сте мислеле дека е бездна, да скокнете кон синилото на небото од позитивни мисли и чувства. Оставете ја депресијата на оние кои се ментално упропастени, а ако мислите дека вие сте една од тие личности, со задоволство ви препорачувам да посетите ментална институција, имате во Бардовци, на клиника во Скопје, Демир Хисар... па да видите како изгледаат луѓе кои се болни од депресија. Јас го направив тоа кога не знаев што понатаму, бев на клиника за да ме згрижат, мислев дека ќе се фрлам од тераса, но кога дојдов таму и кога видов каков „мислам“ дека сум, речиси повратив. Потоа фатив девојка, која ме изневери, па фатив друга, која ме остави, но ниту една не ме остави зашто бев депресивен и зомби, туку зашто бев глупав да ги задржам. Сепак, секогаш кога ќе помислев дека депресијата ми се враќа, мислите ќе ми отидеа горе, на таа влага болничка, на сијалиците кои буквално како во хорор филм светкаат, на луѓе од кои се плашиш бидејќи личат на сè освен на луѓе, луѓе од кои ти е гад, со изобличени лица, со дијагноза... не не, не сум тоа јас. Не биди тоа ниту ти!
Сте се почуствувале како да вие смачено да живеете? Како да сакате да заминете некаде далеку и да не се вратите повеќе никогаш. Е баш јас така се чувствувам еден подолг период. Немам желба за ништо. Постојано сум нервозна, депресивна и под стрес. Недоволно спијам. Исто како да сум во ПМС. Ужасно вака. Не знам дали е период и зошто ми иди вака ама стварно не се издржува.
веке повеке од 2 недели јас сум во депресија,немам волја за ништо,кога и да сум во друштво не зборувам со никој освен ако некој не ми вади збор од уста,кога и да се погледнам во дечкоми он е смуртен и више ме депримира тоа,нон стоп е нервозен,а ја се више пагам у депресија,имам и чуство дека никој неме сака и нон стоп сум нервозна
Се сложувам но не целосно.. Депресијата е состојба на нарушено расположение, тага.. Тоа сме ние моментално, и тоа води до многу полоша состојба што се нарекува Клиничка депресија (Major depression) доколку на време не се реагира.. Не е баш убава споредбата со нашава состојба со разни ментални болести, психички пореметувања што можеби ти си ги видел кога си бил на клиника, секакви работи постојат.. Но, ова е состојба што кога ќе достигне одредено ниво и разговор со психолог веќе не помага мора да се третира со лекови. Еве јас искрено, бев свесна дека имам симптоми на депресија и што правев? Несвесно ги потиснував и пробав со глума да ги прикривам симптомите и да пробувам да се извлечам сама.. Дојдов до состојба да морам да побарам помош од невропсихијатар, и ја најдов. Страшни работи видов и јас додека чекав пред врата, ама и за слепо црево и за рак се чека пред иста врата во интерно одделение.. но тоа не значи дека ти немаш потреба од таму и дека треба да избегаш од ситуацијата.. Денес прв пат после 10 години се осетив задоволна и среќна без причина, сабајле станав ненаспана со милион обврски, а јас се радував на елките по патот и на изгрејсонцето.. Тоа чувство го немав осетено со години.. Константна тага, нервоза, разочараност, неисполнетост, никаква желба и мотивација, упорно барав нешто што ќе ми предизвика радост и задоволство - залудно.. Ова ми беше секојдневие долги години, а јас глумев пред сите со маската на лице дека сум истата што сум била, и во моменти на осаменост тоа ме уништуваше уште повеќе.. Мојата е анксиозна депресија, константно бев нервозна, се ми предизвикуваше стрес, а во себе тага и разочарување од се, за разлика од деструктивната депресија што е многу поопасна и обично води до самоповредување на пациентот и самоубиства.. Добро е додека сме свесни дека проблемот постои, и не е срамота да се признае дека е потребна помош од доктор, психолог или психијатар..
Драги мои дами! Во однос на депресијата во ред е да се бараат совети на форуми, он-лајн разговори, да се бара утеха во „пријатели“... Велам во ред е. Ништо страшно! Меѓутоа, ајде да погледнеме подлабоко и од друг аспект да ја погледенеме ситуацијата. Сите тие расположени луѓе, навлезени во улога на „помагачи“ и „изведувачи на хумани гестови“, само ќе ви одмогнат. 1. Има многу луѓе што имаат проблеми, а не говорат за тоа. Вашата депресија ќе ја доживеат како поистоветување. Потсвесно, процес кој не може да се контролира. Може да ви говорат милион позитивни работи како да се извлечете ( немој вака, немој така, не треба така, овде грешиш, онде грешиш, ама не размислувај негативно, и уште многу други ) Несвесниот дел, горенавведен ги подразбира тие невербални знаци што ќе ви се испратени од „помагачите“. Тие ќе алудираат кај секого, само да се продлабочи состојбата. 2. Има многу луѓе што имаат проблеми, и спротивно од првите, говорат за нив. Оваа категорија се карактеризира со тоа што, тие веднаш кога ќе слушнат нешто неубаво, веднаш го прекинуваат соговорникот, и „КРВАВАТ“ со своите, исто неубави приказни. Оваа категорија на луѓе, е најбројна, и покрај ними во 99 % од случаите би се почувствувале уште подепресивно, добивате уште полоша слика за функционирањето на светот, и размислите на околината. Покрај тоа, бидејќи ќе ве окупираат со својата приказна, ќе ви сосдадат чувство дека не сте ислушани, дека тие се рамнодушни кон вас, и вашиот проблем го третираат за „ништо“. 3. Многу ќе ви говорат за нивно искуство, и како тие се извлекле. Тоа не треба многу да ве засега. Секој човек, е посебен, и со својата индивидуалност, може за ист проблем да има многу поинаква перцепција, увид, разбирање, и доживување. Дали обичните лаици, што во јавноста претендираат да се прикажат како стручњаци од секое поле - нарочито од психологијата ( затоа што таа не треба да се учи, тоа е впрочем боза за ними, и одвај чекаат некој слаб да им дојде, за да и тие ги излечат своите комплекси на нижа вредност- и да го пројават своето социјално пожелно однесување, и да ја лечат депресијата кај останатите) ќе ви го решат вашето прашање?? НЕ драги мои. 4. Има уште многу причини зошто насекаде не треба да се говори за своите длабински, интимни состојби. Само да не се задржувам премногу. 5. Знаете ли колку стручниот колегиум на ( психолози, психијатри, невропсијитари и компанија ) посветува време на едукација и усовршување? Тие поминуваат првична фаза на едукација на личен развој, како би можеле и на останатите да помогнат. Тоа е долгогодишен процес кој е срамота и греота да се потценува. Сакајте се себеси, и одвојте средства и време за посета на струччно лице. Не ги занемарувајте своите проблеми, не дозволувајте на секој ашлак да си игра со вашите емоции. Се надевам дека мојот коментар и ќе помогне некому. Мислам безлично би било да внесуваме теории и дефиниции што е депресија. Сакав да делувам на овој начин. Однесувајте се со себе си убаво. Не се давајте на тацна некому. Срдечно !
Никој не се дава на тацна затоа што тука никој ништо не може да земе. Ако некој ја користи туѓата беспомошност за да се истакне како паметен и бистар тоа не е лошо ако патем со својата интелигенција може да каже нешто мудро и да помогне. Останатите само ги споделуваат едни со други своите тешкотии. Мене ми се свиѓа овој вид на терапија затоа што ова е буквално место каде што можеш да кажеш се што те засега и те вознемирува без да бидеш осудуван. Јас на пример имам проблем со тоа што ќе мислат луѓето за мене, проблем што ми пречи во нормалното функционирање. Поради денешното повторно појавување на тој проблем се уклучив на форумов за да се отворам, да го претставам и така можеби да му се доближам поблиску. Ако не тоа, тогаш барем ќе го обелоденам она што го чувам од другите, со што ќе можам да си речам дека ете не сум се затворила целосно. Овој форум помага во обидот на социјализација затоа што воспоставуваш контакт со други луѓе без тоа да биде напната комуникација каде си здрвен, туку се опушташ, не очекуваш ништо, не очекуваат од тебе и можеш да бидеш поприроден и подетален. А мене токму тоа ми теба откако цел ден се обидувам да бидам некој, да им се допаднам на другите со цел да бидам дел од друштвото. Претходно имав проблем со депресија и не излегував од дома, сега не се чувствувам меланхолично но повторно речиси не излегувам од дома (освен на работа) затоа што не успевам да оформам пријателства. Ова делува многу патетично и одбивно но и покрај моите обиди некако останувам неуспешна во социјализацијата. Сакам да бидам меѓу луѓе, многу ми се интересни и сакам да зборам со нив, но некако глупо, константно се наоѓам во ситуација да не знам што да кажам и да не можам да зборам. Ова е катастрофа и ме излудува. Понекогаш сакам да кажам нешто ама не знам како, ми се губат именките и глаголите. Крајно раздразнувачки. Мора да е делува бедно некој да се жали на сопствената неинтересност, ама верувам дека е проблем како секој друг, а јас се обидувам да се извлечам од тоа па стално се трудам да научам да комуницирам.. испаѓа дека едноставно немам талент за тоа. До сега забележав дека некои луѓе лесно можат да ги употребат своите говорни способности, да си поиграат со нив и да претстават некаква слика за себе која на другите ќе им биде привлечна и прифатлива. Не знам зошто некои луѓет го можат тоа, а други се неспособни. Тоа сакам да го сфатам за да се вратам на колосекот и нормално да комуницирам.
Незгодно ми е да зборам на темава, ама немам каде да се искажам, а тешко ми е.Навлезена сум длабоко во депресија и свесна сум, ама од ден на ден наместо да ми е подобро, мислам дека пропаѓам се подлабоко.Црни мисли ми се вртат во глава и на моменти дури и ми е страв од самата себеси.Имам проблеми дома, и мислам најмногу поради тоа ми се случува ова, а не можам да зборувам со пријателите прибидејќи не можам да се соочам со нештата, зошто знам дека ако им кажам што и како е, едноставно ќе го направи пореално, а јас се уште не сум подготвена на тоа и само ќе ми стане полошо.Моите ретко се дома, и не ме гледаат како сум психички, мајка ми е постојано со обврски и не сакам да сум и на терет и да и кажам дека имам проблем со депресијата, зошто знам дека ќе се нервира, а не смее.И решена сум да одам на психијатар, бидејќи моментално друго решение не гледам, Ве молам доколку знаете некој во Скопје кој е што е добар во тоа, да ми пишете лп, бидејќи немам каде да се обратам
Го знаете тоа соочи се со стравот и (изгледа) ќе помине. Епа соочете се со депресијата и ќе видете дали можете да продолжите т.е. дали силно сакате да продолжите со животот! Најпрво проанализирајте се целосно! Видете зашто на пример чувстувате несигурност во комуникацијата со другите. Сигурно тоа не е бидејќи вие не сте интелегентни или глупави. Сигурно има зачеток на вашите проблеми, на сето тоа д`ткање, на сиот тој страв. Стигнете до тој момент кога вие за прв пат памтите дека започнал проблемот да ви се случува. Гледајте дали може да се подобри тоа што ви прави нелагодност. Решете го првичниот проблем доколку можете. Ако се работи за нешто поврзано со материјалното или физичкото работете да го поправите. Доколку тоа може да го подобри само Господ, помирете се еднаш засекогаш со тоа. Прејдете на новото ниво, а тоа е психолошки и духовно да се зајакнете. Понатаму гледајте да си го подобрите мислењето за себеси, но секогаш бидете реални. Никогаш не претерувајте ни со себекритичност, ни пак со преголемо величење на себеси.Станете со еден збор силни! Трагајте по она што сакате да го правите. Не се обидувајте да се претопите во масата. Бидејќи тоа нема да ви помогне. Тоа уште повеќе ќе ве залаже и само ќе живеете во една голема фарса. Обидувајте се!
Се почна пред една недела од прилика, ја сонвав мајка ми и баба ми и дедо ми... Сите се починати одамна. Имам моментално 18 години и цел живот сум била сама. Мајка ми почина многу рано а татко како татко не баш и се грижеше за мене. Од тогаш незнам како депресивна сум. Промени на расположение имам нон стоп и навечер пред да заспијам буквално се мачам. Онака пулсот ми е пребрз и имам лоши одвратни мисли, ми се навраќат моменти од минатото ... И се шо сакам е да помини. На моменти сум ок и ко ќе се присетам на се ова шо ми се дешава се осеќам БЕЗНАДЕЖНО. Тој е зборот шо буквално ми ја опишва состојбата. Како да е се без смислено. А најинтересно е то шо моментално животот ми е супер. Теоретски на секое поле. Од семејство, другарки, училиште, па до љубов и дружење и шетање... Супер ми е се... Малце сум додуша хипохондрик. То се развива ако како мал си бил премногу осамен шо е така во мој случај и мислам дека многу често си умислувам болести, психофизички.... Размислувам за психолог искрено... Само нејќам да полудам
Јас така се чувствувам.Светот ми е празен,сив,мрачен.Мислам дека јас немам за што да се радувам.Го почнав животот од почеток,пред другите се смеам,се правам дека сум среќна,но се повеке пагам во депресија.Имам голем страв.Страв од иднината,од непознатото,од животот.Повеке не ни можам да плачам.А знам дека ке ми биде подобро откако ке се исплачам ама не можам.Се се собира во мене.Еднаш плачев во моја соба,дојде татко ми и ми се смееше во лице бидејки плачам,многу ме понижи.Би сакала и сега да можам да се исплачам па колку сака нека ми се смее.Татко ми не ме смета за човек.Самото негово однесување ме гуши,не можам да живеам од него.Поради него мислев дека не сум човек.Сакам слободно да живеам,а не под закани,расправии,навредување и понижување.Се надевам дека еден ден ке сфати како јас сега се чувствувам.Тие грешки што ги направив татко ми мисли дека намерно сум правела така.Па кој сака намерно да се уништува? Фала богу се научив од грешките и знам дека се е школо.Дека од грешките се учи.Дека морам и можам да се поправам.Но татко ми не ми дозволува така да мислам....
Секој од нас си имал моменти кога подпаднал во поблага форма на депресија или полоша.Има милион причини кои што не тераат да се чувствуваме депресивно. И јас сум била во таква ситуација,не дека не, но мораме самите да имаме цврста волја и да мислиме позитивно бидејќи уште повеќе ќе не влечи надолу и ќе имаме лоши мисли. Пробајте повеќе да излегувате,да се дружите со позитивни луѓе,едноставно на нештата да гледате од позитивен аспект.Имајте доверба во себеси и бидете на своето јас. Доколку депресијата не се повлекува и е од потежок вид би било добро да се разговара со стручно лице кое што низ разговор и добра терапија ќе направи да се чувствувате многу подобро. Нема тука ништо страмно,лошо и не знам зошто е сеуште како табу тема и на тоа се гледа ко да е нешто кој знае колку страшно,тоа е само обичен разговор кој што може да ви помогне многу.
Овие проблеми се така парадоксални што се објаснуваат само со реченицата: Колку повеќе копаш во толку поголема дупка пропаѓаш. Тоа кажува дека сами си ја копаме дупката и сами го влошуваме проблемот. Мислам дека депресијата, анксиозноста, нападот на паника, комплексот на пониска вредност, депривацијата, дека сите овие состојби се самопричинети, дека сами си ги создаваме, оттаму мислам и дека сами можеме да се избориме со нив. Но, не знам како. И јас последниве денови сум малку спуштена и мислам дека ако почнам да го објаснувам уште повеќе ќе се изгубам. Сигурна сум дека работите и ситуацијата сами си ја измислуваме и почнуваме да веруваме во неа, сценографијата, облеката, дијалогот, монологот, стравот, се е тоа наша измислица и е многу штетна. Како надвор од тоа? Не знам. Но денес ми се појави идеја дека можеби постои некој кој може да ти помогне далеку повеќе од психијатар. Партнер, љубовник кој ќе ти го даде она што ти треба, љубов, почит, внимание, посветеност, кој ќе те слуша кога ќе ти треба и ќе се бори со тебе. Затоа што борбата е макотрпна и тешко изводлива, на крај краишта потребен ти е мотив за кој ќе се бориш. Не знам зошто тука помалку си си сам на себе важен како мотив, во смисла да се бориш сам за себе, не знам зошто престануваш да си бидеш важен. Можеби во тоа лежи проблемот?
здраво јас долго време ги читам вашите проблеми со депресијата затоа што и мене ме мачи тој проблем. 2 месеца се борев сама со себе имам подршка од семејството и ми викаа дека сама ке треба да си помогнеш и да се избореш со тој проблем вложив многу труд ама ситуацијата само ми се влошуваше,прво ми се јави стравот кон работата станав несигурна во тоа што го работам почнав да паничам за се и сешто се до момент кога повеке неможев да одам на работа.состојбата во која се наогам не е пријатна во се гледам проблем се мачам самата себе мн сум исплашена и нервозна , на крај собрав храброст и отидов на психолог ми направи тест и ми рече дека сум депресивна за на крај да ми закаже на психиатар.бев се отворив си ги казав маките ми олесна ми препиша терапија заедно со разговор кај психолог .еве веке 10 дена сум под терапија и мислам дека се цуствувам малкуцкааааааа подобро рано е да се каже уште ама се надевам дека ке бидам подобро психиатарот ми рече стравот прв доага а последен си оди.затоа сакам да ве посоветувам да побарате помош од стручни лица затоа што сами тешко ке се изборите потребна е помош потпора од стручни лица. поззззз